Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ценовен шок во Југоисточна Европа: струјата над 500 евра за мегават-час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
electricity-meter-96863_1280

Екстремно високите температури и наглиот раст на потрошувачката предизвикаа рекорден скок на цените на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа, при што во одредени пикови цената надмина 500 евра за мегават-час.

Зголемената побарувачка главно се должи на масовното користење климатизери во услови на тропски температури. Дополнителен притисок создаваат сушата и намалениот водостој на реките, што го ограничува производството од хидроелектраните и го намалува расположливиот домашен енергетски ресурс.

На берзите во Грција, Бугарија, Унгарија и Србија дневните цени за краток период се зголемиле од вообичаените 80 до 100 евра на повеќе од 300 евра за мегават-час, а во одредени периоди надминале и 400 евра. Најголемите скокови се регистрирани во часовите кога потрошувачката го достигнува максимумот.

— реклама —

Ценовниот шок се чувствува и во македонскиот енергетски систем. Компаниите и индустриските потрошувачи на слободниот пазар се директно изложени на движењата на регионалните берзи, меѓу кои HUPX и IBEX, па растот на берзанските цени ги зголемува и трошоците за набавка на електрична енергија.

— реклама —

Домаќинствата на регулираниот пазар се помалку директно изложени на берзанските ценовни шокови, но долготрајниот раст на цените создава дополнителен товар врз државните енергетски компании. Во периоди на недостиг, потребата од увоз се зголемува токму во моментите кога електричната енергија е најскапа.

Експертите укажуваат дека проблемот не е само во зголемената потрошувачка и намаленото производство. Ограничената мрежна поврзаност меѓу Централна и Југоисточна Европа го отежнува преносот на поевтината електрична енергија од пазарите со вишок производство од обновливи извори кон земјите со недостиг.

— реклама —

Последниот ценовен шок повторно го отвора прашањето за долгорочни инвестиции во енергетскиот сектор. Покрај изградбата на нови капацитети од обновливи извори, се наметнува и потребата од поголеми капацитети за складирање, особено батериски системи, кои би можеле да ја намалат зависноста од скапата електрична енергија во периодите на најголема потрошувачка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Сподели како слика

Поврзани содржини

pari

Европа со минимални плати над 2.000 евра, Македонија при дното на листата

Македонија | пред 5 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Три економии во ЕУ најбрзо растат, две останаа без економски раст

Свет | пред 1 седмица

media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a

Европската централна банка ги избра учесниците за тестирањето на дигиталното евро

Свет | пред 4 седмици

IMG_5070

„Економијата не се мери со паника, туку со бројки“: Димитриеска-Кочоска го повика СДСМ на средба

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања