Дурмиши: Нема сознанија за картелско здружување меѓу откупувачите на земјоделски производи, ќе има казни ако се утврди
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, вели дека во моментов нема сознанија за картелско здружување меѓу откупувачите на земјоделски производи, но доколку се појават индиции за нарушување на конкуренцијата, надлежните институции ќе реагираат.„Доколку има вакви сознанија за картелско здружување при откупот на земјоделските производи, Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе излезе на терен и ќе ги контролира сите здруженија и ќе ги казни во рамките на законските можности“, рече Дурмиши,
Македонија | пред 1 седмица