Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЕПШТАЈН

media-librarytgeirvicmu1v9hOIn1g

Поранешен директор во „Мајкрософт“ му пишувал на Епштајн дека сопругата и ќерката на Путин биле на неговата јахта

Интересот на Џефри Епштајн за Владимир Путин е документиран во материјалите што американското Министерство за правда ги објави кон крајот на јануари. Сега се појави уште една интригантна врска меѓу осудениот сексуален престапник и рускиот претседател: во досега необјавени електронски пораки што ги разменувал со Епштајн, поранешниот извршен директор во „Мајкрософт“, Нејтан Мирволд, навел дека во 2010 година на својата јахта ја угостил сопругата и ќерката на Путин.Како што пишува рускиот независен медиум „Медуза“, Епштајн на 27 октомври 2010 година му испратил кратка порака на Мирволд со прашање: „Дали Путин беше на твојот брод?“ Одговорот пристигнал истиот ден: „Неговата сопруга и ќерка“, напишал Мирволд, потпишувајќи се со своето име.Владимир Путин беше во брак со Људмила Путин од 1983 до 2013 година, а од тој брак има две ќерки – Марија Воронцова и Катерина Тихонова.Преписката е пронајдена во најновиот сет документи од истрагата на американското Министерство за правда за Џефри Епштајн, финансискиот посредник кој во 2008 година беше осуден за кривични дела поврзани со детска проституција, а во 2019 година обвинет за трговија со деца заради сексуална експлоатација, по што истата година почина во притвор.Во други објавени верзии на истите електронски пораки, одредени податоци, вклучително и името на Мирволд, се редактирани. Не е познато кога наводно се случило патувањето со јахта, ниту која од ќерките на Путин би можела да биде присутна. Исто така, не е јасно зошто Епштајн бил заинтересиран за таа посета.Името на Путин се појавува во повеќе од илјада документи од најновиот пакет материјали поврзани со Епштајн. Според објавените записи, Епштајн со повеќе лица разговарал за можноста да се сретне со рускиот претседател, но нема докази дека таква средба навистина се случила.Нејтан Мирволд (66) изгради кариера во технолошката индустрија пред да се посвети на патентирање изуми, развој на нуклеарна енергија и кулинарски истражувања. Во 1980-тите докторирал физика на Универзитетот Принстон, а работел и со Стивен Хокинг на Универзитетот Кембриџ. Во „Мајкрософт“ се приклучил во 1986 година, а од 1996 до 2000 година бил главен технолошки директор на компанијата. По заминувањето, ја коосновал компанијата „Интелектуал вентурс“ и е член на управата на „Терапауер“, стартап за нуклеарна енергија поврзан со Бил Гејтс.Според „Сиетл тајмс“, новообјавените документи укажуваат дека контактите меѓу Мирволд и Епштајн датираат најмалку од 1996 година, а од 2010 до 2018 година редовно разменувале пораки и се среќавале во Сиетл и Њујорк.И покрај тоа, преку свој портпарол, Мирволд повеќепати негирал дека имал личен однос со Епштајн, наведувајќи дека го познавал од конференции и како донатор на научни истражувања, како и дека жали што воопшто го запознал.Во дел од електронските пораки, Епштајн го поканувал Мирволд на својот приватен остров на Американските Девствени Острови, место за кое повеќе жртви тврдат дека било база за неговите нелегални активности. Преписката содржела и пораки со вулгарна содржина, што, според медиумските извештаи, упатува на поблизок однос меѓу двајцата.Податоците за јахтата на Мирволд се јавно достапни. Според отворени извори, тој е сопственик на 49-метарската суперјахта „Телеост“, изградена во 1998 година, со проценета вредност од околу 15 милиони долари и годишни трошоци за одржување од 1,5 милиони долари. Јахтата е достапна и за изнајмување по цена од 195.000 до 220.000 долари неделно.

Свет | пред 4 часа

media-libraryttc9ace0ged61rfS82U

Mејлови на Епштајн: мозоци од Македонија користени во истражување за нов лек

Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички за бело робје, Џефри Епштајн.Во еден од мејловите што се појавија во јавноста, Епштајн е информиран за научно истражување поврзано со развој на лек кој, според тврдењата, би можел да ги стопира самоубиствените нагони. Во рамки на ова истражување, како што стои во пораката, биле користени и човечки мозоци од Македонија.„Ги зеле примероците и мозоците, најпрво на Универзитетот во Питсбург, а потоа, во 1994 година, во Колумбија. Досега имаат собрано колекција од околу 1.000 човечки мозоци — некои од жртви на самоубиство, други контролни мозоци — уредно складирани во замрзнувачи на -112°F. Малата балканска земја Македонија ги придонесува најновите мозоци, благодарение на член на факултетот на Колумбија кој потекнува од таму и помогнал во организацијата. Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и се транспортираат во сандаци, под надзор, околу 4.700 милји, за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, обележани со QR-кодови. Внатре се наоѓаат исечени делови од розево ткиво во пластични кеси, означени со маркери: десна страна, лева страна, датум на собирање“, се наведува во мејлот, испратен до Епштајн од лице чие име е целосно цензурирано.Станува збор за информативна електронска порака во која, според содржината, му се презентира истражувачкиот проект и неговата научна позадина, најверојатно со цел да се побуди интерес за можна инвестиција во компанија која би го комерцијализирала потенцијалниот лек. Мејлот е комбиниран со објава и анализа од „Блумберг“, што дополнително укажува на обидот проектот да се прикаже како сериозна научна и бизнис-можност.Иако во пораката не се наведуваат имиња на институции или поединци од Македонија, самото споменување на земјата во ваков контекст отвора сериозни прашања за начинот на прибирање, користење и изнесување на човечки биолошки материјал, како и за етичките и правните аспекти на ваквите истражувања.Целиот меил, објавен од страна на Департментот за правда на САД

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydmgn8ft3ttjl0IQ9EoZ

Нова жртва тврди: Епштајн ме испрати во Велика Британија за сексуален однос со принцот Ендру

Уште една жена тврди дека била испратена од Џефри Епштајн во Обединетото Кралство со цел да има сексуален однос со Принц Ендру, откри нејзиниот адвокат за британските медиуми. Наводниот настан, според тврдењата, се случил во 2010 година во „Ројал Лоџ“, резиденцијата на поранешниот британски принц, кога жената, која не е британска државјанка, била во своите дваесетти години.Според изјавата на адвокатот Бред Едвардс од адвокатската канцеларија „Едвардс Хендерсон“, ова е првпат некоја од жртвите на Епштајн да наведе дека сексуален однос се случил во рамки на кралска резиденција.Тој тврди дека по ноќта помината со принцот Ендру, на жената ѝ била организирана и тура низ Бакингемската палата, пренесува BBC.Од Бакингемската палата засега не ја потврдиле ваквата посета, наведувајќи дека без откривање на идентитетот на жената не може да се проверат евиденциите за посетители. Од кабинетот на принцот Ендру не беше доставен одговор на барањето за коментар на обвинувањата.Адвокатот Едвардс, кој застапувал повеќе од 200 жртви на Епштајн ширум светот, претходно ја застапуваше и Вирџинија Џуфре. Таа тврдеше дека во 2001 година, на 17-годишна возраст, била донесена во Лондон за да има сексуален однос со тогашниот принц, како и дека подоцна била принудена на уште два сексуални односи со него – во Њујорк и на приватен остров на Епштајн на Карибите. Принцот Ендру ги негираше сите обвинувања.Едвардс наведува дека пред наводната средба во 2010 година постоела комуникација меѓу неговата клиентка и поранешниот принц, по што, како што тврди жената, таа преноќила во неговиот дом. Тој додава дека бил во контакт со правни застапници на Ендру во САД, но дека комуникацијата престанала откако Крал Чарлс Трети формално му ги одзел титулите, стилот и кралските почести.Одземањето на титулите, според адвокатот, имало спротивен ефект, бидејќи на поранешниот принц му овозможило да тврди дека нема финансиски средства за исплата на отштета. „Со тоа, на овие жени им се дозволува само да страдаат“, изјави Едвардс, критикувајќи го однесувањето на кралското семејство.Би-Би-Си во своја истрага утврди дека Епштајн преку комерцијални летови и приватни авиони пренесувал повеќе жени во Обединетото Кралство. Од Бакингемската палата во октомври соопштија дека „нивните величества изразуваат најдлабоко сочувство и поддршка за сите жртви и преживеани од каква било форма на злоупотреба“.Адвокатот најави дека разгледува можност за поднесување нова граѓанска тужба против принцот Ендру во име на жената. Потсетува дека Вирџинија Џуфре во 2021 година поднесе тужба против него во САД, која беше завршена со вонсудска спогодба во февруари 2022 година, проценета на околу 12 милиони евра. Џуфре минатата година изврши самоубиство, додека принцот Ендру и понатаму ги негира сите обвинувања.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања