Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ДУРМИШИ

media-libraryin8s2pk7vhcqbymrOIB

Дурмиши: Новата минимална плата е 26.046 денари

Премиерот Христијан Мицкоски по денешната седница на Економско-социјалниот совет порача дека Владата се однесува одговорно и не сака да создава лажни очекувања за периодот по завршувањето на сегашниот мандат во 2028 година. Тој потврди дека зголемената минимална плата ќе започне да се исплатува веќе со мартовската плата.Се однесуваме одговорно во рамките на мандатот кој го добивме. Не преземаме обврски за периодот после 2028 година, како што бил случајот во минатото. Сакаме да сме одговорна влада која ќе ги реши напластените и наследени проблеми од нестручното менаџирање“, истакна Мицкоски.Премиерот нагласи дека во изминатиот период се регулирани односите со над 95% од гранковите синдикати преку Колективни договори. Тој посочи дека е постигнат значаен договор и со синдикатите УПОЗ и САДУ, во кој се вклучени и други организации, со што се затвориле долгогодишни отворени прашања во администрацијата.Новата минимална плата е 26.046 денари во нето-износ, односно 38.507 денари во бруто-износ, заедно со придонесите и данокот. Ова го објави министерот за економија Бесар Дурмиши, на прес-конференција по завршување на Економско-социјалниот совет.Министерот рече дека во нето-износ минималната плата се зголемила за 1.667 денари и дека зголемувањето веќе важи за мартовската плата што ќе се исплаќа во април.Растот на минималната плата е резултат на системско и законско решение за раст на минималнатa плата штитејќи го стандардот на населението, но истовремено водејќи сметка за одржливоста на економијата – рече Дурмиши.Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ја напушти седницата на Економско-социјалниот советДенеска, на мала врата пробаа да утврдат усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари во што ССМ нема мандат да учествува и ја напушти седницата на ЕСС. Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми. Борбата продолжува повторно на улица на средината на март – соопшти Трендафилов.

Македонија | пред 1 седмица

studenti

Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска го презентираше Законот за работно ангажирање лица, клучна реформа за сузбивање на сивата економија. Податоците покажуваат дека во земјава има околу 85 илјади неформално ангажирани работници, а новиот закон нуди поедноставен модел за нивна легализација без губење на стекнатите права.„Со овој закон испраќаме јасна порака дека државата е решена системски да ја сузбива сивата економија. Тоа значи поголема сигурност за работниците и предвидлива деловна клима за компаниите“, истакна Дурмиши. Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде што неформалното работење е најизразено – земјоделството, туризмот и угостителството.Проценките велат дека ќе се формализираат до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 во туризмот и услугите. Законот, кој почна да се применува од почетокот на годинава, овозможува ангажирање на студенти, пензионери и социјално ранливи категории, при што тие ги задржуваат сите социјални надоместоци и права од пензија или образование.Корисниците на социјална помош, пензионерите и студентите нема да ги загубат своите примања и статус додека се работно ангажирани.

Македонија | пред 1 месец

jovana-mojsoska

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата во Кочани, Законот за угостителство остана само ветување

На денешната седница за пратенички прашања од опозицијата, Јована Мојсоска од Левица упати прашање и до министерот за економија, Бесар Дурмиши, барајќи одговор кога ќе бидат доставени измените на законот за угостителска дејност кои беа најавени минатата година, по трагедијата во Кочани.„После незамисливата трагедија во Кочани еден од клучните системски пропусти за работата на дискотеката на смртта беше лоциран во недореченостите во законот за угостителска дејност. Лиценцата за работа на дискотека кој се однесува на исполнувањето на техничките услови на еден објект, како излези, заштита од пожари, вентилација и сѐ останато го пополнува самиот барател. Апсурдот во ова законско решение е во тоа што никој не проверува на терен пред да ја добие лиценцата дали изјавата на сопсвеникот е вистинита“, рече Мојсоска. Таа посочи дека ваквиот законски модел е како „да ви регистрираат кола само со изјава дека ви е технички исправна“ и дека ревизорите во извештајот за 2024 година констатирале дека издавањето лиценци за угостителски објекти се врши „без да има законска обврска за задолжителна проверка на исполнување на минималните технички услови“.„И по десет месеци по трагедијата, ако некој сака да добие лиценца за угостител тоа ќе може да го направи преку истиот Закон за угостителска дејност кој беше во правна сила и кога се случи трагедијата во Кочани. Јасно е дека позади ваквото лошо законско решение стојат профит интересите на одредени моќници од угостителскиот сектор, кои често се блиски и со самата власт“, додаде Мојсоска.Таа потсети дека министерот Дурмиши на 25 март минатата година најавил дека работна група веќе работи на измени на Законот за угостителска дејност, со зголемување на казните и забрана за работа по одземање на лиценците, доколку се утврди дека законските одредби не се почитуваат.„Моето пратеничко прашање е: дали до 25 март 2026 година, односно точно една година откако најавивте измени на законот, до нас како пратеници конечно ќе пристигне изменетиот Закон за угостителка дејност, со цел во иднина да спречиме, а да не констатираме системски трагедии, како што за жал ни се случува постојано во минатото?“, заврши Мојсоска.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања