ДРОГА

4

(ВИДЕО) Запленета дрога вредна околу 300.000 евра

Во текот на вчерашниот ден (31.05.2022) во прилепско, Министерството за внатрешни работи, поточно полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола - ОВР Прилеп, реализираа акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога, во која беше пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел - Република Грција, а беа запленети околу 86 кг марихуана во вредност од околу 300.000 евра и од слобода е лишено едно лице.Имено, во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства.Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, а А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот. Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по чл.215 за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, по чл.383 за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и по чл.396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, сите според Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 години

droga-prodazba

Посетители на концерт во Скопје фатени со дрога

На 28/29.05.2022 од страна на Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Карпош, при извршена контрола на посетители на музички концерт во објект на подрачјето на Карпош и во два угостителски објекта во Скопје лишени се од слобода 7 лица.Притоа, кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Р.Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронадена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х.(20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

droga-UO

Пронајдени марихуана, кокаин, екстази во ресторани во Скопје

Во периодот од 21.30 часот на 09.04.2022 до 03.00 часот на 10.04.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Притоа, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети екстази, кои биле лишени од слобода.Имено, кај М.Ѓ.(33) и кај Д.Д.(31) била пронајдена марихуана, кај К.Т.(33) и кај Е.И.(24) била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.И.(48) била пронајдена „екстази“, кај И.С.(24) кокаин, кај С.С.(25) биле пронајдени бела прашкаста материја и дигитална вага. По извршените проверки било утврдено дека Д.Д. бил баран по потерница од Основен суд Охрид за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во СВР Охрид за понатамошна постапка.Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања