Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Данок

media-libraryim3ps9lpkli2170NfW1

Калајџиев реагира: УЈП бара данок за патни трошоци од 2020 година

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев на социјалните мрежи објави дека добил две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци од 2020 година, реагирајќи иронично дека, доколку државниот буџет е празен, е подготвен да ѝ даде заем на државата.„Деновиве добив не едно, туку две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци како ‘доход’ за далечната 2020 година. Ако е празен буџетот, да ви дадам заем?“, напиша Калајџиев.Тој појаснува дека бил испратен од државата како експерт во меѓународна организација, каде работел про боно, а средствата кои ги добил од Совет на Европа не биле ниту дневници ниту хонорар, туку исклучиво рефундација на реални трошоци за пат и исхрана. Сепак, од него сега се бара да плати 10 проценти персонален данок на тие износи, и тоа пет години подоцна.Реакцијата на Калајџиев доаѓа во период кога до редакцијата се обраќаат и повеќе граѓани со слични поплаки, тврдејќи дека Управа за јавни приходи започнала да наплатува персонален данок за приходи од работа во странство, исто така почнувајќи од 2020 година. Според нивните сведоштва, станува збор за лица кои со уредни работни визи и дозволи за престој работеле надвор од државата, најчесто на Блискиот Исток, при што во Македонија престојувале помалку од два месеци годишно.Тие наведуваат дека платите им биле исплаќани на сметки во домашни банки, но дека сметале оти, со оглед на тоа што престојувале надвор од земјата повеќе од 183 дена годишно, не се даночни резиденти и немаат обврска за плаќање персонален данок во Македонија. Дел од нив тврдат дека за ова добиле и усни уверувања од службеници во УЈП. По речиси пет години, велат тие, започнале да добиваат решенија со кратки рокови за плаќање, а сумите во некои случаи достигнуваат и неколку илјади евра.Како дополнителен проблем го посочуваат фактот што Министерство за внатрешни работи не издава потврди за влез и излез од државата за 2020 година, со образложение дека тие податоци не се чуваат подолго од пет години, поради што граѓаните не можат да го докажат реалниот престој во странство. „Зошто не бевме известени навреме, во 2020 или 2021 година, и дали е правично целиот товар да падне врз граѓаните?“, прашуваат тие.Директорката на УЈП, Елена Петрова, ги отфрла обвинувањата за ретроактивно оданочување, истакнувајќи дека законската обврска постоела и претходно и дека тоа што не била доследно применувана не значи дека не важела.Засегнатите граѓани најавуваат дека ќе бараат институционално и правно решение, предупредувајќи дека ваквата пракса погодува илјадници семејства и сериозно ја доведува во прашање нивната финансиска стабилност.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања