Промени тема
Контакт

(Видео) МВР разби ланец за транспорт на дрога: марихуаната пренесувана со шлепувано возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Настани
media-libraryf92q9lus3vhj7rjyoDi

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против М.З. (37), И.Б. (61) и Г.Б. (59), сите од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од МВР, на 26 јануари 2026 година, првопријавениот М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски регистарски ознаки. Во возилото, заедно со второпријавениот И.Б., сместиле наркотична дрога – марихуана, по што го контактирале третопријавениот Г.Б. за да го шлепува возилото од Струга до Скопје, за надомест од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.

— реклама —

По пристигнувањето во Скопје, М.З. и И.Б. побарале од Г.Б. за дополнителни 40 евра да продолжи со транспортот до Свети Николе, при што возилото „опел комбо“ било шлепувано зад товарно возило „ивеко“, а тие се превезувале во патничко возило „мерцедес“.

На регионалниот пат во близина на Свети Николе, полициски службеници, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации за транспорт на поголема количина дрога, го запреле товарното возило. При извршениот преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел комбо“, биле пронајдени осум торби со вкупно 50 пакувања марихуана.

— реклама —

По извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за вкупно 150 килограми марихуана.

— реклама —

Осомничените се опфатени со кривичната пријава и против нив ќе продолжи понатамошна постапка пред надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

101013308-147590

17-годишна девојка загина во сообраќајка кај Битола, четворица тешко повредени

Македонија | пред 17 минути

— реклама —
media-librarysfb0mrdknnhr8ORrY5B

Швајцарка уапсена во Куманово, попречувала полицајци при службени дејствија

Македонија | пред 20 минути

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Пијан Мексиканец уапсен во Ѓорче Петров: Нападнал полицаец со тврд предмет

Скопје | пред 22 минути

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Жена пријавила физички напад и недозволено допирање во угостителски објект во Гази Баба

Скопје | пред 24 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања