„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

царинска управа

carina-nikolovski-1

Николовски на средба со Димовски: Ги унапредуваме царинските процеси со цел зајакнување на економската безбедност и подобрување на условите за водење бизнис

Економската безбедност и зачувување на финансиските интереси на државата преку поголема ефикасност во наплатата на приходи се клучни приоритети на Царинската управа, при што работиме на унапредување на царинските процеси сè со цел подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова беше главната тема на којашто денеска директорот Бобан Николовски дискутираше со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Во однос на прашањата кои беа тема на дискусија на состанокот директорот оствари и работна посета на Царинска испостава Слободна зона Скопје со цел увид на состојбите на терен.Директорот на Царинска управа Бобан Николовски, истакна дека унапредување на царинските постапки и олеснување на легалната трговија, но и сузбивање на нелегалните дејствија е клучно за подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови странски инвестиции.Двете страни воедно договорија унапредување на соработката помеѓу двете институции.„Обезбедувањето на поволна инвестициска клима е нашата главна цел, а успешната соработка со Царинската Управа е од клучно значење, олеснувајќи го работењето на компаниите во зоните, при што се нудат нови можности за зголемување на нивниот капацитет за раст и развој“, истакна Димовски.

Македонија | пред 1 година

carinska-uprava-sostanok-2

Николовски: Зајакнување на односите со инвеститорите клучно за зголемување на економската конкурентност и вработеноста во државата

Воспоставување на редовна комуникација и соработка со странските инвеститори со цел нивно запознавање со царинските постапки, вклучително постапките со економски ефект и поедноставените постапки е од големо значење за побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата.Оттука Царинската управа посветува големо внимание на негување цврсти односи со бизнис заедницата со цел зголемување на инвестициите и вработеноста во државата. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средбата со менаџментот на Јилдирим групацијата (Yildirim Group of Companies) и управниот партнер во PwC РС Македонија, Мирослав Марчев, велат од Царинската управа.Генералниот менаџер за Балканот, Џемил Ачар, како претставник на групацијата којашто годинава се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци, истакна дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“ и оти веќе започнале со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци со потенцијално вработување на 800 лица од кавадаречкиот регион.Тој на состанокот ги презентираше нивните краткорочни и среднорочни планови за зајакнување на нивното присуство на македонскиот пазар.

Македонија | пред 1 година

Elektronski-cigari-2-mobilna

Царината заплени техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори за светилки, цигари, електронски цигари, лековити билки, опрема за потстрижување, производи за нега на коса, лепенки и патенти за облека и фалсификати.Техничка стока и цигари- 144 трансформатори за светилки од 220 волти, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.Непријавените трансформатори, пронајдени во 4 картонски кутии сместени помеѓу патни торби во кровниот куфер и во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на на производите изнесува околу 50 илјади денари, додека избегнатите давачки се во износ од 18.803 денари.- 355 електронски цигари откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два автобуси со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.Во првиот случај, во куфер, кој според изјавата на возачот бил испратен како пратка од Швајцарија, биле пронајдени 39 кутии со вкупно 260 електронски цигари од марките IREX, VOZOL и ELFBAR. Цигарите се привремено задржани а притв возачот, македонски државјанин, ќе биде поведена прекршочна постапка.Вредноста на електронските цигари изнесува 90.312 денари а избегнатите давачки се во износ од 32.7527 денари.Во вториот случај, во два куфери сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени 95 електронски цигари марка Bang-Box dual mesh. Цигарите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на електронските цигари изнесува 50.692 денари а избегнатите давачки се во износ од 15.637 денари.- 18 штеки цигари MARLBORO без акцизни маркички, откриени при контрола на товарно  возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез  во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на непријавените цигари изнесува стока изнесува 25.200 денари а избегнатите царински давачки  се во износ од 37.189 денари.Лековити билки- 10.645 килограми лековити билки RESTTHARROW ROOT RADIX ONONIDIS, откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. При контрола на камионот, кој бил пријавен за транзитна постапка, било забележано дека на приколката недостасува царинската пломба наведена во транзитниот царински документ, а која е пронајдена во кабината на возилото. Согласно законските прписи, привремено се задржани влекачот, приколката и стоката, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.Опрема за потстрижување и производи за нега на коса- опрема за потстрижување и производи за нега на коса, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно. Сепак била извршена детална контрола, при што на горниот кревет во кабината на возилото биле пронајдени 8 машинки за потстрижување, 6 машинки за бричење, 5 фенови, 3 електрични апарати за средување на коса, 20 престилки, 12 четки, 2 пиштило за прскање, 60 пакувања со серум за коса и 24 лосиони за после бричење. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на непријавените производи е проценета на 232.615 денари а избегнатите давачки инесуваат 57.415 денари.Лепенки и патенти за облека- 198 парчиња термална фолија за печатење со лого на заштитени трговски марки Adidas, Nike, Tommy Hilfiger, Puma, Reebok и Gucci, и 1.000 парчиња патенти и ленти за шиење, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост- 11.842 детски боксерки со лого на заштитени трговски марки, откриени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради основано сомневање дека производите повредуват право од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските проиписи започпната е постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинали, е проценета наоколу 9,5 милиони денари.

Македонија | пред 1 година

17102024_Nikolovski

Николовски: Зголемените контроли резултираа со повисоки приходи и зголемен пријавен увоз на возила и цигари

„Зголемените контроли на Царинската управа резултираа со повисока наплата на приходи во износ од 35,4 милијарди денари остварени во 100 дена, што е за 9,2 проценти или 3 милијарди повеќе од минатата година. Преку засилување на контролите е евидентиран зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека“. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на првата трибина од Платформата „100 проценти посветени за тебе“.Во однос на затекнатата состојба директорот потенцира дека истата била крајно разочарувачка односно имало слаби контроли, а откривачките функции биле сведени на минимум.Воспоставуваме ред при што во јули, како што рече, е остварена историски рекордна наплата на приходи во еден месец во износ од 12 милијарди денари или 16,6 проценти повеќе од лани.Тенденцијата вели Николовски е задржана и во наредниот период за што е доказ и зголемената наплата на приходи во 100-те дена во износ од 35,4 милијарди денари.

Македонија | пред 1 година

DSC08726

Директорот на Царинска управа: Се отвораме кон сите земји во регионот, целта е унапредување на економската соработка и сузбивање на нелегалната трговија

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција. Ова беа темите на кои се дискутираше на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик директорот Гарип Каба со советник за економски и трговски прашања при амбасадата на Република Грција, Дукас Маринополус и секретарот за економски и трговски прашања Василис Гаѕарас.„Партнерствата помагаат да се зајакне соработката, се отвораме кон сите земји во регионот при што нашата интенција е унапредување на комуникациите со Царинските управи во регионот се со цел зголемување на конкурентноста, но и сузбивање на криминалот преку размена на информации и мечирање на податоците“, истакна директорот Николовски.На средбата воедно се разговараше за преземените активности од Царинска управа, за отворање на нов граничен премин Маркова Нога како и за можноста за размена на информации во реално време во рамки на SEED системот од грчка страна.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-15-142312

Директорот на Царинска управа Николовски: Пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил

„Со личен пример сакам да покажам дека е потребен многу поголем искрен ангажман. Работиме на менување на свеста на царинските службеници и ќе функционираме по систем „пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил“, вели директорот на Царинска управа во интервју за магазинот за туризам и менаџмент.„Царинските службеници на граничните линии се тие кои се грижат за безбедноста на нашите граѓани штитејќи ги финансиските интереси на државата. За жал во некои одредени сегменти се забележани коруптивни појави, при што во моментов работиме на конкретни механизми на нивно сузбивање. Една од овие мерки е носењето на боди камери, за што е обезбедена донација од американска амбасада“, истакна тој.На граничните премини и терминали, поставен e новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, а податоците од истиот ќе се користат при истрагите што ги води Управата, вклучувајќи ги и оние во делот на корупцијата.Истовремено, како што информира Николовски, Царинската управа интензивно работи на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите. Во рамки на самиот проект овој систем ќе се поврзе со системот за видео надзор, а во иднина и со останатите системи. Разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, а се со цел заедничко делување против криминалот и корупцијата. Ова се само дел од активностите кои значително ќе придонесат за сузбивање на криминалот и корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата.Вчера директорот Николовски на настан пред дел од државниот врв, претставници на бизнис заедницата и претставници од меѓународни организации ги презентираше резултатите од 100те дена. Зголемена наплата на приходи за 9,2 проценти, зголемени случаи на заплени за над 60 проценти, отпочнување и интензивирање на капитални проекти со цел зголемување на конкурентноста на македонската економија беа само дел од презентираните резултати.На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која истакна дека резултатите јасно кажуваат дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме.„Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

Македонија | пред 1 година

carina-2

Директорот на Царинска управа ги презентираше резултатите од 100-те дена: Приходите зголемени за 9,2 проценти, бројот на заплени за над 60 проценти споредбено со лани

Царинска управа во периодот од први јули заклучно со 8 октомври наплати вкупни приходи од 35,4 милијарди денари (576,4 милиони евра), што е за 3 милијарди денари (48,7 милиони евра) или 9,2 проценти повеќе од истиот период минатата година. Бројот на случаи на заплени во овој период е зголемен за 60,2 проценти, а бројот на пријави за сторени кривични дела поднесени од страна на Царинската управа е зголемен за речиси три пати. Унапредена е соработката со бизнис заедницата и меѓуинституционалната соработка, но и меѓународната соработка, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна директорот Бобан Николовски, на настан на кој пред бизнис заедницата и висок државен врв беа презентирани резултатите од 100 дена од работата на Царинската управа. На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.Директорот Николовски истакна дека учеството на вкупно наплатените приходи од страна на Царинска управа во вкупните приходите од Буџетот на државата е 41%, а доколку се издвои учеството во даночните приходи – уделот на Царинската управа е 73%.Николовски воедно го поздрави успехот од работата на царинските службеници на ниво на Царинарниците, при што бројот на записници за непријавена стока споредено со лани е зголемен за 80 проценти. Ги издвои записниците за стока со сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост кои се зголемени за 72 проценти во однос на истиот период минатата година. Притоа изречени се вкупно 1.213 мандатни казни што е за 186 проценти повеќе од истиот период минатата година.Во делот на заложбите за унапредување на партнерските односи со бизнис заедницата преку подобрување на работата на Царинската управа, Николовски потенцира дека во изминатиот период е спроведен Анкетен лист во кој учествуваа сите стопански комори, здруженија и асоцијации. Мислењата и предлозите ќе бидат основа за унапредување на царинската политика.Притоа како главни идентификувани потреби на деловната заедница се понатамошна примена на поедноставените постапки и поедноставување на постапката за добивање на одобренија; понатамошна дигитализација и обуки за новините во царинското работење; соодветни приоритетни ленти на граничните премини и eдукација за подобрување на интегритетот и професионалноста на царинските службеници.„Нашите идни планови опфаќаат усвојување на нова Стратегија за интегритет со конкретни мерки за менување на свеста и перцепцијата за царинските службеници, одговорност, професионалност и отчетност; надградување на системот за обуки за сите нивоа; интензивирање на активностите на започнатите проекти и нивно навремено завршување; успешен почеток и имплементација на новите планирани проекти – за целосна дигитализација на процесите и надградба на инфраструктурните капацитети; целосно усогласување со законодавството на ЕУ, пред се на Царинскиот закон и Уредбата за спроведување; но и придонес за усогласување на сите други закони и акти по кои постапува Царинската управа како и градење на стабилна меѓународна соработка“, истакна Николовски.Министерката, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека резултатите покажуваат колку успешно работела Царината во изминатиот период.„Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска.На настанот помошник директорот на Секторот за контрола и истраги Влатко Лакордов ги презентираше оперативните резултати во делот на борбата со криминалот. Помошник директорот посебно се осврна на новиот интегриран систем за видео надзор и системот за автоматско препознавање на регистарски таблички.Воедно помошникот директор за меѓународна соработка и ЕУ интеграции Слаѓана Дамјаноска ги презентираше проектите чија цел е подобрување и модернизација на инфраструктурните капацитети. Александар Проданов шеф на службата во ИКТ ги презентираше проектите коишто имаат за цел понатамошна дигитализација на постапките.

Македонија | пред 1 година

7

Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога, порача Директорот на Царинска управа од Софија

Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на институционалните капацитети да ги сузбиеме криминалните мрежи.Притоа фокус треба да ни бидат карго пратките земајќи ги предвид количините кои подлежат на контрола, како и повеќекратните чекори во синџирот на снабдување, истакна директорот Бобан Николовски на дводневниот настан за зголемување на регионална соработка и борба со трговијата со дрога по воздушен пат во организација на Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности и националната Царинска агенција на Бугарија позната како Помпиду групација. Настанот беше организиран како дел од 10тиот состанок на Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа во рамки на Помпиду Групацијата (AIRSEE).На настанот учествуваа високи претставници на царински управи, гранични полиции, министерства за внатрешни работи, СЕЛЕК, како високи претставници од Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности.„Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога преку зголемување на соработката, размена на знаења и искуства, заеднички обуки како и размена на разузнавачки информации во реално време“, рече Николовски истакнувајќи дека Царинската управа оди чекор напред при што имплементира системи со високо интелигентни аналитички функции, а како дел од определбата и цврстата решеност за побрза интеграција кон единствениот пазар на ЕУ.Во рамки на настанот учесниците разменија искуства во делот на утврдување на процена на ризик и користење на интелигентни системи за сузбивање на криминалот.Oд аспект на преземените активности како дел од постојаната борба со трговијата со дрога и други забранети супстанци по воздушен пат, Николовски го истакна случајот во кој царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје спречија меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди за што беше добиено и признание од Светската антидопинг агенција.Во рамки на настанот учесниците во Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа ја усвоија заедничката декларација со што се согласија да ја зајакнат улогата на Организацијата како регионална платформа за начин на дејствување, да се работи на развој на и усогласување на алатки и системи за подобрување на откривањето дрога на аеродромите во Југоисточна Европа, да се подобруваат оперативните капацитети преку специфични технички состаноци како и оперативните резултати поврзани со борбата против недозволена трговија со дрога преку навремена размена на информации, да се продолжи со спроведувањето на заедничките операции насочени кон недозволено снабдување со дрога и забранети супстанци, како и да се воспостават заеднички индикатори за идентификување на трендовите и ризиците на регионално ниво.На маргините на настанот директорот оствари средби со директори и заменици директори на Царински управи од Југоисточна Европа, на коишто беше истакната потребата од зголемување на меѓусебната соработка со цел олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот, но и унапредување на царинските постапки.

Македонија | пред 1 година

nikolovski-carina-4

Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан.Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани.Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања