Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

БРИТАНИЈА

izbori-britanija

Иран му се закани на Лондон: Бидете многу внимателни со вклучување во војната

Иранскиот амбасадор во Лондон, Сејед Али Мусави, ја предупреди Велика Британија да биде „многу внимателна“ со евентуално подлабоко вклучување во војната, истакнувајќи дека Техеран ќе има право на самоодбрана доколку британските сили директно се приклучат на американско-израелските напади.Во интервју за Би-Би-Си, Мусави изјави дека Иран очекува британската влада, како и другите западни влади, да постапуваат „многу внимателно и претпазливо“ во сегашната ескалација на конфликтот.Велика Британија им дозволи на Соединетите Американски Држави да користат британски воени бази за, како што велат британските министри, одбранбени удари врз ирански цели, но официјално не се приклучи директно на нападите. Иранскиот амбасадор оцени дека е „добро“ што Лондон не е директно вклучен во конфликтот, додавајќи дека британската влада, според него, извлекла поука од инвазијата врз Ирак во 2003 година.Сепак, Мусави нагласи дека секоја база што ќе се користи за напади врз Иран ќе се смета за легитимна цел.„Доколку објекти, имот или бази се користат против иранскиот народ, тие ќе се сметаат за легитимни цели“, изјави тој.На прашањето дали Иран ќе ги прекине нападите врз воени бази надвор од Израел, Мусави одговори дека тоа ќе зависи од потезите на САД и Израел.„Ако агресијата продолжи, нема сомнеж дека ќе се браниме. Ако тие сакаат да ги користат тие воени бази, иако ние тоа не го сакаме, нема сомнеж дека ќе се браниме во согласност со тоа“, рече иранскиот амбасадор.Конфликтот влезе во втората недела откако САД и Израел извршија напади врз цели во Иран, по што Техеран возврати со удари на повеќе локации во регионот, меѓу кои и во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин, Оман и Ирак, како и во близина на британска воздушна база на Кипар. И покрај извинувањето што иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го упати до соседните земји во Персискиот Залив, иранските власти најавуваат дека нападите врз американските воени бази ќе продолжат сè додека траат нападите врз Иран.

Свет | пред 1 седмица

policija-krazba

Познато кој е најкрадениот автомобил во Британија: таму се краде автомобил на секои десет години

Во текот на 2025 година во Велика Британија биле пријавени вкупно 54.830 кражби на возила, што претставува намалување од 11 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците што ги објави специјализираниот портал „Вот Кар?“.Просечно, во земјата се крадат околу 150 возила дневно, односно едно на секои десет минути. И покрај падот на вкупната бројка, одредени модели остануваат особено атрактивни за крадците.На врвот на листата најчесто крадени автомобили убедливо се наоѓа Ford Fiesta, од која во 2025 година биле украдени 3.511 примероци. Овој модел со години важи за еден од најпопуларните во Велика Британија, што делумно ја објаснува и неговата висока застапеност во статистиката на кражби.На второто место е Volkswagen Golf со 1.625 кражби, додека трет е Ford Focus со 1.474 украдени возила. Во првите десет се вклучени и Toyota RAV4 - 1.319 кражби BMW 3 Series - 1.249 кражби Nissan Juke - 1.200 кражби Toyota C-HR - 967 кражби Lexus NX - 951 кражби Range Rover Evoque - 895 кражби Vauxhall Corsa - 874 кражби.Кога станува збор за производители со најмногу модели во првите десет, доминираат Тојота и нејзиниот сестрински бренд Лексус, со вкупно три претставници на листата.Иако бројот на кражби е во опаѓање, статистиката покажува дека популарните и широко распространети модели остануваат најчеста цел, што отвора прашања за дополнително унапредување на системите за заштита и безбедност на возилата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryia6ddoqmq16c2wI816J

Британија: Го разбираме разочарувањето на Зеленски, но поддршката за Украина е недвосмислена

Британската влада официјално одговори на критиките што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги упати кон европските сојузници за време на неговиот настап на Светски економски форум во Давос, каде што ги обвини за неактивност и одолговлекување во однос на прашањата за одбраната и безбедноста.На прашање до портпаролот на Downing Street, во врска со тврдењата дека сојузниците на Киев се слаби и неодлучни, беше посочено дека Велика Британија ја разбира и ја споделува фрустрацијата на украинскиот претседател.„Како што се приближува четвртата годишнина од инвазијата, ја разбираме и ја делиме фрустрацијата на претседателот Зеленски поради продолжувањето на овој варварски војен конфликт. Обединетото Кралство секогаш преземало решителни чекори кога станува збор за Украина, вклучително и водечка улога во Коалицијата на подготвените. Се обврзавме на 1,2 милијарди фунти билатерална и хуманитарна помош. Додека дипломатијата продолжува, стоиме покрај Украина за да ја обезбедиме нејзината одбрана“, изјави портпаролот.На дополнително прашање дали британскиот премиер Кир Стармер смета дека Европа мора да направи повеќе, од Downing Street порачаа дека пораката е јасна.„Премиерот е дециден во поширока смисла: Европа мора да го засили својот ангажман во областа на одбраната и безбедноста. Клучниот фактор останува Путин, кој може веднаш да ја заврши војната“, беше наведено во реакцијата на британската влада.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања