Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека уапсениот Ендру Маунтбате-Виндзор треба да соработува со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Во интервју за BBC, Стармер нагласи дека секој кој поседува релевантни информации има обврска да се јави на надлежните органи.
„Секој кој има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали станува збор за Ендру или било кого друг, секој кој има релевантни информации треба да се обрати на надлежното тело“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова се однесува не само на случајот Епстин, туку и на сите други случаи на насилство врз жени и девојки.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се применува во овој случај на ист начин како и во било кој друг“, порача тој.
Ендру Маунтбате-Виндзор беше уапсен денес на својот 66-ти роденден, објави британски „Телеграф“ повикувајќи се на неименувани извори. Ендру е уапсен поради сомневање за злоупотреба на вршење јавна функција.