Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Црна Гора, станови до 20 евра: Еве што всушност можете да најдете за тие пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
Crna-gora

Се ближи летната сезона, а Црна Гора е обично една од главните дестинации. Но, во контекст на поскапувањето на летните аранжмани, годинава многумина веќе почнаа да бараат „станови до 20 евра“.

Барем така покажува пребарувачот Гугл, а ние се обидовме да видиме што може да се најде на црногорското приморје за тие пари на стартот од сезоната.

Како што е вообичаено да ја започнеме летната сезона на 15-ти јуни, ние ја започнавме нашата потрага на Airbnb од тој датум и ги „искажавме“ стандардните 10 ноќевања.

Разочарување на самиот старт - во Тиват, за 15-20 евра од ноќ, најдовме само кревет за едно лице во хостел и шатор. А во Будва го нема ниту тоа.

— реклама —

Сепак, потрагата не беше залудна и набрзо стигнавме до над 20 резултати кои одговараат на дадениот буџет.

— реклама —

Најприфатлива е двокреветна соба во Сутоморе, која во дадениот период се издава за речиси нереални 10 евра од ноќевање. Очекувано е многу скромна и е малку подалеку од плажата (наводно 500 метри), но има тераса со поглед на море, чајна кујна и мало купатило.

Излегува дека има опсег на сместување во Сутоморе до 20 евра, особено ако сте подготвени да направите некои компромиси. За 13 евра од ноќ најдовме соба со два посебни кревети, фрижидер и клима, иако бањата и кујната ја делите со други гости, а за 20 евра - дури три лица можат да преноќат во студио со свои кујна, бања, клима и тераса со со поглед.

— реклама —

Во Бар најдовме еднокреветна соба од 15 евра - како што е наведено, се наоѓа во куќа со вкупно 4 спални соби и голема градина, на еден километар од плажа, две минути од пазар и 20 минути пешачење до центарот. Во собата може да се сместат еден возрасен и до две деца.

Во Улцињ има повеќе опции за „стан под 20 евра“. Најдовме една двокреветна соба „речиси во центарот на градот, а сепак надвор од гужвата и вревата“ - за вкупно 17 евра од вечер и исто така високо оценети од претходните гости. Исто така, делењето соби се чини е популарна опција во Улцињ, каде, како во хостел, плаќате само за вашиот кревет - од 10 до 15 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

crna-gora

Забрането капење на четири плажи во Црна Гора поради загадена морска вода

Балкан | пред 1 ден

media-librarykvstqdiqugijfZghT2k

(Видео) Хаос во Собранието на Црна Гора: „Лажго“, „битанга“ – жестока расправија меѓу Кнежевиќ и Шарановиќ

Настани | пред 1 ден

media-library9q1va1tjbc59eSaLeOQ

(Фото) Во Црна Гора уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за ликвидација на член на криминална група , со лажен идентитет се криел од Интерпол

Македонија | пред 1 ден

media-library89imf99g3oog9VhoNmO

Црна Гора воведе платено менструално отсуство за жени со одредени гинеколошки заболувања

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања