Промени тема
Контакт

Пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства: СВР Струмица приведе пет лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
droga-zaplena-marihuana-kokain

На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ј.Ќ.(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.

На 26.11.2025 во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.

— реклама —
— реклама —

Исто така на 26.11.2025, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) од Струмица, К.Ц.(23) од Струмица и Д.М.(44) од село Раклиш. При преглед на лицата, кај Д.М. (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.

— реклама —

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

101013308-147590

17-годишна девојка загина во сообраќајка кај Битола, четворица тешко повредени

Македонија | пред 17 минути

— реклама —
media-librarysfb0mrdknnhr8ORrY5B

Швајцарка уапсена во Куманово, попречувала полицајци при службени дејствија

Македонија | пред 20 минути

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Пијан Мексиканец уапсен во Ѓорче Петров: Нападнал полицаец со тврд предмет

Скопје | пред 22 минути

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Жена пријавила физички напад и недозволено допирање во угостителски објект во Гази Баба

Скопје | пред 24 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања