Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Стојаноски: Буџетот за 2025-Клуч за обнова и економски раст како излез од 7-годишната економска катаклизма на СДС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bojan-stojanoski

На денешната Комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025, пратеникот Бојан Стојаноски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на клучните елементи на предлог-буџетот за 2025 година. Според него, буџетот е базиран на поддршка на реалните иневстиции кои треба да доведат до зголемување на животниот стандард.

— реклама —

„Овој документ е крвната слика за економската политика која ќе ја води оваа влада, а која ќе биде базирана на поттикнување и вложување во реалните инвестиции кои треба да го зголемат животниот стандард и да го подобрат животот на граѓаните. Ова е буџет кој е патоказ за излез од 7-годишната економска катаклизма која ја зафатила Република Македонија, а која се базираше на безидејност, лоповлук и дрско крадење од сопствениот народ“, рече Стојаноски.

— реклама —

Стојаноски додаде дека со овој предлог-буџет се поставуваат темелите за стабилност и економски раст. Тој истакна и дека сите граѓани, без исклучок, ќе почувствуваат позитивни промени во економската ситуација.

„Ова е развоен буџет кој гарантира повисоки плати, пензии, капитални проекти кои ќе станат реалност, и силна поддршка за стопанството. Ниту еден граѓанин или ентитет не е заборавен од овој буџет. Народот ни даде шанса да ги промениме работите и да покажеме дека може подобро; едноставно, мораме подобро и немаме повеќе време за губење. Ова е првата реална можност во креирањето на нашите економски политики. Досега се обидувавме да ја санираме штетата, а вистинскиот момент сега е кога започнуваме да ги градиме контурите на економската обнова на Македонија“, кажа Стојаноски.

Стојаноски ги презентираше прогнозите за економскиот раст, и посочи дека странските инвестиции веќе се договорени.

„Економскиот раст наредната 2025 година ќе биде 3,7%, странските инвестици коишто досега ги договори оваа Влада, а тоа се 8 на број за помалку од 5 месеци, отпочнувањето на проектот и директната помош од 350 милиони евра како и реализација на капиталните инвестиции го оправдуваат ова наше очекување“ истакна Стојаноски.

Во однос на проекциите за буџетскиот дефицит, Стојаноски истакна дека се поволни, и нагласи дека буџетот за 2025 е поголем, иако изминатата година се соочувавме со помал буџет.

„Проекциите за дефицитот е дека тој треба да достигне ниво од 41,4 милијарди денари, што е помал од 3,3 милијарди денари од тој кој беше предвиден за 2024 година и покрај тоа што имаше помал буџет, а фактот е дека овој буџет е поголем од претходната година“, јасен е Стојаноски.

Стојаноски исто така нагласи дека институциите веќе покажале успешни резултати.

„Државата ќе собира повеќе приходи и ќе ги собира многу поревносно, нешто што докажавме дека е возможно во изминатите 5 месеци, ако го видите работењето на УЈП, Царинската управа и Јавното претпријатие за државни патишта“, изјави Стојаноски.

Стојаноски нагласи дека нема да има повеќе даночни раеви во земјата, и дека со новиот буџет Македонија ќе биде подготвена за предизвиците што ги носи иднината.

„Како најголема категорија даночните приходи се очекува да достигнат реализација во наплата 35 милијарди денари повеќе од тоа што е планирано за 2024, односно има зголемено планирање од 12,3% кое треба да резултира со вкупно 319,2 милијарди денари наплата. Ова значи дека секој којшто треба да си плати данок ќе си плати никој нема да биде заобиколен во обврската да си ги плаќа даноците. Повеќе даночни раеви во Македонија како држава нема да има“, заклучи Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg3qgiscc44oa9P3fAdf

(Видео) Си седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ - Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетката за „Пулс“

Македонија | пред 15 часа

siljanovska-filipce

Претседателката го советува СДСМ да излезе од кризата, тоа било здраво за демократијата

Македонија | пред 6 дена

Sobranie-zgrada

Прво Буџетот за 2026, потоа избор на нови министри

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvalnce1o9tao7Tdnf1x

Српската опозиција се судри со „Чациленд“, полицијата интервенира, нереди пред српското собрание

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања