ЦРНА ГОРА

evrovizija

Црна Гора и Бугарија се откажаа од учеството на Евровизија

Црна Гора го откажа учеството на Евровизија следната година. Причина се расположливите ресурси и трошоците на јавниот сервис.„ Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постојните ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, соопшти црногорскиот јавен сервис.Според некои медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија. Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.

Магазин | пред 3 години

Crna-gora

Ако планирате да ја посетите Црна Гора во септември, еве каде е најчистата водата

Институтот за биологија направи нова анализа на квалитетот на водата на црногорскиот брег.Резултатите од анализата на квалитетот на морската вода за 110 локации, што Институтот ја спроведе во периодот од 30 август до 3 септември годинава, покажаа дека на 84,5 отсто од локациите, морската вода била со одличен квалитет, во 9,1 отсто водата била со добар квалитет, додека на 6,4 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет.Резултатите покажуваат дека морската вода е безбедна за пливање и рекреација.Што се однесува до квалитетот на морската вода по општини, во Улцињ, од вкупно 18 локации каде што се спроведува Програмата за мониторинг на санитарен квалитет, во 15 од нив морската вода била со одличен квалитет, додека во 3 задоволителен квалитет.Анализите покажаа дека морската вода е со одличен квалитет на 11 локации во општина Бар, добра на 2 локации, а задоволителен квалитет и на 2 локации во овој град.Кога станува збор за општина Будва, Програмата се спроведува на 32 локации, од кои 28 со одличен квалитет на водата, а останатите 4 локации со добар квалитет.Во Которскиот залив, во општина Тиват, од вкупно 9 локации, водата била со одличен квалитет на 8, додека на 1 локација била со задоволителен квалитет.Анализите покажаа дека во Котор водата била со одличен квалитет на 11 локации, добра на 3 локации, а задоволителна на 1 локација. Во Херцег Нови примероци од вода се земени на вкупно 21 локација, од кои 20 се со одличен квалитет, а 1 со добар квалитет.

Магазин | пред 3 години

IMG_5620

(ФОТО) „Еве зошто се скапи лежалките“: Сцена од црногорска плажа го насмеа регионот

Во екот на туристичката сезона социјалните мрежи се преплавени со фотографии од плажите, кои ги документираат најразновидните идеи на туристите.Луѓето обично носат пешкири на плажа, но еден турист отишол чекор подалеку и со себе донел чадени ребра кои ги закачил под својот чадор.На Фејсбук профилот „Podgoricki vremeplov“ е објавена фотографија која стана вирална на интернет.На фотографијата се гледаат зачадените ребра кои висат под чадорот, а туристите очигледно отишле на капење пред да ја конзумираат храната.„Еве објаснување зошто лежалките се скапи“, напиша еден од корисниците, алудирајќи на тоа зошто цените секоја година се повисоки.Под објавата имаше хумористични коментари: „Сланината најдобро оди со домати“, „Ова го добивате со лежалки и чадор... хит понуда ова лето“.

Магазин | пред 3 години

lavce

(ВИДЕО) Лавот од Куманово за кој постапуваше полицијата, може да е истиот од Будва

Холандскиот ветеринар, Џуно Ван Зон кој го прегледуваше лавчето наречено Симба во Црна Гора што талкаше низ шумите во околината на Будва во изјава за Мета.мк рече дека не ја отфрла можноста да станува збор за истото лавче што кон крајот на септември минатата година се возеше во луксузните автомобили на кумановци, пишува Мета.мкСпецијалистот за лавови од организацијата за заштита на животни, „Четири шепи“ (Four Paws) по прегледот на лавчето констатира дека се работи за мажјак на возраст од околу 5 месеци кој моментално тежи 29 килограми.Џуно Ван Зон рече дека во моментот кога лавчето го пронајдоа бројните црногорски активисти кои се ангажираа по јавниот повик на Агенцијата за заштита на животна средина во Црна Гора, било многу исцрпено и дехидрирано.„Лавчето беше многу слабо и дехидрирано, долго време немало адекватна исхрана и затоа не ја отфрлам можноста постои шанса и да е малку постаро“, рече ветеринарот.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

HDevgnkNxU-sokriena-plaza-vo-crna-gora-koja-izgleda-kako-da-ste-na-karibite

ТВ Клан: Причина за давењето на младиот тетовец е силна струја

Силната морска струја што често се јавува на црногорското крајбрежје на Јадранското Море е причина за давењето на 21-годишниот тетовецот Енис Халили, објави „Клан Македонија“. Енис заминал да работи за време на летната сезона во туристичкото место Утјеха, на потегот меѓу Улцињ и Бар.Соседот на Енис, Беким Рамадани, се повика на вестите од црногорските портали.– Влегол во вода околу 17 часот и веројатно поради силни струи во водата се удавил. Сопственикот на објектот каде што бил вработен, им се јавил на родителите за да им каже дека изгубиле контакт со момчето. Подоцна спасувачките екипи успеале да го пронајдат и да го извадат мртвото тело околу 19 часот – изјави Рамадани за несреќниот случај од саботата.Родителите на Енис заминале во Црна Гора за да го подигнат посмртните останки.– Тоа е животот. Во потрага по подобра егзистенција, се случи трагедија на еден млад тетовец. Енис велеше дека ќе оди таму, дека ќе работи, дека многу ќе се труди за да си обезбеди подобар живот – вели Рамадани.Како што соопшти македонското МНР по добиените официјални информации од властите на Црна Гора, првичниот увид утврдил дека станува збор за давање, зашто на телото на починатиот немало траги на насилство.

Македонија | пред 3 години

mnr-5-1

Македонецот кој се удави во Црна Гора е од Тетово

Момчето кое се удави во Црна Гора е од Тетово.Maкедонското Министерството за надворешни работи(МНР) ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Македонија починало во Црна Гора.„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин, Е.Х. роден 2000 година во Тетово, му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха“, велат од МНР.Во тек е обдукција за цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.

Македонија | пред 3 години

jadransko-more-crna-gora-1

Македонец се удави во Црна Гора

Дваесет и двегодишен млад маж од Македонија се удави денеска околу 18 часот на плажата Утјеха, меѓу Бар и Улцињ, пишува Новости.Жителите на Утјеха дознале дека младото момче денеска пристигнало во овој мал залив каде што требало да работи сезонски.Од полицијата потврдија дека младиот човек се удавил и дека на телото немало траги на насилство.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања