„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ДРОГА

vasil-jovanov

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога

Апелациониот суд во Скопје донесе нова одлука со која го осудува Васил Јованов на единствена казна затвор од три години и десет месеци за кривичното дело поврзано со неовластено производство и продажба на наркотични дроги, откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепена пресуда и го врати предметот на повторно одлучување.Како што информира судот, решението е донесено на јавна седница што се одржа на 11 јуни 2025 година, по предмет со ознака КЖ-481/25. Притоа, Апелација ја отфрли жалбата на обвинетиот како неоснована и го преиначи делот од пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во однос на изречената казна – наместо мерка упатување во воспитно-поправен дом, му е изречена ефективна затворска казна.Јованов е осуден на една година затвор за едно дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик и на три години за друго дело според истиот член во врска со член 22, по што му е изречена збирна казна затвор од три години и десет месеци, согласно член 44 став 2 точка 2 од КЗ.Одлуката ќе биде јавно објавена на веб страницата на судот, во согласност со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.Апелациониот суд веќе еднаш донесе иста пресуда во февруари годинава, отфрлајќи ја жалбата на Јованов, а прифаќајќи ја жалбата на скопското Обвинителство, со што наместо заводска мерка, беше определена затворска казна. Меѓутоа, Врховниот суд на 7 мај ја укина тогашната пресуда и наложи повторно судење.Освен оваа пресуда, Јованов на 13 мај годинава доби 12 години затвор поради признание на вина за тешко дело против безбедноста во сообраќајот – случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

droga-zaplena-2

Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети

На 12/13.07.2025 во период од 23.20 до 04.50 часот, полициски службеници од НККР Пробиштип, ПСОН Штип, СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, Управа за јавни приходи и Државен градежен инспекторат за урбанизам, во рамки на активности за откривање на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ (член 215 од КЗ), и „бесправно градење“ (член 244 од КЗ, а врз основа на судска наредба од Основен суд Штип, извршија претрес во дом и други помошни простории на лицата Љ.Н. и А.Н. од Пробиштип.Исто така, врз основа на судска наредба извршени се претрес и на станбени објекти, канцелариски простории, угостителски објекти, помошни простории и гаражи, кои се во сопственост или ги користи правно лице од Пробиштип, а лоцирани во с.Плешенци, пробиштипско.При претресите пронајдени се и одземени марихуана, три дигитални видео рекордери од поставен видео надзор и други предмети. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 месеци

droga-bugarija

Кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје, да го продаваат во Кавадарци

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ - по член 215 став 1 од КЗ на РСМ.Според документираните сознанија пријавените на 03.06. годинава од непознато лице во Скопје набавиле 185,4 грама наркотична дрога „амфетамин“, наменета за продажба. При транспорт, со патничко моторно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски таблички, управувано од Т.А. (а С.С. бил сопатник) на подрачјето на општина Росоман, биле сопрени од полициски службеници кои што дале знак за запирање на патничко возило. Меѓутоа тие не застанале се дале во бегство а С.С. ја фрлил од возилото наркотичната дрога. Меѓутоа набргу биле запрени и при преглед, кај С.С. била пронајдена 1.18 грама опојна дрога „амфетамин". По преземени оперативни мерки и активности фрлената дрога е пронајдена и одземена.

Македонија | пред 7 месеци

droga2

Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје

По претходно превземени оперативни активности, вчера (04.07.) полициски службеници од СВР Скопје врз основа на Судски наредби за претрес на дом и други простории извршија претреси кај две лица.Притоа при претресот кај лицето Н.Ј. (26) од Скопје во стан во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла со бела грутчеста материја, мало шишенце со семки од растение, поголема црна кеса со растителна материја, како и полиетиленска кесичка со растителна материја. Исто така пронајдени и одземени се и парични средства - две банкноти во апоени од 2000 денари, осум банкноти во апоени од 1000 денари, 20 банкноти во апоени од 500 денари.Дополнително при претресот од страна на таткото на лицето Н.Ј. доброволно биле предадени и четири куршуми, калибар и четири ловни со калибар од 12 мм.Во извршениот претрес, пак, кај лицето Д.Т. (26) во Волково, скопско, биле пронајдени и одземени: една тегла со растителна материја, зипер кесичка со растителна материја, полиетиленска кесичка со осум семки од растение, една дигитална вага, два грендери со материја, потоа три стебла од растение, како и две воздушни пушки со дрвен кундак и една кутија со дијаболи за воздушна пушка.Во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје лицата се лишени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 месеци

droga-bugarija

Поднесена кривична пријава против три лица од Скопје за испраќање дрога во затвор

СВР Штип поднесе кривична пријава против три лица од Скопје – В.Т. (41), М.П. (39) и Ф.Ѓ. (39), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според информациите од МВР, на 16 јануари 2025 година, во Казнено-поправниот дом Штип, во пакет наменет за првопријавениот – кој издржува затворска казна – бил пронајден и одземен амфетамин. Дрогата, како што се сомнева, му ја испратиле второпријавената и третопријавениот по пошта.Полицијата презема дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

DSC_0073

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис.Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.

Македонија | пред 8 месеци

Нема фотографија

(Видео) Запленети два тони кокаин на балкански картел: Се обиделе да ја сокријат дрогата меѓу парафински восок

Над 2,3 тони кокаин подготвен за европскиот пазар се запленети во пристаништето Картагена, во акција на Националната полиција на Колумбија. Контејнерот во кој се пронајдени 2.386 килограми кокаин бил на брод кој доаѓал од градот Паита во Перу, а неговата крајна дестинација е Шпанија, односно тамошното пристаниште во Барселона.Дрогата била скриена во контејнер за кафе, а картелот за кокаин пакувал и парафински восок за да ги спречи кучињата трагачи да ја откријат пратката.Според информациите на „Вијести“, кокаинот бил спакуван во 63 црни церади со црвени ленти, во кои биле скриени 2.390 „коцки“ кокаин. Во четири од тие „коцки“ е пронајден парафински восок.Со што се обиделе да избегнат кучињата трагачи да го намирисаат кокаинот, но безуспешно“, пренедува „Вијести“.Објаснуваат дека вреќите за кафе и поради силниот мирис, заедно со парафинот, им отежнувале на кучињата да им трагаат.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Голема акција на полицијата во Белград, запленети над 13 килограми дрога: Уапсени три лица, одземени и пари

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград, Полициската станица Нов Белград, во соработка со Единицата за интервенции 92, заплениле повеќе од 12 килограми марихуана и повеќе од еден килограм наркотична дрога за која постои сомневање дека е амфетамин и го уапсиле М.Ќ. (21), Г.Ѓ. (35) и Н.Ч. (23), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, соопшти Министерството за внатрешни работи.Полицијата во Чукарица извршила увид во станот, просториите и автомобилот „цитроен“ што го користел Г.Ѓ. пронајдени се околу 12 килограми марихуана спакувана во вреќи, килограм бела прашкаста материја за која постои сомневање дека е амфетамин спакувана во четири вреќи, вага за прецизно мерење и 23.000 динари.Исто така, со претрес на автомобил „опел астра“ во станот и просториите на осомничениот М.Ќ. на територијата на Чукарица пронајдени се вкупно 200 грама марихуана спакувана во тегла и 15 кесички, околу 30 грама бела прашкаста материја за која постои сомневање дека е амфетамин, како и 430.000 динари и 50 евра.Претресот на станот на осомничениот Н.Ч. во Чукарица полицијата пронашла околу 30 грама бела прашкаста материја слична на амфетамин спакувана во пет кесички.На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени до Вишото јавно обвинителство во Белград.

Свет | пред 1 година

IMG_4639

Амбасадор од Колумбија обвинет за трговија со дрога

Обвинителството на Колумбија го обвини амбасадорот на земјата во Никарагва за трговија со дрога, шест години откако беше уапсен со речиси 350 грама кокаин.Леон Фреди Муњоз е под истрага откако беше уапсен на аеродромот во Меделин во 2018 година.„На 31 мај 2018 година, полицијата пронашла торба со 146 грама кокаин во багажот на Муњоз на аеродромот во Меделин (северозападна Колумбија)“, рече обвинителката Марлен Орхуела Родригез за време на виртуелното сослушување пред Врховниот суд, пишува Tico Times.Според судските документи, во јануари 2020 година, истражителите пронашле дополнителни 200 грама кокаин во куферот.Обвинителот побарало затворска казна од 9 до 11 години за дипломатот за кривично дело трговија со дрога.Во моментот на апсењето, Муњоз бил избран за пратеник на Партијата на зелените. За време на рочиштето, тој тврдел дека дрогата му била „поставена во торбата од ривалска политичка групација“ и дека „не знаел ни што е кокаин“.Врховниот суд, кој го презеде случајот поради статусот на Муњоз како „висок функционер“, ќе ја донесе својата одлука на следното рочиште.

Свет | пред 1 година

IMG_6204

Косовската полиција привела македонски државјанин со над шест килограми хероин

Косовската полиција на 21.08.2024 година, по добиени информации за случај со наркотици, како резултат на преземање истражни и оперативни дејствија на терен, привела македонски државјанин осомничени и запленила наркотични супстанции од типот хероин и кокаин.Косовската полиција, односно Дирекцијата за истрага на трговијата со наркотици во Приштина, во соработка со локалните безбедносни институции, на 21.08.2024 година, по интензивна истражна работа на терен, презеле оперативни чекори, при што е идентификуван државјанин на Северна Македонија, кој беше осомничен дека кај него, подготвена за продажба, имало количество осомничена наркотична супстанца од типот хероин.Наведените осомничени ја донеле сомнителната наркотична материја кај други две лица, кои со автомобил го напуштиле местото на настанот.По интервенција на косовската полиција, кај пријавениот се пронајдени 6 (шест) пакувања со сомнителна наркотична супстанца од типот хероин со вкупна тежина од 6.137,6 грама (6 килограми и 137 грама), при што вредноста на осомничената наркотична материја од е одземен се проценува на околу 150.000 евра (сто и педесет илјади евра).Во врска со случајот како материјални докази се одземени и следните други материјални докази:• 2 мобилни телефони,• автомобил,• 4305 денари.Сите преземени дејствија и пронајдените докази се одземени по овластување на обвинителот старател.Осомничениот бил придружуван на разговор во присуство на бранителот и со решение на државен обвинител на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, додека по другите две лица полицијата трага.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Рекордна заплена на метамфетамин во Холандија

Рекордна заплена на повеќе од 3.200 килограми метамфетамин, со пазарна вредност од 22,4 милиони евра, е извршена на почетокот на март во пристаништето во Ротердам, соопшти денеска Јавното обвинителство на Холандија, додавајќи дека за тоа биле потребни неколку месеци. за лекот успешно да се уништи.Дрогата била откриена од царината при проверка, а била скриена во огромни кеси од Мексико во кои имало и одредени загадувачки материи, се наведува во соопштението на јавното обвинителство.„Дрогата беше скриена во песочна супстанца силно контаминирана со бакар и PFAS“, познати како „вечни загадувачи“ кои се речиси неуништливи, се додава во соопштението, во кое се наведува дека се барало решение за уништување на лекот заедно со загадувачот долго време.Обвинителството изјави дека дрогата била уништена дури минатата недела поради ова.Ова е досега најголемата заплена на таа синтетичка дрога во Холандија.Метамфетаминот е стимуланс кој припаѓа на семејството на амфетамини. Неговата хемиска структура е слична на онаа на амфетаминот, но неговите ефекти се два до пет пати поинтензивни и долготрајни, со поголема можност за зависност.Оваа синтетичка дрога се продава во форма на кристали, прав, капсули или таблети, а под различни прекари - „јаба“, „лед“ или „кристал мет“.

Магазин | пред 1 година

droga

Запленети 8,5 килограми кокаин од 13.000 евра: Уапсени две лица, претреси на повеќе локации во Белград

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со полициски службеници на полициската управа Чачак и на Полициското одделение за град Белград, ПС Вождовац и на Вишото јавно обвинителство во Ужице, ги уапсиле М.П.(37) и М.Б. (55), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.Полицијата при примопредавање на 100 грама кокаин ги уапсила М.П и М.Б. 160.000 динари, како и повеќе патнички моторни возила.На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Свет | пред 1 година

droga

Срби уапсени со дури 140 килограми дрога во Германија

По неколкумесечна работа на припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција и полицијата на германската покраина Саксонија, полицијата во Германија уапсила пет државјани на Србија и запленила 140 килограми марихуана, која ја пронашла при претрес на становите што ги користеле.Уапсени се С.С.(37), С.В.(40), Н.М.(31), Л.А.(28) и се наоѓаат во притвор во Германија.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Шест апсења во Скопје, со лисици заврши и малолетник: полицијата цела ноќ „тресеше“

На 08.06.2024 во 20.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.06.2024 во 17.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.06.2024 во 21.35 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.06.2024 во 22.20 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(22) од Кавадарци и М.Ч.(22) од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.06.2024 во 16.10 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(41) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

IMG_4334

(Видео) Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Државјанин на Македонија е приведен поради сомнение дека шверцувал поголема количина дрога преку граничниот премин Гуешево со соседна Бугарија.На 3 јуни, околу 19 часот и 45 минути, на излезната рута, службеници од Одделението за борба против трговија со дрога при Агенцијата „Царина“ пренасочиле автомобил со странски регистарски таблички за детален царински преглед. Во моторниот простор на возилото биле пронајдени 18 пакетчиња со бела кристална материја. На теренски тест, содржината реагирала на амфетамин. Неговата вкупна тежина е 21 килограм, додаваат од обвинителството.?si=lGQtedT8TwRiPmM8

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања