„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Дурмиши: Минималната плата во март 2026 ќе порасне за 1.500 до 2.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-05-at-12.24.23

Минималната плата ќе се зголеми во март 2026 година, а проценките се дека порастот ќе изнесува меѓу 1.500 и 2.000 денари, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во интервју за ТВ Шења. Тој нагласи дека одлуката нема да биде донесена под политички или јавен притисок, туку исклучиво според утврдената законска методологија.

Дурмиши потсети дека законот го дефинира моделот за пресметка на минималната плата, кој се темели на два клучни параметри – просечната плата и трошоците за живот. „Кога законските параметри ќе се усогласат во март, граѓаните ќе добијат повисока минимална плата. Формулата и методологијата за пресметка се усогласуваат од Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата“, истакна министерот.

— реклама —

Тој објасни дека пресметката се врши така што 50% од износот произлегува од просечната нето-плата од претходната година, а останатите 50% од индексот на трошоците за живот. „Имајќи ги податоците за изминатите 11 месеци, очекуваме зголемување од приближно 1.500 до 2.000 денари, во зависност од финалните бројки“, додаде Дурмиши.

— реклама —

Министерот подвлече дека Владата континуирано работи на подобрување на животниот стандард, а редовното усогласување на минималната плата останува еден од клучните механизми за поддршка на граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryin8s2pk7vhcqbymrOIB

Дурмиши: Новата минимална плата е 26.046 денари

Македонија | пред 1 месец

studenti

Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата, вели Дурмиши

Македонија | пред 2 месеци

jovana-mojsoska

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата во Кочани, Законот за угостителство остана само ветување

Македонија | пред 2 месеци

besar-durmishi

Дурмиши: Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва одобрен во Собранието, Северна Македонија обезбеди 4.400.906 евра

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања