„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ЦРНА ГОРА

Screenshot-2025-08-15-at-23.01.48

Неуспешен атентат во Црна Гора: млад Македонец пукал кон висок член на Шкаљарскиот клан

Црногорската полиција распиша меѓународна потерница по 18-годишниот Андреј Танасковски од Македонија, осомничен за вооружен напад врз висок член на криминалната група од Будва, поврзана со Шкаљарскиот клан. Станува збор за обид за ликвидација на 56 годишниот Марко Љубиша со прекар Кан.Според истрагата, минатата недела во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Пржно, Танасковски испукал два куршуми кон 56-годишниот Марко Љубиша, познат како Кан, нанесувајќи му повреди во пределот на главата. Нападот бил извршен од непосредна близина, но младоста и неискуството на напаѓачот ја спречиле ликвидацијата – при обидот да го извади оружјето, се лизнал на влажните плочки и промашил.Полицијата утврдила дека осомничениот престојувал во хотелот под лажен идентитет, користејќи фалсификувана лична карта на име Јован од Србија, со цел да го следи движењето на целта и да го изведе нападот во погоден момент.По нападот, Танасковски побегнал преку оградата на базенот и се изгубил во непознат правец. Од МВР на Црна Гора предупредуваат дека секој кој ќе му помогне или ќе го сокрие може да биде кривично одговорен.Македонската полиција потврди дека е во координација со црногорските органи за расчистување на случајот. Кан, на кого веднаш му била укажана медицинска помош, е пуштен на домашно лекување.Танасковски се товари за обид за убиство, нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материи и фалсификување документи.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-crna-gora1

(Видео) Пожарите ја пеплосаа и Црна Гора, загина војник кој гаснел!

Војник на Армијата на Црна Гора загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во регионот Куча, соопшти Министерството за одбрана. Станува збор за помладиот водник Дејан Божовиќ (42) од Даниловград, кој загинал во несреќен случај, и водникот Марко Иковиќ (43), кој е повреден. Несреќата се случила во услови на намалена видливост поради густ чад. Владата го прогласи 14 август за Ден на жалост во чест на загинатиот војник.Пожарите во Црна Гора и понатаму предизвикуваат големи проблеми. Иако жариштата во Пипери и Куч беа ставени под контрола, пламенот повторно се разгоре синоќа. На терен се пожарникари и војници, а помош пристигнува и од регионот и Европската Унија – со хрватски и италијански канадери, хеликоптери од Србија и најавена поддршка од Австрија и Унгарија. Српскиот хеликоптер „Камов“, кој вчера слета во Подгорица, од рано утро интервенира над Ѓурковиќи – Рогами и досега испуштил 248 тони вода.Градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ, изјави дека ситуацијата е под контрола, но поради сериозноста на пожарите мора да се внимава со прогнозите, бидејќи состојбата се менува од час во час. Моментално најголемите жаришта се во Куч – Убли, Бејово, Фундина и Купушци.Полицијата во Бар вчера уапси 38-годишен косовски државјанин, осомничен за подметнување пожар кај Заљево, кој зафатил ниска вегетација. Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека постојат индиции дека дел од пожарите биле намерно предизвикани, додека во Буљарица причината била несреќен случај. Тој порача дека казните за палење пожари треба да се заострат и ги повика граѓаните да пријават доколку забележат палење.фото: YouTube/Print Screen

Свет | пред 6 месеци

Crna-gora-pozar

(ВИДЕО) Црна Гора немоќна во борбата со пожарите, бара странска помош-загрозени се и плажите!

Шумските пожари кои беснеат на повеќе локации во Црна Гора, меѓу кои и во близина на Подгорица, ја натераа владата да побара помош однадвор. Активирани се меѓународните механизми за поддршка, вклучувајќи го Евроатлантскиот центар за координација на одговор на катастрофи при НАТО, како и Механизмот на Европската унија за цивилна заштита. Паралелно се бара и билатерална помош од други земји.Пожарите веќе зафатија големи површини и предизвикаа оштетувања на објекти и домови. Неколку пожарникари се повредени, а властите признаваат дека расположливите ресурси не се доволни за справување со кризата. Огнот се шири на тешко достапни места, при високи температури, силен ветер и суша, поради што е побарана и воздушна поддршка. Загрозени се дури и плажите преполни со туристиВо моментов активни жаришта има во општините Подгорица, Будва, Бар, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље. Најсериозна е состојбата кај местото Пипери, каде што пламенот се приближува до куќи, а неколку домаќинства веќе се евакуирани. Главниот патен правец Подгорица–Никшиќ е затворен за сообраќај.„Воздушните капацитети на Црна Гора работат со полн интензитет, но поради обемот на пожарите и техничките ограничувања не можат да одговорат на сите потреби“, соопшти владата, додавајќи дека временската прогноза предвидува продолжување на неповолните услови.Премиерот Милојко Спајиќ вети поддршка за граѓаните кои претрпеа штета, со цел надминување на последиците и надомест на загубите. Тој се заблагодари на Хрватска, Србија, Словенија, Европската унија и НАТО за нивната помош.Во акцијата за гаснење учествуваат и канадер од Хрватска и хеликоптер од Србија.фото. Инстаграм

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-at-09.05.42

Полупразни плажи и високи цени: Црногорскиот туризам под сенка на скапотија и празни апартмани

Иако календарски сме веќе при крајот на јули, туристичката сезона на црногорското приморје сè уште не доби вистински замав. Полупразни плажи, речиси напуштени градини на кафеани и ресторани, и повеќе од 50 отсто слободни соби и апартмани во приватното сместување ја враќаат сликата на деновите од пандемијата, известува Nova.rs.Но, и покрај слабиот интерес на туристите, цените не паѓаат. Веста дека во Пржно – блиску до Свети Стефан – изнајмување лежалка чини и до 200 евра предизвика бурни реакции. На градските плажи, пак, цените се движат од 15 до 120 евра, а приватен апартман чини меѓу 40 и 90 евра – зависно од локацијата и капацитетот.Иако низ улиците се слушаат разни странски јазици – италијански, германски, шпански – а во градовите постојано има Руси, Украинци и Турци, локалните жители велат дека ги чекаат само Србите.„Гостите од Србија трошат сè што ќе донесат, не жалат пари, а другите се штедливи. Немаме дури ни оние ’парадајз туристи’. Цените треба итно да се намалат, можеби август ќе не спаси“, вели Милјана, сопственичка на козметички салон во Будва.Најскапо е – на плажа. За еднодневен престој на четиричлено семејство, потребни се најмалку 50 евра, дури и ако останат само неколку часа. Во делови каде што има лежалки – распостилање сопствен пешкир е забрането. Цените на кафе, пијалаци и храна се и до трипати повисоки од оние во внатрешноста на градот. Сладоледот, исто така, чини двојно или тројно повеќе од оној во маркет.Изнајмувачите, особено оние кои нудат приватен сместувач, велат дека оваа година едвај ги покриваат трошоците.„Се потпиравме на гости од Србија и Босна. Им ги намаливме цените до крај, но под тоа веќе не можеме – трошоците се огромни“, вели Драган Поповиќ, кој изнајмува апартмани во близина на Петровац. „Туристите од другите земји доаѓаат за три дена и си одат. Не оставаат ни бакшиш.“Додека Грција станува попривлечна дестинација поради попристапните цени и понуда, во Црна Гора се зголемува бројот на незадоволни угостители кои стравуваат од финансиски крах.Црногорското приморје во моментов живее во туристичка неизвесност. Цените се европски, но интересот е подпросечен, а стравот од празни маси и непродадени лежалки расте. Останува надежта дека август ќе донесе барем дел од очекуваната сезона.

Свет | пред 7 месеци

Нема фотографија

Денес ден на жалост и во Црна Гора поради вчерашната трагедија во Кочани

По повод трагедијата во Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост.„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време и со ова ја информира јавноста дека понеделник, 17 март, во Црна Гора ќе биде Ден на жалост. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со Северна Македонија“, напиша црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Икс. 

Македонија | пред 11 месец

crna-gora-policija

Од утре секојдневни блокади низ патиштата во Црна Гора

Неформалната Црногорска студентска група „Камо Сјутра?“ најавија дека од утре, 3 февруари, секојдневно ќе блокираат по еден пат во Црна Гора додека не се исполнат нивните барања, јавуваат локалните медиуми, пренесува Anadolu.Клучните барања на студентската група се разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот на Црна Гора Алекса Бечиќ бидејќи, според нив, ништо не е направено за да се спречи повторување на злосторствата слични на она што се случи во Цетиње на 1 јануари оваа година.„Дваесет и три минути врева ќе започне во 17 часот и 26 минути. Точната локација ќе ја објавиме во 16 часот и 26 минути на нашите мрежи. Сите на улиците! Сите за нашето безбедно утре!“ изјави групата на Х.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-02-at-10.29.30

Мештаните од Цетиње за убиецот: Беше врвен автомолар, којзнае што му се случи

Масовниот убиец од Цетиње Ацо Мартиновиќ се самоуби откако убил најмалку дванаесет лица, соопшти полицијата. Мартиновиќ, кој бил во бегство, полицијата го лоцирала недалеку од неговата куќа во Цетиње.„Откако полицијата го опколи и откако виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до клиничкиот центар“, изјави на прес-конференција директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ.Тој додаде дека напаѓачот убил најмалку дванаесет лица, но можно е да има и повеќе жртви. Четири лица се тешко ранети. Меѓу жртвите има и две деца на возраст од 10 и 13 години и сите се најблиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.Мартиновиќ злосторството го започнал во ресторан во Велестово во близина на Спортскиот центар. По инцидентот меѓу него и гостин, тој отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму уби четири лица. Потоа ги убил членовите на неговото семејство и две деца на возраст од 10 и 13 години на три познати локации. Шќепановиќ рече дека мотивот се уште се утврдува.Граѓаните на Цетиње велат дека не можат да ја опишат тагата што ги погодила.„Убиецот не го познавав многу добро, работеше како автомеханичар. Синоќа низ Цетиње се слушаа стенкање и плач. Се уште не сме закрепнале од трагедијата што не снајде во 2022 година, а сега ова нѐ погоди нас“, рекоа граѓаните Цетиње, пренесува Рина."Не се караше со никој од соседството. Беше мирен, искрен и повлечен. Што се случи вчера, никој не знае. Дали беше алкохол или нешто друго, никогаш нема да дознаеме", изјавил за агенцијата еден од првите соседи.Тој додава дека Мартиновиќ бил врвен мајстор за фарбање на автомобили и дека не бил оженет.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-02-at-18.33.02

Ова се дел од жртвите на убиецот од Црна Гора

Браќата близнаци Милош и Марко Мартиновиќ се меѓу жртвите што ги уби масовниот убиец Ацо Мартиновиќ (45) новогодишното попладне во масакрот во Цетиње во Црна Гора. Седум мажи, три жени и две деца биле убиени во масакрот, според Вијести.Ацо Мартиновиќ уби најмалку 12 луѓе во луда треска. Масакрот почнал во велестовската кафеана во Цетиње, каде меѓу другите ги убил сопственикот Марко Вулетиќ и неговите две деца на возраст од 10 и 13 години. Убил на две други локации.Како што изјави министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ, Мартиновиќ ги одзел животите и на некои членови на неговото семејство. Во престрелката се ранети четири лица кои се во тешка состојба во КЦЦГ. Според ТВЦГ, повредени се М.А.(1983), Р.Д., В.М.(1984) и М.М.„По вербална расправија со луѓето со кои го поминал цел ден, Мартиновиќ влегол во конфликт со друго лице. Потоа отишол дома, земал оружје, се вратил и го извршил делото. После тоа се оддалечил, а познато е дека убиствата ги извршил на три различни локации“, изјави директорот на црногорската полиција.Тој побегнал, а по повеќечасовна потрага бил пронајден во населбата Хумчи во Цетиње, недалеку од неговата куќа. Тој се обидел да се самоубие и на пат кон болница им подлегнал на повредите.„Полицијата го опколи и направи прстен. Тој беше во безизлезна ситуација, опколен од сите страни. Откако му наредиле да го спушти оружјето, тој си пукал во главата. Откако се повредил, бил направен обид за транспорт до КЦЦГ, но им подлегнал на повредите“, рече Шќепановиќ.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-02-at-10.12.51

Протекуваат нови детали: Ацо во Цетиње уби седум мажи, три жени и две деца на пет локации, Црна Гора размислува за радикален потег

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ на социјалната мрежа Х напиша дека на седницата на Советот за национална безбедност ќе се разгледаат сите опции, како и целосна забрана за поседување оружје бидејќи, вели Спајиќ, тоа не треба да биде на улица и во рацете на оние кои можат да им наштетат на другите. Тој објави и тридневна жалост.- Затоа ќе побарам од новоименуваните раководители на безбедносниот сектор да понудат решенија за обезбедување на безбедноста на нашите граѓани од утре. Јавниот повик за итно вработување на дополнителен број полицајци ќе биде објавен првиот работен ден, без да се чека мислењето на ЕК и Советот на Европа, па итноста ќе ја објасниме подоцна. Уште еднаш апелираме до сите општини да ги откажат сите концерти вечерва. Владата на итна седница донесе одлука - од утре во нашата земја ќе биде тридневна жалост, најави синоќа Спајиќ.https://x.com/MickeySpajic/status/1874557520280211629Обвинителката Андријана Настиќ соопшти дека на пет локации се извршени 12 убиства, а на шестото Ацо Мартиновиќ се самоубил. Убиени се вкупно 13 лица, од кои осум мажи (меѓу нив и убиецот), две деца и две жени.На две локации убил четири лица, на третата две деца, а на останатите две едно лице.Уште четири лица се хоспитализирани и се борат за живот, јавува РТЦГ.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-02-at-10.29.30

Мртов е масовниот убиец од Цетиње! Убил десет луѓе

Министерот Данило Шарановиќ изјави дека бегалецот Ацо Мартиновиќ се обидел да си го одземе животот, но дека не починал на лице место, туку на пат кон болница.Вршителот на должноста директор на полициската управа Лазар Шќепановиќ изјави дека Мартиновиќ се наоѓал во населбата Хумци.ВД директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ вели дека ова е втора трагедија во последните две години што го погоди Цетиње.Осомничениот напаѓач Ацо Мартиновиќ бил баран во 2022 година, кога кај него било пронајдено оружје. За тоа дело е осуден на три месеци затвор, но пресудата не е правосилна, јавува Радио Телевизија Никшиќ.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-02-at-10.12.51

(Видео) Сите детали за масакрот во Црна Гора: прво убивал во кафуле, па во дом на семејство

Осомничениот за повеќекратно убиство во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, прво убил четири лица во кафуле во близина на Спортскиот центар, по што се упатил на другата страна на градот, во селото Хумци, каде во куќа убил две деца и ја ранил сопругата на сопственикот на ресторанот. Уште едно лице е убиено на трета локација.Во Цетиње владее опсада, а полицијата ги блокирала сите приоди кон градот, јавуваат репортерите на ТВ вестите.Државната обвинителка во Вишото државно обвинителство Андријана Настиќ изјави дека истрагата ќе се води на три локации.Телевизија „Вијести“ објави и дека Мартиновиќ пред две години бил уапсен поради поседување оружје и закани, но не се знае каква казна му е изречена.Осомничениот за повеќекратно убиство во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, бил лоциран во средата вечерта во комплексот на поранешната фабрика „Обод“ во главниот град на Црна Гора, јави Радио Цетиње.Информацијата дека е лоциран Мартиновиќ ја потврди и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во изјава за ТВ Вијести. Пронајден е и неговиот автомобил. Се работи за син Фиат.„Полицијата е во многу тесна координација со Агенцијата за национална безбедност. Мислам дека наскоро ќе го лоцираме, поточно мислам дека е веќе лоциран. Потрагата е активна“, изјави Спајиќ за ТВ Вијести.Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ соопшти дека во трагедијата на Цетиње загинале сопственикот на ресторанот „Велестово“ и некои членови на неговото семејство.Шарановиќ рече и дека меѓу жртвите има и членови на семејството на Аце Мартиновиќ, осомничен за извршување на убиствата.Во масакрот во Цетиње загинаа најмалку 10 лица, меѓу кои две деца, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица во моментов се борат за животите на четворица жители на Цетиње, изјави во средата вечерта министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ.Директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ на прес-конференцијата објасни како се случило злосторството и рече дека по убиството на четири лица, Мартиновиќ продолжил со крвавиот поход на три други локации.Тој додаде дека според официјалната евиденција, Мартиновиќ немал регистрирано оружје кај него.Тој рече дека Ацо Мартиновиќ е вооружен и опасен и тврди дека се уште е на територијата на таа општина.„Ова е опасна личност, несовесна и брутална“, додаде тој.Тој рече и дека Мартиновиќ во 2005 година добил условна казна за насилничко однесување и дека во 2022 година биле преземени одредени мерки, вклучително и претрес, при што била пронајдена воздушна пушка, друго оружје и експлозиви. Мартиновиќ тогаш првостепено беше осуден на три месеци затвор, но пресудата не стана правосилна.Сите полициски единици, вклучително и припадниците на Специјалната полициска единица (СЈП) со часови трагаат по осомничениот, а во готовност е и армијата.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-01-191432

(Видео) Масакр во Црна Гора: неофицијално - најмалку седум убиени, меѓу кои и две деца

Неколку лица се убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје по физичка пресметка во локално кафуле, потврдија за црногорски „Вијести“ од повеќе неофицијални извори.Според истите информации, полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње.Според неофицијални информации загинале четворица мажи и две деца, а ранети се уште три лица.Според информациите на Вијести од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во ресторан во градот Бајице кога А.М. отворил оган врз неколку лица. После тоа, според достапните информации, пукал на улица.РТЦГ јавува за седум убиени лицаПорталот на Радиотелевизија на Црна Гора јавува дека има најмалку седум загинати.Ранетите во пукањето во Цетиње со возило на брза помош се пренесени во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица.

Свет | пред 1 година

crna-gora-eu-1-750x430-1

Кај нас за сите пратеници по 2.000 евра, но не и во Црна Гора: само 28 од 81 пратеник добиле волку пари

Црногорските пратеници фасцинирани што дел од нив ќе земаат над 2.000 евра плата, која во Македонија, пратениците ја добиваат секој месец, изминативе скоро две години.Таму пратениците имаат драстично пониски плати од платите кои се исплаќаат на македонските пратеници. Сепак, за разлика од Македонија, во Црна Гора, нема сите пратеници да ја добиваат оваа плата, туку само дел.Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 пратеници во ноември добиле над 2.000 јавија црногорските медиуми.Платите на пратениците во Црна Гора, се повисоки од 1 октомври, а со Предлог-измените на Законот за платите на вработените во јавниот сектор, предложен од Владата, се планира нивно зголемување во просек за околу 600 евра.Претседателот на Собранието Андрија Мандиќ имал најголема заработка во ноември, 2.793 евра. Повеќе од 2.000 евра добил и потпретседателот на Собранието Никола Чамај 2.640 евра и други пратеници.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-110703

Запален автомобилот на познат инфлуенсер: Ова е втора потенцијална закана по животите на моите најблиски

Црногорскиот инфлуенсер Јован Радуловиќ попознат како Јоџир се огласи откако во Подгорица повторно му беше запален автомобилот.Во понеделникот по полноќ бил опожарен автомобил марка „голф“, а Радуловиќ веднаш го пријавил случајот во полиција.Инфлуенсерот не крие дека е загрижен, пред се, за безбедноста на своите најблиски.„Ова е втор сериозен напад на мојот имот и втора потенцијална закана по животите на моите најблиски, поради што денеска побарав од надлежните итна проценка за безбедноста на членовите на моето семејство и на мене. Исто така, ги повикав да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврди кој стои зад нападот“, рече Радуловиќ.Инаку, ова не е прв пат да му се запали автомобилот на Радуловиќ. Пред три години тој остана без возило, но тој случај се уште не е расветлен.

Свет | пред 1 година

ubistvo-zene-podgorica-2

(Фото) Хорор во Подгорица: жена убиена во двор со неколку истрели

39-годишната Г.М. е убиена ноќеска по полноќ во Подгорица, неофицијално е кажано од црногорската Управа на полицијата.Според истите информации, убиството се случило во дворот од куќата на улицата Манастирска, пишува Вијести.Полицијата соопшти дека работи на расветлување на кривичното дело. Засега не се познати мотивите на ова дело, како и осомничените.Наводно, жената била убиена со неколку истрели.Полицајците ја опколиле куќата во која се случило злосторството, а соседите се собрале на улицата и со неверување гледале во насока на полицајците кои вршеле увид, пренесуваат црногорските медиуми.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања