Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Македонија
media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Царинарница Битола во 2025 година наплати приходи од вкупно 9,2 милијарди денари или за 359,5 милиони денари повеќе од 2024 година.

— реклама —

„Изготвени се 9.179 записници за царинска вредност при што дополнително се 5,8 милиони евра или за 2,2 милиони евра повеќе од 2024 година кога по 6.803 записници биле наплатени 3,6 милиони евра. Дополнително изречени се записници по проверка на фактури, контрола на тарифна ознака и потекло на стока и дополнително се пресметани 3,2 милион денари или 52 илјади евра по основ на избегнати давачки.

Едни од позначајните заплени во 2025 година на ниво на царинарница Битола:

  • 60 литри течен пестицид и 11 килограми прашкаст пестицид во вредност од 987 илјади денари

  • Златен накит во вкупна вредност од 152 илјади денари

  • 153 литри маслиново масло

Службата за надзор на иматели на одобренија под ингеренции на царинарница Битола во 2025 спроведе 55 теренски контроли на одобренија за постапки со економски ефект и на одобренија за поедноставени постапки за локално царинење при увоз или извоз, при што кај 11 правни лица се утврдени неправилности и изречени се 44 прекршочни платни налози на име на правното и одговорното лице во вкупен износ од 28 илјади евра“, информираат од Царинската управа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh6h7drgd07db41yo3Ue

Царина со рекордна наплата од 58,7 милијарди денари во 2025, запленети златен накит, тутун, фалсификуван прашок за перење и медицински сетови

Македонија | пред 2 дена

media-library9ush5ii8evlk6x54Yk2

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybqtk1uip42fnbUVeEEs

Царинската управа и ЕУ создаваат платформа за борба против еколошки криминал и криминалпротив културното наследство

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања