Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Илјадници обиди за шверц: Царината открила 6.994 случаи во 2025

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-library8s3daj0ifm8md4KQtk4

Царинарница Куманово, во рамки на Царинска управа, во текот на 2025 година наплатила вкупно 8,4 милијарди денари приходи, што претставува раст од 6 проценти, односно за 503,7 милиони денари повеќе во споредба со претходната година.

— реклама —

Во истиот период, откриени се вкупно 6.994 обиди за нелегални дејствија, по што се изготвени соодветни записници и дополнително се пресметани 560,1 милион денари, односно околу 9,1 милион евра по основ на избегнати давачки.

— реклама —

Меѓу позначајните случаи, на граничниот премин Табановце бил спречен обид за криумчарење на 134 килограми марихуана.

— реклама —

На Деве Баир е пресечен обид за нелегален пренос на златен накит со вредност од 3,5 милиони денари.

Додека, на преминот Пелинце бил спречен шверц на 15 златни монети и индустриско злато, како и осум сребрени монети и индустриско сребро, со вкупна вредност од 2,4 милиони денари.

Податоците укажуваат на зголемена ефикасност на царинските служби, но и на континуиран притисок од обиди за шверц и избегнување на давачки, што останува сериозен предизвик за институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Македонија | пред 2 дена

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Македонија | пред 3 дена

media-libraryh6h7drgd07db41yo3Ue

Царина со рекордна наплата од 58,7 милијарди денари во 2025, запленети златен накит, тутун, фалсификуван прашок за перење и медицински сетови

Македонија | пред 4 дена

media-library9ush5ii8evlk6x54Yk2

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања