„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога, порача Директорот на Царинска управа од Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
7

Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на институционалните капацитети да ги сузбиеме криминалните мрежи.

— реклама —

Притоа фокус треба да ни бидат карго пратките земајќи ги предвид количините кои подлежат на контрола, како и повеќекратните чекори во синџирот на снабдување, истакна директорот Бобан Николовски на дводневниот настан за зголемување на регионална соработка и борба со трговијата со дрога по воздушен пат во организација на Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности и националната Царинска агенција на Бугарија позната како Помпиду групација. Настанот беше организиран како дел од 10тиот состанок на Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа во рамки на Помпиду Групацијата (AIRSEE).

— реклама —

На настанот учествуваа високи претставници на царински управи, гранични полиции, министерства за внатрешни работи, СЕЛЕК, како високи претставници од Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности.

— реклама —

„Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога преку зголемување на соработката, размена на знаења и искуства, заеднички обуки како и размена на разузнавачки информации во реално време“, рече Николовски истакнувајќи дека Царинската управа оди чекор напред при што имплементира системи со високо интелигентни аналитички функции, а како дел од определбата и цврстата решеност за побрза интеграција кон единствениот пазар на ЕУ.

Во рамки на настанот учесниците разменија искуства во делот на утврдување на процена на ризик и користење на интелигентни системи за сузбивање на криминалот.

Oд аспект на преземените активности како дел од постојаната борба со трговијата со дрога и други забранети супстанци по воздушен пат, Николовски го истакна случајот во кој царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје спречија меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди за што беше добиено и признание од Светската антидопинг агенција.

Во рамки на настанот учесниците во Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа ја усвоија заедничката декларација со што се согласија да ја зајакнат улогата на Организацијата како регионална платформа за начин на дејствување, да се работи на развој на и усогласување на алатки и системи за подобрување на откривањето дрога на аеродромите во Југоисточна Европа, да се подобруваат оперативните капацитети преку специфични технички состаноци како и оперативните резултати поврзани со борбата против недозволена трговија со дрога преку навремена размена на информации, да се продолжи со спроведувањето на заедничките операции насочени кон недозволено снабдување со дрога и забранети супстанци, како и да се воспостават заеднички индикатори за идентификување на трендовите и ризиците на регионално ниво.

На маргините на настанот директорот оствари средби со директори и заменици директори на Царински управи од Југоисточна Европа, на коишто беше истакната потребата од зголемување на меѓусебната соработка со цел олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот, но и унапредување на царинските постапки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

carina-2

Во Царинската управа поднесени се 67 кривични пријави и поделени 11 откази

Македонија | пред 1 месец

3.1.2024

Директорот на Царинска управа Николовски: Спречен организиран криминал со употребувани возила, запленети 35 автомобили, поднесени кривични пријави за 24 лица до Обвинителство за организиран криминал

Македонија | пред 10 месеци

nikolovski-tirana-1

Директорот на Царинска управа Николовски на регионален состанок: Ги унапредуваме капацитетите за брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми и фаќање на криминалците

Македонија | пред 11 месец

sverc-carina-3

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања