Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Британија: Го разбираме разочарувањето на Зеленски, но поддршката за Украина е недвосмислена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryia6ddoqmq16c2wI816J
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Британската влада официјално одговори на критиките што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги упати кон европските сојузници за време на неговиот настап на Светски економски форум во Давос, каде што ги обвини за неактивност и одолговлекување во однос на прашањата за одбраната и безбедноста.

— реклама —

На прашање до портпаролот на Downing Street, во врска со тврдењата дека сојузниците на Киев се слаби и неодлучни, беше посочено дека Велика Британија ја разбира и ја споделува фрустрацијата на украинскиот претседател.

— реклама —

„Како што се приближува четвртата годишнина од инвазијата, ја разбираме и ја делиме фрустрацијата на претседателот Зеленски поради продолжувањето на овој варварски војен конфликт. Обединетото Кралство секогаш преземало решителни чекори кога станува збор за Украина, вклучително и водечка улога во Коалицијата на подготвените. Се обврзавме на 1,2 милијарди фунти билатерална и хуманитарна помош. Додека дипломатијата продолжува, стоиме покрај Украина за да ја обезбедиме нејзината одбрана“, изјави портпаролот.

— реклама —

На дополнително прашање дали британскиот премиер Кир Стармер смета дека Европа мора да направи повеќе, од Downing Street порачаа дека пораката е јасна.

„Премиерот е дециден во поширока смисла: Европа мора да го засили својот ангажман во областа на одбраната и безбедноста. Клучниот фактор останува Путин, кој може веднаш да ја заврши војната“, беше наведено во реакцијата на британската влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sateliiistarlinklui740e

Украина повторно доби стабилен „Старлинк“ по неколкудневни ограничувања – Трамп тврди дека Маск го активирал

Свет | пред 44 минути

— реклама —
media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Може ли Украина да го парализира воздушниот сообраќај во Москва?

Свет | пред 18 часа

media-librarypm7e8e79vmhaeDTB9WM

Украинците ги покривале телата на убиените руски војници со гранки за да ги измамат дроновите – детали за тајната операција „Вивалди“

Свет | пред 23 часа

kisev

(Видео) Русија го нападнала Киев со балистички ракети и дронови, загинал еден човек, над 20 се повредени

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања