Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

боки 13

Screenshot-2024-04-19-at-11.27.58

(Видео) „Рекет“ пак да се суди! Боки 13: Русковска, Камчев, неколку политичари, а до некаде и јас знаеме каде се парите - не спорам дека сум презел дејствија

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 поднесе барање за повторно судење на „Рекет“. Тој кажа дека постојат нови докази и околности кои не биле употребени во доказната постапка. Посочи дека сака да се докаже што се случило и каде се парите, одговор за кој рече: „Многу добро го знае Русковска, го знае Јордан Камчев, го знаат неколку политичари. А одговорот некаде го знам и јас, затоа што на крајот од краиштата сум учествувал во сите тие дејствија и тоа не го спорам“.„По правосилност на пресудата од Граѓанскиот суд каде тужител беше Јордан Камчев, се докажа дека при побарување на евентуално оштетното побарување, дека не може човек кој сторил неправо да бара право и дека не се утврдени елементи за да добие статус на оштетен и да добие назад средства кои беа неутврдени со правосилната пресуда од Кривичен суд“, рече Јовановски-Боки 13Според Јовановски, укажа за спротивни искази дадени од Јордан Камчев, од страна на мајката на бизнисменот, Ратка Куновска-Камчева, како и благајничката Мирјана Бошковска – во Кривичен и Граѓански суд.„Јордан Камчев и Ана Камчева пред Кривичен кажаа дека Ратка Камчева дала 350 илјади евра, а Ратка Камчева пред Граѓански суд кажа дека не дала никакви средства, дека Јордан и Ана Камчева си имаат сопствени средства и дека нема зошто таа да им позајмува, дека тие имале фамилијарни односи и си позајмувале, а за конкретниот настан, како што беше опишано дека Ратка ги предала во некаков несесер – таа тоа го негираше категорично тоа. Основаноста на ова барање е согласно закон и согласно одредбите од ЗКП основано. Се надевам дека Кривичен суд ќе има за доблест да ги прифати наводите и да ја повтори постапката, а при таква постапка да се утврди и целата јавност да дознае што се случило со средствата, каде завршиле, кај кого завршиле, бидејќи материјалната вистина не е утврдена. Се судеше врз основа на шпекулации, на разни теории на случај кои ги претставуваше сега разрешената обвинителка Вилма Русковска која одеше од медиум во медиум и зборуваше разни варијанти, како ќе и се погодеше денот, така правеше различни приказни“, рече Јовановски.Тој посочи дека Русковска еднаш кажала дека парите завршиле во домот на неговите родители, потоа кажала дека биле потрошени на телвизијата, а третпат дека купувал гардероба.„Зоран Милевски-Кичеец кој призна вина и кој го отвори патот за осудителна пресуда, никогаш гласот му го немаме слушнато. А денеска тврдам, како од денешна истанца така и тогаш, дека ако го прашате што признал и кое битие, нема да знае да одговори. Особено што, бевме гонети за 359, в.в. 22, а тоа е соизвршителство. Тоа значи дека јас и тој сме преземале исти дејствија за извршување на кривичното дело, а тоа значи дека тој требало да има комуникација со тогаш специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, да се дружи, да ги има преземено дејствијата на соизвршување, не на помагање. Особено важно за напомена е дека истиот беше тужен, па Јордан Камчев ја повлече тужбата. Тоа е индикативна вредност дека целиот случај Рекет ниту е расчистен, ниту на јавноста и медиумите им е јасно што се случувало“, додаде Јовановски.Јовановски-Боки 13 побара да ја докаже својата невиност, односно дека не ги презел делата кој му се ставаат на товар.„Со повторената постапка да докажеме што навистина се случувало со тој најголем, фамозен случај Рекет, поради тоа што не се работи тука за моето лично добро, туку за општото добро. Особено што за првпат на овој начин, можам да кажам дека за случајот Рекет и позади случајот Рекет апсолутно стоеше цела политичка консталација на притисоци, на една цела состојба која подоцна стана кривично правен настан“, посочи Јовановски-Боки 13.Вилма Русковска го направи обвинението за себепромоција, од за мене и нејзе познати причини, рече Јовановски. Додаде дека целта на Русковска била некого да спаси, себеси да се издигне.

Македонија | пред 1 година

izjava-zaev.Still268

Боки 13 одново ѝ пиша на Агелер: Се соочувам со закани и уцени од засегнати во операцијата „Бумеранг“

По 15 дена од првото писмо, Бојан Јовановски-Боки 13 испратил второ писмо до американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер. Во него освен за тортурата врз него, пишува и за криминалци кои се на слобода. Јовановски-Боки 13 упатува и замолница до амбасадорката за посета во затворот „Идризово“, а поради кривично-правниот процес „Бумеранг“ за кој најави дека ќе го започне преку доставување на видео и аудио снимки, пораки и транскрипти до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Писмото доставено до медиумите, а упатено до американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер, го пренесуваме во целост:„Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, медиумски работник, јавна личност и активист, осуден на казна затвор за случајот во јавноста познат како “Рекет”, аналогно на претходно известување кое го испратив до вас во кое ве известив за актуелните случувања и испратив барања и замолница до вас, со ова ново известување до вас имам за цел изворно да ве запознаам и информирам за сите новонастанати состојби во врска со мојот случај и тортурата пропратена со незаконити дејствија, нечовечно однесување и постапување од страна на надлежните органи, која се врши над мене во непроменет континуитет но со зголемен интензитет. Со оглед на мојата здравствена состојба за која ви ги испратив во прилог на претходното известување сите медицински докази во смисла на комплетна медицинска документација со која се потврдува мојата животно загрозувачка состојба, а сето тоа доведено во корелација со моето барање за прекин на издржување на казна затвор согласно законска одредба од Законот за издрзување на санкциите, ве информирам дека сеуште не е постапено по моето истакнато барање до Основниот кривичен суд Скопје, односно се уште нема одлука во жалбената постапка по првостепеното решение ПК бр. 18/22 за кое изразив сериозен и основан сомнеж дека решението е антидатирано и фалсификувано (за основаноста на сомнежите ќе зборувам пред надлежен орган кога ќе бидам повикан и спроведен). Второстепена постапка по жалба повторно се води пред Основниот кривичен суд Скопје пред Кривичниот совет на истиот суд и во текот на жалбената постапка, од страна на одбраната доставени се дополненија на жалба со нови докази кои одат во поткрепа на основаноста на барањето за прекин, доставени се– Отпусно писмо од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СКОПЈЕ од 17.02.2023 година– Специјалистички извештај од конзилијарен преглед од 16.02.2023 година– 11 потврди од Итната медицинска служба – Скопје– Специјалистички извештај од контролен преглед од 01.03.2023 година од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СкопјеВе информирам дека барање за прекин е истакнато и до директорот на Управата за извршување на санкции на ден 01.02.2023 година и дека и од овој орган како суверен во својата одлука сеуште нема одлука по барањето.Судот, односно претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, поради своите лоши намери и негативната тенденција кон мене изразени и видливи преку првостепеното решение ПК бр.18/22 со кое барањето за прекин го одби како неосновано, решение кое е под сомневање за сторен фалсификат и антидатирање, ги девалвираше и ја наруши кредибилноста на докторите специјалисти и субспецијалисти кои се докажани врвни стручњаци во областа, дел од терцијарното ниво на здравствена заштита како највисоко ниво од државниот здравствен систем и ги погази нивните издадени категорични и стручни препораки за моето понатамошно лекување, како единствени компетентни за оценка на мојата здравствена состојба. Воедно, важно за напомена дека единствен законски услов кој треба да биде исполнет за уважување на поставеното барање согласно чл. 224 ст.2 од Законот за извршување на санкциите е мислење од здравствен работник, а во конкретниот случај има повеќе мислења кои со сигурност укажуваат на мојата животно загрозувачка состојба и дека лекувањето не може и не смее да продолжи во пенални услови, бидејќи може да настанат компликации кои може да завршат со смртоносни последици по мојот живот, сето ова сега и потврдено на лице место во реално време и простор во затворската установа од 11 доктори од Итната медицинска служба Скопје. Исто така важно за напомена е фактот дека на осудени лица им се овозможувал институтот прекин и за помали дијагнози и интензитет на болеста.Од сето наведено, а во смисла на фактот дека барањето за прекин на издржување на казна е постапка од итен карактер ве информирам дека постапката е започната на ден 14.11.2022 година и веќе скоро 4 месеци нема одлука по барањето, а согласно закон и донесување на судски одлуки во разумен рок, дотолку повеќе што во овој случај се работи за одлука од итен карактер, во правна законска смисла е недозволиво постапката да трае скоро четири (4) месеци, што единствено упатува на негативна тенденција од страна на судот, селективно и незаконито постапување, со кое нешто неспорно ми се нарушуваат загарантираните законски права и загарантираните човекови права согласно Устав, во смисла на загрозување на мојот живот и здравје и крајно поигрување со човечки живот, дотолку повеќе што од доказите неспорно ќе увидите дека е констатирано и утврдено на лице место во реално време и простор во затворот од 11 доктори опишано во писмени потврди со потпис од секој доктор од Итната медицинска служба која доаѓаше секој ден во затворот откако ме вратија во затворот, дека не постојат услови и начин за мое лекување, третман и примена на хигиено-диететски режим во затворската установи и во пенални услови, иако како што веќе напоменав ми беше препорачано задолжително лекување во домашни услови од страна на стручен конзилиум од надлежните клиники и во отпусното писмо од клиниката, сето опишано во медицински конзилијарни стручни мислења кои ви ги испратив во претходното известување. Сеуште сметам дека и јас сум рамноправен граѓанин на оваа држава и дека и за мене важат истите права и можности како и за сите други граѓани на државата, особено важно, сметам дека и за мене важи начелото на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет загарантиран со Уставот на Р.С.Македонија и единствено барам законито постапување и правда.Оттука во прилог на ова известување, ви ги испраќам сите погреспоменати документи-докази кои се доставени до надлежните органи, со цел да се запознаете со содржината а воедно и неспорно ќе можете да ја утврдите веродостојноста на моите тврдења и да ја увидите тортурата која се спроведува врз мене како поединец од цел еден организиран систем кој постапува од позиција реална моќ и влијание.Воедно во ова известување, ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание. Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок.Она што би сакал да го издвојам за крај во ова известување до вас е следново: За жал во нашата држава правото е заменето со неправото, криминалните девијантни појави од високите структури се покриени со наклонетоста и спрегата со правораздаваците кои што наместо да се борат со криминалот учествуваат во истиот и вистинските криминалци се на слобода и имаат активно учество во општата заедница која ја со нивното влијание и диктат ја прават несигурна заедница каде системот е целосно девастиран и ставен во функција на поединци-моќници за остварување на нивни лични цели и интереси, а поединците како во овој случај, јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, сме жртви на таквиот систем и осудени со нарачани незаконити судски пресуди, бидејќи, јас во свое лично име, говорам гласно, го користам правото на јавно информирање на негативните појави и состојби, ги барам моите законски права и можности и подготвен сум до крај да се борам против вистинските сторители на кривични дела кои мораат да бидат соодветно санкционирани, токму заради доброто на сега разрушената општа заедница во нашата држава.Во име на сето наведено Ве молам за разбирање, помош и заштита од ваша страна, бидејќи сум апсолутно загрозен.Доколку се јави потреба од ваша страна за дополнителни информации и прашања во врска со моето известување кон вас, можете да ги контактирате моите бранители м-р. Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје“.  

Македонија | пред 2 години

abazi-boki-13

Боки 13 очи в очи со Абази, ќе му предава „бомби“ кои укажуваат на криминал

Снимки, фотографии, аудио записи, транскрипти. Ова се само дел од материјалите за кои Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека ги поседува и бара од шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал да го повика за да му ги предаде. Во новото писмо до јавноста, Јовановски-Боки 13 посочува дека бара да биде спроведен пред Абази, за кого наведува дека единствено му верува, со цел преку овие материјали да обелодени криминал.Во писмото до јавноста испратено од неговиот правен тим се наведува: „Бојан Јовановски во писмото до јавниот обвинител истакна барање за поднесување на кривини пријави на записник кои се однесуваат на лица и настани поврзани со коруптивни, казниви дела и криминални дејствија на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис елитата и други лица кои биле во заедничка корелација на сторување. Со наведеното ја информираме јавноста дека започнува исклучително сериозен и сензитивен процес, дотолку повеќе што Бојан Јовановски при поднесувањето на кривичните пријави на записник ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите , а доказите кои ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи ( т.н. "бомби" ) како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител од страна на Бојан Јовановски“.До медиумите, Јовановски преку правниот тим го испрати и писмото кое го доставил до Абази. Во него стои дека ова ќе е продолжение на пријавите кои претходно ги поднел до скопското Обвинителство„За досега поднесените и комплетирани кривични пријави нема донесено никаква јавно-обвинителска резолуција, па оттука поради сензитивноста на поднесеното, сериозноста и карактерот на кривичните дела, особено поради мојата моментална положба и статус, барам да бидам изведен исклучиво пред вас, бидејќи изразувам целосна недоверба кон правосудниот систем, дотолку повеќе што во пријавите се опфатени лица со реална моќ и влијание. Целата моја доверба ја вложувам во вас, па затоа барам веднаш и без одложување, да бидам изведен пред вас по ваша издадена наредба, особено важно што во овој период сум директна жртва на незаконито, фалсификувано и антидатирано судско решение донесено од Основен кривичен суд Скопје, за кое имам основано сомневање дека е донесонео од криминогени побуди и намери на поединци. Воедно, молам за заштита од ваша страна во рамки на законот, дотолку повеќе што сум се соочувал и се соочувам со реални закани по мојот живот и истото го очекувам да биде интензивирано после ова истакнато барање до вас за поднесување на кривични пријави“, стои во писмото од Јовановски-Боки 13 до Абази.Во соопштението се повикува јавноста да го следи процесот и се посочува: „После започнување на овој процес ќе биде изложен на интензивирана тортура, притисоци и закани, па оттука повикуваме на разумност и поддршка од општата и стручната јавност“.

Македонија | пред 2 години

18740779_10211668664104509_5992974578359168367_n

Мајка му на Боки 13 ја соголи душата во честитката за роденденот на синот

Бојан Јовановски денеска полни 36 години, а неговата мајка Јасмина објави неколку заеднички фотки за да му го честита роденденот.„На денешен ден 1986 година во 17:20 часот се роди мојот син единец Бојан. Денеска го прославува својот 36. роденден, а јас му посакувам пред сè да ни е жив и здрав, за останатото ќе се бориме заеднички до крај“, напиша таа.

Магазин | пред 3 години

281126796_151427464074854_4584871628793186757_n

Ексдиректорот на „Идризово“ со шок детали, открива за притисоци и рекет од Марјан Спасовски

Поранешниот директор на „Идризово“, Реџеп Реџепи за „А1он“ сведочи дека трпел притисоци од директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, за да го премести Бојан Јовановски-Боки 13 во полоши услови. Реџепи открива дека Спасовски постојано го правел тоа, но тој не подлегнал на притисоците. Јовановски го оставил да ја отслужува казната, онаму каде бил сместен кога влегол во затворот.„Марјан Спасовски секогаш ми правеше притисок за овие две личности, Бојан Јовановски и Сеад Кочан. Тој викаше дека тоа го бара СДСМ. Моето мислење е дека тоа не е барање на СДСМ, бидејќи тој сакаше да ја постигне неговата цел. Да рекетира. Тоа му е целта на него“, открива Реџепи за „А1он“. Прочитајте ја целата вест

Македонија | пред 3 години

288277411_445060510801287_6132246268967969637_n

Боки 13 не го донесоа во суд, ниту се знае како е, по инфото дека е претепан

Во каква состојба се наоѓа Бојан Јовановски-Боки 13 и натаму се крие од јавноста. Тој денеска не беше спроведен ниту во Граѓанскиот суд, каде се читаше пресудата за случајот каде беше тужен. Пред два дена протекоа информации дека бил нападнат во затворот „Идризово“ поради лоши безбедносни проценки. За оваа информација не сакаа да коментираат од управта на затворот, а ниту денеска нема одговор од Управата за извршување санкции. Ова е прв случај да се известува за нападнат затвореник, односно за Боки 13, по доаѓањето на новиот директор, Шпенд Тахири, чие раководење започна со скандал.Праксата говори дека Боки 13 бараше да биде носен на секое рочиште за предметот каде е тужен да врати дел од милионот, а тоа беше правено од затворските служби. Како и претходно, така и сега, неговиот спровод не беше задолжителен, но има право на истиот, па тоа беше дозволувано и спроведувано. Овојпат, не беше така, а истото коинцидира со информациите дека Боки 13 е нападнат.На прашањата каква е здравствената состојба на Боки 13, дали бил нападнат, но и дали е правилно проценета безбедносната состојба, дали е заштитен и во какво одделение се чува, од затворот испратија одговор во кој не одговараат ништо: „За бараните информации обратете се до Управата за извршување на санкции“.Управата за санкции, односно лицето задолжено за информации од јавен карактер, чиј контакт е јавно објавен, не одговори на поставените прашања. За случајот молчи и директорот Марјан Спасовски, кој и претходно беше обвинуван дека го замолчува Боки 13 да даде интервју за медиумите, иако има право да ги соопшти сите информации кои ги знае.Денеска Боки 13 ја доби првата судска победа откако против него се отворија неколку случаи. Судијата Андреј Димовски досуди дека Боки 13, Катица Јанева и државата не треба да му вратат никакви пари на бизнисменот Камчев, кој тврдеше дкеа им дал 1,5 милиони.

Македонија | пред 3 години

277921692_356670213175720_235751929569841241_n

Боки 13 дециден: Жив сум и простување нема!

Без влакна на јазикот, Бојан Јовановски-Боки 13 преку администраторот на неговите профили, им порача на неговите некогашни лажни пријатели дека кармата е кучка. Не дефинираше кон кого конкретно е упатена пораката, но е дециден дека станува збор за сите кои му правеле лице додека тој беше модна икона и во регионални рамки.„Кога бев добро, сите тие многу ме "сакаа" и "почитуваа"... во контекст на тоа имам едно прашање: Можете ли да ми кажете на кој ден се слави Светата лага? Затоа што морам да испратам честитки до неколку луѓе... Единствениот порок што не може да се прости е лицемерието. Покајанието на лицемер е само лицемерие, па затоа простување нема! А, да и уште една работа, жив сум, менталната хигиена ми е на добро ниво, фала му на Бога, се држам бидејки несомнено знам дека животот е тркало и дека кармата е озбилна кучка“, вели Боки 13.

Коментари | пред 3 години

boki-13-kamcev

(ФОТО) „СЈО барало Камчев да плати 8 милиони евра и да одлежи 4 години, од кого сега му е олеснета позицијата со срамната спогодба“, прашува Боки 13

Почитувани, еве во име на вистината, погледнете што било изработено од предметната обвинителка Лиле Стефанова, додека била во СЈО под раководство на Катица Јанева! Изработила предлог за спогодба за Јордан Камчев како првоосомничен солидарно со други да плати штета кон буџет во износ од околу 8 милиони евра, плус штета кон други доверители вкупно 4.900.000 евра и корист која треба да му биде одземена во висина од 6.261.523 евра, вели Бојан Јовановски во својата најнова објава на социјалните мрежи.„Со користење и примена одредбите за ублажување на казната затвор, можното ублажување за кривичните дела за кои Камчев признал дека е виновен е минимум 4 години затворска казна и враќање на погоре опишаните пари по повеќе основи !!!Па сега јавно прашувам, кога и од кого му е олеснета позицијата на Камчев со срамната спогодба која е веќе верифицирана во Основниот кривичен суд ???Прашувам сега под чие влијание истата обвинителка Лиле Стефанова ја направила оваа различна и многу поповолна спогодба и се спогодила со Камчев ?Кој му ја олесни сега позицијата на Камчев, Катица без направена спогодба (а осудени сме во Рекет за овие дејствија) или Вилма Русковска и Љубомир Јовевски со веќе завршена спогодба, надвор од закон и здрав разум ?Оттука се поставува прашањето, дали откако на Камчев не му била прифатлива спогодбата со која би требало да врати во буџетот многу повеќе пари од тие 5 милиони за кој сега се спогодил и плус да му биде одземена нелегално стекнатата корист и да добие ефективна затворска казна од 4 години, тој и другите заинтересирани го конструираат случајот Рекет, нас не стрпуваат во затвор за "жртвата" Камчев да може да си направи спогодба под покровителство на Русковска и да си го добие тоа што го сакал, а тоа е спас за сите негови сторени криминали!!!Овие документи од СЈО беа изведени како доказ во предметот Рекет !!!Поради оваа бруталност и неправда, барам како осуден за дело кое не сум го сторил, ново фер судење и барам ПРАВДА И ОДГОВОРНОСТ ВЕДНАШ ЗА ОВИЕ "МАЈСТОРИ" НА ПРАВОТО !!!После ова, јасно е како бел ден зошто е направен случајот Рекет и зошто сме осудени!!!П.с ги поздравувам оние навивачки пропагандни "професионалци" кои не штедеа етикити и квалификации за мене и ме оцрнија и осудија пред да бидам осуден а Камчев го претставуваа како "невин" и "жртва" и им се извинувам што сега Камчев и нив ги направи поголеми будали отколку што реално се !!!До конечна правда !!!Рекет е паднат“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

277855109_247167797562351_2330856545089821216_n

Боки 13 за кредитот на Камчев: Русковска да не е кокредитобарател, освен што му е жирант и гарант?

Дали јавноста ќе биде позадоволна ако добијат 5 или 10 години казна затвор и државата да не може да ги наплати парите или да поминат со помали казни а државата да ги наплати парите. Јас мислам дека поважно на државата ќе и биде да ги наплати парите, а да има помали казни“ изјави вечерва Русковска во нејзиниот обид да ја оправда КРИМИНАЛНАТА СПОГОДБА СО КАМЧЕВ, вели Бојан Јовановски во својата објава на социјалните мрежи.„Тоа е онаа истата Русковска која без ниеден доказ за случајот Рекет и Меѓународен сојуз бараше максимални казни затвор !!!!Се извинувам, имам прашење кое ме мачи, дали Русковска со погоре цитираната несреќна изјава е сеуште обвинител или од вечерва и официјално е адвокат на Камчев?Вечерва Русковска така насмеана и среќна ни кажа дека нејзиниот властодавател Камчев подигнал кредит, па да прашам покрај тоа што е негов жирант и гарант да не е случајно и кокредитобарател и кој од нив ќе ги плаќа ратите за кредитот???Ратите за тој милионски "кредит" однапред ги имаат платено граѓаните на оваа држава, е така да си знаете!!!Денеска на виделина излезе пактот на Камчев со Русковска и останатите "заинтересирани"Меѓудругото, вечерва Русковска призна како е Рашковски пуштен од притвор да се брани на слобода.... па чисто да ја потсетам на член 353 од КЗ !!!Ова не беше историска спогодба, ова е историски државен и правосуден срам !!!До конечна правда!!!Рекет е паднат“, вели Јовановски.

Коментари | пред 3 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

(ФОТО) Мнозинство од граѓаните не веруваат дека Боки 13 и Катица направиле рекет

Анкета на социјалната мрежа „Инстаграм“ покажа дека 82 проценти од испитаниците не веруваат во реалноста на пресудата за случајот „Рекет“. Во тој предмет се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева. Анкетата е споделена на профилот на Бојан Јовановски кој има скоро 40 илјади следачи. Најголем дел од нив не се ниту негови поддржувачи, а тоа произлегува и од коментарите кои се споделувани на фотографиите кои ги има објавено. Ова би значело дека пристрасноста би била минимална или незначајна.„Дали верувате во пресудата за ‘Рекет’?“ е прашањето, на кое, резултатите покажуваат дека 18 проценти веруваат, а 82 проценти не веруваат дека бил вршен рекет, иако судииите Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска го досудија тоа.Не е за занемарување ниту фактот дека Боки 13 и Катица Јанева добиваат низа од позитивни коментари на социјалните мрежи. Поддршката не изостанува, иако, судот ги осуди истовремено со јавноста. Реткост е во јавноста, покрај пресуда со затворска казна, поединци да се охрабрат да кажат дека пресудата е нерелевантна и дека вистината е поинаква. Таква е случајот со „Рекет“, каде Боки 13 и Катица Јанева добија поддршка дека ги осудиле без да се докаже дека сториле нешто спротивно на закон.

Македонија | пред 3 години

277855109_247167797562351_2330856545089821216_n

Се поизвесна можноста Врховен да ја укине пресудата за „Рекет“, објавени недостатоци и повреди кои резултираа со казни за Боки 13 и Јанева

Преку оваа студија на Коалицијата „Сите за правично судење” случајот „Рекет“, детално, конкретно и фактолошки со целосен осврт на целокупниот судски предмет, неспорно ќе се утврдат сите повреди од апсолутен карактер на законот за кривична постапка, нееднаквоста на орудијата на страните во постапката, повреда на правата на обвинетите во постапката, повредата на начелото на фер и правично судење, објави денеска Бојан Јовановски.„Наспроти сите претпоставки и шпекулации поттикнати од видливата тенденција на Русковска која резултираше со закани кон судии од Апелациониот суд Скопје кои подоцна истите не осудија. Наспроти сите незаконити постапувања на Русковска како предметен обвинител во случајот, која преку површни, неточни, шпекулативни, сензационалистички и навивачки пропагандни механизми го водеше овој случај, наместо во судница со докази. Со злоупотреба на судиската функција, во смисла на одредбите од законот за судови, судиите Васка Николовска-Масевска и судија Софче Гаврилова Ефремова ја донесоа првостепената судска одлука потврдена и од Апелациониот суд, каде претседател на советот беше истиот оној судија Јани Нича за кој Русковска водеше финансиска истрага, па оттука се поставува прашањето дали тој судија можел и смеел да суди во овој случај и дали повторно при носење на второстепената одлука клучно било влијанието, стравот и заканите од Русковска кон споменатиот судија?!“, пишува Јовановски.Апелира до сите заинтересирани внимателно да ја прочитаат оваа студија која, како што вели, се темели на факти и од оваа анализа ќе се утврди зошто е неодржлива, неоснована и нарачана пресудата за случајот „Рекет“!После сето ова основано барам ново фер судење и фер постапка почитувајќи го начелото на еднаквост на орудијата на страните во постапката, барам судење спроведено согласно законот за кривична постапка, барам судење пред непристасен суд, каде ќе има само право а не политички нарачана пресуда!, вели Боки.Целосната студија од Коалицијата „Сите за правично судење“:Студија на случај за предметот КОК-116/19 под кодно име „Рекет“Lura paria debent esse eorum inter se qui sunt cives in eadem res publicaСите граѓани на една држава треба да имаат еднакви праваОваа студија на случај ќе даде осврт на целокупниот судски предмет којшто се водеше пред Одделението за организиран криминал и корупција во рамки на Основниот кривичен суд Скопје. Истата особено ќе стави акцент на текот на судскиот процес, почитување на стандардите за фер и правично судење како и почитување на процесните права на обвинетите во постапката вклучувајќи ги и правата загарантирани со Европската конвенција за човекови права (во понатамошниот текст: ЕКЧП).ВоведВо ноември 2018 година Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ( во понатамошниот текст СЈО) отвори истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев и други 12 осомничени лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Злосторничко здружување„, „Оштетување или повластување на доверители“, „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“ во периодот од 2002 до 2013 година. Во истиот период на Јордан Камчев и други 4 осомничени лица од овој предмет им беше определена мерка притвор од страна на судија на претходна постапка во траење од 30 дена, а во декември 2018 година Апелациониот суд Скопје мерката притвор за првоосомничениот Јордан Камчев ја замени со поблага мерка т.е. куќен притвор.На 30.01.2019 година Врховниот суд донело начелно правно мислење со кое по истекот на рокот од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија. Со ова начелно правно мислење на осомничените лица во предметот „Империја“ им беа укинати мерките за обезбедување на присуство.На 15.07.2019 година беа уапсени Бојан Јовановски (сега обвинет во предметот „Рекет“) и Зоран Милевски (сега веќе осуден во предметот „Рекет“) за наводен рекет врз бизнисмени и политичари. На истите им беше определена мерка притвор од страна на судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (во понатамошниот текст: ОЈОГОКК) во август 2019 година објави соопштение за јавност дека води истрага во врска со предметот „Рекет“, а на 21.08.2019 година беше уапсена и Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која и беше и определена мерка притвор во траење од 30 дена.Според ОЈОГОКК, Бојан Јовановски како првообвинет влијаел врз јавниот обвинител на СЈО, Катица Јанева, истата да изврши службено дејствие што не смеела да го изврши во рамки на истражната постапка во предметот „Империја“ што ја води СЈО за да му ја олесни положбата на еден од осомничените во таа постапка (бизнисменот Јордан Камчев, кој во предметот „Рекет“ се јавува како сведок), односно мерката притвор да му биде заменета со куќен притвор, а во иднина осомничениот Јордан Камчев да биде во својство на заштитен сведок или пак да склучи спогодба за вина и да плати незначителна сума на штета. Како посредник во овој случај се јавува и третообвинетиот, сега веќе осудениот Зоран Милевски, кој ја призна вината на првото одржано рочиште по предметот. За извршување на горенаведените дејствија, според обвинението, обвинетите примиле награда од сведокот Јордан Камчев во износ од 1.500.000 евра.На 10 октомври 2019 година ОЈОГОКК поднесе обвинение против три лица и тоа:– против првообвинетиот Бојан Јовановски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по чл.359 ст.7 вв. ст.3 вв.ст.2 вв. чл.22 од КЗ и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл. 273 ст.1 од КЗ;– против второобвинетата Катица Јанева за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.3 вв. ст.1 од КЗ;– против третообвинетиот Зоран Милевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по чл.359 ст.7 вв. ст.3 вв.ст.2 вв. чл.22 од КЗ.Првото рочиште по овој предмет со референтен број КОК-116/19 беше насрочено на 03.12.2019 година, односно скоро 2 месеци по поднесување на обвинението од страна на ОЈОГОКК до Основниот кривичен суд Скопје. Законот за кривична постапка (во понатамошниот текст: ЗКП) им дава можност на обвинетите во судската постапка да признаат вина дека го сториле кривичното дело што им се става на товар согласно чл.381 од истиот. На самото рочиште, третообвинетиот Зоран Милевски ја призна вината дека го сторил кривичното дело што му се става на товар, по што судот ја раздвои постапката за овој обвинет и донесе осудителна пресуда со која му одреди казна ефективен затвор во траење од 3 години.Постапката за останатите двајца обвинети продолжи понатаму и истата заврши на 18.06.2020 година со објава на пресудата. Судот ги прогласи обвинетите за виновни дека ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар и им изрече единствена казна затвор во времетраење од 9 години за првообвинетиот Бојан Јовановски и 7 години за второобвинетата Катица Јанева.1. Прашања што произлегуваат од постапката1.1 Оцена на обвинителниот акт и докази на кои се темели обвинението (вештачење на снимките и предлагање докази што не се прибавени)Со поднесување на обвинителниот акт, јавното обвинителство достави и листа на докази врз основа на која го темели обвинението против обвинетите, во која листа дел од доказите се однесуваат на наредби за вештачења кои сè уште не биле изготвени, како и предлог за продолжување на изречените мерки за обвинетите, сметајќи дека сè уште постојат причините за определување на мерката притвор предвидени во член 165 од Законот за кривичната постапка (ЗКП).Вака поднесениот обвинителен акт подлегна на оценка од страна на Советот за оцена на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје, кој постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт, на нејавна седница, одржана на 8.11.2019 година, без присуство на странките во постапката, донесе решение со кое приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.Согласно член 321 став 1 точка 5 од ЗКП, обвинителниот акт треба да ги содржи доказите врз кои се темели истиот. Исто така согласно член 336 став 2 од ЗКП, „при оцена на обвинителниот акт, судијата или советот за оцена на обвинителниот акт го цени обвинителниот акт од аспект на наводите наведени во приговорот против обвинителниот акт, списите на предметот и доказите доставени во прилог на обвинителниот акт“.Се поставуваат прашањата:– како советот кој одлучувал за оценка на обвинителниот акт можел разумно да донесе одлука во однос на истиот, при услови кога дел од доказите наведени во обвинителниот акт воопшто не се прибавени, ниту пак е позната нивната содржина, а воедно и– како може обвинителството да предлага докази кои не се прибавени, односно да го темели обвинението на докази, во овој случај вештачења, чија содржина сè уште не е позната, и за кои не е сигурно дека го поткрепуваат обвинението?1.2 Правна квалификација на делотоШто се однесува на класификацијата на кривичното дело кое му е ставено на товар на првообвинетиот – перење пари и други приноси од казниво дело согласно член 273 став 1 од ЗКП, истата е збунувачка од аспект на самото исполнување на битието на кривичното дело. Имено, перењето пари е илегален процес на стекнување на голема сума пари генерирани од криминална активност, кои навидум изгледаат дека потекнуваат од легитимен извор. Парите од криминалната активност се сметаат за „валкани“, а процесот „ги пере парите“ за да можат да изгледаат „чисто“, односно легално заработени.Перењето пари најчесто е процес кој поминува низ три фази: фаза на пласман, фаза на прикривање и фаза на интеграција. Во првата фаза парите се внесуваат во системот на финансиски институции или во стопанството, во втората фаза се врши прикривање на изворот на средствата по пат на креирање на цел систем финансиски трансакции коишто имаат за цел да го оневозможат следењето на трагата на сомнителните пари, додека пак интеграцијата претставува последна фаза во процесот на перење пари.Во оваа фаза парите се интегрирани во легитимниот економски и финансиски систем и претставуваат составен дел од вкупните средства во тој систем.2. Директивата на Европската заедница 2005/60/ЕЗ за спречување на користење на финансискиот систем со цел перење пари и финансирање на тероризам, перењето на пари го дефинира како „прикривање на вистинската природа, изворот на парите, претворање и пренос на имотот (средства) во смисла на прикривање на незаконско потекло, односно здобивање, поседување или употреба на средства стекнати од казниво дело.3. Оперативната Група за определување на дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам – ФАТФ го дефинира поимот за перење пари како „процес преку кој добивките за кои основано се верува дека потекнуваат од криминална активност се транспортираат, трансферираат, трансформираат, конвертираат или се вградуваат во легалните фондови, со цел да се прикрие нивното потекло, изворот, движењето или сопственоста“.4. Нашиот законодавец перењето пари го дефинира како пуштање во оптек, примање, преземање, заменување или раситнување пари од поголема вредност што се добиени со казниво дело или за кои се знае дека се прибавени со казниво дело.5. Сепак, треба да се има предвид дека пуштањето во оптек се однесува на последната фаза од процесот на перење пари, погоре опишана како фаза на интеграција каде парите се интегрираат во легалниот економски систем и се пуштаат во оптек.Да се навратиме на нашиот случај, каде првообвинетиот согласно обвинителниот акт е обвинет за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, и начинот на кој го сторил тоа е со пуштање во оптек на паричните средства што ги прибавил со кривичното дело – Примање награда за противзаконито влијание, имено со купување на луксузен мебел, облека и обувки од модни дизајнери.Оттука, може да се заклучи дека првообвинетиот не сторил дејствија на прикривање на вистинската природа на илегално стекнатиот имот, туку едноставно ги трошел илегално стекнатите пари на материјални добра. Нејасно е зошто купувањето на материјални добра со илегално стекнати пари е класифицирано како кривично дело од чл. 273 став 1 од КЗ, бидејќи таквото дејство, само по себе не го исполнува битието на казненото дело перење пари. Доколку тоа би било така, во тој случај и обвинетиот кој извршил кривично дело кражба и украл пари за да купи храна или облека би требало да биде обвинет како за кражба, така и за перење пари, бидејќи храната ја купил со илегално стекнати пари, односно истите ги пуштил во оптек.Исто така, друго прашање кое поттикнува конфузија е зошто само првообвинетиот е обвинет за кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело, во услови кога сите три лица посочени во обвинителниот акт се обвинети дека земале пари, па доколку е така нејасно е зошто само еден од нив се товари за тоа кривично дело. Доколку пак, првообвинетиот е тој кој ги „перел“ парите и на останатите обвинети, тогаш се покренува прашањето дали можеби обвинетите сториле кривично дело – Злосторничко здружување казниво со чл. 394 од КЗ. Овие прашања во текот на постапката ниту еднаш не беа ниту, коментирани, ниту образложени и фрлаат сомнеж врз целосната правна квалификација на 2 Спречување на перење пари кај финансиските институции, д-р Гоце Трајковски Скопје, 2011 година, стр.10-12 3 (линк) и 4 (линк)5 Чл. 273 став 1 од Кривичен законик кривичните дела кои се ставаат на товар на обвинетите. Имајќи го предвид фактот дека судот не е врзан за правната квалификација од поднесеното обвинение, истиот при своето постапување одлучување е должен врз основа на Кривичниот законик правилно да ја определи правната квалификација на дејствијата согласно наводите истакнати во обвинителниот акт. Така во поткрепа на погоре наведеното, судот можел и требал да го земе во предвид фактот дека станува збор за три лица кои се здружиле со цел да вршат кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна и да квалификува кривично дело Злосторничко здружување согласно чл. 394 од Кривичниот законик.1.3 Пристап до докази и начело на еднаквост на оружјатаКоалиција „Сите за правично судење“ преку своите професионални набљудувачи го мониторираше текот на целиот судски процес. Она што беше детектирано како пропуст во текот на судскиот процес од страна на професионалните набљудувачи е во поглед на почитувањето на начелото на еднаквост на оружјата.Врз основа на тоа што дел од доказите при поднесување на обвинението, односно вештачењата не биле изготвени, на одбраната и беше скратена можноста да се запознае со сите докази кои се ставаат на товар во моментот на поднесување на обвинението. Покрај тоа, одбраната реагираше и на фактот што не и била дадена можност да добие копија од списите на предметот кои се чуваат во јавното обвинителство, а кое право е загарантирано согласно чл. 79 став 2 од ЗКП, а воедно го опфаќа и принципот на контрадикторност и еднаквост на оружјата во постапкaта. Имено, на одбраната и била дадена можност само да направи препис на лице место на доказите кои се ставаат на товар на обвинетите, а со оглед на енормниот број на докази приложени кон обвинителниот акт, апсурдно е иститеда се препишуваат при постоење на технологии кои ги нуди едно модерно општество.Во овој поглед, одбраната се повика на случајот Доленец против Хрватска 6 каде Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) го зазема ставот дека неограничениот пристап до списите на предметот и неограничена употреба на какви било белешки, вклучително, доколку е потребно, и можност за добивање копии на релевантни документи, се важни елементи на фер и правично судење во кривичната постапка.Во конкретниот случај жалителот немал таков пристап, со што му била овозможена еднаквост на оружјето кое нешто претставува повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата. ЕСЧП во истиот случај посочил дека членот 6 од Конвенцијата, прочитан како целина, го гарантира правото на обвинетиот да учествува ефикасно во кривично судење. Концептот на „ефективно учество“ во кривично судење вклучува право на составување белешки за да се олесни спроведувањето на одбраната.Во случајот Галстијан против Ерменија7, ЕСЧП утврдил дека членот 6 од Конвенцијата му гарантира на обвинетиот „адекватно време и простор за подготовка на својата одбрана“ и воедно подразбира дека бранителите имаат право да направат се што е „неопходно“ за да се подготви одбраната. На обвинетиот мора да му се даде можност да ја подготви својата одбрана на соодветен начин и без ограничување во однос на можноста да ги истакне сите релевантни аргументи за одбрана 6 А.бр. 25282/06, пресуда на ЕСЧП од 26 февруари 2010 година 7 А.бр. 26986/03, пресуда на ЕСЧП од 15 февруари 2008 пред судот и на тој начин да влијае на исходот на постапката, и токму поради тоа, истиот има право да се запознае со резултатите од истрагата спроведени во текот на постапката.Понатаму, дел од доказите на кои се темели обвинението, се однесуваат на снимки, кои според одбраната не се автентични и законити и како такви не треба да се земат предвид при донесување на пресудата. Имено, за овие докази нема законска рамка за постапување, за разлика од таканаречените „бомби“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои што има утврдена законска рамка, додека пак во однос на неовластеното снимање од страна на првообвинетиот, второобвинетата има поднесено приватна тужба против него за неовластено снимање.Согласно чл. 12 став 2 од ЗКП „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот, законот и меѓународнитедоговори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и на нив не може да се заснова судската одлука.“ Исто така согласно член 110 став 1 од новиот Закон за јавно обвинителство, „Јавното обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушкувани материјали.“ Исклучок на ова се само предметите поднесени до надлежниот суд до 30 јуни 2017 година.Оттука, се поставува прашањето кој третман ќе го имаат овие докази во поглед на донесување на одлука од страна на судот и колку истите ќе влијаат при одлучувањето за вината на обвинетите.Во случајот Гефген против Германија8, ЕСЧП утврдил дека при одредување дали постапката како целина била правична, мора да се води сметка за тоа, дали биле испочитувани правата на одбраната. Она што особено треба да се испита, е дали на жалителот му била дадена можност да ја оспори автентичноста на доказите и да се спротивстави на употребата на истите. Покрај тоа, мора да се земе предвид и квалитетот на доказите, како и околностите, во кои истите биле прибавени и дали околностите фрлаат сомнеж врз веродостојноста или точноста на доказите. Од една страна, не треба по автоматизам да се укажува на проблем со правичноста на постапката во случаите каде прибавените докази не се поткрепени со друг материјал, а од друга страна, може да се каже дека во случаите каде доказите се многу силни и каде не постои ризик истите да се неверодостојни, потребата од поткрепување на доказите е соодветно на тоа послаба.Еднаквоста на оружјето е карактеристично обележје на правичното судење.Таа бара да и се даде разумна можност на секоја страна да до изложи својот случај под услови што не ја ставаат во значително подредена улога во однос на другата страна.На 09.04.2020 година одбраната на првообвинетиот во постапката поднесе предлог до судот за вештачење на неговиот мобилен телефон со образложение декаистиот не е целосно вештачен. Јавниот обвинител се спротивстави на предлогот на одбраната со образложение дека мобилниот телефон е вештачен само во периодот за кривичноправниот настан кој што е опишан во обвинението. Ваквиот предлог на одбраната судот го одби како неоснован Имено, важно е да се напомене дека мобилниот телефон на првообвинетиот во истражната постапка со наредба на јавниот обвинител е одземен, па оттаму одбраната немаше можност да изготви свое вештачење со оглед на тоа дека немаа пристап до телефонот. Она што дополнително се јавува како дилема е тоа што јавниот обвинител на 26.05.2020 година во своите завршни зборови направи измена на обвинителниот акт во точката 2 каде што се проширува периодот за сторување на кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ односно дека од ноември 2017 година обвинетиот Бојан Јовановски ги пуштил 8 А.бр. 22978/05, пресуда на ЕСЧП од 01 јуни 2010 година парите во оптек. Оттаму, се поставува прашањето дали е целосно извештачен мобилниот телефон со оглед на тоа дека истиот е само вештачен за периодот ноември 2018 година – април 2019 година, период кој што е наведен и во самиот обвинителен акт.Во членот 70 од ЗКП, се детално наведени правата на обвинетиот кој што ги има во текот на кривичната постапка, а како едно од основните права е обвинетиот да има доволно време и можности за подготовка на своја одбрана, да има можност да се изјасни за фактите и доказите што го товарат и да ги изнесе сите факти и докази што му одат во прилог. Исто така, членот 305 од ЗКП дозволува бранителот на обвинетиот во постапката да може да му дава предлози на јавниот обвинител за преземање на определени истражни дејствија за собирање на докази. Согласно законот по кој што се води оваа постапка, одбраната има право да ангажира технички советник за одредени стручни прашања или пак за оспорување на вештачењето. Со оглед на одлуката на судот за одбивање на предлогот на одбраната за вештачењето на телефонот, се поставува прашањето дали е целосно почитувано начелото на еднаквост на оружјата, како и дали беа почитувани правата на обвинетите целосно во оваа постапка согласно законот?Европскиот суд за човекови права има заземено став и донесено повеќе пресуди поврзани со повреда на чл.6 од ЕКЧП што се однесуваат на начелото на еднаквост на оружјата. Според ЕСЧП, не се почитува еднаквоста на оружјата во случаите кога било одбиено барањето на обвинетиот за презентирање алтернативно експертско мислење. Со оглед на тоа што на обвинетиот не му било овозможено да го оспори вештото мислење презентирано како доказ од јавниот обвинител, ЕСЧП оценил дека обвинетиот бил лишен од можноста да изнесе аргументи во своја одбрана под истите услови како и обвинителството.9 Правилата за прифатливост на докази понекогаш може да бидат спротивни на принципите на еднаквост на оружјето и контрадикторна постапка, или да влијаат на правичноста на постапките. Во контекст на вештачењата, правилата за нивна прифатливост не смеат да ја одземаат можноста на одбраната да можат да ја побијат нивната содржина, особено со алтернативни наоди и мислења. Поради тоа, во одредени околности, одбивањето да се дозволи алтернативно вештачење на материјални докази може да се смета за повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата (Матитстина против Русија)10Она што треба исто така да се потенцира во однос на овој доказ предложен од обвинителството, а според ставовите на ЕСЧП е дека наредбата за вештачење на телефонот на првообвинетиот е дадена од страна на ОЈОГОКК која што е странка во постапката и е користен како доказ против првообвинетиот, а вештачењето не е направено по наредба на судот. Ова остава дополнителен сомнеж кај обвинетиот за непристрасно и независно вештачење односно подготовка на стручно мислење. ЕСЧП смета дека ваквиот начин на постапување на судовите значи дека обвинетиот бил лишен од можноста да изнесе аргументи во своја одбрана под истите услови како и обвинителството што според ЕСЧП претставува повреда на чл.6 од ЕКЧП. (Stoimenov vs.Macedonia). 11 9 „Вештачењето и „еднаквоста на оружјата“, Д-р Гордана Лажетиќ – Бужаровска, редовен професор, Д-р Лазар Нанев, вонреден професор, Д-р Олга Кошевалиска, доцент, стр.5 10 А.бр. 58428/10, пресуда на ЕСЧП од 27 март 2014 година 11 А.бр. 17995/02, пресуда на ЕСЧП од 5 јули 2007 година1.4 Измена на обвинителен акт / предлог за изрекување на мерка проширена конфискацијаПо завршувањето на доказната постапка, со давањето на завршните зборови јавниот обвинител направи „прецизирање на обвинението“, конкретно во делот кој се однесува на првообвинетиот Бојан Јовановски, поточно дека истиот ги пуштил во оптек парите прибавени со кривичното дело „примање награда за против законито влијание“ во период кој започнува од месец ноември 2017 година и завршува со 15.07.2019 година, на кој начин обвинетиот го сторил кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од член 273, став 1 од КЗ.12 Со измената на обвинителниот акт, јавниот обвинител воедно предложи сите привремено одземени предмети од обвинетиот да бидат конфискувани со мерката проширена конфискација.Ваквата измена на обвинението покренува неколку прашања, од кои основното е поврзано со праксата на јавните обвинители да вршат измени во обвинителните акти и предлози со давањето на завршните зборови, прашање кое е често дискутирано помеѓу правниците. Измената на обвинението е регулирана со членот 393 од ЗКП, согласно кој член ако обвинителот оцени дека изведените докази укажуваат дека се променила фактичката состојба изнесена во обвинението, може на главната расправа да го измени обвинението. Заради подготовка на одбраната главната расправа може да се одложи“.Согласно ваквите одредби од ЗКП очигледно е дека интенцијата на законот е да дозволи соодветно време за подготовка на одбраната во случај кога со обвинението се прават суштински, а не технички исправки, па поради тоа било која измена на обвинението која се однесува на поврзаност на пресудата со обвинението во смисла на член 398 од ЗКП не би смеела да се направи со давање на завршните зборови, туку во текот на доказната постапка, како би можело во дополнението на доказната постапка согласно член 394 од ЗКП, со цел да се пружи прилика на одбраната за побивање на изменетото обвинение.13Во конкретниот случај, јавниот обвинител го прошири периодот во кој е сторено кривичното дело „перење пари“ за повеќе од 12 месеци, што претставува промена на описот на делото кое е предмет на обвинителниот акт. Поради тоа, со измената на обвинението со давањето на завршни зборови на јавниот обвинител, судот повеќе и нема можност да и дозволи на одбраната соодветно да се подготви, бидејќи доказната постапка е веќе завршена, а во завршните зборови не смеат да се изнесуваат и презентираат докази.14Второто прашање поврзано со измената на обвинението е од материјална природа, поточно со измената е променет периодот на сторување на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, но не и времето на сторување на кривичното дело „примање награда за против законито влијание“. На овој начин хронолошкиот редослед на настаните добива нелогичен тек, па така парите кои се стекнати со извршување на кривичното дело „примање награда за против законито влијание“ на Првичната верзија на обвинителниот акт го товареше првообвинетиот дека истиот ги пуштил во оптек парите во првата половина на 2019 година. 13 Г. Калајџиев, Г. Лажетиќ, Л. Неделкова, М. Денковска, М. Тромбева, Т. Витларов, П. Јанкуловска, Д. Кадиев, Коментар на Законот за кривичната постапка, Мисија на ОБСЕ во Скопје, 2018 година, стр. 806. 14 Согласно член 398 од ЗКП, пресудата може да се однесува само на лицето кое е обвинето и само на делото кое е предмет на обвинението. Согласно овој член судот не е врзан за правната квалификација на делото, но е врзан со фактичкиот опис на обвинението во смисла на начинот и времето на сторување на кривичното дело.Членот 394 од ЗКП нуди можност по завршување на доказната постапка, а пред давањето на завршните зборови, судот да им овозможи на странките да прибават и презентираат докази кои се однесуваат на новите околности, почетокот на 2019 година, се пуштени во оптек една година порано, односно почнувајќи од ноември 2017 година, кога обвинетото лице сè уште не ги имало парите во владение за да може да го стори кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.Во оваа ситуација судот правилно одлучи да го ослободи обвинетиот за најголем дел од периодот опфатен во измената на обвинението, но сепак истиот прифати дека кривичното дело е сторено почнувајќи од ноември 2019, односно два месеца порано од периодот опфатен со истрагата и обвинителниот акт. Во вакви околности, останува да се види образложението на судот за прифаќањето на дел од измените во обвинението кои настанаа со давањето на завршните зборови на обвинителот.Дополнителни прашања се провлекуваат во поглед на барањето за проширена конфискација, тема со која домашното судство нема практично искуство. Целта на конфискацијата, како посебна мерка е да се оневозможи располагање со нелегално стекнат имот, која се покажува како доста успешна во борбата со организираниот криминал, тероризмот, корупцијата и останатиот финансиски мотивиран криминал. Проширената конфискација е специфичен тип на конфискација, која за прв пат добива широка афирмација со Конвенцијата на Обединетите нации Против транснационален организиран криминал, со која практично се охрабруваат државите да воведат механизми за одземање на имотот стекнат определен период пред сторување на кривичното дело во случаите кога станува збор за тешки кривични дела поврзани со перењето на пари, транснационален криминал, трговија со луѓе и дрога, корупција и слични други кривични дела.15 Истата е понатаму разработена во повеќе документи на Обединетите нации и Советот на Европа, а во главно со проширената конфискација се воведува претпоставка за криминално потекло на имотот стекнат во период пред сторување на кривично дело со кое се стекнува незаконска корист, без притоа да постои судска одлука за конкретна поврзаност на тој имот со некое претходно сторено кривично дело, нешто што е неопходно кај посредната или непосредната конфискација кои го таргетираат имотот настанат како резултат на конкретно кривично дело. Ваквата претпоставка за нелегално потекло на имотот пред сторување на кривичното дело се заснова на криминалниот начин на живот на обвинетиот, а за нејзина реализација неопходно е обвинетото лице да не успее да го докаже легалното потекло на имотот, без притоа обвинителот да мора да докаже надвор од разумно сомневање дека тој имот потекнува од конкретно кривично дело. Во случаите на проширена конфискација ЕСЧП во својата ограничена пракса има одлучено дека е дозволено одредено префрлање на товарот на докажување на легалното потекло на имотот врз обвинетото лице, сè доколку не биде извршено префрлање на товарот за докажување во поглед на вината за кривичното дело.(Филипс против Обединетото Кралство) 16Кај нас, проширената конфискација е регулирана во Кривичниот законик во членот 98-а, кој предвидува дека „од сторителот на кривично дело сторено во рамките на злосторничко здружение со кое се остварува имотна корист и за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и кривично дело во врска со тероризмот од членовите 313, 394-а, 394-б, 394-в и 419 на овој законик за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна или е поврзано со кривичното дело перење пари за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, ќе се конфискува имотот стекнат во временски период пред осудата што судот го определува според околностите на случајот, но не подолг 15 United Nations Convention against Transnational Organized Crime and the Protocols Thereto, United Nations, New York, 2004,16 A.бр. 41087/98 пресуда на ЕСЧП од 12 декември 2001 година од пет години пред сторувањето на делото, кога врз основа на сите околности судот основано е уверен дека имотот ги надминува законските приходи на сторителот и потекнува од такво дело.“ Првото и основно прашање поврзано со предлогот за конфискација е токму во поглед на апликативноста на истата во конкретниот случај согласно дадената дефиниција во КЗ. Од самиот член 98-а не е сосем јасно дали проширената конфискација може да се изрече кон сторителот на кривично дело перење пари, кое не е поврзано со кривично дело во врска со тероризмот или со злосторничко здружение? Секако голем број на меѓународни документи го охрабруваат применувањето на проширената конфискација за кривични дела кои придонесуваат кон неосновано збогатување и прикривање на имотот, како што е кривичното дело „перење пари“, но притоа не може да се изземе уреденоста на проширената конфискација во домашното законодавство и претворањето на одредбите од меѓународните Конвенции во домашните закони. Впрочем, во оваа насока е битно да се истакне дека голем дел од конвенциите кои Македонија ги има ратификувано исто така овозможуваат и ги охрабруваат државите да овозможат примена на проширената конфискација и за кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба, давање и примање поткуп и други коруптивни кривични дела, кои согласно домашниот КЗ не се подобни за изрекување на проширена конфискација. Ова значи дека меѓународните документи даваат општа правна рамка во која националните законодавства имаат голема слобода како да се движат, на кој начин и до кој степен да ги имплементираат механизмите кои конвенцијата ги промовира. Во контекст на ова говори и фактот што конфискацијата на имот е како ретко кое друго поле од кривичното право, бидејќи постојат големи разлики помеѓу националните правни системи во поглед на начинот на кој истите ја регулираат конфискацијата, поради што голем дел од државите имаат концепти кои не се компаративни со концептите во други правни системи17. Конкретно ако се анализира користената терминологија на членот 98-а од КЗ, може да забележиме дека кривичните дела од областа на тероризмот и злосторничкото здружување се директно таргетирани со проширената конфискација, но терминологијата налага кривичното дело перење пари да е поврзано со некое друго кривично дело, односно истото не е директно и самостојно посочено како останатите две групи на кривични дела. Во овој контекст, може сосем логично да се тврди дека кривичното дело перење пари е ставено како дополнителен алтернативен услов за изрекување на проширената конфискација во случаите кога е сторено кривично дело од областа на тероризмот (пропишана казна од најмалку 5 години или поврзаност со кривичното дело перење пари), и ваквото тврдење да има иста логичка вредност како и тврдењето дека „перењето пари“ е посебно и самостојно предвидено како дело за кое може да се изрече проширена конфискација.Во ваква ситуација, кога одредбите од КЗ не се доволно јасни и прецизни, мора да се внимава со нивното толкување како не би се нарушила правната сигурност и предвидливост, ниту пак би се навлегло во прекршување на правилото „nullum crimen nulla poena sine lege certa“, поради што е неопходно темелно образложение на одлуката на судот, особено во отсуство на соодветни образложенија на предлогот за конфискација од страна на јавниот обвинител. Во отсуство на било каква судска пракса до сега во поглед на примената на проширената конфискација, постапувањето на судот би требало да биде уште толку повеќе внимателно и темелно образложено.Од друга страна, дури и да се апстрахираме за момент од прашањата поврзани со исполнувањето на битието на делото „перење пари“ со самото трошење на средствата стекнати со кривичното дело (дискутирано погоре), како и на применливоста на проширената конфискација кај 17 Ligeti, K., Simonato, M. Chasing Criminal Money. Challenges and Perspectives on Asset Recovery in the EU, Hart Publishing, Oxford, 2017, p кривични дела „перење пари“ без да постои нивна поврзаност со кривичните дела од областа на тероризмот и злосторничко здружување, повторно наидуваме на препрека која е вредна за дискусија.Имено, она што е јасно во одредбите на членот 98-а од КЗ е дека за да може да се изрече проширена конфискација во врска со кривичното дело перење пари е неопходно да е пропишана казна затвор од најмалку 4 години, додека пак обвинетиот во конкретниот случај се товари за кривичното дело „перење пари“ од член 273, став 1 од КЗ, за кое е пропишана казна затвор од 1 до 10 години. Повторно, од аспект на правната сигурност и предвидливост, гледајќи ја терминологијата искористена во членот („дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години“, а не „дело за кое може да се изрече казна од 4 години или построга казна“) подразбира дека за конкретното дело најниската предвидена казна мора да биде казна затвор од 4 години, додека во конкретниот случај минималната казна е која е предвидена за делото за кое се товари првообвинетиот е 1 година затвор, во кој случај проширената конфискација не би можела да биде апликативна.Дополнителни прашања кои се провлекуваат како последица на барањето на проширена конфискација се поврзани со кривичната и финансиската истрага, следењето на текот на парите, како и префрлањето на товарот на докажување, како во поглед на легалното потекло на имотот, така и во поглед на докажувањето на постоењето на кривичното дело и вината на обвинетото лице. Она што е веднаш воочливо е што ниту во предлогот за конфискација, ниту во обвинителниот акт, ниту пак на главната расправа јавниот обвинител не ја прецизираше вредноста на имотот кој е привремено одземен и кој е побарано да биде конфискуван.Согласно членовите 530 и 532 од ЗКП, јавниот обвинител е должен да прибира докази кои се однесуваат на имотната корист и висината на износот на нелегално стекнатиот имот, за што има и посебни овластувања да предлага мерки, како и да задолжува институции, правни и физички лица до него да доставуваат податоци и известувања. Иако постојат разлики во поглед на степенот до кој обвинителот треба да ја докаже поврзаноста на имотот со кривично дело во постапките за посредна и непосредна или вредносна конфискација, поточно во постапките за проширена конфискација е дозволено одредено префрлање на товарот на докажување за легалното потекло на имотот врз обвинетото лице, ваквото префрлање не е апсолутно, па така јавниот обвинител сепак има обврска да достави одреден минимум на докази со кои ќе внесе објективен разумен сомнеж за нелегалното потекло на конкретниот имот.18 Во таа насока е и самата дефиниција во членот 98-а според која судот ќе донесе одлука за проширена конфискација кога ќе биде „основано уверен дека имотот ги надминува законските приходи на обвинетиот“, што повторно укажува на одредена обврска на јавниот обвинител да предложи доволно докази со кои основано, а не надвор од разумно сомневање би го уверил судот дека имотот потекнува од нелегални извори. Дополнително, проширената конфискација не е задолжителна секогаш кога се исполнети законските услови, односно кога се сторени кривичните дела наведени во членот 98-а од КЗ, како и согласно тоа што постапката за конфискација се поведува побарање на јавниот обвинител, укажува на тоа дека истиот мора да располага со определен број на докази кои укажуваат на нелегалното потекло на имотот определен период пред сторување на кривичното дело, иако не е неопходно да докаже конкретна поврзаност на тој имот со некое претходно сторено кривично дело. Поради ова, навистина е невообичаено што не е изготвено вештачење на одземените предмети за да се утврди нивната вредност, особено што во конкретниот случај обвинетите лица се товарат дека нелегално заработиле 1 милион евра.Дополнително прашање кое се надоврзува на ова е поврзано со 18 Golobinek Robert, Financial investigations and confiscation of proceeds from crime, training manual for law enforcement and judiciary, Council of Europe 2005 недостигот на докази со кои би се овозможило следење на текот на имотот по неговото набавување нанелегален начин, неговата распределба и располагање од страна на обвинетите, како и неговото евентуално префрлање на трети лица, што во крајна линија го повлекува прашањето зошто барањето за конфискација е насочено само кон едно од обвинетите лица во ситуација кога не постојат доволно докази да укажат на тоа дека тоа е единственото лице кое располага со нелегално стекнатиот имот со кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“?Прашањата во врска со докажувањето на легалното потекло на имотот, во конкретниот случај дополнително се испреплетуваат со докажувањето на вината во поглед на сторувањето на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од членот 273, став 1 од КЗ. Во конкретниот случај, привремено одземените предмети за кои е побарана проширена конфискација се истовремено и доказ за сторување на кривичното дело „перење пари“, бидејќи според обвинителниот акт, првообвинетиот ги пуштил во оптек парите стекнати со сторување на кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, на начин што истиот ги купил сега привремено одземените предмети за кои е побарано да се конфискуваат. Ситуацијата е дотолку повеќе искомплицирана доколку се погледнат процесните аспекти на проширената конфискација, па така истата според одредбите на членот 533, став 1 и 2 од ЗКП, ќе биде изречна во случаите предвидени со КЗ, ако обвинетиот во рок од една година од денот на започнување на главната расправа не успее да докаже дека имотот е законски стекнат, а во случаите кога судот ќе донесе пресуда пред истекот на една година, мерката ќе биде дополнително утврдена со дополнителна пресуда по истекот на предвидениот рок. Во конкретниот случај судот ја донесе пресудата пред истекот на рокот предвиден во членот 533, поради што истиот е законски обврзан за барањето за проширена конфискација да одлучи дополнително.Иако ЗКП не нуди одговори на тоа како ќе се спроведе оваа дополнителна постапка во однос на проширената конфискација, кои лица ќе учествуваат и коиправа ќе ги имаат истите, она што вистински е проблематично е настанувањето на една парадоксална ситуација, поточно:• Доколку во конкретниот случај обвинителот не успее да докаже надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил кривичното дело „перење на пари“, обвинетиот нема обврска да го докаже легалното потекло на имотот, бидејќи проширената конфискација може да се изрече само од сторител на кривично дело (поврзано со) „перење пари“, па оттука истата нема повеќе да биде апликативна и судот нема да може да ја изрече во овој случај. На овој начин, фактички еоневозможено префрлањето на товарот на докажување на потеклото на имотот;• Обратно, доколку обвинителот во отсуство на доволно докази за следење на текот на имотот успее да докаже дека обвинетиот сторил кривично дело перење пари само врз основ на непропорционалниот сооднос на легалните приходи на обвинетиот со имотот за кој се бара проширена конфискација, ќе се изврши префрлање на товарот на докажување врз вината за кривичното дело „перење пари“, бидејќи истиот не успеал да докаже дека легално ги стекнал предметите од кои зависи постоењето на кривично дело „перење пари“. Ова е особено проблематично доколку се земе предвид фактот што судот во оваа ситуација ќе мора да одлучи за постоењето на кривичното дело „перење пари“ пред да одлучи за легалното потекло на имотот, па така истиот технички ќе донесе одлука за потеклото на имотот пред одбраната да има прилика да ги презентира сите докази што во крајна линија ја доведува во прашање пресумпцијата на невиност.Барањето за проширена конфискација е дотолку повеќе проблематично што на истото може да се гледа како на алтернатива во случај обвинителството да не успее да докаже дека имотот на обвинетиот е поврзан со конкретното кривично дело, или во случај истиот да биде ослободен за проширениот период опфатен со измената на обвинението, имотот да може да се конфискува со проширена конфискација иако е стекнат пред сторување на делото за кое обвинетиот е осуден.Ова е дотолку повеќе битно ако се навратиме на прашањата за недостиг на доволно докази прибрани со финансиска истрага и кои се однесуваат на следење на имотот и откривање на незаконски стекнатата корист со кривичното дело. Во ваква ситуација, проширената конфискација може да биде искористена со цел да се одземе имот поврзан со кривично дело за кое обвинетиот не бил прогласен за виновен, што може да покрене сериозни прашања во однос на пресумпцијата на невиност и правото на фер и правично судење. ЕСЧП сè уште нема воспоставено цврста пракса и сè уште нема дадено прецизен одговор на многу прашања кои се поврзани со конфискацијата на имот, додека од друга страна пак, ЕСЧП применува прилично казуистичен и индивидуалистички пристап, што дополнително придонесува кон неможноста да се најде воедначен и умерен пристап при примената на проширената конфискација. Сепак, она што ЕСЧП го има поставено како критериум на одлучување е поврзано со природата на конфискацијата и нејзината примена како казна или како мерка, при која оцена ЕСЧП не се раководи согласно домашното законодавство туку ги применува критериумите поставени во случајот Енгел и други против Холандија, согласно кои критериуми судот одлучува дали одредена мерка има ретрибутивна, реститутивна или превентивна природа, независно од тоа како истата е регулирана со домашното право.19 Во овој контекст неопходно е да се додаде дека ЕСЧП има одлучено во неколку наврати дека конфискувањето на предмети во кривична постапка кои не се поврзани со организирани криминални групи, без да постои осудителна пресуда, во системите кои немаат воведено цивилна конфискација (во кои спаѓа и Македонија) може да претставува прекршување на членот 6 и членот 7 и членот 1 од Протоколот 1 на ЕКЧП, особено доколку истата се применува како прикриена казна во случаите каде обвинителството не може да го докаже надвор од разумно сомневање постоењето на кривичното дело.20. Поради ова е судот правилно одлучи што не го прифати барањето за проширена конфискација, па истиот одреди посредна конфискација, односно одземање на имотот во кој е претворена нелегално стекнатата имотна корист со кривичното дело. Иако изрекувањето на конфискацијата на имот е за поздравување, особено доколку се земе предвид дека конфискацијата се изрекува прилично ретко, особено во случаите поврзани со корупција, сепак ваквата одлука на судот повлекува неколку прашања.Првото и основно прашање се однесува на идентификувањето на имотот кој е стекнат со кривичното дело и кој се конфискува, а е поврзано со отсуството на податоци како во барањето на обвинителот, така и во одлуката на судот во врска со висината и потеклото на имотот кој се конфискува. Тука треба да се земе предвид првенствено фактот што со изрекување на непосредна, посредна или вредносна конфискација, обвинителот носи поголем товар на докажување на потеклото на имотот и поврзаноста со кривичното дело отколку кај проширената конфискација. Дополнителен факт кој треба да се има предвид е незаконски стекнатата имотна корист од 1.5 милиони евра, а имотот кој треба да се конфискува се состои од луксузни добра, како скапа облека, накит и уметнички слики. Поради овие околности, се јавува оправдан сомнеж дека со одлуката за конфискацијата на имот не е опфатен целиот незаконски стекнат19 А.бр. 5370/72, пресуда на ЕСЧП од 23 ноември 1976 година 20 Суд Фонди и други против Италија 75909/01; Варвара против Италија 17475/09; Парапониарис против Грција 42132/06; Герингс против Холандија 30810/0 имот, или пак истиот не е одземен од сите лица кои се стекнале со ваква незаконска корист порадисторување на делото.Дополнителни прашања во постапката се јавуваат во поглед на тоа во колкава мера судот е врзан со барањето за конфискација на јавниот обвинител? Имајќи предвид дека во конкретниот случај обвинителот побара проширена конфискација, а како што беше напоменато и погоре, во такви случаи законот дава рок од една година од започнување на главната расправа обвинетиот да го докаже потеклото на својот имот. Доколку судот донесе пресуда пред завршување а рокот од една година, што беше случај во овој предмет, истиот согласно член 533 од ЗКП ќе определи дополнителен рок и во поглед на барањето за конфискација ќе одлучи со дополнителна одлука. Иако во овој случај, со оглед на тоа што обвинителот го поднесе барањето за проширена конфискација со завршните зборови, како и со оглед на тоа што судот ја определи конфискацијата со пресудата, неколку денови по давањето на завршните зборови и тоа врз основа на членовите 97, 97-а и 98 од КЗ, а не и на 98-а, ефективно беше скратен периодот од една година кој ЗКП го предвидува како гаранција за правата на обвинетиот кон кого е насочено барањето за проширена конфискација.ЗаклучокПочитувањето на основните човекови права и придржувањето до пишаните одредби од процесните закони во судските постапки е клучно за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, особено во овие моменти кога довербата на граѓаните во јавното обвинителство и судството е сведено на минимум. Судот е должен да спроведе транспарентна постапка, а одлуките кои ги носи да бидат темелно образложени и засновани на доказите презентирани во текот на постапката со цел пресудата да не биде заснована на шпекулации или претпоставки.Автори:Дарко АврамовскиИвана ПетковскаЕмилија Спасовска

Македонија | пред 3 години

278478487_10225168091021745_6728364919531608495_n

Боки 13 и Катица како Донатела и Карл: Оние кои не ставија во затвор за да се спасат себеси, ќе одговараат!

Бојан Јовановски преку социјалните мрежи упати порака до они кои како што вели шират говор на омраза. Тој вели дека „Донатела и Карл ќе ја добијат конечната правда, а оние кои не ставија во затвор ќе одговараа“.„После милион навреди и понижување на лична основа, линч, тортура, дискриминација и повреда на основните човекови права кои ги доживеавме во изминатиот период каде бевме навредувани и атакувани со најпогрдните зборови кои постојат, од "педерот до свињата" ( за кој линч и навреди ниедна од организациите за заштита на човековите права немаше никаква конкретна реакција и постапување, туку само молк, очигледно и за жал и човековите права кај нас се третираат како селективни права на поединците ) , па затоа после се, оваа сатира на оваа веќе вирална фотографија ја доживувам како комплимент и добронамерен хумор !!!Една лична порака до сите оние кои шират говор на омраза, не можете вие толку да вреѓате и ширите омраза колку што јас можам да издржам !!!И за крај категорично, Донатела и Карл ќе ја добијат конечната правда, а оние кои не ставија во затвор за да се спасат себе си, ќе одговараат!!!РЕКЕТ Е ПАДНАТ !!!“, вели Боки 13.

Коментари | пред 3 години

Boki-13-1

Боки 13 за Камчев: Парите треба да си ги бара и од Русковска

Бојан Јовановски-Боки 13 остана на тврдењето дека не зел пари од Орце Камчев во износ од 1.5 милиони евра, кои сега бизнисменот ги бара да му се вратат. Тужениот Јовановски-Боки 13 имаше низа квалификации за бизнисменот, раскажуваше за неговото минато, а исказот кој Камчев го дал пред судиите го оцени како лажен и конструиран додавајќи: „Ние сме правосилно осудени и издржуваме казна додека криминалците шетаат слободно на улица“.„Точно е дека Камчев подмитува за да се спаси. Но не го подмитил Бојан Јовановски, за да изврши влијание врз тужената Катица Јанева. Јордан Камчев навистина имал контакт со највисоките функционери во државава, па во таа смисла, одговорно тврдам дека не сум му олеснил никаква позиција, ниту сум влијаел да му се олесни било што и еднаш засекогаш да се знае. Човекот кој му ветуваше на Камчев и влијаеше со уцени и закани да му биде вратен пасошот, поради нивни криминални интереси, со сторена шпионажа во државата е Зоран Заев. Не беше пуштен само Камчев туку сите од ‘Империја’ поради тоа гласање (за промена на Уставот)“, рече Јовановски на судењето.Зоран Милески-Кичеец, за Јовановски-Боки 13 е торбоносец, токму поради тоа што од домот на Камчев ја изнел торбата „Луј витон“.„Торбоносецот Зоран Милески-Кичеец, не случајот е повлечена тужбата за него, па во таа смисла Камчев нека си ги бара парите онаму каде се договарал и нешто добил. И нека ги бара таму каде некој му дал гаранција, тоа е Русковска, поради нивниот блиски однос. Ова за што сум тужен, целосно го негирам особено поради недореченостите во правосилната пресуда“, кажа Јовановси-Боки13.

Македонија | пред 3 години

277806359_10225122083591588_6876685828041728345_n

Боки 13: Во затворскиот кревет ќе си легнам со чиста совест, а вие самонаречени богови на правдата, како ќе спиете?

„Не, ова не беше драконско казнување, ова беше класично иживување од позиција на моќ!!! Денеска тортурата и одмаздољубието ја постигнаа кулминацијата која ќе остане запаметена во историјата на македонското правосудство“, вели Бојан Јовановски во својата најнова објава на социјалните мрежи.Со моја комплетна анализа на денешната пресуда и за сите други познати и непознати, видливи и невидливи околности поврзани со овие судски случаи во наредниот париод ќе се обратам на јавноста!!!Оваа правосудно-хиенска мизерија преточена во незаконска и криминална пресуда ја знаев однапред, бидејки одлично им ја познавам методологијата и начините на нивното функционирање. Од тие причини барав изземање на судијата и утврдување на нејзина одговорност за нејзино незаконито постапување, но поради тоа што сите се еден систем на сврзани садови резултатот беше однапред јасен!Во наредниот период ќе излезам со конкретни факти кои ќе бидат презентирани пред општата и стручната јавностаЈас денеска бев невин, одговорно тврдам невин, осуден на 9 години затворска казна, океј бравоо!!!Денеска бев осуден поради мојот неспорен интелектуален капацитет, така објаснуваше и се правдаше судијата Софче во недостаток на докази, браво судија, ова е за прв пат да се суди нечиј интелектуален капацитет, а не сторено кривично дело!!!Јас вечерва во затворскиот кревет ќе си легнам со чиста совест, а вие самонаречени богови на правдата, криминалци и кодоши како ќе заспиете???Запаметете, нечистата совест е полоша од било која затворска казна!!!Вие сте хиени и сте чопор, но јас сум лав и ќе се борам до крај!!!П.С. Да ви дадам еден предлог итно и веднаш да направите измени во Кривичниот законик и наместо казниве затвор што ми ги давате од ракав, да ме каменувате и мачите на среде плоштад, можеби тогаш вашата крволочна жед ќе биде конечно задоволена!!!Да живее икнцизицијата во 21 век!!!, стои во објавата на Јовановски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-19-at-12.55.32

Боки 13 со емотивна исповест: Остана единствен пријател за разлика од тие кои биле до мене да се офајдат

„Те сакам до небото и назад“, со овие зборови Бојан Јовановски-Боки 13 изрази сочувство до семејството на текстописецот Марина Туцаковиќ, на која и се одбележуваат шест месеци од смртта. Ја опишува како единствена која безрезервно го поддржувала. Посочи и нивни интимни моменти. Објавата е поставена на неговиот профил на „Инстаграм“ од страна на администратор, кој и по неговото притворање се грижи за неговите профили на социјалните мрежи.„Покрај мојата мајка, таа беше единствената жена која ме сакаше безрезервно, ме сакаше онаков каков што сум, а не онаков каков сто сакале да бидам! Во безброј животни ситуации беше моја поддршка, пријател, другар, па на крај соработник кој ми пишуваше стихови за моите песни... беше единствена вистинска поддршка на моето семејство и на мене лично откако бев притворен и затворен, за разлика од многуте лажни пријатели, кои биле само пријатели за да се најадат, напијат и да се офајдат, Марина , нејзниот син Лаца, нејзиниот сопруг Фута останаа единствено добро во ова зло!“, напиша Јовановски, а објави администраторот.„Марина, денеска кога се набележуваат 6 месеци од твоето заминување од овој суров свет, полн со лаги, невистини и неправди, не можам да ја прежалам твојата смрт и не можам да прежалам што не можев да те испратам онака како сто ти заслужуваше и што не можев да те видам и гушнам пред да заминеш, а ти знаеш колку јас и ти моја драга Зики ( така си се викавме), сакавме да се гушкаме, да си споделиме наши тајни и секогаш ми даваше совети...жалам и се каам што во 2010 година не те послушав, за еден човек за кои ми кажа дека најдобро ќе биде за мене да го тргнам од мојот живот, бидејќи само ќе ме искористи и емотивно и материјално и така бидна, баш како што ти велеше дека тој човек е како куче касапско, навикнато на месо, застанато пред касапница....но времето не се врака назад, но затоа иднината ни дава шанса да ги поправиме грешките и исправено да продолжиме понатаму, оптимистично и одлучно па ќе биде онака како што ти секогаш кажуваше, "BICE SVE DOBRO I BICE STO CE BITI", се додава во објавата.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања