Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ЕПСТАЈН

media-library3kjf825dn45t9KR8fQu

Откриени тајни бизнис-договори меѓу принцот Ендру и Џефри Епстајн

Американскиот финансиер Џефри Епстајн планирал да обезбеди аванс од еден милион фунти за Принц Ендру во рамки на предложено партнерство со инвестицискиот гигант Кантор Фицџералд, открива британскиот весник The Telegraph.Според електронските пораки објавени од Министерство за правда на САД, планот предвидувал компанијата на поранешниот војвода од Јорк да добие аванс од еден милион фунти, како и 40 отсто од идните приходи од бизнисот. Во договорот учествувал и блискиот соработник Дејвид Стерн, кој, според преписките, требало да добие 20 отсто од профитот.Целта, според документите, била преку кралските контакти да се привлекуваат клиенти кон американската компанија за управување со средства. Разговорите се воделе во 2013 година, речиси три години по тврдењата на принцот Ендру дека ги прекинал контактите со Епстајн.Иако договорот на крајот не бил реализиран, нацрт-спогодбата предвидувала распределба од 40 отсто за принцот Ендру, 40 отсто за „Кантор Фицџералд“ и 20 отсто за Стерн, како и аванс кој формално би се водел како заем што подоцна би се отплаќал преку провизии.Објавените документи откриваат и дека во комуникацијата принцот бил означуван како „господин Т“, како и дека постоеле дискусии за можните репутациски ризици поради вмешаноста на Епстајн. Во преписките се споменува и Хауард Латник, денешен американски министер за трговија, кој во тој период бил на чело на компанијата.Откритијата повторно ги отвораат прашањата за деловните ангажмани на принцот Ендру додека бил активен член на кралското семејство и неговите врски со Епстајн, кој во 2019 година почина во затвор додека се соочуваше со обвиненија за сексуална злоупотреба.

Свет | пред 2 седмици

media-library3kjf825dn45t9KR8fQu

Од титули до притвор: Како врската со Епстајн го одбележа падот на Ендру

Долгогодишната поврзаност на Ендру Маунтбатен-Виндзор со осудениот педофил Џефри Епстајн, која траеше повеќе од две децении, веќе го чинеше кралски титули, статус и углед, а денес доби нова правна димензија – тој е уапсен под сомнение за недолично однесување при вршење јавна должност.Според неговите претходни изјави, со Епстајн првпат се сретнал во 1999 година преку Гислејн Максвел, тогашна партнерка на Епстајн и ќерка на медиумскиот магнат Роберт Максвел. Веќе во 2000 година, Максвел и Епстајн биле меѓу гостите на прославата на 40. роденден на тогашниот принц Ендру во замокот Виндзор, организирана од кралицата Елизабета Втора. Тоа бил само еден од низата документирани контакти меѓу Епстајн и Маунтбатен-Виндзор, кој од 2001 до 2011 година ја извршувал функцијата британски трговски изасланик.Во интервју за емисијата „Њузнајт“ на Би-Би-Си, Ендру изјави дека не бил близок пријател со Епстајн, тврдејќи дека се запознале преку Максвел. Оваа изјава беше во спротивност со тврдењето на неговиот тогашен приватен секретар Аластир Вотсон, кој во 2011 година изјави дека Ендру го познавал Епстајн уште од деведесеттите години.Според податоци од таканаречените „Епстајнови списи“, дневниците на летови покажуваат дека во февруари 1999 година Ендру го посетил приватниот карипски остров на Епстајн. Во истите документи се наведува дека во летото истата година Епстајн и Максвел престојувале и во Балморал, шкотската летна кралска резиденција.Во текот на 2000 година, Епстајн се појавувал на повеќе јавни настани со Ендру, вклучително и во клубот „Мар-а-Лаго“ на Флорида. Во декември истата година, Ендру организирал ловечки викенд по повод роденденот на Максвел, на кој присуствувал и Епстајн, иако подоцна тврдеше дека станувало збор за „обичен ловечки викенд“.Случајот дополнително се продлабочи по обвинувањата на Вирџинија Џуфре, која тврдеше дека во 2001 и 2002 година Маунтбатен-Виндзор ја принудил на сексуален однос додека била малолетна. Тој доследно ги негираше обвинувањата. Епстајн во 2008 година призна вина во Флорида за поттикнување малолетничка на проституција и беше осуден на затворска казна, по што во 2009 година беше ослободен.И покрај тоа, во 2010 година Ендру беше фотографиран со Епстајн за време на прошетка во Централ парк во Њујорк. Подоцна изјави дека средбата била организирана за да го прекине контактот. Сепак, електронски пораки објавени во 2025 година покажаа дека комуникацијата продолжила и по тој период.Скандалот кулминираше во 2019 година, кога Епстајн беше уапсен во Њујорк под обвиненија за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација. Во август истата година беше пронајден мртов во затвор, а обдукцијата заклучи самоубиство. Контроверзното интервју на Ендру за „Њузнајт“ предизвика силни реакции, по што тој се повлече од јавните должности.Во 2021 година Џуфре поднесе граѓанска тужба против него, која во 2022 година заврши со вонсудска спогодба. Износот не беше објавен. Во 2025 година Џуфре изврши самоубиство, а во постхумно објавени мемоари повторно изнесе тешки обвинувања.Истата година Маунтбатен-Виндзор се откажа од користење на титулата војвода од Јорк по разговор со кралот Чарлс Трети, а на почетокот на оваа година се исели од резиденцијата во Виндзор.Најновите документи објавени од Министерството за правда на Соединетите Американски Држави содржат фотографии и наводи дека за време на мандатот како трговски изасланик наводно проследувал чувствителни владини и комерцијални информации до Епстајн. Според американските власти, токму тие наводи се основата за неговото денешно апсење, со што случајот добива нова и сериозна правна фаза.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryttpn5o092bgv0KmOqn8

Објавени 3,5 милиони документи: Сведоштва на жртвите на Епстајн со потресни детали

Во околу 3,5 милиони документи објавени од Министерство за правда на САД се наоѓаат и сведоштва на жртвите на Џефри Епстајн, вклучително и лични дневници, приватни пораки и записници од правни разговори. Еден од дневничките записи ја сумира содржината со зборовите: „Сѐ е ужас.“Документите содржат искази од жени чии имиња се променети. Во еден албум, наречен „Лорен“, се опишуваат средби со Епстајн од периодот околу 2007 година, со детали за патувања и лични размислувања за нивниот однос.Во полициски транскрипти од 2005 година, „Шарлот“ сведочи дека имала 17 години кога првпат отишла во резиденцијата на Епстајн во Палм Бич. Таа опишува дека била повикана да му даде масажа и дека ѝ нудел повеќе пари за да се соблече или за сексуални односи. Според исказот, одбивала такви понуди, но сепак неколкупати се враќала, по што стравот станал доминантен фактор.Друг дневник, потпишан како „Кимберли“, содржи емоционални и болни записи од периодот меѓу 2001 и 2004 година. Во нив се опишуваат патувања, притисоци и чувства на исцрпеност и загубеност. Во записите се споменуваат и наводни трауматични искуства поврзани со бремености и медицински постапки, како и страв и чувство на заробеност.Во белешки од сведочење дадено во 2019 година, „Рејчел“ опишува дека имала 13 години кога првпат ги запознала Епстајн и неговата соработничка Гислејн Максвел. Таа наведува дека била поканувана на патувања, шопинг и средби, без да биде свесна за поширокиот контекст и за постоењето на други девојки. Според нејзиниот исказ, дури по апсењето на Епстајн во 2008 година дознала дека не била единствена.Документите откриваат и детали за наводни обиди за манипулација и регрутација, како и комуникации во кои Епстајн наводно тврдел дека некои од девојките „нема да зборуваат“.

Свет | пред 3 седмици

Papa-2

Документи откриваат: Екссоветник на Трамп со Епстајн планирал кампања против папата Франциск

Новoобјавени документи на Министерство за правда на САД откриваат дека поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, во 2019 година разменувал пораки со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во кои дискутирале стратегии за спротивставување на папата Папа Франциск.Според објавените пораки, Бенон изразил намера да го „сруши“ папата, кој го сметал за пречка на својата суверенистичка и националистичка визија. Во една од пораките од јуни 2019 година, Бенон му напишал на Епстајн: „Ќе го срушам Франциск“, споменувајќи и други политички фигури и институции.Документите покажуваат дека Бенон се повикувал на книгата „Во ватиканскиот ормар“ на францускиот новинар Фредерик Мартел, која предизвика контроверзии поради тврдењата за лицемерие и тајност во Ватикан. Бенон разгледувал можност книгата да биде екранизирана, а во пораките алудирал дека Епстајн би можел да биде извршен продуцент на евентуалниот филм.Не е јасно колку сериозно бил разгледуван овој предлог, а авторот Мартел изјавил дека правата за екранизација веќе биле доделени на друга корпорација и дека не можел да прифати нов договор. Според него, Бенон сакал да ја „инструментализира“ книгата во своите обиди против папата.Документите откриваат и дека Епстајн испраќал текстови до Бенон во кои се спротивставува папата и национализмот, а во една од размените цитирал стих од „Изгубениот рај“ на Џон Милтон. Контактите меѓу двајцата се одвивале години по пресудата на Епстајн од 2008 година и непосредно пред неговото повторно апсење во 2019 година под обвиненија за трговија со малолетнички за сексуална експлоатација.Од Ватикан засега нема официјална реакција, а претставници блиски до покојниот папа оценија дека пораките укажуваат на обид за користење на религијата како политичка алатка. Од тимот на Бенон не е соопштен коментар за објавените документи.

Свет | пред 3 седмици

media-library43323qvstovccGTca7i

(Фото) Вечерата од 2015 што Епстајн ја нарекол „дива“: Маск, Закерберг и елитата на технологијата

Фотографија објавена во рамки на судските списи поврзани со Џефри Епстајн прикажува вечера од 2015 година на која присуствувале некои од најмоќните луѓе од Силициумската долина. Сликата, која ја објави американското Министерство за правда, покажува како основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, седи на иста маса со извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, и со Џои Ито, поранешен директор на MIT Media Lab, објави британскиот „Дејли мејл“.Според електронската комуникација пронајдена во списите, вечерата се одржала на 2 август 2015 година. Епстајн фотографијата си ја испратил сам на себе по електронска пошта еден ден подоцна и, според достапните информации, ја чувал изложена во својот стан на Менхетен. На настанот присуствувал и коосновачот на „Пејпал“, Питер Тил, иако тој не се наоѓа на самата фотографија.Во истата кореспонденција, Епстајн таа вечер ја опишал како „дива“, што повторно привлече внимание во јавноста по објавувањето на повеќе од три милиони документи од страна на Министерството за правда, со кои се разоткрива опсежната мрежа на негови контакти со моќни поединци од политиката, бизнисот и науката. Надлежните институции нагласуваат дека појавувањето на фотографиите и во документите не претставува доказ за какво било кривично дело.Во списите се појавуваат и повеќе електронски пораки што упатуваат на комуникација меѓу Епстајн и Илон Маск во периодот пред и по вечерата. Во една порака од 2012 година, Маск го прашува Епстајн кога ќе биде „најлудата забава“ на неговиот остров, додека во друга, од 2013 година, разгледуваат можност за посета на Карибите. Во тоа време, Епстајн веќе имал пресуда за сексуални кривични дела против малолетници.И покрај овие откритија, Маск јавно негира блиска поврзаност со Епстајн. Во интервјуа и објави на социјалните мрежи, тој истакна дека никогаш не присуствувал на забави организирани од Епстајн и дека не го познавал доволно добро за да има личен однос со него, нарекувајќи го „очигледно морничав“.Документите откриваат и детали за Џои Ито, кој поднесе оставка од својата функција на MIT во 2019 година, откако беше обелоденето дека Епстајн со години донирал значителни средства на институцијата. Според медиумските извештаи, дел од донациите биле прикривани, а контактите со Епстајн во лабораторијата станале табу-тема меѓу вработените.Објавувањето на фотографијата и електронската преписка повторно го актуализира прашањето за опсегот на влијание и контактите на Џефри Епстајн, кој почина во затвор во 2019 година, и за начинот на кој дел од највлијателните луѓе во светот се обидуваат да ја минимизираат својата поврзаност со него по неговата смрт.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања