Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ФИЛИПЧЕ

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека, како што наведе, единствениот „булинг“ врз македонскиот народ го вршат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70 проценти од граѓаните сакаат членство во ЕУ, а тој зборува за ‘булинг’ и ‘прва и втора лига’“, наведува Филипче во реакцијата.Според него, проблемот не е во односот на Европската Унија, туку во неисполнувањето на обврските поврзани со владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата. Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ создава конфликти со соседите и дека на критиките од Брисел одговара со напади врз Унијата.Филипче ја поврза актуелната состојба со, како што рече, изостанокот на напредок во евроинтеграциите, случајот со пет тони дрога што, според него, излегле преку македонската граница, како и состојбите во судството, обвинителството и медиумите.Во реакцијата се наведува дека Европа дала јасна шанса до 2027 година, заедно со земјите од регионот, посочувајќи дека Црна Гора и Албанија напредуваат, додека Македонија, според него, стагнира.„Мицкоски и ВМРО не сакаат ЕУ, сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност, тоа е криминална вредност“, се наведува во соопштението на Филипче, кој заклучува дека, според него, вистинскиот притисок врз граѓаните доаѓа од актуелната власт.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryb5iluq1rci361cXTIf9

Филипче: Со кражба на европски пари го суспендираа ИПАРД, сега владата удри по домашното земјоделство

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод празникот на лозарите Свети Трифун изјави дека власта, како што рече, системски го уништува земјоделството и врши директен удар врз земјоделците.Филипче оцени дека суспензијата на ИПАРД програмата е последица на, како што наведе, злоупотреба на европски средства, а потоа следувало и дополнително намалување на средствата за домашни субвенции.„Овој сектор во мало го отсликува пристапот на оваа власт во целата држава – кражба, грабеж и незаинтересираност за луѓето. Откако ги фатија од Европа како крадат европски пари и ја суспендираа ИПАРД програмата, сега ја намалуваат и Програмата за субвенции во земјоделството, од 140 на 100 милиони евра. Тоа е намалување за една третина кај сите сектори – сточарство, лозарство, поледелство и овоштарство“, изјави Филипче.Според него, со ваквата одлука земјоделците ќе останат без доволна државна поддршка, за разлика од, како што посочи, периодот кога СДСМ била на власт.Тој додаде дека, покрај кратењето на средствата, се воведуваат и построги услови за пристап до субвенциите, што, како што оцени, најмногу ќе ги погоди малите производители.„Се зголемува прагот на земјиште што треба да се обработува за да се добијат субвенции – од 0,2 на 0,5 хектари. Тоа значи дека земјоделците со два или три декари земја повеќе нема да можат да аплицираат согласно измените во правилникот“, нагласи Филипче.Со ваквите политики, според него, најмалите и најранливите земјоделци директно се исклучуваат од системот на државна поддршка.„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата, а особено не за земјоделството“, изјави Филипче од Моклиште, Кавадарци.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjrdvm76dpg894skEoh6

Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод празникот на лозарите им посака успешна година и богат род, но оцени дека земјоделците нема да добијат соодветна поддршка од Владата во текот на оваа сезона.Според Филипче, намалувањето на средствата за субвенции е директен удар врз земјоделскиот сектор. Тој посочи дека по суспензијата на ИПАРД програмата, Владата ја намалила и националната Програма за субвенции во земјоделството од 140 на 100 милиони евра, што, како што рече, претставува намалување за една третина и значи помалку средства за лозарството, сточарството, поледелството и овоштарството.Филипче предупреди и на измените во правилникот со кои се зголемува минималниот праг на обработлива површина за добивање субвенции од 0,2 на 0,5 хектари. Според него, тоа ќе ги исклучи малите производители со два или три декари земја, кои повеќе нема да можат да аплицираат за државна поддршка.Тој ја критикуваше и откупната политика за грозјето, наведувајќи дека цената е намалена за неколку денари по килограм, а предложениот закон за зголемување на откупната цена не бил прифатен во Собранието.Дополнително, според Филипче, средните винарии имаат обврска да продадат 30 проценти од грозјето на една или две најголеми винарии за да можат да ги добијат средствата од субвенциите, што, како што рече, оди во прилог на крупните компании, а на штета на лозарите и помалите производители.Тој посочи дека слична состојба има и кај тутунарите, каде субвенцијата за прва класа тутун е намалена од 100 на 80 денари. Потсети дека во време на Владата предводена од СДСМ субвенцијата достигнала 100 денари со целосно субвенционирана зелена нафта, додека сегашната власт, како што рече, ветувала 160 денари.„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните и за државата, особено не за земјоделскиот сектор“, изјави Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr9rbdo8qarrgaGvPbRW

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не се огради од Заев, ДУИ и партиските афери

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на говорот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека тој одржал „празен отчет“ пред партискиот Конгрес, без да се огради од, како што велат, криминалите поврзани со СДС и неговото поранешно раководство.Од партијата посочуваат дека Филипче не дал одговор зошто СДС е петта политичка сила во Скопје и трета на национално ниво, ниту, пак, се оградил од својот политички ментор Зоран Заев. Во реакцијата се наведува дека Филипче го штити, како што тврдат, „криминалот на кланот Дубаи“, во кој, според ВМРО-ДПМНЕ, и самиот има улога.Партијата обвинува дека не се објаснети политиките на СДС кон Бугарија и Грција, вклучително и прифаќањето на францускиот предлог и договорите што, според нив, биле штетни за државата. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто СДС, како што наведуваат, влегол во конфронтација со Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство.Во реакцијата се споменува и Андреј Жерновски, за кого велат дека јавно застапувал бугарски наративи, како и наводната зависност на СДС од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Филипче не се оградил ниту од Артан Груби и случајот со Лотарија, ниту од Васко Ковачевски и аферата „Адитив“, за која се наведува штета од 6,5 милиони евра.Дополнително, се поставуваат прашања за наводните тендери и за користењето на службено луксузно возило, како и за врските со лица поврзани со снабдувањето на ЕСМ со јаглен. Во реакцијата се споменува и Зоран Верушевски, од чие, како што велат, „антидржавно однесување“ Филипче не се оградил.„Заклучокот е дека за ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија и нејзините интереси“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања