Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЕНДРУ

Screenshot-2022-09-09-at-19.45.08

Кралот Чарлс не знаел дека Ендру ќе биде уапсен денес

Ниту кралот Чарлс ниту Бакингемската палата не биле однапред информирани дека неговиот брат, поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор ќе биде уапсен денес, дознава Би-Би-Си њуз.По апсењето на Ендру со соопштение се огласија и кралот на Велика Британија и британскиот премиер Кир Стармер. Кралот испрати поддршка до полицијата за темелна истрага, додека британскиот премиер спомна дека Ендру треба да каже и за врските со сексуалниот претстапник Џефри Епстин.Да потсетиме, принцот, кој ја изгуби официјалната титула уште во 2022 година, утринава беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службена должност и недолично однесување во јавна служба.Колку ќе го држи полицијата?Ендру беше уапсен на својот 66-годишен роденден, а британската полиција засега споделува малку информации од истрагата. Според аналитичарите на Би-Би-Си за поранешниот принц во притвор нема да има посебен третман и тој ќе биде сместен во „ќелија во притворска соба“ која има само „кревет и тоалет“.Полицијата би можела да го задржи поранешниот принц најмногу 96 часа, но за тоа треба повеќепати да се продолжува притворот. Полицијата сега има пристап до имотот на Ендру и, како што пишува Би-Би-Си, компјутери, фотографии или друг тип на докази.„Да го прашаат и за врските со Епстин“Неговиот брат, кралот Чарлс, нагласи дека законот мора да се спроведува.„Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и соодветен процес во кој ова прашање ќе биде истражено на соодветен начин и од страна на надлежните органи“..Тој повтори дека истрагата ја „има нашата целосна и безрезервна поддршка и соработка“, додавајќи оти нема повеќе да коментира сè додека трае процесот.Британскиот премиер Стармер во интервју за Би-би-Си изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и во САД поради поврзаноста со покојниот, осуден сексуален престапник Џефри Епстин.А каде беше кралицата кога се апсеше деверoт?Кралицата Камила продолжува со јавниот ангажман неколку часа по апсењето на нејзиниот девер Ендру, забележува Би-Би-Си. Камила пристигна на ангажман во Вестминстер, централен Лондон.Таа присуствува на оркестарски концерт за време на ручек и беше пречекана од претставници кога стигна таму.„Чекавме да видиме дали високите членови на кралското семејство ќе изберат да се држат подалеку од очите на јавноста во светлината на денешните вести, но се чини дека тоа не е случај“, коментира медиумот.Истрагата не е само за врските со ЕпстинИако во очите на светската јавноста поранешниот принц Ендру е поврзан со сексуалниот престапник Епстин откако беа објавени илјадници досиеја, истрагата на британската полиција може да оди подлабоко.„Нема никакво значење фактот што Ендру Маунтбатен-Виндзор не е уапсен за ништо поврзано со Вирџинија Џуфре. Она што доведе до неговото апсење се информациите во досиејата на Епстин за активностите додека тој беше трговски пратеник. Иако не знаеме детали, мора да се претпостави дека дел од ова ќе биде споделувањето документи во досиејата на Епстин, помеѓу Ендру и Епстин“, пишува Би-Би-Си.Врската со Епстин претставува кршење службена тајнаПолицијата изминатите денови ги истражуваше тврдењата на жена, која тогаш не била британска државјанка, дека Епстин во 2010 година ја испратил во Велика Британија за да има секс со Маунтбатен-Виндзор во неговата резиденција „Ројал Лоџ“. Таа преку својот адвокат тврди дека откако ја поминала ноќта со него, ѝ бил понуден чај и обиколка на Бакингемската палата.Во меѓувреме девет полициски управи во Велика Британија ги истражуваат наводите дека поранешниот принц проследувал чувствителни владини и комерцијални документи до Епстин, што претставува злоупотреба на јавната должност и кршење на службена тајна.Биле во контакт и откако Епстин признал винаЛондонската полиција испитува дали телохранителите на Ендру „намерно замижувале“ за неговите посети на приватниот остров на Епстин.Објавените документи и електронска пошта покажуваат дека Ендру и Епстин останале во контакт откако американскиот милијардер призна вина за подведување малолетнички.

Свет | пред 3 часа

media-library463u2bi063sk44n8psn

Колку долго принцот Ендру може да биде во полициски притвор?

По апсењето на Ендру Маунтбате-Виндзор, се поставува прашањето колку долго поранешниот принц може да остане во полициски притвор.Според Дени Шо, експерт за полициски прашања кој зборуваше за BBC Radio 5 Live, законскиот максимум изнесува 96 часа.Сепак, за притворот да трае толку долго, потребни се повеќе продолжувања одобрени од повисоки полициски службеници и од Магистратскиот суд. Во пракса, вакви ситуации се ретки. Во повеќето случаи осомничениот се задржува 12 или 24 часа, по што обвинителството одлучува дали ќе подигне обвинение или лицето ќе биде ослободено додека истрагата продолжува.Шо појасни и за условите во кои се наоѓа Ендру. Тој ќе биде сместен во стандардна ќелија во притворската единица, со основни услови – кревет и тоалет – каде ќе чека полициско сослушување. Како што нагласи, „нема да има никаков посебен третман“.

Свет | пред 6 часа

Screenshot-2024-12-14-at-07.41.08

Колку долго полицијата може да го задржи Ендру Маунтбатен-Виндзор?

Ендру Маунтбатен-Виндзор може да биде задржан во полициски притвор најмногу 96 часа, но само доколку полицијата обезбеди повеќекратни последователни одобренија од повисоки службени лица и од судот. Ова за Би-Би-Си Радио 5 Лајв го изјави аналитичарот Дени Шо, објаснувајќи ги процедурите што важат во вакви случаи.Според британската пракса, вообичаено е осомничените лица да бидат задржани 12 или 24 часа, по што се покренува обвинение или се пуштаат на слобода додека истрагата продолжува.Маунтбатен-Виндзор, според достапните информации, се наоѓа во стандардна притворска ќелија опремена со кревет и тоалет, каде што го очекува испрашувањето. Шо нагласи дека во постапката нема да има никаков посебен третман поради неговиот статус.Сè уште не е познато точно кога е извршено апсењето, ниту на која локација се наоѓа во притвор, додека јавноста внимателно го следи развојот на случајот што предизвика силен интерес во Обединетото Кралство.

Свет | пред 6 часа

media-libraryloqjnb1hk6668Wab5DW

Принцот Ендру прв висок член на британското кралско семејство уапсен во модерната историја

Ендру Маунтбатен-Виндзор, познат како војвода од Јорк, е првиот висок член на британското кралско семејство во модерната историја кој е уапсен, што претставува редок и значаен преседан за монархијата.За последното апсење на висок член на британското кралско семејство пред актуелните случувања потребно е да се врати сè до времето на кралот Чарлс Први. Чарлс Први бил уапсен во 1647 година за време на Англиската граѓанска војна од сили лојални на парламентот, вклучително и Новата моделска војска. Тој бил притворен, а потоа му било судено за велепредавство поради одбивањето да прифати ограничување на кралските овластувања, што завршило со негово погубување во 1649 година.Сестрата на Ендру, принцезата Ана, во 2002 година беше прогласена за виновна и парично казнета според Законот за опасни кучиња, откако нејзиното куче каснало две деца, но во тој случај не беше приведена.Полициската акција следуваше по објавувањето на електронска преписка на Министерството за правда на Соединетите Американски Држави, од која произлегува дека поранешниот војвода споделувал извештаи за службени посети на Хонг Конг, Виетнам и Сингапур.Една електронска порака од ноември 2010 година покажува дека Маунтбатен-Виндзор ја препратил пораката само пет минути откако ја примил од тогашниот специјален советник Амир Пател. Друга порака, испратена на Бадник истата година, содржела доверлив извештај за инвестициски можности поврзани со обновата на авганистанската покраина Хелманд, адресиран до Џефри Епстајн.Британските институции засега не соопштуваат дополнителни информации за текот на постапката, додека случајот предизвикува силен одек во јавноста поради историската тежина и симболиката што ја носи.

Свет | пред 6 часа

media-library2avp58hubadj8qns0eD

(Видео) Објавени први фотографии од апсењето на Ендру

Поранешниот британски принц, Ендру Маунтбате-Виндзор, беше уапсен утрово на имотот Сандрингем, а објавени се и првите фотографии и снимки од апсењето.Полицијата соопшти дека Ендру е уапсен поради сомневање за злоупотреба на јавна функција.Портпаролот нагласи дека полицајците извршиле претрес на куќата во Норфолк, како и на објектот каде што живеел со години.Апсењето на Ендру се случило на неговиот 66-ти роденден. Апсењето се случило околу еден час по доаѓањето на полицијата во Сандрингем, кога шест полицајски џипа го опколиле имотот на кралот Чарлс нешто по 8 часот наутро.Сведоци велеле дека група од осум лица била облечена во цивилна облека, „но изгледало како да се полицајци“.Ендру Маунтбате-Виндзор, остана без сите титули и беше иселен од палатата во Виндзор поради врските со Џефри Епстин.

Свет | пред 6 часа

media-libraryavjp3uhecmhu5lH9WaB

Британскиот премиер по апсењето на Ендру: Никој не е над законот

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека уапсениот Ендру Маунтбате-Виндзор треба да соработува со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.Во интервју за BBC, Стармер нагласи дека секој кој поседува релевантни информации има обврска да се јави на надлежните органи.„Секој кој има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали станува збор за Ендру или било кого друг, секој кој има релевантни информации треба да се обрати на надлежното тело“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова се однесува не само на случајот Епстин, туку и на сите други случаи на насилство врз жени и девојки.Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се применува во овој случај на ист начин како и во било кој друг“, порача тој.Ендру Маунтбате-Виндзор беше уапсен денес на својот 66-ти роденден, објави британски „Телеграф“ повикувајќи се на неименувани извори. Ендру е уапсен поради сомневање за злоупотреба на вршење јавна функција.

Свет | пред 6 часа

media-library5arljkach8kh7LsCFll

Британската полиција го уапси поранешниот принц Ендру

Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен утрово во неговиот привремен дом на имотот Сандрингам под сомнение за злоупотреба на службена должност, соопшти полицијата во Темза Вали.Најмалку шест необележани возила со осум полицајци во цивилна облека кои носеле службени лаптопи биле видени како влегуваат во имотот Вуд Фарм околу 8 часот наутро на денот кога Ендру наполнил 66 години. Форензички екипи исто така биле на местото на настанот, објавува „Мирор“.Апсењето се случува во време кога Националната агенција за криминал (NCA) ѝ помага на британската полиција да ги процени информациите објавени во документи поврзани со Џефри Епштајн. Соединетите Американски Држави неодамна објавија милиони страници со претходно невидени е-пораки, документи и фотографии од таканаречените „досиеја Епштајн“, со што дополнително се зголеми притисокот врз поранешниот принц.Протечениот материјал вклучува наводни е-пораки меѓу Ендру и Епштајн, како и вознемирувачка фотографија од Ендру со млада жена. Полицијата во Сари апелираше до секој што има информации за наводите за трговија со луѓе и сексуална злоупотреба кои датираат од 1994 година да се јави.Документите, исто така, сугерираат дека Ендру, додека бил британски трговски претставник од 2001 до 2011 година, му доставувал на Епштајн извештаи за официјални посети на Хонг Конг, Виетнам и Сингапур. Полицијата во долината Темза претходно соопшти дека разговарала со експерти од Службата за крунско обвинителство за обвинувањата.Ендру, братот на кралот Чарлс, претходно силно негираше какво било кривично дело. Минатата година му беа одземени кралските титули по објавувањето на книгата од Вирџинија Џуфре, која тврдеше дека е дете со кое Епштајн и Гислен Максвел тргувале. Во 2022 година, Ендру ѝ плати на Џуфре мултимилионска спогодба во граѓанска тужба за сексуален напад, иако тврдеше дека никогаш не ја запознал.

Свет | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања