„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ЦРНА ГОРА

budva

Силно невреме пристигна во Црна Гора: Центарот на Будва е под вода, целото шеталиште поплавено

Силно невреме во Црна Гора создаде бројни проблеми, во Подгорица паднатите гранки го отежнуваат сообраќајот, додека центарот на Будва е под вода, бидејќи новиот атмосферски канал не го реши проблемот, пренесува Вијести.Од „ТК Плаза“ во Будва велат дека состојбата е полоша отколку пред реконструкцијата на улицата на 22 ноември, каде во моментов низ таа недовршена улица течат струи на вода.Невремето не ја поштеди ниту Подгорица, каде паднатите гранки од дрвја го отежнуваат сообраќајот речиси по целиот булевар Свети Петар Цетињски.Улицата е под вода, а проблемите со поплавите се уште поизразени, велат за „Вијести“. Деловниот трговски центар TQ Plaza е особено на удар. Водата го поплави целото шеталиште, бидејќи каналот што е изграден завршува токму кај поштата, а не оди во морето.

Свет | пред 1 година

siluvanje

Хорор во Црна Гора: Една година сексуално злоставувaно малолетно дете

В.С.(45) од Украина е уапсен во Црна Гора под сомнение дека малтретирал дете.Според полицијата, се сомничи дека В.С., кој живее во Подгорица, од август 2023 година до 25 јуни 2024 година, односно моментот на пријавувањето, сексуално вознемирувал 13-годишен малолетник.„За настанот е известен обвинителот при Вишото државно обвинителство во Подгорица, по чија наредба е лишен од слобода В.С.“, се додава во соопштението.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Повторно дојави за бомби во црногорските судови: Полицијата на нозе

Основниот, Вишиот и Апелациониот суд во Подгорица денеска повторно добија пријави за подметнати бомби.„Полицијата прави се што е во нејзина надлежност, и да ја утврди вистинитоста на пријавата, односно дали има нешто, и да ги утврди фактите и околностите во врска со самата пријава, кој ја испратил“, изјавија од полицијата до Порталот Адриа ТВ од Подгорица.Пријавите за бомби во Црна Гора особено зачестија по 2022 година, не само во судовите, туку и во образовните институции.

Свет | пред 1 година

ukraina-struja

Се враќа струјата во Црна Гора

Речиси целото подрачје на Црна Гора остана без струја 40 минути, по што почна постепеното вклучување, пишува црногорскиот весник Побједа. Сепак, струја се уште нема во Далмација, БиХ и Албанија.Во краткото соопштение за медиумите на Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС) се наведува дека проблемот бил прекин на црногорската електродистрибутивна мрежа.Како што дознава Televizija Vijesti, меѓу градовите во Црна Гора цело време струја имале само Плевља и Жабљак.Во исто време цела Босна и Херцеговина остана без струја, пренесува Дневни аваз. Во Сараево е особено хаотично, пишува весникот, каде од мрежата е исклучен целиот систем за сообраќајна сигнализација. Струја нема во Тузла, Брчко, Бања Лука, Мостар, Зеница, Јајце.Танјуг, пак, јавува дека струја нема ниту во добар дел од Албанија, односно во градовите Тирана, Драч, Елбасан, Ѓирокастро, Скадар. Според првите информации причина е дефект на високонапонските водови.Како што неофицијално дознава Хина од хрватскиот преносен систем, дошло до дефект на електричната мрежа низ три земји - прво почнало во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил Босна и Херцеговина, а потоа дел од Хрватска - цела Далмација, сите пат до Риека, наводно до трафостаница Бриње.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Првата „плажа за хиџаб“ се отвора во Црна Гора

Во Улцињ, Црна Гора, се отвора првата плажа за сите муслиманки кои носат хиџаб.Оваа плажа ќе биде затворена, со околу 10-20 лежалки, а пристапот до сите останати ќе биде забранет.Инаку, познато е дека во Улцињ муслиманите се мнозинство од населението. Според податоците од пописот од 2011 година, околу 73% од вкупното население се изјасниле како муслимани.Инаку, хиџабот е традиционална исламска облека која ги покрива косата, вратот и рамената на жените додека лицето може да се открие. Кои жени ќе одлучат да носат хиџаб зависи од различни фактори: регионалните верувања, културните норми и законите на одредена земја.На пример, во исламот, хиџабот е задолжителен за сите жени по пубертетот, додека многу жени го носат како израз на нивната вера.Во некои муслимански заедници, носењето хиџаб е дел од културната традиција и општествените норми, додека во некои земји постојат закони кои бараат носење хиџаб во јавност.

Магазин | пред 1 година

Crna-gora

Црна Гора, станови до 20 евра: Еве што всушност можете да најдете за тие пари

Се ближи летната сезона, а Црна Гора е обично една од главните дестинации. Но, во контекст на поскапувањето на летните аранжмани, годинава многумина веќе почнаа да бараат „станови до 20 евра“.Барем така покажува пребарувачот Гугл, а ние се обидовме да видиме што може да се најде на црногорското приморје за тие пари на стартот од сезоната.Како што е вообичаено да ја започнеме летната сезона на 15-ти јуни, ние ја започнавме нашата потрага на Airbnb од тој датум и ги „искажавме“ стандардните 10 ноќевања.Разочарување на самиот старт - во Тиват, за 15-20 евра од ноќ, најдовме само кревет за едно лице во хостел и шатор. А во Будва го нема ниту тоа.Сепак, потрагата не беше залудна и набрзо стигнавме до над 20 резултати кои одговараат на дадениот буџет.Најприфатлива е двокреветна соба во Сутоморе, која во дадениот период се издава за речиси нереални 10 евра од ноќевање. Очекувано е многу скромна и е малку подалеку од плажата (наводно 500 метри), но има тераса со поглед на море, чајна кујна и мало купатило.Излегува дека има опсег на сместување во Сутоморе до 20 евра, особено ако сте подготвени да направите некои компромиси. За 13 евра од ноќ најдовме соба со два посебни кревети, фрижидер и клима, иако бањата и кујната ја делите со други гости, а за 20 евра - дури три лица можат да преноќат во студио со свои кујна, бања, клима и тераса со со поглед.Во Бар најдовме еднокреветна соба од 15 евра - како што е наведено, се наоѓа во куќа со вкупно 4 спални соби и голема градина, на еден километар од плажа, две минути од пазар и 20 минути пешачење до центарот. Во собата може да се сместат еден возрасен и до две деца.Во Улцињ има повеќе опции за „стан под 20 евра“. Најдовме една двокреветна соба „речиси во центарот на градот, а сепак надвор од гужвата и вревата“ - за вкупно 17 евра од вечер и исто така високо оценети од претходните гости. Исто така, делењето соби се чини е популарна опција во Улцињ, каде, како во хостел, плаќате само за вашиот кревет - од 10 до 15 евра.

Магазин | пред 1 година

crna-gora-policija

Црна Гора го уапси поранешниот специјален обвинител

Рано утрово се уапсени поранешниот главен специјален обвинител Миливое Катниќ и поранешниот висок полициски функционер Зоран Лазовиќ.Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство на Црна Гора.,,Катниќ и Лазовиќ се лишени од слобода поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела:создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба”, соопшти портпаролот на Специјалното обвинителство.Во тек е претрес на нивните станови и други простории во Подгорица, Цетиње, Будва и Бијело Поље, за да се откријат траги од кривичното дело и предмети кои можат да бидат корисни за постапката, најави портпаролот Радоњиќ.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Повторно силен земјотрес во Црна Гора

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Црна Гора.Да потсетиме, земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран и синоќа во 21 часот и 7 минути на 30 километри северозападно од Никшиќ, и 75 километри од Подгорица.

Свет | пред 1 година

crna-gora-policija

Нов послаб потрес во Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора, а неговиот епицентар беше во истото подрачје каде пред два дена беше регистриран силен земјотрес кој ги вознемири жителите на таа земја, но и целиот регион. Како што соопшти Црногорскиот сеизмолошки институт, во саботата во 6 часот и 11 минути е регистриран помал земјотрес со епицентар на четири километри југозападно од градот Чараѓе во општина Никшиќ и на длабочина од 14 километри.„Јачината на овој земјотрес во фокусната точка беше 3,6 степени според Рихтеровата скала, така што овој земјотрес не можеше да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, велат црногорските сеизмолози.Црна Гора во четвртокот ја погоди земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика мала материјална штета во селата во општина Никшиќ и ги вознемири жителите на Црна Гора, како и жителите на Босна и Херцеговина и Хрватска. По тој земјотрес во истото подрачје се случија уште 30 помали потреси. Во април 1979 година Црна Гора беше погодена од катастрофален земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа 101 лице.Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 76 километри источно-југоисточно од Мостар и 22 километри североисточно од Билеќа.

Македонија | пред 1 година

crnogorsko-sobranie-tenzii

(Видео) Тепачка и хаос во црногорското Собрание

Тензично со тепачка е во црногорското Собрание. На седницата избувна конфликт меѓу пратеникот на Демократската партија на социјалистите, Оскар Хутер и дел од пратениците од коалицијата „За иднината на Црна Гора“. Додека пратеникот Хутер држеше гобор, пратеникот Радуновиќ фрли нешто кон него, а тој постојано повторуваше „срам да ти е“.И по дадената пауза, жестоката расправа продолжи, а Хутер и Кнежевиќ повеќепати се обидуваа физички да се нападнат, но беа спречени од останатите пратеници.Пратениците на ДПС Данијел Живковиќ и Андрија Николиќ побараа да се повика обезбедување, се приближија до масата на Мандиќ, кој по кратка дискусија се оддалечи од местото.?si=t5372Vf16vZdwfWH

Свет | пред 1 година

b4a38f8b-9ce4-40fd-9d35-e78c3beee39a

Пожар во Црна Гора, четири лица загинаа - тројца од нив се малолетници

Четири неидентификувани лица загинаа во пожар во Бар во Црна Гора.Црногорската телевизија „Вијести“ од полициската управа потврди дека меѓу жртвите има и тројца малолетници.Пожарот избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица, јавува Бар инфо.„Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните од Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде што живеат лица од ромско население. Пожарот зафатил неколку згради. На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири неидентификувани тела“, велат од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.Екипите се уште се на терен.

Свет | пред 2 години

155664342864a660c9bc40c833471337_v4_big

Евакуирани судовите и обвинителството во Црна Гора

Зградата во која се наоѓаат Врховниот, Вишиот и Апелациониот суд на Црна Гора утрово е евакуирана поради заканувачка порака која пристигнала на нивните адреси.Во пораката стоело дека во тие судови биле поставени експлозиви и антракс.Поради заканата, евакуирано е и Врховното државно обвинителство, а во заканувачкиот мејл пишува дека експлозиви биле поставени и во општина Подгорица.

Свет | пред 2 години

Screenshot-2023-08-09-085745

(ВИДЕО) Виртуелна водителка чита вести на црногорски медиум

Читателите на порталот „Дан“ од Подгорица од крајот на јули секој работен ден читаат вести во форма на информативна емисија на виртуелна водителка Ана А.И.Нема презиме. Има убава шминка, главно правилна дикција и без нервоза.Уредникот на порталот Дан, Мили Прелевиќ, за Радио Слободна Европа (РСЕ) објаснува дека новинарите ја пишуваат веста, а потоа Ана А.И.Проектот, прв од ваков вид во Црна Гора, беше направен со помош на генеративна вештачка интелигенција (AI), технологија која може да произведе различни типови на содржина, вклучувајќи текст, слики, аудио и синтетички податоци.Придобивката од вештачката интелигенција зависи од употребатаУпотребата на вештачката интелигенција во новинарството покренува бројни прашања, пред се во областа на етичката употреба.Михаило Баковиќ, експерт за вештачка интелигенција, вели дека вештачката интелигенција е корисна алатка за продуктивност, но опасна доколку се најде во рацете на некој кој има намера да произведува пропаганда во огромни количини.„Употребата на вештачката интелигенција сама по себе не е проблематична, се додека уредувачката политика на медиумите применува високи етички стандарди и не дозволува злоупотреба на овие технологии“, изјави Баковиќ за RSE.Според него, потребно е човек секогаш да ја верификува содржината и да го има последниот збор при објавувањето.„Да речеме само, Дан никогаш не треба да објавува содржина генерирана од вештачка интелигенција без прво уреднички преглед. Ова би било опасно и затоа што модерните системи за генерирање вештачка интелигенција имаат мала тенденција да „халуцинираат“, односно да генерираат изјави кои се неточни“.Прелевиќ: Нашата водителка е речиси совршенаМили Прелевиќ, уредник на порталот Дан, кој прв во Црна Гора ја користел оваа технологија, предностите на овој модел на работа ги гледа во совршенството на презентацијата на Ана.„Ana AI не е несигурна, не губиме време на шминка, не ни треба снимател. Ние избираме дали ќе биде сина или црна, што ќе облече. Со мали корекции на дикција, тоа што ќе му го дадам на виртуелниот најавувач, знам дека ќе биде совршено прочитано“, вели Прелевиќ за РСЕ.Од друга страна, новинарката и водителка на телевизијата „Вијести“, Данијела Ласица вели дека без оглед на грешките на водителот, новинарството без човечки емоции би било страшно и опасно.

Магазин | пред 2 години

20230723105635

Ако сакате да се туширате на плажа во Црна Гора, ќе мора да платите

Ако сакате да се туширате на плажа во Црна Гора, за услугата ќе морате да платите.Лежалките на црногорските плажи се бесплатни за користење по 17 часот, но тушевите не се бесплатни. Како што пишува „Телеграф“, доколку сакате да ја отстраните солта од телото откако ќе излезете од вода, ќе мора да платите за тоа – половина евро. И во Хрватска за истото се наплаќа.

Магазин | пред 2 години

11012881596378fd0aa4c97551415373_v4_big

(ВИДЕО) Црногорска телевизија сред вести додека известуваше за Украина објави видео игра

Црногорската телевизија РТЦГ одигра сцени од видео игра заедно со најновите вести од Украина, кои го изненадија целиот регион.На социјалните мрежи се споделува моментот кога зад водителот на вестите наизменично се менуваат сцени од играта, а коментарите на изненадените луѓе едноставно доаѓаат.„Трансформерите доаѓаат утре“, „Добро ги совладаа овие игри“, „Изгледа привлечно, вистинската снимка е некако досадна“, пишуваат луѓето на мрежите.https://twitter.com/didileja/status/1593883123464429568?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1593883123464429568%7Ctwgr%5E67b14b06b7fd45609339ea81dee1ce8fb5d141fe%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzivot%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D11dd%3D20nav_id%3D2245123

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања