Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Дурмиши: Новата минимална плата е 26.046 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryin8s2pk7vhcqbymrOIB

Премиерот Христијан Мицкоски по седницата на Економско-социјалниот совет изјави дека Владата нема да создава лажни очекувања и нема да презема обврски за периодот по 2028, нагласувајќи решавање на наследени проблеми. Посочи дека со над 95% од гранковите синдикати се регулирани односи преку колективни договори, вклучително и договор со УПОЗ и САДУ. Министерот Бесар Дурмиши објави дека минималната плата се зголемува на 26.046 денари нето (38.507 бруто), односно за 1.667 денари, и важи за мартовската плата што се исплаќа во април. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ја напушти седницата, обвинувајќи дека се турка само законско усогласување без реално зголемување, и најави протести во средината на март.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски по денешната седница на Економско-социјалниот совет порача дека Владата се однесува одговорно и не сака да создава лажни очекувања за периодот по завршувањето на сегашниот мандат во 2028 година. Тој потврди дека зголемената минимална плата ќе започне да се исплатува веќе со мартовската плата.

— реклама —

Се однесуваме одговорно во рамките на мандатот кој го добивме. Не преземаме обврски за периодот после 2028 година, како што бил случајот во минатото. Сакаме да сме одговорна влада која ќе ги реши напластените и наследени проблеми од нестручното менаџирање“, истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека во изминатиот период се регулирани односите со над 95% од гранковите синдикати преку Колективни договори. Тој посочи дека е постигнат значаен договор и со синдикатите УПОЗ и САДУ, во кој се вклучени и други организации, со што се затвориле долгогодишни отворени прашања во администрацијата.

Новата минимална плата е 26.046 денари во нето-износ, односно 38.507 денари во бруто-износ, заедно со придонесите и данокот. Ова го објави министерот за економија Бесар Дурмиши, на прес-конференција по завршување на Економско-социјалниот совет.

— реклама —

Министерот рече дека во нето-износ минималната плата се зголемила за 1.667 денари и дека зголемувањето веќе важи за мартовската плата што ќе се исплаќа во април.

Растот на минималната плата е резултат на системско и законско решение за раст на минималнатa плата штитејќи го стандардот на населението, но истовремено водејќи сметка за одржливоста на економијата – рече Дурмиши.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет

Денеска, на мала врата пробаа да утврдат усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари во што ССМ нема мандат да учествува и ја напушти седницата на ЕСС. Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми. Борбата продолжува повторно на улица на средината на март – соопшти Трендафилов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

studenti

Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата, вели Дурмиши

Македонија | пред 1 месец

jovana-mojsoska

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата во Кочани, Законот за угостителство остана само ветување

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања