Дурмиши: Минималната плата во март 2026 ќе порасне за 1.500 до 2.000 денари
Минималната плата ќе се зголеми во март 2026 година, а проценките се дека порастот ќе изнесува меѓу 1.500 и 2.000 денари, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во интервју за ТВ Шења. Тој нагласи дека одлуката нема да биде донесена под политички или јавен притисок, туку исклучиво според утврдената законска методологија.Дурмиши потсети дека законот го дефинира моделот за пресметка на минималната плата, кој се темели на два клучни параметри – просечната плата и трошоците за живот.
Македонија | пред 6 месеци