Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Директорот на Царинска управа ги презентираше резултатите од 100-те дена: Приходите зголемени за 9,2 проценти, бројот на заплени за над 60 проценти споредбено со лани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
carina-2

Царинска управа во периодот од први јули заклучно со 8 октомври наплати вкупни приходи од 35,4 милијарди денари (576,4 милиони евра), што е за 3 милијарди денари (48,7 милиони евра) или 9,2 проценти повеќе од истиот период минатата година. Бројот на случаи на заплени во овој период е зголемен за 60,2 проценти, а бројот на пријави за сторени кривични дела поднесени од страна на Царинската управа е зголемен за речиси три пати. Унапредена е соработката со бизнис заедницата и меѓуинституционалната соработка, но и меѓународната соработка, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна директорот Бобан Николовски, на настан на кој пред бизнис заедницата и висок државен врв беа презентирани резултатите од 100 дена од работата на Царинската управа. На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

— реклама —

Директорот Николовски истакна дека учеството на вкупно наплатените приходи од страна на Царинска управа во вкупните приходите од Буџетот на државата е 41%, а доколку се издвои учеството во даночните приходи – уделот на Царинската управа е 73%.

— реклама —

Николовски воедно го поздрави успехот од работата на царинските службеници на ниво на Царинарниците, при што бројот на записници за непријавена стока споредено со лани е зголемен за 80 проценти. Ги издвои записниците за стока со сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост кои се зголемени за 72 проценти во однос на истиот период минатата година. Притоа изречени се вкупно 1.213 мандатни казни што е за 186 проценти повеќе од истиот период минатата година.

— реклама —

Во делот на заложбите за унапредување на партнерските односи со бизнис заедницата преку подобрување на работата на Царинската управа, Николовски потенцира дека во изминатиот период е спроведен Анкетен лист во кој учествуваа сите стопански комори, здруженија и асоцијации. Мислењата и предлозите ќе бидат основа за унапредување на царинската политика.

Притоа како главни идентификувани потреби на деловната заедница се понатамошна примена на поедноставените постапки и поедноставување на постапката за добивање на одобренија; понатамошна дигитализација и обуки за новините во царинското работење; соодветни приоритетни ленти на граничните премини и eдукација за подобрување на интегритетот и професионалноста на царинските службеници.

„Нашите идни планови опфаќаат усвојување на нова Стратегија за интегритет со конкретни мерки за менување на свеста и перцепцијата за царинските службеници, одговорност, професионалност и отчетност; надградување на системот за обуки за сите нивоа; интензивирање на активностите на започнатите проекти и нивно навремено завршување; успешен почеток и имплементација на новите планирани проекти – за целосна дигитализација на процесите и надградба на инфраструктурните капацитети; целосно усогласување со законодавството на ЕУ, пред се на Царинскиот закон и Уредбата за спроведување; но и придонес за усогласување на сите други закони и акти по кои постапува Царинската управа како и градење на стабилна меѓународна соработка“, истакна Николовски.

Министерката, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека резултатите покажуваат колку успешно работела Царината во изминатиот период.

„Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

На настанот помошник директорот на Секторот за контрола и истраги Влатко Лакордов ги презентираше оперативните резултати во делот на борбата со криминалот. Помошник директорот посебно се осврна на новиот интегриран систем за видео надзор и системот за автоматско препознавање на регистарски таблички.

Воедно помошникот директор за меѓународна соработка и ЕУ интеграции Слаѓана Дамјаноска ги презентираше проектите чија цел е подобрување и модернизација на инфраструктурните капацитети. Александар Проданов шеф на службата во ИКТ ги презентираше проектите коишто имаат за цел понатамошна дигитализација на постапките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Македонија | пред 11 час

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh6h7drgd07db41yo3Ue

Царина со рекордна наплата од 58,7 милијарди денари во 2025, запленети златен накит, тутун, фалсификуван прашок за перење и медицински сетови

Македонија | пред 2 дена

media-library9ush5ii8evlk6x54Yk2

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања