Промени тема
Контакт

Дурмиши: Преку ЕСС, во дијалог со синдикатите и работодавачите ќе започнеме процес кој ќе води кон сигурна и стабилна економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
17102024_Platforma-100-posveteni-za-tebe_2

„Минатата недела се одржа првата конститутивна седница на Економско социјалниот совет во кој освен синдикатите и работодавачите, претставници од Владата сме јас како министер за економија и труд кој ќе претседавам со ЕСС, министерката за финансии, министерот за социјална работа, демографија и млади и министерката за образование“, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

„За нас од клучно значење транспарентен социјален дијалог. Економско социјалниот совет е трипартитно тело на национално ниво преку кое ние во наредниот период ќе го водиме социјалниот дијалог.

— реклама —

На првиот конститутивен состанок ги слушнавме барањата и на работодавачите и барањата на синдикатите кои во наредниот период очекувам дека ќе дојдат до нас како официјални барања кои ќе ги разгледуваме заедно со моите колеги во Владата на некоја од следните седници.

Од една страна се барањата на синдикатите за поголема минималната плата, која согласно Законот за минимална плата треба да се зголеми во март следната година, но од друга страна тука се и проблемите кои се соочуваат работодавачите со недостаток на квалитетен и стручен кадар како и продуктивност на работниците.

— реклама —

За нас како главна стратешка определба е подобрување на перформансите на економијата, не може од една страна да растат платите на работниците, а од друга страна да нема продуктивност. За нас клучно е овие проблеми да ги решиме заеднички преку социјален дијалог, на тој начин може само да изградиме добра и стабилна економија. Ако немаме добра и стабилна економија тогаш не можеме да зборуваме за напредок на државата.

— реклама —

Затоа преку ЕСС, во дијалог со синдикатите и работодавачите ќе започнеме процес кој ќе води кон сигурна и стабилна економија“, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pari-1

До 500.000 денари владина поддршка за домашните производствени компании

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
electricity-meter-96863_1280

Ценовен шок во Југоисточна Европа: струјата над 500 евра за мегават-час

Свет | пред 1 месец

pari

Европа со минимални плати над 2.000 евра, Македонија при дното на листата

Македонија | пред 1 месец

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Три економии во ЕУ најбрзо растат, две останаа без економски раст

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања