Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

буџет

lugje-plostad-skopje

По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните. По 7 години отсуство на развоен концепт и стратешко планирање предлог буџетот за 2025 претставува концепт и суштинска промена во водењето на јавните финансии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Владата со буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Со буџетот за 2025 година кој е предложен од Владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година.Владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното и инвестира во здравството и подобрување на условите во здравството.Со буџетот за 2025 година ќе има повеќе средства за набавка на медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во јавните здравствени установи.Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.Исто така предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.Со буџетот за 2025 година се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиниката за психијатрија и други установи.ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и вложува во суштински реформи и промени во здравството каде пациентите и граѓаните се на прво место.ВМРО-ДПМНЕ работи на трансформација на здравството во Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-11-19_08-11-53

(Видео) Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, критикувајќи го Предлог-буџетот за 2025 година, ја потенцираше важноста на проектот Чебрен како единствениот одговор за енергетската стабилност. Тој истакна дека, иако во предизборието го најавуваа, сега, ВМРО - ДПМНЕ за 2025 година не предвидуваат да насочат ниту денар за енергетска независност.„ДПМНЕ направи ново Министерство за енергетика. Некој би рекол дека ова е приоритет на ДПМНЕ, дека со отворање на ова Министерство за енергетика, сака да ја зголеми енергетскатанезависноста на државата, но, ако видиме меѓу редови, дека припадниците на оваа Влада се претставници на приватниот енергетски интерес, па да не кажам енергетска мафија, и ако видиме како им е конципиран Буџетот - тоа значи дека Министерството за енергетика е создадено само за приватниот енергетски интерес.“ – заклучи пратеникот Мециновиќ.„Од друга страна, имаме зголемување, на средствата за вооружување и за НАТО, за 2 милијарди дополнителни денари, и ние сме веќе блиску до таа препорачана стапка од 2% за трошење за НАТО, т.е. рекет за НАТО. А за 2026, Мисајловски и Мицкоски пак, предвидуваат дуплирање на таа цифра! Зошто една од најсиромашните држави сака да ја надмине стапката од препорачани 2%, кога покадарни држави не се приближуваат до таа стапка, туку ги приоритизираат социјалните и сите цели кои служат за вдахнување живот во капацитетите на државата?!“ – праша тој.Мециновиќ потсети на 1991 година и кажа дека Македонија тогаш преживеа без сопствена полиција, војска и парична валута – затоа што имала независен енергетски систем, а денес, таа независност е потполно уништена.„Ситуацијата дополнително се комплицира со тоа што ТЕЦ Неготино сѐ уште работи на мазут, со тоа што е еколошки и економски неодржливо; РЕК Битола за време на енергетската криза во 2022 година, еден од реакторите се испостави дека 365 дена бил во квар и еден ден само работел. И наместо да се свртиме кон развивање на сопствените енергетски капацитети, а одговорот е очигледен, тоа е Чебрен на Црна река - ние не гледаме дека оваа Влада воопшто има ваков план.“ – продолжи пратеникот од Левица.„Има едно 10 изјави од Мицкоски за Чебрен, како и за многу работи во неговата политичка кариера... И сега? Каде е приоритетот за Чебрен? Дајте да почнеме барем со првата од десетгодишната фаза. Нема ништо! Затоа што не е приоритет развивање на независноста на енергетскиот систем на Македонија, туку приоритет е Мицкоски со неговите хидроцентрали, со неговите пријатели и Владата наполнета со неговите партнери од времето на неговиот ангажман во енергетскиот сектор. Наместо Чебрен, ние ќе добиеме приватен интерес и дополнителна корозија на енергетскиот систем“ – кажа Мециновиќ којшто поднесе и амандман кон Предлог-буџетот со цел да се пристапи кон изградба на хидроцентралата Чебрен.„Сите државни елементи во овој цел систем се во долг! АД Електрани се во долг, неплатен долг од 4,4 милијарди денари и недоспеан долг во висина од 5,7 милијарди денари. Што значи вкупен долг од 10 милијарди денари или околу 165 милиони евра. Од друга страна, ЕСМ за производство на топлинска енергија има вкупен доспеан и недоспеан долг од над 510 милиони денари. А во контраст на ова, приватните енергетски компании како ЕВН Македонија, во 2023 година имаат добивка од 28 милиони евра, што претставува раст од 546% споредено со 2022 година!“, акцентираше Мециновиќ на комисиската седница.„Приватните компании во овој систем, ги искасапија нашите граѓани. Дури има статистика дека со мрежарината што ја воведе Регулаторната комисија, која е околу 150-200 денари месечно - никој од нас една сијалица да не запали во Македонија, за 8 години ЕВН ќе направи профит од 200 милиони евра т.е. онолку колку му требаше да го купи делот од ЕСМ“. Мециновиќ објасни и дека, иако велеа дека нема, сепак, околу Нова година ќе следи покачување на цената на струјата.„Заклучокот е дека енергетската криза со која се соочуваме не е само резултат на глобални трендови, туку и на нашиот сопствен недостаток на стратешко планирање и поставување на луѓе со мафијашки интереси на позиции. Абе не може цело време Украина да ни е крива за сѐ, кога ние во Буџетот не предвидуваме средства за Чебрен. Крива ни е, очигледно, нашата политичка гарнитура и консталација која со децении не може да одговори на потребите на граѓаните“, додаде пратеникот од Левица.

Македонија | пред 1 година

lukarevska

(Видео) Лукаревска: Во Буџетот се намалени парите за малите и средни претпријатија од 80 на само 18 милиони

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на расправата на собраниската комисија за финансирање и буџет, посветена на предлог-буџетот за 2025 година истакна дека реториката на напад на власта полека оди кон одбрана, на моменти неосновано и безаргументирани.Мислев дека нема да се критикува претходната власт, а и не би личело кога зборуваме за нов буџет, нема веќе простор за обвинувања за некакви душмански трошења, несоодветна распределба на средства, фаворизирање на една или друга институција, па некогаш не одат во прилог бројките за споредба по било кој параметар, особено за јавниот долг, гломазноста и секако сè ќе пукне како балон, за што се милуваше овде долго и долго да се зборува претходните неколку години, рече Лукаревска, и направи споредба со сите епитети коишто што беа давани изминатите години, кога се носеа буџетите.Во 2022, 4,4 милијарди евра, период на корона вирус – епитетот е нереално планиран. Во 2023 5,3 милијарди евра, енергетска криза, со епитет инфлаторен и неразвоен, во 2024 година 5,5 милијарди евра, период кога се опоравуваме од кризите, со епитет напумпан, за да денес во 2025 година 6,5 милијарди евра без било каква криза, дека истиот е визионерски, којшто дава еден зрак светлина, односно да цитирам надеж. Ако предложениот буџет за 2024 од 5,5 за тогашната опозиција беше напумпан, мегаломански, расипнички, тогаш со какви зборови да го опишеме овој поголем за 1 милијарда евра, нагласи Лукаревска.Лукаревска истакна дека владата предводена ВМРО-ДПМНЕ скори буџет од 6,5 милијарди евра во услови кога претходната владата предводена од СДСМ ги санираше разорувачките последици од пандемиската криза, на која и се надоврза економската криза, војната во Украина, енергетската неизвесност, ценовните шокови и неминовната инфлација.Во целиот текст на буџетот провејуваат оптимистички проекции, но истите ако не се остварат ќе имаме влошување на фискалната консолидација во земјата. На пример се планира раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во 2025 во однос на планираните од минатата година, тоа тешко да се оствари во отсуство на овогодинешна даночна реформа затоа што слушнавме дека ќе имаме одреден напредок во 2026 година и во услови на инфлација и забавен раст на платите, рече Лукаревска, додавајќи дека покрај ова има и даночни приходи, кои се планирани да растат уште и посериозно, како и раст на БДП од 3,7% во 2025, што исто така не го зема предвид забавувањето на економијата во еврозоната, посебно во Германија.Лукаревска нагласи дека кај тековните расходи, најголем е растот масата на плати и социјални трансфери, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните расходи, што на прв поглед изгледа во ред, но треба да се постави прашањето колкав дел од тие плаќање ќе останат во македонската економија.Нема средства за унапредување на здравствена заштита преку фондот за здравство, за поддршка на земјоделството средствата се намалуваат од 128 во 2024 на 117 милиони евра. Се намалуваат средствата за поддршка на развој на мали и средни претпријатија од 80 милиони денари на 18. Тие се двигателот во бизнис заедницата, а од друга страна за поддршка на странски инвестиции има 36 милиони евра, истакна Лукаревска, и со задоволство констатираше дека оваа влада ги продолжува проектите, кои се осмислени, преговарани и договарани од претходната влада, како коридорите на Бехтел и Енка кои беа „криминален проект“, а сега се високо на агендата проектите за реализација на новата влада.Лукаревска запраша зошто има дуплирање на масата на плати во државата комисијата за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор од 63,7 милиони денари 2024, на 116 во 2025, зошто се зголемуваат платите во министерството за европски прашања од 75,9 милиони денари во 2024 на 108 милиони во 2025, зошто се зголемува масата за плати во ТИРЗ од 58 на 105 милиони денари во 2025 година и зошто се намалуваат значајно алоцираните средства за медицинска опрема за потребите на ЈЗУ во РСМ за заштита на населението од СИДА, здравствена заштита на лицата со болести на зависности и едукација на лекари и медицински персонал.Предлог Буџетот за 2025 точно ја дефинира политиката која има намера да ја тера оваа влада исклучиво за свои потреби, минимална грижа за граѓаните, максимална за себе, минимална реална посветеност и максимална пропаганда. Единствено што може да се заклучи од предложениот буџет за 2025 година е дека смело чекориме кон нови задолжувања, кои, кон крајот ќе стигнат за наплата кај секој граѓанин, без разлика на што и кој ќе го користи кредитот, каматата секако е наменета за граѓаните, порача пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

panova

(Видео) Панова: Зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати

Во текот на денешната општа расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, при што посебен акцент и осврт даде на судството и обвинителството кои до сега немале повисоки буџети.Таа истакнува дека буџетот на судската власт е за речиси 8% поголем од буџетот предвиден за 2024 година, додека пак кај обвинителството зголемувањето е за 9,5%, но истовремено од друга страна, во последните години довербата на граѓаните во правосудството е алармантно ниска или само 2%, што е аларм дека системот не функционира како што треба и дека граѓаните не го чувствуваат истиот како средство за заштита на нивните права.„Во овој контекст, поставувањето на барањето за зголемени средства за правосудството и обвинителството мора да биде предмет на внимателен преглед. Дали повеќе пари ќе го решат проблемот? Не, ако нема реформи во самиот систем. Буџетските средства не можат да го поправат структурниот проблем што лежи во етиката и интегритетот на самите судии и обвинители“, децидна е Панова.Според неа, доделувањето на поголеми финансиски средства треба да биде условено со потполна системска реформа која истовремено ќе значи и повисоки стандарди на морал и етика во правосудството, бидејќи на нашето општество му е потребен систем кој ќе биде ефикасен, правичен и професионален.„Предлогот за зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати. Првенствено, мора да се постават стандарди за избор и оценка на судиите и обвинителите, кои ќе бидат транспарентни и јавни. Треба да се обезбедат механизми за надзор и санкционирање на неетичкото и неефикасно работење. Сè тоа ќе биде основа за изградба на довербата што ја изгубија нашите граѓани“, заклучува Панова.

Македонија | пред 1 година

jamalov18

(Видео) Јамалов: Во 2025 година очекуваме раст на економијата од 3,7% преку реализација на капитални инвестиции во износ од 50,5 милијарди денари

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој потенцираше дека во 2025 година се очекува економијата на Република Македонија да забележи раст од 3,7% и тоа би претставувало значително подобрување во споредба со изминатите години.Јамалов додаде дека предвидениот раст од 8,1% на бруто-инвестициите ќе биде поттикнато од засилената реализација на големите инфраструктурни проекти, вложувања во патна и железничка инфраструктура, како и инвестиции во енергетиката, земјоделството, здравството и образованието.„Дополнително, растот ќе биде поддржан преку поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел по рамномерен регионален развој и унапредување на животот на граѓаните во износ од нови 250 милиони евра, покрај овогодинешните 100 милиони евра. Значителен придонес се очекува и од инвестициската активност на домашните компании, како резултат на исклучително поволните финансиски средства обезбедени преку заемот од Унгарија“, рече Јамалов.Пратеникот посочи дека капиталните инвестиции се централниот елемент на предлог буџетот за 2025 година кои ќе изнесуваат околу 50,5 милијарди денари.„Со износ од 50,5 милијарди денари, или 5% од БДП, овие инвестиции ќе бидат насочени кон проекти кои ќе имаат долгорочен економски и социјален импакт. Ова создава предуслови за нов циклус на економски раст, обезбедување значително ниво на јавни инвестиции коишто се основа за подобрување на економските перспективи, како и подобар живот на граѓаните“, истакна Јамалов.

Македонија | пред 1 година

bocvarski1

(Видео) Бочварски: Во Буџетот 2025 нема 250 милиони евра за општините

Во буџетот кој го предлага владата, нема 250 милиони евра за општините, нешто што ДМНЕ го ветуваше пред изборите и ова е уште една манипулација на власта, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на Комисијата за финансирање на буџет.- Пред неколку месеци, ДПМНЕ велеше дека до крај на годината ќе бидат дадени на општините 100 милиони евра, за капитални проекти, а за наредната 2025 година, нови 250 милиони евра, исто така за капитални проекти. Еве сме, на крај на ноември нема ниту еден денар, ниту еден проект реализиран во ниту една општина од тие 100 милиони евра кој власта ги даде на општините. Денес во новиот буџет не гледаме 250 милиони евра за реализирање на капитални проекти во општините за 2025 година, туку само 100 милиони евра. Ова значи дека 2004 реализација на општинските проекти е 0, а за 2025 година, нема да има 250 милни, туку 100 милиони евра‘, рече Бочварски.Тој потенцираше дека СДСМ реализираше проекти во делот на локалните патишта, водоводи, канализации на општините со поповолен кредит, со под 1 посто камата, кредит од светска банка, за денес ДПМНЕ да земе поскап кредит и да ги дава парите по лоша методологија исклучиво по глава на жител на општините, што е погрешна политика.Бочварски кажа и дека Владата предизборите ветуваше намалување на јавниот долг, намалување на дефицитот, раст на капиталните инвестиции и повисок животен стандард.- Кога сме кај јавниот долг, власта СДСМ ја предаде во месец јуни 2024 со јавен долг од 55%, а денес во ноември 2024 јавниот долг е зголемен на над 65%. Што значи, не е точно дека новата влада ќе направи консолидација и намалување на задолжувањето, туку напротив ќе не дозадолжи за речиси нови 10% од БДП од 55 на преку 65%. СДСМ функционираше во две огромни кризи, а оваа влада на ДПМНЕ, без никаква криза за 5 месеци го покачи јавниот долг. Од овде јасно се гледа дека оваа Влада едно зборуваше пред избори, а друго прави после избори, рече Бочварски.

Македонија | пред 1 година

bojan-stojanoski1

(Видео) Стојаноски: Од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, јавниот долг опаѓа на 56,9%

На седницата на Комисија за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека од кога ВМРО-ДПМНЕ е власт, јавниот долг во третиот квартал опаѓа на 56,9%.„На отворени финансии, за кои што Вие пред малку излажавте дека за 10% е покачен долгот, знаете што кажува? Квартал три од кога ВМРО-ДПМНЕ ја преземала власта, на отворени финансии е 56,9%. Јавниот долг паѓа. Еве отворени финансии, истото тоа што Вие го исцитиравте’’, потенцираше Стојаноски.Пратеникот додаде дека буџетот не може да „пукне’’, поради тоа што има зголемување на даноците и приходите.„Велите за плати и пензии. Плати 10 милијарди денари повеќе, нема институција во која што не се зголемуваат платите. Пензии, 15 милијарди повеќе. Пет илјади денари секој пензионер ќе добие повеќе средства. Кажувате како е возможно надуваниот буџет да не пукне. Многу просто. Приходите се зголемени за 16%, даноците за 12,3%, така ќе ги штедат граѓаните повеќе’’, појасни Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

drvoshanov

Дрвошанов: Предлог-буџетот за 2025 година е развоен, со социјална компонента и реални нивоа на приходи и расходи

На денешната Комисија за финансирање и буџет на која се разгледува и расправа Предлог-буџетот за претстојната 2025 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов, истиот го окарактеризира како исклучително развоен, со социјална компонента и приходи и расходи кои се со реално ниво на остварување односно извршување.Тој истакнува дека со овој буџет ќе се постигне макроекономска стабилност со фискална консолидација и тоа преку раст на БДП, понизок буџетски дефицит и умерено ниво на државен долг заедно со високо ниво на капитални инвестиции.„Сведоци сме во изминатите години, како претходните влади со реализацијата на нивните буџети не направија никаков, ама баш никаков развој во државата. Напротив, имавме назадување и стагнација скоро во сите сфери на општеството, имавме низок раст на бруто домашниот производ, висок буџетски дефицит, ниска реализација на капитални инвестиции, а од друга страна имавме енормно високо ниво на задолжување на државата“, потсетува Дрвошанов на состојбите од изминатите седум години.Според него овие негативни и штетни политики неизбежно се рефлектираат и имаат влијание како во сегашниот, така и во идниот период и токму поради тоа со Предлог-буџетот за 2025 година, целта е да се консолидира состојбата во државата во сите области, да се стабилизираат економските текови, со што ќе се постигнат солидни финансиски и економски резултати.„Така, со Предлог-буџетот за 2025 година е планирано да се постигне раст на бруто домашниот производ од 3,7%, инфлација од 2,2% и капитални инвестиции од 50,5 милијарди денари кои ќе бидат реални капитални инвестиции и директно ќе влијаат на зголемувањето на бруто домашниот производ. За споредба, од претходно, во изминатите години оваа реализација на реални капитални инвестиции не помина повеќе од 15 милијарди денари и имавме трансфери кои никако не можат да влијаат врз растот на бруто домашниот производ“, јасно прецизира Дрвошанов.Во оваа насока, тој потенцира дека особена и сериозна економска активност ќе предизвика и финансиската помош од Владата која се состои во билатералниот заем од Унгарија, односно поволните кредити за стопанството кои се повеќе од потребни за производствените компании кои со ваквата помош ќе го зголемат сопственото производството, вработувањата, а со тоа ќе растат и платите на вработените.

Македонија | пред 1 година

penkov

Пенков: Основниот постулат на буџетот за 2025 година е забрзан економски раст и реализација на крупни инфраструктурни проекти

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа Предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Златко Пенков кој нагласи дека Владата со буџетот за следната година применува нов концепт и визија кои се базирани на реални макроекономски претпоставки.„Основниот постулат е забрзан економски раст, пред се како резултат на реализација на крупни инфраструктурни проекти, проектите во единиците на локалната самоуправа како и странските директни инвестиции. Според мене три клучни збора кои мора да ги знаеме а тоа се растот, реализацијата и развојот", обасни Пенков.Пенков нагласи дека доколку се направи сублимат од овие три клучни зборови се добива, раст на бруто домашниот производ преку реализација на владините програми за забрзан развој на државата.„Буџетот претставува слика на општествените потреби од една страна проекции за приходи а од друга страна распределба на расходите. На приходната страна детерминирани се 358 милијарди денари, на расходната страна имаме 400,2 милијарди денари а дефицитот е проектиран на 41,3 милијарди денари. Во делот на приходната страна кај буџетските приходи, спомнатата сума значи раст на наплатата за 13% во споредба со усвоениот ребаланс на буџетот. За 2025 година приходите од данокот на додадена вредност се детерминирани на 86,7 милијарди денари, секако овде доаѓаат акцизите, данокот на личен доход и сл“, рече Пенков.Тој потенцираше дека даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија, поголема наплата на средствата во државниот буџет за да се постигне целта, односно одржливиот економски раст и развој.„Даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија која зафаќа 30 до 39% односно пола од економијата отпаѓа на сивата економија, што е незамисливо и недозволиво за една економија како што е македонската. Значи, даночната политика од една страна ќе се базира на намалување на сивата економија, поголема наплата на средствата во државниот буџет, а целта секако е одржливиот економски раст и развој“, рече Пенков.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-15-184546

(Видео) Тренчевска: Со овој буџет Владата најмногу крати кај социјално ранливите граѓани

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната седница на собраниската комисија за финансирање и буџет истакна дека првиот буџет предложен од новата владата, во вредност од 6,5 милијарди евра, најголем буџет досега, е нереален, нималку развоен, туку трошковен, недомаќински, предизборен и најважно од се невизионерски, неинвентиен и буџет на нови долгови и нова изгубена година за економијата и граѓаните.„Со Буџетот требаше да ги видиме сите политики ветувани во изборната платформа 1198, кои би требало да донесат подобар живот за граѓаните и економски развој на државата, буџетот е пред нас и слободно можам да кажам дека од тоа нема ништо, ниту подобар животен стандард на граѓаните, ниту пак економски развој за државата“, рече Тренчевска, додавајќи дека со буџетот предвидува нереален раст на БДП од 3,7%, зголемување на јавниот долг и покажува дека фискалната политика нема компас.Тренчевска нагласи дека владата проектира буџетски дефицит од 4% од БДП, што е спротвно на законот за буџетите, каде јасно стои дека дефицитот не смее да надмине 3% од БДП, со што владата сака да испрати порака дека законите важат за сите но не и за неа.Имае буџет кој единство ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети, но не и на граѓаните. Имаме буџет во кој не се приоритет граѓаните, особено ранливата категорија граѓани. Ако го погледнеме буџетот на министерството за социјална политика, демографија и млади сето тоа се потврдува, нагласи Тренчевска.Таа додаде дека со овој буџет најмногу се крати кај социјално ранливата категорија граѓани, се крати кај социјалните услуги, кај трансферот кон националните сојузи на инвалидски организации, се крати кај лицата со попреченост и кај услугите што се насочени кон нив, се крати кај сите оние граѓани, најчесто граѓанки кои се вклучени како негуватели кај давателите на социјалните услуги, кај активностите насочени кон борба со насилството врз жените и семејното насилство, се крати и на трансферот кон црвениот крст и општинските организации на црвениот крст.„Ставката трансфери кон инвалидските организации, националниот сојуз на Црвен крст, граѓанските организации кои работата на борбата против семејно насилство и насилство врз жените, нашата социјално емпатична влада средствата ги намалила за дури 25 %. Од 80 милиони денари по 5-6 години се враќаме на минимумот којшто е предвиден со законот од 60 милиони“, рече Тренчевска, додавајќи дека се намалуваат средствата и за здруженијата на слепи, глуви и наглуви, за трудови инвалиди, лица со интелектуална попреченост, три пати се намалува буџетот за заштитните друштва.„Да дојде до поголем израз емпатичноста на владата, со буџетот удира и кај социалните услуги, кои се вопставени во повеќе од 40 општини, услуги за помош и нега во домот за стари лица и помош и нега во домот за лица со попреченост, удира и по личната асистенција за лицата и децата со попреченост, удира и по целиот процес на деинституционалнизација“, истакна Тренчевска, и нагласи дека социјална држва и подобрување на квалитеот на животот на граѓаните не се постигнува со кратење на средствата за најранливите.Тренчевска нагласи дека иста е состојбата и кај капиталните инвестииции во социланата заштита, каде за изградба на дневни центри за деца и лица со попречност, домови за стари лица се предвидени само 9 милиони денари, со кои нема да може ни да се завршат започнатите во во Кавадарци, Македонски брод, Чешионово Облешево, Берово, Пробиштип.„Како, без проектирани средства ќе ја донесете владината програма за инвестиции во социјалната заштита за 2025 година. На жими мајка? Или како и се друго со лицемерие и лаги. Нема пари во буџетот за зголемување на минимланата плата, нема пари за спроведување на обврските од општиот колективен договор за јавниот сектор, нема слух за синдиактите, нема слух за работниците, нема намера да се реализира новата методологија за пресметка на платите во јавниот сектор од март 2025 годона и накратко Владата ги разочара најранливите, ги разочара работниците со предлог буџетот за 2025 година, со својата безидејност, лошто и нереалното планирање. За себе власта си испланира бурек со месо и јогурт, а за граѓаните трошки“, порача пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната седница на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Македонија | пред 1 година

malisha-stankovic

Станковиќ: Планираните приходи од над 358 милијарди денари во Буџетот за 2025 година се реално остварливи

Денес на Комисијата за финансии и буџет, на која се расправа Предлог- буџетот за 2025 година, се обрати Малиша Станковиќ, пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој зборуваше детално за буџетот и посочи дека граѓаните мора да се запознаат со бројките околу буџетот, затоа што на крајот од денот тие треба да ценат дали е добар или не.Тој се осврна на областа од буџетот, која се однесува на приходната ставка, односно на предвидувањето на Владата за приходувањето, со средства кои се прибираат од даноци но и од донации или заеми, при што додаде дека цифрата која што е предвидена е достижна за остварување, а тој има позитивно гледиште на сето тоа.„358,8 милијарди денари државата планира да прибере како средства, тие вообичаено се прибираат од даноци, акцизи и друг вид на царински давачки. Дел од овие средства се обезбедуваат и како донации или заеми. Од овие 358,8 милијарди денари ако можевте да видите уште пред буџетот да влезе во Собранието, има експерти што зборуваа дека малку оваа цифра е нереална, мене ако ме прашувате од она што можевме да го видиме во изминатото тромесечје видовме дека енормно се зголемило наплатата во управата за јавни приходи и наплатите во царина како два органи коишто, пред се, се грижат за фискалната политика односно на прибирањето на средствата во државата. Тоа ни дава умерен оптимизам дека оваа цифра е достижна, така да овие 358,8 милијарди денари колку што е предвидено дека ќе се приходуваат во текот на 2025 година, сметам дека се достижни и оттаму можеме да бидеме оптимисти дека барем приближно оваа цифра ќе ја обезбедиме“, изјави Станковиќ.Исто така тој наведе дека ребалансот е работа која е сосема нормална во секоја држава и со помош на ребалансот ќе се има увид на состојбата во една земја и сите средства би биле соодветно распоредени во зависност од тоа во која насока се движат работите и во која област треба да се наменат, па така не треба да се критикува тука да се сфати за нормален дел од функционирањето на државата.„Зборуваат често колегите дека има ребаланс. Да ребалансот не е лоша работа, со ребалансот се проверува до каде е стигната состојбата, секоја држава прави ребаланс и секоја држава гледа како тој ребаланс би влијаел. Вие можете да имате состојба каде што ќе приходувате повеќе, па со ребалансот ќе ги предвидите приходите коишто сте ги обезбедиле да ги распоредите по соодветни ставки. Така да, ребалансот не треба да се разбере како лоша работа напротив, ако треба да се критикува за ребалансот кога ќе дојде ребалансот, не треба да ги плашиме граѓаните што ќе има ребаланс, не сме измислиле топла вода, секоја држава во текот на годината има ребаланс“, посочи Станковиќ.

Македонија | пред 1 година

popov-s

(Видео) Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и Сергеј Попов, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој потенцира дека новите буџети и ребалансите на истите претставуваат одлична прилика да се согледаат намерите на една влада кон одредените таргет групи и колку се тие реални или паушални ветувања.Според него ова претставува исклучителна прилика за согледување на разликите во односот кон младите и младинскиот стандард помеѓу изминатиот период додека владата беше предводена од СДС и сега, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.„Порано, драги млади и почитувани пратеници, многу се ветуваше, ништо не се реализираше, а не се реализираше затоа што ветувањата се даваа паушално без за тоа да се обезбедат средства во буџетот, што неминовно не води до констатацијата дека младите седум години биле манипулирани“, концизен е Попов.Тој појаснува дека во изминатите 7 години државата за едни беше мајка, а за други маќеа и дека сите пресови, реакции и поднесени амандмани беа за бадијала зошто Владата предводена од СДС парите за младите сепак ги насочуваше за други ставки преку кои се богатеа одредени поединци од власта.„Затоа изборите завршија како што завршија и затоа поддршката од младите за Социјалдемократскиот сојуз е толкава колкава што е или во превод, на ниво на статистичка грешка. Почитувани, младите се почитуваат со дела, а токму овој буџет со сигурност ќе донесе повисок младински стандард, а сега дозволете ми со факти да презентирам и зошто“, вели Попов.Во овој контекст, Попов појаснува дека Владата на ставката студентски стандард предвидува средства кои се за 18% повеќе споредно со буџетот за 2024 година, додека пак за ученичкиот стандард се предвидени 12% повеќе во однос на буџетот од минатата година, кој беше креиран од другата влада и за ставката високо образование 17% повеќе споредено со претходниот период.Тој исто така напоменува дека веќе е отпочната реконструкцијата на студентските домови и во текот на наредната година истите ќе бидат ставени во функција, а истовремено се предвидува и реконструкција на средни училишта.

Македонија | пред 1 година

beti-vmro-sobranie

Стаменкоска Трајкоска: Заврши времето на нетранспарентна распределба на средства и донесување штетни политики, данокот нема да го плаќаат граѓаните

„Колега Џафери ве слушав внимателно и навистина во вашиот говор имавте еден интересен заклучок, спомнавте сиромаштија, спомнавте ниски плати, спомнавте брзи кредити. Не спомнавте дека 22 години на власт беше вашата политичка партија и не спомнавте исто така дека не успеавте да ја завршите работата“, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.Стаменкоска Трајкоска посочи за нетранспарентната распределба на средствата која се правела и за штетата која ја предизвикувале со ваквиот начин на однесување директно на товар на граѓаните.„Не спомнавте исто така дека доколку не се трошеа пари нетранспарентно, доколку парите се трошеа одговорно ќе имаше за сите и за народот како што има сега во предлог буџетот. Не ја спомнавте „Соравија“, „Арберија“, ЕТЦ травел“ и сите оние милиони евра кои беа потрошени во тој правец“, децидна беше Стаменкоска Трајкоска.Стаменкоска Трајкоска напомена дека апсурдно е што говореле за поделба на финансирање на проекти по однос на фаворизирање на општини. Фактите говорат дека нема поделба, постои транспарентна распределба на државните пари.„Ги спомнавте општините и почнавте да ја делите работата за едни има за други нема. Сите 80 општини аплицираа на повикот за проекти, одобрени 357 проекти, дали знаете каква поделба има таму? Нема поделба. Транспарентно и одговорно распределба на државните народни пари“, изјави Стаменкоска Трајкоска.Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека ќе следуваат промени во корист на граѓаните, зголемување на животен стандард и ова ќе биде реалност од која ќе нема отстапување.„И ќе кажам, да ќе нема сиромаштија ќе нема брзи кредити кога граѓаните ќе имаат повисоки плати, а ќе имаат, кога пензионерите ќе имаат повисоки пензии, а ќе имаат, тоа е новата реалност која ќе се случува“, заклучи Стаменкоска Трајкоска.

Македонија | пред 1 година

emilija-angelova

(Видео) Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на којашто се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која што истакна дека буџетот е развоен и наменет за подобрување на животниот стандард на граѓаните.Ангелова нагласи дека главниот акцент е ставен на капиталните инвестиции во инфраструктурата, образованието и здравството со цел подобрување на јавните услуги и стимулирање на економскиот раст.Во однос на образованието Ангелова додаде дека посебно внимание ќе се посвети на стандардот на просветните работници така што од следната година сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати.„Планирани се раст на платите за одредени сектори вклучувајќи ги образованието, и здравството и врзување на минималната плата со продуктивноста на трудот. Буџетот предвидува зголемување на платите во јавниот сектор, особено за наставниците што е насочено кон подобрување на стандардот на вработените и зајакнување на квалитетот на овие услуги. Оваа насока на буџетот го прави развоен и ориентиран кон граѓаните со цел подобрување на квалитетот на животот преку поддршка на економскиот раст и социјалната стабилност“, истакна Ангелова.Таа додаде дека во изминатиов период и покрај лошиот буџет за 2024 година донесен од владата на ДУИ и СДСМ, Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ уште годинава ги зголеми платите на наставниот кадар.„Сведоци сме изминатиов период дека и покрај искасапениот буџет од 2024 година кој што го имаше донесено владата на ДУИ во коалиција со СДСМ, оваа Влада, Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата од октомвриската плата која се исплаќа во ноември наставниците и останатиот персонал добиваат покачување од 5%, во март уште едно покачување на наставниците од 7%. Покачување на платата ќе добие цел наставен кадар, од основното образование до високо, што значи дека можело да се постигне договор со СОНК. Ова покачување е дел од новиот договор меѓу Владата и СОНК, синдикатот за образование кое ја осигурува континуираната поддршка за просветните работници, понатаму предвидени се редовни годишни зголемувања со цел до 2028 година платите да бидат зголемени за минимум 46% во однос на сегашните“, рече Ангелова.

Македонија | пред 1 година

PretsedatelVFkom1

(Видео) Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата, рече Филипче

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година.Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за економски раст не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања.„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3%, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5%. Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?“, посочи Филипче.При тоа, Филипче нагласи дека ваквите планирани параметри упатуваат на тоа дека Македонија е единствена земја во регионот која не планира фискална консолидација.„Сите други земји од Западниот Балкан уште во 2024 година, буџетскиот дефицит го сведоа под 3% од БДП. Јавниот долг веќе годинава силно ќе ја помине границата од 60%. Со еден збор ова е фискална политика за уништување на финансиската стабилност на земјата“, нагласи Филипче.Во обраќањето пред пратениците, Филипче порача вака како што е скроена новата буџетска каса, јасно е дека и во наредните години ќе ги има истите нереални проекции, истата безидејност и истото неодговорно трошење.„Ова требаше да биде буџет во кој ќе видиме вистински политики што ќе донесат подобар живот за граѓаните и економски развој на државата. Но, дали ги гледаме тие политики? Дали има барем еден развоен проект што ќе ни донесе долгорочен раст? Одговорот е не. Од ветувањата на Владата нема да има ништо. Без никаква визија и без никаква креативност, Предлог Буџетот за 2025 година наместо да обезбеди основа за економски развој, овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и на уште една изгубена година за економијата и за граѓаните“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања