„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

дрога

IMG_5244

МВР откри низа случаи поврзани со дрога низ државата – поднесени кривични пријави и извршени приведувања

Во повеќе одделни полициски акции спроведени изминатиот период, МВР откри повеќе случаи поврзани со производство, трговија и поседување дрога. Десетици лица се приведени или пријавени, а кај дел од нив се одземени марихуана, хероин и други недозволени супстанци. Следуваат деталите од полицискиот билтен:На 25.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.А.(38) од с.Арнакија, скопско и Ј.Т.(25) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случите ќе следуваат соодветни поднесоци.СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Б.(41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и семки од растението канабис.СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З.(22) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 25.08.2025 во двор на основно училиште во с.Банско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Марихуана е пронајдена и кај уште едно лице, која му ја дал пријавениот.ОВР Валандово поднесе кривична пријава против М.Ј.(53) и Н.Ш.(32), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. На 26.07.2025 на влез во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „рено“, управувано од првопријавениот, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, а потоа при извршена анализа на урина кај пријавените е констатирано присуство на метаболити од тетрахидроканабиниол.На 25.12.2025 во 17:26 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје е пријaвено дека околу 16:30 часот при извршен претрес во соба кај притворениците Д.Д., Г.С., Р.М. и Х.У. е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 дена

media-librarycuv8lbqa7nkefbq4mTm

Пукање во Сараево: Од автомобил пукале кон маж, полицијата откри оружје и дрога

Во Сараево синоќа, во полициска акција, беа уапсени двајца мажи, Ф.П. (1998) и А.Х. (2001), поради сомнение дека сториле обид за убиство во населбата Кобиља Глава. Се сомнева дека во ноќта кон недела, во 00:35 часот, од автомобил во движење пукале кон В.Д. од Сараево, кој исто така се наоѓал во возило, но за среќа не се здобил со повреди.Пронајдени оружје и дрогаОперативната акција ја спровеле службениците на Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево, под надзор на надлежното обвинителство. При претрес на возилото и станбените простории што осомничените ги користат на подрачјето на Стари Град, пронајден е цел арсенал.„Со извршениот претрес на возилото и станбените простории кои осомничените ги користат на подрачјето на Стари Град, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една автоматска пушка, еден пиштол, два детонатори, одредена количина муниција, повеќе ПВЦ пакувања во кои имало материи што асоцираат на опојни дроги хероин, кокаин и марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети од интерес за истрагата“, соопштија од МВР на Кантонот Сараево.За што се товарат осомниченитеПоради низа тешки кривични дела, Ф.П. (1998) од Сараево е уапсен поради сомнение за обид за убиство, оштетување на туѓа ствар, недозволено држење оружје и експлозивни материи, како и неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги. Вториот осомничен, А.Х. (2001) од Сараево, се товари за обид за убиство, оштетување на туѓа ствар и кривично дело по член 74 од Законот за набавување, држење и носење оружје и муниција на Кантонот Сараево.„Осомничените се наоѓаат на криминалистичка обработка во Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево, по што ќе бидат предадени на надлежното Кантонално обвинителство на Кантонот Сараево“, се додава во соопштението.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjiqlvejrdoogbqggILa

Трамп го прогласи фентанилот – најсмртоносната дрога во Америка – за хемиско оружје за масовно уништување

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера потпиша извршна уредба со која фентанилот се прогласува за „оружје за масовно уништување“, со што овој синтетички опиоид не се третира само како смртоносна дрога, туку и како потенцијално хемиско оружје.Уредбата наложува и Пентагон и американското Министерство за правда да преземат дополнителни мерки во борбата против производството и дистрибуцијата на оваа супстанца. Одлуката доаѓа во период кога администрацијата на Трамп сè почесто применува поригорозни и поизразено милитаризирани методи во борбата против криумчарењето дрога.Од Белата куќа соопштија дека оваа мерка „ги активира сите алатки за борба против картелите и странските мрежи одговорни за преплавување на заедниците со оваа смртоносна материја“, со предупредување дека фентанилот може да се искористи за „концентрирани, масовни терористички напади од организирани противници“.„Илегалниот фентанил е поблиску до хемиско оружје отколку до наркотик“, се наведува во уредбата на Трамп. Засега не е јасно какви непосредни последици ќе има оваа одлука врз националните политики. Веќе постојат кривични дела за закана со употреба или обид за употреба на оружје за масовно уништување.Историски гледано, оружјето за масовно уништување се дефинира како „радиолошко, хемиско, биолошко или друго средство наменето за нанесување штета на голем број луѓе“, според американското Министерство за внатрешна безбедност.Уредбата следи по обидите на администрацијата на Трамп оваа година да ги прогласи нарко-картелите за странски терористички организации, што би послужило како оправдување за воена интервенција против нив.Од почетокот на септември администрацијата на Трамп извела повеќе од 20 напади врз пловила за кои се сомнева дека се поврзани со криумчарењето дрога во Карипското Море и Тихиот Океан, при што биле убиени повеќе од 80 лица.Војни аналитичари предупредуваат дека картелите кои оперираат во Карипскиот регион најчесто пренесуваат кокаин, а не фентанил, кој главно се упатува кон Европа, а не кон САД.Многу од хемикалиите потребни за производство на фентанил доаѓаат од Кина. Мексико е најголемиот извор на незаконски фентанил што завршува во САД, додека оваа супстанца е еден од водечките причини за смртни случаи од предозирање, иако бројот на такви случаи е во опаѓање последните години.Трамп и понатаму го посочува фентанилот како една од најголемите закани, настојувајќи проблемот да го решава со трговски мерки и построги казни за криумчарите.

Свет | пред 1 седмица

kokain-2

Уапсен „грчкиот Ескобар”, запленет брод полн кокаин

Грчките власти информираа дека е разбиена меѓународна мрежа за шверц со кокаин.Како што го нарекуваа „грчкиот Ескобар”, беше уапсен во Катерини на брод полн со кокаин кој беше запленет во Атлантскиот Океан. Неговиот брод криумчарел голема количина кокаин од Латинска Америка до Европа. Тој е мозокот на најголемата кокаинска банда која некогаш дејствувала во Грција.Операцијата се водела во соработка со американската Агенција за борба против дрога (DEA).Пет лица се уапсени во овој случај, уште петмина биле приведени на самиот брод од француските власти.

Свет | пред 1 седмица

droga-zaplena-marihuana-kokain

Пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства: СВР Струмица приведе пет лица

На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ј.Ќ.(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.На 26.11.2025 во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.Исто така на 26.11.2025, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) од Струмица, К.Ц.(23) од Струмица и Д.М.(44) од село Раклиш. При преглед на лицата, кај Д.М. (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Уапсен скопјанец со поголема количина дрога

На 21.11.2025 околу 20:00 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.В.(44) од Скопје.При преглед кај лицето пронајдена е поголема количина марихуана и други видови на наркотични средства. Д.В. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп најавува дека ќе изврши напади во Мексико за да го спречи шверцот на наркотици во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да изврши напади во Мексико доколку е потребно. Негова цел е да се спречи криумчарењето нелегални наркотици во САД.„Вака ќе кажам: Не сум задоволен од Мексико”, рече Трамп.Тој посочи дека нема да одговори на прашањето на новинарите дали би побарал дозвола од мексиканската влада за започнување напади, ни изјави дека е во контакт со властите во Мексико Сити.Трамп очекува поддршка од пратениците од двете партии по обраќањето во Конгресот каде ќе побара дозвола за напади.

Свет | пред 1 месец

diler-veles

Татко-инспектор му бришел докази од мобилниот телефон на синот осомничен за дрога, заработи кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје во Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, Одделение за криминалистичка полиција при СВР Тетово и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога во Отсек за недозвоилена трговија со дрога и оружје, Одделение за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368-а од Кривичниот законик, извести Министерството за внатрешни работи.„Првопријавениот, кој бил задолжен да постапува по предмет во кој две лица биле лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215,  му овозможил на второпријавениот, кој не бил работно ангажиран и е родител на едно од лицата лишени од слобода, да има целосен увид во службената документација, да располага и да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода, да дава насоки при постапувањето и да биде присутен и да учествува во разговорот со лицата лишени од слобода. Исто така, овозможил привремено одземениот мобилен телефон од едно од лицата лишени од слобода, кај кого била пронајдена поголема количина на дрога, да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата“, соопшти МВР.Втoропријавениот, иако не бил работно ангажиран, активно се вклучил во преземање на службените дејствија во предметот во кој неговиот син бил лишен од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, при што му било овозможено да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Џ.Н. и О.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_6897

Запрени во „БМВ“, фатени со кокаин: бркотница на полицајци со дилери на дрога на автопатот Тетово-Гостивар

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, за кои постои сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.„На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична дрога кокаин. Нивниот автомобил БМВ полицијата го забележала на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Брвеница, и бидејќи се движеле нестабилно, со цик цак движења, полициските службеници им дале сигнал да застанат. Кога подзапреле, едниот осомничен се обидел од под совозачкото седиште да исфрли ќеса со дрога, но полицајците го спречиле во намерата. Освен дрогата, кај осомничените била пронајдена и дигитална вага со траги од кокаин и поголема сума парични средства, односно 206 000 денари и 1150 евра во различни апоени, кои поради сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога привремено се одземени.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за едниот осомничен, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryc96r15v2mbnm8Lh2S6I

(Видео) Син на британски милионери уапсен во Бангкок – во куфер му пронашле 9 килограми дрога, му се заканува смртна казна

Тајландската полиција уапси 23-годишен британски државјанин под сомнение дека се обидел да прошверцува голема количина наркотични средства.Џорџ Вилсон од Бакингемшир бил приведен во хотел во Бангкок, каде што, според полицијата, во неговиот куфер биле пронајдени 9,1 килограм кристален метамфетамин – дрога позната и како „ајс“. Пакувањата биле сокриени во алуминиумски кеси со ознаки за чај.Тајландската метрополитенска полиција соопшти дека против него е поднесена обвинителна пријава за поседување наркотични средства од прва категорија со намера за продажба. Во Тајланд ваквото кривично дело се казнува со доживотен затвор или дури со смртна казна.Официјално е наведено дека полицијата претходно добила дојава за можна примопредавање на дрога во хотелот кој го следеле, по што била спроведена рација и Вилсон бил уапсен. Снимките од апсењето прикажуваат како тој негира дека знаел што има во куферот.Британското Министерство за надворешни работи потврди дека е во контакт со тајландските власти по апсењето на својот државјанин, но засега нема дополнителни информации. Семејството на уапсениот и неговите адвокати сè уште не се огласиле.Медиумите во Британија јавуваат дека Вилсон потекнува од исклучително богато семејство, чии родители се занимаваат со организација на големи концерти и поседуваат имот вреден милиони евра.

Свет | пред 2 месеци

media-librarymqmp6g0rf7nc3xPkWLk

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште неовластено произведувале марихуана. Засадиле 100 семки канабис на нива во месноста викана Пчиња, од кои изникнале 80 растенија кои ги одгледувале и ги наводнувале.На 27 септември осомничените биле затекнати од полициски службеници додека собирале цвет од канабис. На лице место биле пронајдени машини за одвојување на цветот од стеблото, 3 пластични кофи со вкупно над 4 килограми марихуана и повеќе вреќи со стебла од канабис.За истото кривично дело и Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице, кое неовластено произведувало и држело за продажба наркотична дрога – марихуана.Во дворот на осомничениот на улицата “Кадињача” во Скопје полицијата пронашла две растенија канабис кои ги одгледувал, а од домот биле одземени и 38 паковки со вкупно околу 30 грама марихуана и една дигитална вага со траги од канабис и кокаин.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3qfm2mjl286i6gH3pI8

Протести низ Буенос Аирес: Три жени силувани, мачени и убиени, злосторството пренесувано на „TikTok“

Три жени во Аргентина биле силувани, мачени и убиени, а злосторството било пренесувано во живо на социјалната мрежа TikTok, што предизвика бран на бес и протести низ целата земја. Триумфалните протести се одржаа во Буенос Аирес, каде илјадници граѓани бараа правда за 15-годишната Лара Гутиерез и 20-годишните Морена Верди и Бренда дел Кастило.Полицијата верува дека зад ужасниот чин стои нарко-банда, а видеото било емитувано како предупредување за други. Според истражителите, жртвите на 19 септември биле измамени во комби под изговор дека ќе одат на забава. Властите наведуваат дека тоа било дел од планот да се „казнат“ поради наводно прекршување на кодексот на бандата.Министерката за национална безбедност, Патриција Булрих, потврди дека до петокот се уапсени петмина осомничени - три мажи и две жени. Сепак, 20-годишен Перуанец, за кого се верува дека е лидер на групата, се уште е во бегство. Властите ја објавија неговата фотографија со надеж дека некој ќе го препознае.Јавиер Алонсо, министер за безбедност на провинцијата Буенос Аирес, изјави дека еден од притворените за време на распитот открил видео од инцидентот. На снимката се слуша лидерот на бандата како вели:Ова се случува на оние кои ми ја крадат дрогата.Телата на трите жртви беа пронајдени закопани во среда на имот во јужното предградие на Буенос Аирес, пет дена по нивното исчезнување.Семејствата на жртвите се придружија на протестната поворка до зградата на парламентот, гласно барајќи правда.Жените мора да бидат заштитени повеќе од кога било“, порача таткото на Бренда, Леонел дел Кастило. Тој претходно изјавил дека поради тежината на повредите не можел да го идентификува телото на својата ќерка.Дедото на 20-годишните роднини, Антонио дел Кастило, низ солзи ги нарече убијците „крволочни“.Она што им го направиле, не би направиле ни на животно“, рече тој.

Свет | пред 3 месеци

kokain-marihuana

(Фото) Прилепчанец фатен со над 32 килограми марихуана на патот Битола–Прилеп

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против 36-годишен жител на Прилеп осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.Според Обвинителството, на магистралниот пат А3 Битола–Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полицијата запрела автомобил „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски таблички. При извршен преглед во багажниот простор биле пронајдени две патни торби во кои имало 35 најлонски пакувања со марихуана, со вкупна тежина од 32,575 килограми.Во рамки на истрагата, обвинителството ќе преземе дополнителни дејствија за откривање на лицето или лицата од кои осомничениот ја набавил дрогата, како и за идентификување на потенцијални сведоци поврзани со случајот.Со оглед на тоа дека постои опасност осомничениот да се обиде да прикрие или уништи докази, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, јавниот обвинител поднесе предлог до судија на претходна постапка при Основниот суд во Битола за определување мерка притвор.

Македонија | пред 3 месеци

MixCollage-19-Aug-2025-09-24-AM-3094

Тројца уапсени во Кочани и Виница – пронајдени дрога, ваги и опрема за пакување

Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, кај нив е пронајдена дрога, информира МВР.На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Исто така, на 18.08.2025 во 22:00 часот во Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Г.П.(32) и А.А.(29), двајцaта од Виница. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото билепронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 месеци

kokain-solun

Грчката полиција „улови“ вредна пратка: Запленет кокаин вреден над 5,5 милиони евра во Солун, уапсени тројца

Грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнал на пристаништето во Солун, при што биле уапсени тројца членови на меѓународна криминална мрежа.Според информациите од полицијата, како што цитираат грчките медиуми, акцијата била резултат на податоци добиени од Националната агенција за борба со криминал на Обединетото Кралство, кои се однесувале на транспорт и морски увоз на контејнер со голема количина кокаин во Солун.Во средата бил лоциран контејнерот, а дрогата била пронајдена во специјално изработен скриен дел.Богатиот товар со интересен потпис „Дизел“ е откриен во пристаништето на 6 август:„Единицата за борба против организиран криминал разби меѓународна криминална организација чии членови транспортирале големи количини кокаин преку контејнери од Латинска Америка. Операцијата е спроведена врз основа на информации од Националната агенција за борба против криминал (NCA) на Велика Британија за испорака на контејнери со голема количина кокаин со брод од Латинска Америка до пристаништето во Солун.Во попладневните часови во среда, 6 август 2025 година, беше спроведена голема операција во соработка со Единицата за борба против организиран криминал на Северна Грција, Единицата за борба против шверц на царина и Единицата за информации и специјални операции. Во таа прилика, беше пронајден контејнер со специјално направено скривалиште, во кој имаше 271 килограм и 150 грама кокаин. Дрогата е запленета“, се вели во соопштението.Апсењата на осомничените биле извршени во саботата во едно атинско предградие.Тројцата приведени, на возраст од 32 до 47 години, имале различни улоги во процесот на увоз и трговија со дрогата. Нелегалната заработка од продажбата на запленетата количина се проценува на над 5,5 милиони евра, соопштија од грчката полиција.Фото: Greek police

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања