Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

буџет

Pretsedatel-filipce-komisijam2

(Видео) Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања, инвестиции нема

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, посочи дека Владата во Предлгот Буџетот за 2025 година ги намалува капиталните расходи во клучни сектори за сметка на зголемување на непродуктивните трошоци.На комисиската расправа на Предлог Буџетот за 2025 година, Филипче порача дека новиот предлог Буџет е планиран за да се зголемува бројот на администрацијата со нови партиски вработувања, што јасно се гледа и во ставките во кои се зголемува и сумата за плати во Владата и дел од владините министерства и институции.„Зошто се зголемува буџетот за плати во Влада од 383 милиони денари во 2024 година на 591 милиони денари во 2025 година? Ќе се вработуваат нови луѓе? Сакате партиските активисти да ги сместите? Или зошто за една третина се зголемува трошокот за плати во СОЗР, од 207 милиони денари во 2024 на 300 милиони денари во 2025 година? Исто е во Министерството за правда од 122 милиони денари во 2024 на 153 милиони денари во 2025? Исто е во Министерството за земјоделство, трошок за плати од 648 милиони денари во 2024 на 766 милиони денари во 2025 година? Во Министерството за транспорт и врски, зголемување на масата на плати од 167 на 247 милиони денари и стоките и услугите од 71 милиони денари на 115 милиони денари. Очигледно планирате добро да ја натоварите администрацијата со партиски војници додека седум години во опозиција ветувавте ефикасна и мала администрација“, нагласи Филипче.Во однос на новите министерства, Филипче укажа дека тие со предлог Буџетот за 2025 година добиваат поголем буџет во споредба кога истите беа како функции во рамките на старите министерства.„Ова ќе ги направи ли поефикасни? Ова е класична операција за зголемување на можностите за вработување на партиските кадри и ништо повеќе од тоа“, рече Филипче.Наспроти ваквите непродуктивни трошоци, власта како што кажа Филипче ги намалува средствата за капитални инвестиции и не нуди нови инвестиции.„Намалувате неверојатни 13,51% средства за општините во делот на инфраструктурни проекти. Единствените проекти кои ќе се реализираат се тие на СДСМ, додека Владата не понуди ништо свое, ништо ново“, порача Филипче и додаде дека СДСМ нема да гласа за Буџет со кој ќе се задолжува државата, ќе се товари со нови вработувања администрацијата, ќе троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо.

Македонија | пред 1 година

filipce-sobranie3

(Видео) Филипче: Речиси двојно зголемен буџетот за нови возила за функционерите

Зголемување од фантастични 75% за набавка на нови возила за функционерите, предвидува власта, во Буџетот за 2025 година, контрадикторности и расипнички трендови, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прва седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се разгледува Предлог Буџетот за 2025. ВМРО ДПМНЕ како владејачка партија, се разликува од она што го говореше во опозиција, рече Филипче.„Опозиционерот Мицкоски не го познава премиерот Мицкоски, така изгледа и опозиционерката Кочоска не ја познава министерката Кочоска.Да ја цитираме тогашната опозиционерка денес министерка за финансии: „Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ“. Е денеска, вие самата предлагате покачување на 19% на буџетот за стоки и услуги, од 58, на 72 милиони! Јас министерке би се срамел од ова.“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.ВМРО ДПМНЕ во опозиција ревносно критикуваше набавки на возила за министерствата, а сега во предлог Буџетот предвидува да купи двојно повеќе луксузни возила за функционерите, од време на СДСМ.„Знаете ли колку прес конференции одржа ВМРО опозициска за набавка на возила, на пример. Јас паметам преку 10 каде кажувавте како расипнички се трошеле парите на возила и луксуз. Ај да го видиме вашиот буџет. Зголемување за фрапантни 75%! Па нели беше расипништво тоа? Речиси двојно повеќе возила за функционерите ќе купите од СДСМ.“-додаде ФилипчеПретседателот на СДСМ, Венко Филипче укажа на загрижувачкиот тренд на зголемување на средствата за Министерството за внатрешни работи, додека истовремено се намалуваат средствата за Министерството за одбрана. Тој потенцираше дека Северна Македонија е земја членка на НАТО, и оваа разлика во распределбата на буџетските средства е неприфатлива и невообичаена, особено кога се разгледува безбедносната ситуација на регионално ниво.

Македонија | пред 1 година

PretsedatelVFkom1

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Во предложениот Буџет за 2025 година, средствата за поддршка на домашни компании се намалени од 340 милиони денари на само 220 милиони денари, додека истовремено средствата за поддршка на странски компании се зголемени, истакна на денешната комисиска расправа претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Со ова сериозно се загрозуваат домашните компании кои вработуваат повеќе од 80% од работната сила во нашата земја.„Значи оние кои вработуваат 80% од сите вработени во државата не заслужуваат поддршка, а оние кои го носат профитот надвор, тие заслужуваат поддршка? Знаете ли дека оваа политика на запоставување на домашните компании на сметка на странските донесе огромна сиромаштија и нееднаквост, ниски плати и потценување на домашните компании и работници. Сега ја враќате истата таа политика. Мислите дека е ова фер кон домашните компании? Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2025 се враќа, 4 години назад во поддршката на домашните компании“ рече Филипче, претседател на СДСМ.Оваа политика на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ значи запоставување на домашните компании, а фаворизирање на странските. Филипче истакна дека со ваквиот Буџет не само што ги става домашните компании и работници во незавидна позиција, туку води кон економска нееднаквост, ниски плати и постојана потценета вредност на домашните ресурси. Според претседателот на СДСМ, Буџетот за 2025 година, земјата се враќа на истата неефикасна и несоодветна политика што ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.Претседателот на опозицијата смета дека од клучна важност е поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место.

Македонија | пред 1 година

bojan-stojanoski

(Видео) Стојаноски: Буџетот за 2025-Клуч за обнова и економски раст како излез од 7-годишната економска катаклизма на СДС

На денешната Комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025, пратеникот Бојан Стојаноски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на клучните елементи на предлог-буџетот за 2025 година. Според него, буџетот е базиран на поддршка на реалните иневстиции кои треба да доведат до зголемување на животниот стандард.„Овој документ е крвната слика за економската политика која ќе ја води оваа влада, а која ќе биде базирана на поттикнување и вложување во реалните инвестиции кои треба да го зголемат животниот стандард и да го подобрат животот на граѓаните. Ова е буџет кој е патоказ за излез од 7-годишната економска катаклизма која ја зафатила Република Македонија, а која се базираше на безидејност, лоповлук и дрско крадење од сопствениот народ“, рече Стојаноски.Стојаноски додаде дека со овој предлог-буџет се поставуваат темелите за стабилност и економски раст. Тој истакна и дека сите граѓани, без исклучок, ќе почувствуваат позитивни промени во економската ситуација.„Ова е развоен буџет кој гарантира повисоки плати, пензии, капитални проекти кои ќе станат реалност, и силна поддршка за стопанството. Ниту еден граѓанин или ентитет не е заборавен од овој буџет. Народот ни даде шанса да ги промениме работите и да покажеме дека може подобро; едноставно, мораме подобро и немаме повеќе време за губење. Ова е првата реална можност во креирањето на нашите економски политики. Досега се обидувавме да ја санираме штетата, а вистинскиот момент сега е кога започнуваме да ги градиме контурите на економската обнова на Македонија“, кажа Стојаноски.Стојаноски ги презентираше прогнозите за економскиот раст, и посочи дека странските инвестиции веќе се договорени.„Економскиот раст наредната 2025 година ќе биде 3,7%, странските инвестици коишто досега ги договори оваа Влада, а тоа се 8 на број за помалку од 5 месеци, отпочнувањето на проектот и директната помош од 350 милиони евра како и реализација на капиталните инвестиции го оправдуваат ова наше очекување“ истакна Стојаноски.Во однос на проекциите за буџетскиот дефицит, Стојаноски истакна дека се поволни, и нагласи дека буџетот за 2025 е поголем, иако изминатата година се соочувавме со помал буџет.„Проекциите за дефицитот е дека тој треба да достигне ниво од 41,4 милијарди денари, што е помал од 3,3 милијарди денари од тој кој беше предвиден за 2024 година и покрај тоа што имаше помал буџет, а фактот е дека овој буџет е поголем од претходната година“, јасен е Стојаноски.Стојаноски исто така нагласи дека институциите веќе покажале успешни резултати.„Државата ќе собира повеќе приходи и ќе ги собира многу поревносно, нешто што докажавме дека е возможно во изминатите 5 месеци, ако го видите работењето на УЈП, Царинската управа и Јавното претпријатие за државни патишта“, изјави Стојаноски.Стојаноски нагласи дека нема да има повеќе даночни раеви во земјата, и дека со новиот буџет Македонија ќе биде подготвена за предизвиците што ги носи иднината.„Како најголема категорија даночните приходи се очекува да достигнат реализација во наплата 35 милијарди денари повеќе од тоа што е планирано за 2024, односно има зголемено планирање од 12,3% кое треба да резултира со вкупно 319,2 милијарди денари наплата. Ова значи дека секој којшто треба да си плати данок ќе си плати никој нема да биде заобиколен во обврската да си ги плаќа даноците. Повеќе даночни раеви во Македонија како држава нема да има“, заклучи Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

kocoska

(Видео) Димитриеска Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, ќе следува ревизија и одговорност од чинителите

„Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот.Буџетот на Владата е зголемен точно заради колегата Фатмир Битиќи којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната Комисија за финансирање и буџет.Димитриеска Кочоска посочи дека и покрај тоа што СДС го уништеле ЕСМ и им служело како основ за да може да ги наполнат сопствените џебови, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е пример за домаќинско работење и коректор на лошите политики од минатото.„И за сметка на тоа што ЕСМ го уништувавте и крадевте, ние сега напротив имаме многу подомаќинско работење и тие проекти ќе одат од таму, тие не се дел од буџетот, требало да ви кажат дека не влегуваат во буџетот, тоа се акционерски друштва коишто немаат врска со буџетот. А во однос на квалитетот на воздух, да не се грижите. Министерството за животна средина има уште еден цел буџет во делот на сопствени приходи и тоа се прави со проширување на буџет во тековна година“, децидна беше Димитриеска Кочоска.Исто така таа додаде дека веќе предвидени се доволно средства за реализација на серија активности. Димитриеска Кочоска особено го истакна и делот на исплатата и пресметката во однос на активните и пасивните саати којашто се вршела кон докторите. Напомена дека ваквиот случај е предмет на ревизија кој дополнително ќе се разгледува и дискутира.„Ќе има проекти, ќе се прошируваат и има доволно средства за реализација на истото.А во однос на платите на докторите она што регуларно сте го направиле неспорно е, меѓутоа во однос на активните и пасивните саати и начинот на пресметка тоа е предмет на ревизија исто така што ќе се дискутира“, заклучи Димитриеска Кочоска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-14.46.43

Нема пари за плати и пензии, ниту исплаќање на долгови без ребалансот кој денеска е пред пратениците

Нема доволно пари за плати и пензии во буџетот, ниту за исплаќање на доспеаните обврски. Ова го кажа министерката за економија, Гордана Димитриеска-Кочоска на собраниската седница. Поради ова, власта предложи ребаланс, за кој од пратениците побараа поддршка.Според министерката, ребалансот покажува како ВМРО-ДПМНЕ планира да владее. Таа посочува дека не сакаат да одложуваат исплаќање на обврски, а со ребалансот ќе се зголемат и пензиите од септември.Во детали пред пратениците објаснуваше за трговскиот дефицит, бруто-домашниот производ и економските политики кои ги планираат.

Македонија | пред 1 година

244471229_207193698150323_2650290680669307320_n

Повреќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите

Ребалансот на буџетот влезе во Собрание. Со ребалансот на буџетот се предвидува јавниот долг на државата годинава да достигне рекордни 9,2 милијарди евра, односно 68,2 проценти од бруто домашниот производ.Ребалансот предвидува буџетската дупка годинава да се зголеми за нови 180 милиони евра.Намалени се очекувањата за раст на економијата од 3,4 на 2,1 отсто.Според текстот на ревалансот, се крати од здравството, финансиите и одбраната, се додава кај платите за администрацијата, пензионерите, земјоделците, локалната самоуправа.Најголемиот дел од дежавната каса, 4,95 милијарди евра се за социјални трансфери, плати и пензии.Ако се спореди со основниот буџет, средствата за оваа намена се зголемени за 4,9 проценти.За пензии се предвидуваат 1,47 милијарди евра. Овде растот е шест проценти а разликата меѓу ребалансираната и првичната сума изнесува 83 милиони евра.Трошењата пак се намалени:капиталните расходи се пониски за близу 2,6 милиони евра а надоместоците за невработени се помали за 1,6 милиони евра.Кратења на средствата со ребалансот има за пет министерства. Најмногу – за 149 милиони евра – во Министерството за траспорт, 33,5 помалку добива одбрана, 13,3 милиони евра на економија и труд, за 10,3 милиони евра финансии и за 7,5 милиони евра се намалени парите за Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

(ВИДЕО) Ковачевски го претстави буџетот, има огромни очекувања кои ги објаснуваше еден час

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими го презентираа предлог Буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет се обезбедува економска и енергетска стабилност како и поддршка за граѓаните и компаниите во услови на светска економска и енергетска криза.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:„Како што знаете, предлог Буџетот 2023 е веќе во Собраниска процедура и оваа денешна прес-конференција, која е прва од низата планирани прес-конференции од поединечните министерства, е нашиот придонес во јавната дебата и информирање на јавноста за тоа што точно значи тој буџет и што се планира за наредната година.Накратко би се осврнал на контекстот во кој делуваме во моментов, односно енергетската и ценовната криза, како продолжение на економската криза предизвикана од ковид пандемијата. Од започнувањето на војната во Украина изминаа веќе десет месеци, а геополитичкиот фактор стана дополнителен шок на меѓународните пазари на примарни производи, односно на пазарите на храната и енергенсите. Шокот преку увозните цени брзо и лесно се прелеа во нашата економија, која е една од најотворените економии во регионот. Владата преку фискалната политика го продолжи енергичниот одговор кон шоковите, исто како што реагираше за време на пандемијата, со соодветни антикризни мерки за заштита на граѓаните, стопанството и макроекономската стабилност. Добрите економски политики на Владата се нотирани и во извештаите на Меѓународните финансиски организации, како Меѓународниот монетарен фонд, впрочем немаше ниту да ни биде доделен ПЛЛ инструментот на Северна Македонија доколку не водевме здрави и успешни економски политики. Преку досегашните политики и антикризните мерки кои ги донесовме во два наврати годинава, животниот стандард на граѓаните е заштитен, а ликвидноста на компаниите одржана, со што се заштитени многу работни места во време на криза.Знам дека она кое најмногу ги засега граѓаните е животниот стандард, како ќе се живее, колку ќе е скап животот, што ќе направи Владата за да ги амортизира последиците од кризата. Токму затоа и денес пред вас сакам да посочам неколку главни позиции кои на граѓаните ќе им дадат појасна слика за Предлог-буџетот за 2023.Овој предлог-буџет треба да обезбеди:Сигурност и стабилност и основа за понатамошен забрзан економски раст.Предлог-буџетот за 2023 е точката од која тргнуваме на еден нов пат на кој, како и досега успешно ќе ја менаџираме кризата и последиците од кризата, но и со кој ќе овозможиме полека, но сигурно да закрепнуваме и да растеме и да го подигнеме животниот стандард.Фокусот на овој предлог-буџет е во неколку столба и тоа:Справување со последиците од кризата и поддршка на најранливитеСтабилен економски растПоддршка и интензивирање на процесот на ЕУ интеграции, како иТранспарентност и отчетност кои ќе се постигнат преку покажани резултати и имплементација на буџетот.Владината поддршка за справување со кризата, секако ќе продолжи. Сите антикризни мерки за заштита на стандардот, дополнителната финансиска поддршка за најранливите, како и мерките за одржување на цените на основните прехранбени производи, обезбедувањето на пониска цена на електричната енергија во однос на пазарната за регулираните потрошувачи, ќе продолжат и во текот на целата идна година. Од вкупниот буџет за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра.Обезбедени се средства и за сите надоместоци за ранливите категории граѓани, невработените, стечајците, гарантираната минимална помош, помош и нега на друго лице, поддршка на лицата со попреченост, за социјалните надоместоци и надоместоците за невработени, како и за активни мерки за вработување на млади лица, лица со попреченост итн.Предвидено е да продолжи усогласувањето на минималната плата со просечната и трошоците на живот, соодветно на системското утврдено решение. Предвидени се и зголемувањата на платите во образование, како и зголемувањето на пензиите по новата утврдена методологија кое зголемување треба да се случи првиот квартал идната година.За пензионерите за следната година се издвоени дополнителни 120 милиони евра повеќе од 2022 или вкупно 1.2 милијарди евра за пензиите кои што се зголемени.Во овој сегмент би сакал да ги споменам и трансферите кои се планирани до единиците на локална самоуправа. За 2023 година се планирани вкупно речиси 434 милиони евра во ДДВ и блок дотации кон општините во кои се планирани средства и за исплата на покачените плати на 40.000 просветни работници, кои годинава се покачија за 15%. Владата дава сериозна поддршка како и секоја година до општините, а оваа година, планирани се и 57,5 милиони евра повеќе од 2022 за оваа намена.Тука би сакал да се осврнам на делот од буџетот со плати и надоместоци.За плати во јавна администрација во 2023 година се планирани 570 милиони евра.За здравството како систем се планирани 685 милиони евра.Стабилниот економски раст следната година ќе се обезбеди преку одржување на макроекономската стабилност и понатамошна фискална консолидација како и преку капиталните инвестиции.Во услови на криза носители на економскиот раст ќе бидат капиталните инвестиции кои на среден рок треба да обезбедат позитивни ефекти и реално приближување кон европските економии.Бидејќи овој буџет е позициониран како развоен буџет, за 2023 се проектирани 52,3% повеќе капитални расходи во однос на 2022.Така, во 2023 продолжуваме со инфраструктурни проекти кои ќе нѐ поврзат и внатре во земјата, и со регионот но и со Европа и ќе обезбедат побрз економски раст и развој генерално, но и подобри услови за развој на компаниите и бизнисот. Продолжуваме со изградба на Железничкиот Коридор 8, изградба на клучни автопатски делници, рехабилитација на локалните улици, изградба на социјални станови, продолжуваме со проектот за гасификација на државата.Инаку сите бевте сведоци минатата недела комплетно е завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија до Битола.Исто така, продолжуваме со капитални инвестиции во земјоделството со кои обезбедуваме пред сѐ зголемено домашно производство на храна, поддршка за земјоделците како и поддршка за модернизација на земјоделството. Преземаме конкретни чекори за да ги решиме суштинските прашања кои ќе ни овозможат да капитализираме од развојниот потенцијал во оваа област на среден и долгорочен план, носејќи им просперитет на нашите земјоделци.Буџетот предвидува продолжување на имплементацијата на интензивниот инвестициски циклус во енергетскиот сектор кој треба да обезбеди зголемување на вкупниот енергетски потенцијал. Особено внимание се посветува на транзицијата кон обновливи извори на енергија како и на енергетската безбедност и енергетската ефикасност на земјата.Заштитата на животната средина е исто така приоритет со новиот буџет. Изградба на пречистителни станици, канализациони мрежи како и воспоставување на регионален систем за управување со отпад и затворање на депонии во источниот и североисточниот регион се дел од планираните инвестиции во овој сектор.Капитални инвестиции се планирани и во здравството односно планирани се инвестиции за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи како и набавка на медицинска опрема. Иако не е во делот капитални инвестиции, сепак сакам да напоменам дека здравствената заштита, односно финансирањето здравствени услуги, но финансирањето на обврските на јавните здравствени установи како што веќе кажав е планирано со над 680 милиони евра во буџетот за 2023 што е зголемување во однос на минатата во износ од 63 милиони евра.Капитални инвестиции во образование, детска заштита и спорт се вложувања во изградба и реконструкција на основни и средни училишта, градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на студентски домови, опремување и реконструкција на универзитети и инвестиции во спортска инфраструктура исто така се планирани.Капиталните инвестиции во буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Знам дека во јавноста постои недоверба во однос на реализацијата на овие капитални инвестиции, но она што можам тука да го посочам е дека ова е мојот прв предлог буџет како премиер, прв буџет врз кој имам контрола за имплементација, и ве уверувам дека лично ќе се заложам да имаме максимална реализација. Во време на криза, овие капитални инвестиции ќе ни обезбедат подобра иднина и подобар животен стандард, а тоа е она за кое јас како премиер силно се залагам.Моето 22 годишно менаџерско искуство ќе го искористам за да обезбедам што повисока реализација на капиталните инвестиции, затоа што тоа е она што и е потребно на нашата земја.Сите овие сегменти, со добро, одговорно менаџирање, со напорна работа и добра контрола на реализацијата, ќе бидат основата која ќе ни обезбеди полесна транзиција кон заздравување и развој на економијата, ќе нѐ застане на нозе и ќе ни овозможи да зачекориме посигурно, офанзивно во обезбедување на што е можно поголем економски развој, особено на среден рок.Бидејќи годинава конечно после 17 години, ги отпочнавме преговорите за членство во ЕУ, во 2023 година ќе обезбедиме буџет кој ќе овозможи да продолжат реформите и трансформацијата на општеството и ќе ни ја подобри позицијата за преговори и отворањето на кластерите. Европската интеграција на државата е од исклучително значење, целата идеја дека конечно Европската Унија ни е на дофат на рака, ни дава нова рамка за тоа како сите процеси кои се обезбедуваат со буџетот од 2023, ќе ни помогнат во што поскорото постигнување на европските стандарди преку подобрување на инфраструктурата, заштитата на животната средина, одржливиот развој, подобрувањето на здравството и образованието, но и преку посветеност на реформите во судството и фокус на владеењето на правото.Воедно, а што мислам дека е исклучително важно за овој буџет е начинот на кој планираме да обезбедиме транспарентност и отчетност, а тоа е фокусот на резултатите од имплементацијата на буџетот. Само со ваков фокус, односно со поставени индикатори преку кои ќе ја мериме ефективноста и ефикасноста на буџетот, воедно ќе овозможиме и ефективни, ефикасни, транспарентни и отчетни институции и одржлив економски развој.Од овој буџет јас очекувам резултати. И ќе инсистирам да ги има.Овој буџет е основата за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна Северна Македонија, идна земја членка на Европската Унија. Изминативе 10 месеци вложивме огромни напори и успеавме да ја заштитиме македонската економија и животниот стандард, но сега е време да мислиме за тоа како да одиме напред и како да направиме подобро.Јас лично ќе работам на тоа да обезбедиме сигурност, подобра иднина и просперитет на сите граѓани во оваа држава, да се стремиме кон европските услови и начин на живот затоа што граѓаните заслужуваат да го имаат она што го имаат и европјаните и ништо помалку од тоа.Тоа е мојата задача, таа е мојата, тоа е нашата заедничка цел како Влада.На почетокот на кризата не се знаеше дали ќе има леб, брашно, храна, струја, греење, нафта, не се знаеше дали ќе имаме доволно пари, дали ќе се исплаќаат пензиите. Но, јас ветив дека никој нема да биде оставен сам и тоа и го направивме. Владата одговори соодветно на кризата и денес ние имаме и храна и енергенси и струја. И повисока минимална, повисока просечна плата, повисоки пензии кои се исплаќаат и предвреме.Истиот пристап ќе го имаме и кон реализацијата на буџетот во 2023. Како што повторувам често, кога се има визија и кога напорно се работи, нема недостижна цел.Така ќе биде и со овој буџет.Ви благодарам.“

Актуелно | пред 3 години

sobranie

Собраниската Комисија ќе продолжи со амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11 часот, ќе продолжи со амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, во рамките на 38.седница.Комисијата досега расправаше за пет амандмани на опозицијата, кои беа одбиени од парламентарното мнозинство.Вкупно се поднесени 204 амандмани,од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство.Вчера најмногу дебата предизвика амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството.

Македонија | пред 3 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Помалиот раст за 1,4% ќе значи дека за толку дополнително Македонија ќе се задолжи со оваа неспособна власт на СДСМ и ДУИ, реагира опозицијата

„Ребалансот на буџетот кој го направи власта на СДСМ и ДУи е само обичен список на желби кој нема апсолутно никаква реална основа. Впрочем истата неспособна власт која го создаде нереалниот буџет за 2022, нема ништо да подобри во економијата ниту со ребалансот. Напротив кризата ќе се продлабочува, затоа што изворот на енормната криза е самата власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Тие со ребалансот на буџетот кратат капитални инвестиции, што во секоја нормална економија треба да бидат основата на економскиот раст. Дополнително го ревидираат и економски раст на БДП за 1,4% надолу, што значи дека токму за толку дополнително ќе се задолжат.Ова говори дека долгот ќе порасне далеку над 7 милијарди евра колку што изнесува во овој момент. Очигледно со оваа власт и со нивната неспособност одиме кон должничко ропство.Отсуството на визија и план на власта, во комбинација со криминалот и корупцијата, ќе се удри по стандардот на граѓаните. Тоа мора да престане. Тоа нема да се случи со ребаланс на буџет, туку со промена на оваа власт на СДСМ и ДУИ“.

Македонија | пред 3 години

darko-kaevski

Ребалансот носи повисоки плати и пензии, тврди Каевски

„Владата предводена од СДСМ го утврди ребалансот на буџетот за 2022 година. Со ребалансот сериозно се кратат средства за непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, пари кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.Тој додава:„Она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.Ова е одговорен, домаќински чекор во време кога целиот свет се соочува со недостиг на храна и енергенси.Заштитата и унапредувањето на стандардот на граѓаните е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.И во време на светска економска криза успеавме минималната плата да ја зголемиме на 18.000 денари.Со Синдикатот се постигна договор за рекордно зголемување од 15 отсто на платите во образованието и детската заштита, а следува период на раст на платите во сите сектори согласно растот на минималната плата.Договорена е и нова методологија за постојан и одржлив раст на пензиите, а следното покачување ќе се реализира во септември оваа година.Просечната плата денес изнесува 31.080 денари што е реализација на клучното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра.Сето ова почитувани е показател дека македонската економија е стабилна и конкурентна и подготвена да се носи со сите предизвици.Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард и во време на светска економска криза, обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети“.

Македонија | пред 3 години

stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

Каевски не очекува ребалансот на Буџетот да биде блокиран

„ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг временски период го прави истото што го прави односно што го најави во Собранието, впрочем новитет беше само тоа што го официјализираа бојкотот со којшто се обидуваат да ги опструираат и блокираат важни закони којшто треба да се донесат за граѓаните, некаде околу седумдесетина“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.тој додава:Како што и сами напоменавте ребалансот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности којшто ги дава и деловникот се со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони затоа што е важно во вакви услови кога се соочуваме со енергетска и економска криза, важно е да се носат суштински реформски закони, да се донесе и ребалансот и сето она што е во насока да го подобри стандардот на граѓаните и секако да помогне полесно да се справат граѓаните со последиците од овие кризи.Очекувам дека ќе надвладее и разумот и кај останатите пратеници којшто доаѓаат од опозицијата впрочем ние секојдневно во Собранието слушаме голем број на пратеници којшто доаѓаат од редовите на опозицијата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ова што се прави не е добро и дека треба да заврши,да се донесат и да се помогне на граѓаните. Очекувам дека разумот на тие пратеници ќе надвладее и дека конечно ќе почнат да работат во функција на граѓаните и заеднички ќе носиме суштински и важни закони, впрочем тоа е поентата и оној апел со којшто секојдневно ние повикуваме да отвориме суштински материјална расправа по законите и доколку имаат конкретни решенија и предлози за да се подобри законскиот текст и да се подобрат тие закони, зеднички да дискутираме, да дебатираме и да го донесеме најдоброто решение.Тоа е нешто што граѓаните го очекуваат од нас, тоа е нешто што мораме заеднички да го направиме и нешто што е потребно и нужно за да се донесат суштински, важни решенија за граѓаните во овие исклучително тешки периоди, во време кога се соочуваме со најголемата економска и енергетска криза, важно е да имаме опозиција која што нема да опструира и блокира туку ќе соработува и секако заеднички ќе носиме решенија“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања