Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата, вели Дурмиши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
studenti

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска го презентираше Законот за работно ангажирање лица, клучна реформа за сузбивање на сивата економија. Податоците покажуваат дека во земјава има околу 85 илјади неформално ангажирани работници, а новиот закон нуди поедноставен модел за нивна легализација без губење на стекнатите права.

— реклама —

„Со овој закон испраќаме јасна порака дека државата е решена системски да ја сузбива сивата економија. Тоа значи поголема сигурност за работниците и предвидлива деловна клима за компаниите“, истакна Дурмиши. Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде што неформалното работење е најизразено – земјоделството, туризмот и угостителството.

— реклама —

Проценките велат дека ќе се формализираат до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 во туризмот и услугите. Законот, кој почна да се применува од почетокот на годинава, овозможува ангажирање на студенти, пензионери и социјално ранливи категории, при што тие ги задржуваат сите социјални надоместоци и права од пензија или образование.

— реклама —

Корисниците на социјална помош, пензионерите и студентите нема да ги загубат своите примања и статус додека се работно ангажирани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jovana-mojsoska

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата во Кочани, Законот за угостителство остана само ветување

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања