Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Царина со рекордна наплата од 58,7 милијарди денари во 2025, запленети златен накит, тутун, фалсификуван прашок за перење и медицински сетови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-libraryh6h7drgd07db41yo3Ue

Царинарница Скопје во 2025 година оствари значителен раст на приходите, наплатувајќи вкупно 58,7 милијарди денари, што претставува зголемување од 11 проценти, односно 5,7 милијарди денари повеќе во споредба со 2024 година.

— реклама —

„Царинарница Скопје учествува со 53 % во вкупно наплатените приходи од увоз.

— реклама —

Преку откриени нелегални дејствија изготвени се 24.566 записници по кои се донесени решенија за дополнителна наплата од 1,36 милијарди денари.

— реклама —

Само дел од успешно спречените обиди за криминал во 2025:

Спречен обид за криумчарење на златен накит во вредност од половина милион евра

Откриен два тони фалсификуван прашок за перење и 2.500 сетови за инфузија без соодветна дозвола за увоз кои беа запленети и согласно закон уништени

media-librarye64bcqonrocaeGJMY5w

Успешно спречени обиди за нелегална трговија со тутун при што запленети се повеќе од 1.500 штеки цигари и 204 килограми тутун за наргиле.

Службата за надзор на иматели на одобренија (СНИО) која е под директна ингеренција на царинарница Скопје во 2025 година извршила 92 теренски контроли при што кај 26 правни лица се утврдени неправилности и изречени се прекршочни платни налози на име на правното и одговорното лице во вкупен износ од 129.410 евра.

Резултатите на царинарниците беа разгледани на седницата на Комитетот за координација и контрола на оперативното царинско работење“, велат од Царинската управа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Македонија | пред 10 часа

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Македонија | пред 1 ден

media-library9ush5ii8evlk6x54Yk2

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybqtk1uip42fnbUVeEEs

Царинската управа и ЕУ создаваат платформа за борба против еколошки криминал и криминалпротив културното наследство

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања