Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Калајџиев реагира: УЈП бара данок за патни трошоци од 2020 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryim3ps9lpkli2170NfW1
ФБ

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев на социјалните мрежи објави дека добил две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци од 2020 година, реагирајќи иронично дека, доколку државниот буџет е празен, е подготвен да ѝ даде заем на државата.

„Деновиве добив не едно, туку две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци како ‘доход’ за далечната 2020 година. Ако е празен буџетот, да ви дадам заем?“, напиша Калајџиев.

— реклама —

Тој појаснува дека бил испратен од државата како експерт во меѓународна организација, каде работел про боно, а средствата кои ги добил од Совет на Европа не биле ниту дневници ниту хонорар, туку исклучиво рефундација на реални трошоци за пат и исхрана. Сепак, од него сега се бара да плати 10 проценти персонален данок на тие износи, и тоа пет години подоцна.

— реклама —

Реакцијата на Калајџиев доаѓа во период кога до редакцијата се обраќаат и повеќе граѓани со слични поплаки, тврдејќи дека Управа за јавни приходи започнала да наплатува персонален данок за приходи од работа во странство, исто така почнувајќи од 2020 година. Според нивните сведоштва, станува збор за лица кои со уредни работни визи и дозволи за престој работеле надвор од државата, најчесто на Блискиот Исток, при што во Македонија престојувале помалку од два месеци годишно.

Тие наведуваат дека платите им биле исплаќани на сметки во домашни банки, но дека сметале оти, со оглед на тоа што престојувале надвор од земјата повеќе од 183 дена годишно, не се даночни резиденти и немаат обврска за плаќање персонален данок во Македонија. Дел од нив тврдат дека за ова добиле и усни уверувања од службеници во УЈП. По речиси пет години, велат тие, започнале да добиваат решенија со кратки рокови за плаќање, а сумите во некои случаи достигнуваат и неколку илјади евра.

— реклама —

Како дополнителен проблем го посочуваат фактот што Министерство за внатрешни работи не издава потврди за влез и излез од државата за 2020 година, со образложение дека тие податоци не се чуваат подолго од пет години, поради што граѓаните не можат да го докажат реалниот престој во странство. „Зошто не бевме известени навреме, во 2020 или 2021 година, и дали е правично целиот товар да падне врз граѓаните?“, прашуваат тие.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, ги отфрла обвинувањата за ретроактивно оданочување, истакнувајќи дека законската обврска постоела и претходно и дека тоа што не била доследно применувана не значи дека не важела.

Засегнатите граѓани најавуваат дека ќе бараат институционално и правно решение, предупредувајќи дека ваквата пракса погодува илјадници семејства и сериозно ја доведува во прашање нивната финансиска стабилност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП ги откри најголемите заработки: 4,2 милиони евра за гевгеличанец, 4,1 милион за охриѓанец, највисоката плата е 189.000 евра бруто месечно

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh44hrq08ibh3bV4Yktx

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања