ФИЛИПЧЕ

filipce

Филипче: СДСМ ќе понуди граѓански економски модел напсроти дивиот капитализам на ВМРО-ДПМНЕ

Во интервју за Фокус, претседателот на СДСМ Венко Филипче, одговораше што треба да постигне СДСМ за повторно да победува.Претседателот Филипче посочува дека СДСМ ќе победува кога ќе го промени однесувањето кон членството и цврсто ќе ги реафирмира социјалдемократските вредности. Тој додава дека најавената нова модерна платформа е од клучно значење за подигање на паритјата но и дека мора да направи реорганизација и демократизација на партијата. Тој понатаму вели: „СДСМ ќе победува ако се насочи кон реалните проблеми на граѓаните во политичка програма која ќе значи унапредување на животот во секој сегмент и за секого. По ова треба да биде препознаен СДСМ. Да нуди конкретни решенија и ја доближи својата политичка реторика до граѓаните“ - рече претседателот Филипче.Тој додава дека СДСМ мора да ја негува демократијата и слободата како единствена голема партија во моментов која има целосно демократска ориентација. „ СДСМ не смее да калкулира со национализмот и да води политики на манипулации на штета на напредокот. Такви партии имаме доволно“ - вели претседателот Филипче. Тој додава дека СДСМ мора да им се обраќа на работниците и на ранливите групи за кои е направено навистина многу во изминатиот период. „Овој пристап кон работниците, комбиниран со ефикасен модел за раст на економијата и поддршка на компаниите, ќе даде резлтат за сите. И ова е политика на заштита на граѓаните која верувам дека ќе биде препознаена пред налетот на дивиот капитализам кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ“ - заклучува претседателот Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче: 35% од оние кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ денес не би гласале повторно за нив

Општото незадоволство од владеењето на Мицкоски и неговата Влада е очигледно вели во интервју за неделникот Фокус, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во интервјуто, Филипче ги коментира кадровските политика на владата и пропустите кои ги прави Мицкоски и неговата влада како во процесот на реформи, така и во сферата на економијата и надворешната политика на Македонија.„ Според нашите анализи, 35% од граѓаните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ на изборите денес не би го направиле истото. Ова е јасен индикатор дека поддршката за Владата паѓа. Според мене, Владата ги изневери скоро сите клучни ветувања“-вели Филипче.Во интервјуто за неделникот „Фокус“, претседателот на СДСМ, коментира дека од владеењето на Мицкоски разочарани се и работниците, а со економските политики кои ги планираат, стандардот на граѓаните ќе биде уште полош.„Ги разочараа работниците на кои јасно им порачаа дека не се приоритет. Платите со ВМРО-ДПМНЕ нема да растат, додека според нивните економски проекции на БДП, нема да расте ниту економијата. Истовремено, најавуваат даночен рај за најбогатите компании, политика која е исклучително погрешна и целосно несоодветна за 2024 година. Таа носи и ризици по меѓународните финансиски рејтинзи на државата. Ако на ова се додадат огромните задолжувања, но и поскапувањата кои Владата нема намера да ги контролира и амортизира, јасно е дека животниот стандард само ќе тоне“-вели Филипче за неделникот „Фокус“.Коментирајќи ги кадровските политики на новата влада, предводена од Мицкоски, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека тоа е најлошо екипирана влада досега, со секојдневни гафови на министрите поради нивната нестручност и некомпетентност. Што се однесува до надворешната политика, наместо решенија Мицкоски креира нови конфликти со соседите, вели претседателот на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4771

Филипче: Мицкоски го одби предлогот за нов Кривичен законик со кој ниеден функционер нема да биде заштитен

Во Министерството за правда веќе има нов Кривичен законик што се подготвуваше долго време од страна на експертска работна група. Јас лично го повикав премиерот Христијан Мицкоски тој текст да го стави на јавна расправа и да биде донесен час поскоро. И навистина ме чуди зошто толку експресно тој мој предлог беше одбиен од Мицкоски. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“.„Во новиот Кривичен законик кој инсистирам да се донесе има нови одредби кои ја санкционираат злоупотребата на службената положба и овластувања и тоа беше мој одговор на сите шпекулации дека го нудиме заради некаква скриена амнестија на функционерите од претходната власт“, потенцира Филипче.Тој негира дека измените на Кривичниот законик, донесени од страна на Владата на СДСМ и ДУИ, биле со цел спас на функционерите од овие партии.„Сметам дека е погрешно да бидеме и натаму обвинувани дека тоа било направено за да се заштитат функционерите на Владата на СДСМ од наводни криминали, кога токму челници од ВМРО-ДПМНЕ најмногу се офајдија од тие измени и сега се на високи функции“, вели Филипче во интервјуто.Претседателот на СДСМ смета дека не постои никакво оправдување зошто новиот текст на Кривичниот законик да стои во фиока, кога тоа не е само заложба на СДСМ како претходна владејачка партија, сега опозиција, туку е и обврска од реформската агенда со Европската Унија.Во однос на тоа дека довербата во судството паднала многу ниско за време на Владата на СДСМ, Филипче рече дека СДСМ грешка било што СДСМ не се успеа навреме да се реализираат сите проекти предвидени и во Стратегијата за реформи на правосудството, но додаде дека се донесени многу клучни реформи и закони.„Да не заборавиме дека беа донесени над 20 закони или законски измени во оваа сфера. Споменав, претходно во финална фаза беше и новиот кривичен закон. Впрочем Владата на СДСМ беше таа која побара Брисел да испрати оценска мисија за Судскиот совет и согласно препораките на европските експерти почна да се работи и на измените на законот за Судски совет. Успешно се спроведе скринингот за Поглавјата 23 и 24 и беше подготвен и прифатен од Брисел. Сите овие резултати не се занемарување и покажува дека СДСМ сепак имал искрена намера во однос на процесите во правосудството„ -рече Филипче.Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се распуштат Советот на судии и обвинители, Филипче рече: „Што се однесува до барањето на ВМРО-ДПМНЕ, ние јасно го кажавме нашиот став а тоа е дека било каква реформа во овој правосудството мора да биде мониторирана и одобрена од меѓународната заедница. Апсолутно не веруваме, а на тоа не учи историјата, дека ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да го реформира судството, напротив, сакаат да го скројат согласно своите потреби.И на оваа тема кај нив се гледа голема неискреност кон граѓаните, во јавноста се говори едно, а зад затворени врати се потпишува друго. Само што стигна информација дека Владата писмено се согласила да не ги распушта Советите на обвинители и судии како дел од реформската агенда, за веднаш потоа ВМРО-ДПМНЕ да излезе на прес конференција и да речат дека не се откажуваат од таа намера“ - рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Филипче: Кредитот од Унгарија е бизнис план на Мицкоски на штета на граѓаните

Ставање на државата во економско и политичко заложништво на друга земја е многу погрешен чекор. Три поколенија ќе ги враќаат позајмувањата на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зад кои се кријат очигледни матни намери.Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кредитот од Унгарија е всушност бизнис план на Мицкоски кој со сигурност ќе оди на штета на граѓаните.„Мицкоски обвинуваше за наводно подаништво на СДСМ кон ЕУ, а сега тој лично е најголемиот поданик на Унгарија, земја со отворено происточни тенденции и нејасна улога во рамките на Европската Унија. При состојба на ваков долг кон Унгарија, несомнено е дека и политичките одлуки и целосната стратешка ориентација на земјата ќе бидат под силно унгарско влијание.Но тоа е едниот проблем, другиот проблем е потенцијалната корупција која се спрема со овие пари“, изјави Филипче во интервју за неделникот Фокус.Една од причините за кредит од земја, а не од финансиска институција е помалата контрола врз тоа како ќе се трошат парите, појаснува Филипче.„Ова значи дека овие пари ќе се потрошат неконтролирано што апсолутно значи дека ќе има многу корупција. Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ и за делот кој се однесува на проекти од општините веќе преговара со компании кои ќе ги работат проектите, при што ќе бидеме сведоци на офајдување на бизниси блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, вели Филипче во интервјуто.Фактурите од договорот со Унгарија веќе пристигнуваат, смета Филипче, а допрва ќе ги видиме и другите фактури и бизнис интереси што се кријат зад договорот за кредитот.„Веднаш по кредитот стигна и најавата дека телекомуникациска компанија блиска до унгарскиот премиер, Виктор Орбан влегува во државата. Таа се најавува како некаква голема инвестиција која реално ништо нема да донесе за граѓаните и економијата. Но, Владата не одговара, како унгарскиот мобилен оператор „4iG“ ќе влезе во земјава кога има стратешко партнерство со кинеска компанија и тоа е спротивно на домашните закони со кои се обврзуваме да користиме телекомуникациски системи од доверливи добавувачи“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: На ДУИ треба да им е јасно дека Рамковниот Договор не е извор на желби

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека СДСМ нема да поддржи никаква интерпретација или автентично толкување на Рамковниот договор и додава дека тој не е извор на желби.„На ДУИ треба да им биде јасно дека тој не е неисцрпен извор на желби. Тоа е историски документ и се што е од него произлезено и договорено со нашите стратешки партнери, како меѓународни гарантори на тој договор, е веќе втора деценија дел од уставниот поредок на земјата. Нема интерпретации, нема автентични толкувања. Мачен и долг беше процесот на негова имплементација и ставот на СДСМ е јасен: ниту поддржувала, ниту ќе поддржи какви било барања за негова интерпретација, или како што слушам сега, автентично толкување од странски експерти, од кого и да доаѓаат“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интревју на неделникот „Фокус“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Филипче: Приказната за дестабилизација е веројатно договорена меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“ зборува за актуелни прашања од доменот на политичките случувања во земјата, како и за политичката стратегија на СДСМ и како партијата ќе дејствува претстојниот период. Филипче во интервјуто оценува дека во политичка смисла на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација, како и на ЗНАМ кои како што вели Филипче се целосно маргинализирани во Владата па имаат можност да го оживеат својот националистички наратив. Претседателот на СДСМ смета дека стратегијата за подигање меѓуетничка тензија која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ја спроведуваа пред изборите сега повторно ја враќаат во игра.„Ако се земе предвид дека ДУИ му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за реорганизација на министерствата, без кои не можеше да се формира Влада, тогаш не би се чудел целата работа да е договорена стратегија меѓу двете партии. Дури и да не е договорена таа е во интерес на двете страни“, вели во интервјуто Филипче.Според претседателот на СДСМ, Филипче, ваквите сценарија на ВМРО ДПМНЕ, познати од порано, штетно ќе влијаат на развојот на економијата и создаваат страв и конфузија кај граѓаните.„За жал, ваквите сценарија носат само застој во развојот на државата, на економијата, многу конфузија и страв кај граѓаните. Ништо добро не сме виделе од бескрајните меѓуетнички теми освен покачени тензии и назадување на дражвата. Но, добро е што за разлика од претходниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ, сега граѓаните и стручната јавност многу рано ги препознава истите тактики, а со тоа и ефектот од нив е слаб“-вели Филипче за неделникот „Фокус“.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

Филипче: Приказната за дестабилизација е веројатно договорена меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“ зборува за актуелни прашања од доменот на политичките случувања во земјата, како и за политичката стратегија на СДСМ и како партијата ќе дејствува претстојниот период. Филипче во интервјуто оценува дека во политичка смисла на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација, како и на ЗНАМ кои како што вели Филипче се целосно маргинализирани во Владата па имаат можност да го оживеат својот националистички наратив. Претседателот на СДСМ смета дека стратегијата за подигање меѓуетничка тензија која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ја спроведуваа пред изборите сега повторно ја враќаат во игра.„Ако се земе предвид дека ДУИ му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за реорганизација на министерствата, без кои не можеше да се формира Влада, тогаш не би се чудел целата работа да е договорена стратегија меѓу двете партии. Дури и да не е договорена таа е во интерес на двете страни“, вели во интервјуто Филипче.Според претседателот на СДСМ, Филипче, ваквите сценарија на ВМРО ДПМНЕ, познати од порано, штетно ќе влијаат на развојот на економијата и создаваат страв и конфузија кај граѓаните.„За жал, ваквите сценарија носат само застој во развојот на државата, на економијата, многу конфузија и страв кај граѓаните. Ништо добро не сме виделе од бескрајните меѓуетнички теми освен покачени тензии и назадување на дражвата. Но, добро е што за разлика од претходниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ, сега граѓаните и стручната јавност многу рано ги препознава истите тактики, а со тоа и ефектот од нив е слаб“-вели Филипче за неделникот „Фокус“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите на Владата воопшто да го продолжи европскиот пат

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Дејвид Гир чиј мандат како амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија завршува.Филипче и Гир разговараа за теми поврзани со досегашниот мандат на евроамбасадорот и случувањата во земјата. Во разговорот, Филипче истакна дека е загрижен за насоката во која новата Влада ја води земјата, особено за иднината на евроинтеграциските процеси.„Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Северна Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија“, истакна Филипче на средбата со Гир.Претседателот на СДСМ пред евроамбасадорот го истакна и неговиот сомнеж околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и потенцираше дека уште на почетокот на работата на новата Влада земјата има нејасната иднина.Во таа насока, Филипче го информираше Гир дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи.„Европската интеграција е стратешка цел на државата и СДСМ ќе продолжи да се залага за негување демократските вредности и заштитата на националните интереси. СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“, рече Филипче.Филипче му се заблагодари на Гир за неговата посветеност и работа во земјава ангажирајќи се како вистински пријател на Северна Македонија кој даде голема поддршка во остварување на државните стратешки цели.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Информациите за дестабилизација на земјата мора да се споделат со институциите, предизвикуваат немир кај граѓаните, вели Филипче

„Доколку Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции. Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Тој додава:„Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи.Како претседател на СДСМ која е одговорна партија, секогаш се спротиставувам на било какви форми на дестабилизација. Исто така, не смее да се дозволи ниту манипулации со чуствата на граѓаните и предизвикување состојба на тензија, без конкретна акција од страна на државата“.

Македонија | пред 1 година

hristijan7-26072024

Мицкоски до Филипче: Тој се соочува со внатрешни поделби во партијата, а ја коментира работата на Владата, за само 30 дена донесовме 3 крупни инвестиции, нешто што беше незамисливо во нивно владеење

„Повторно ќе кажам тие си ја тераат својата приказна, јас не очекувам дека нешто ново ќе кажат, дека ќе кажат нешто кое што претпоставувам ќе биде пофалба. Иако мислам, лично мислам дека тоа е погрешен пристап, но во ред тие избрале така, нека тераат, избори ќе имаме до година, граѓаните ќе го кажат својот суд кој работи правилно, кој не“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Венко Филипче дека Владата имала лош почеток и план на инвестициите.Премиерот Мицкоски истакна дека Владата е 30 дена, а веќе има три инвестиции од кои едната е за изградба на ветерен парк од половина милијарда долари со 630 вработувања, потоа инвестиција од ЕПСОТЕХ и инвестицијата на Вабтек.„Но ќе го потсетам, еве ние сме 30 дена Влада, во овие 30 дена Влада имаме нова инвестиција од половина милијарда долари, ветерен парк на тромеѓието помеѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш, нови 630 вработени, еден терават час електрична енергија од обновливи извори и чекор кон исполнување на личната цел на Владата, а тоа е да бидеме енергетски во делот на увоз-извоз на електрична енергија избалансирани, односно да немаме повеќе потреба од увоз. Да бидеме на крајот на годината со резултат еднаков на нула, кога станува збор за увозот и извозот. Втората инвестиција е од ЕПСОТЕХ, инвестиција каде што ќе бидат исто така десетици милиони евра инвестирани, чинам дека беше околу дваесетина милиони евра, на тоа ќе се додадат 110 нови вработувања, тие велеа, тие ја воделе таа инвестиција, еве ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за тоа што ја воделе четири години и не успеале да ја доведат до крај. Па требаше новата Влада да дојде и во рок од две недели да го реши сето тоа што тие не успеале во четири години, но сепак еве заслужуваат пофалби и благодарност. Благодарам од мое име и од името на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.„И трета инвестиција која што овие први 30 дена се случува, тоа е инвестицијата на Вабтек, но и не е само новата инвестиција, туку треба да се предочи дека и старата инвестиција има многу проблеми, посебно во делот на регулирање на правата на располагање и сопственост на земјиштето на кое што се наоѓа старата производна фабрика“, рече тој и додаде:„И тоа го решаваме, заедно со Општина Гази Баба, околу половина милијарда евра за компаниите и за општините. Ете тоа е од прилика за овие први 30 дена“.Мицкоски потсети на сите катастрофални политики од претходната влада.„Направете анализа што направија тие во минатото, донесоа инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг, однесоа би рекол, инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг преку фабрика, односно компанија позната за трговија за јужно овошје, која што требаше да ги донесе кинеските вакцини во екот на пандемијата, познатата афера Стабри. Се случуваа многу проблеми, не треба да ве потсетувам на Модуларната болница, не треба да ве потсетувам на катастрофата што се случуваше за време на КОВИД пандемијата, не треба да ве потсетувам на сите оние тендери што се случуваа во минатото поврзани со името на новиот претседател на СДСМ, но органите треба тоа да го истражат. Еве тоа се само дел од работите кои што денеска би ги кажал. Тоа е работа на органите, тие ќе продолжат да ги соопштуваат своите позиции, ние ќе продолжиме да работиме“, објасни премиерот Мицкоски.„Граѓаните да бидат сигурни дека оваа Влада продолжува да работи, дека нема намера да посветува многу внимание на овие клевети кои што доаѓаат од ново избраниот претседател на СДСМ, сепак тој таму се соочува со внатрешни поделби, нормално е да се трудат кој повеќе ќе дехидрира од критики на работењето на Владата. Така мислат дека кој повеќе дехидрира, тој е поуспешен во рамките на СДСМ, тие малкумина кои што останаа, тоа е нивна политика“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политика на евтина работна сила

„ВМРО-ДПМНЕ ја враќа старата политика во која Македонија е рај за евтина работна сила, а каде вработените се секогаш на второ место.“Ова го рече претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче на денешниот брифинг со медиумите на кој меѓу другото се осврна и на лошите економски политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува уште на почетокот од својот мандат, а кои само го намалуваат стандардот на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ не предвидува покачување на платите практично во ниту еден сектор, ниту во образованието, ниту во здравството, ниту за полицијата, ниту за Армијата, а не се почитуваат ниту обврските од општиот колективен договор и нема да има зголемување ниту на минималната плата на 450 евра, како што бараа синдикатите.„Ќе се покачуваат плати само по потреба и за поткуп, не постојано и систематски. Ова многу силно ќе им се удри од глава“, рече Филипче на брифингот.Тој потсети дека со ова ВМРО-ДПМНЕ ја суспендира политиката на континуирано зголемување на платите, за разлика од СДСМ која го цени и го вреднува трудот на работниците и со правилни политики успеа просечната плата да ја издигне на историски најголеми досега 40.000 денари и покрај сите глобални економски и здравствени предизвици.„Во 2024 година луѓето бараат подобри услови за работа, бараат повисоки плати, бараат можности - не бараат некој да ги понижува и третира како евтина работна сила“, рече Филипче.Филипче на брифингот рече и дека очекува целосно деградирање на правата на работниците бидејќи деновиве беше најавено и укинување на недела како неработен ден.

Македонија | пред 1 година

IMG_5171

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го врати процесот на ЕУ интеграции 10 години назад

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема ниту план, ниту патоказ по кој ќе ја креира надворешната политика на земјата. Предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека тие ќе успеат да издејствуваат подобри услови за преговори со Европската Унија и дека ќе добијат цврсти гаранции за превенирање на понатамошни блокади сега се разобличуваат.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите. Филипче додаде дека во изминатиот еден месец, откако новата Влада е во функција, со ниту еден чекор не покажала дека има намера сериозно да ја постави позицијата на земјата во однос на надворешната политика, напротив Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги влоши веќе воспоставените позициите кои беа напорно градени.„Како со временска машина ВМРО-ДПМНЕ реши да ги уназади сите процеси и напредокот во меѓународната политика. Отворивме проблем со Грција кој беше целосно затворен. Сега ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе го решавало по судски пат. Ние 20 години тоа се обидувавме да го направиме и не успеавме дури и со пресуди во наша корист. Нема иницијатива со Бугарија, а имаше само еден последен чекор да се направи“, истакна Филипче.Наместо наметнување на македонскиот наратив и позиции, Мицкоски, кој ја предводеше македонската владина делегација во Вашингтон на прославата на 75 години од постоењето на НАТО алијансата, одигра маргинална улога на НАТО Самитот, смета Филипче.„Мицкоски немаше ниту една конкретна средба со ниту една делегација или премиер на земја стратешки партнер за да се испорачаат нашите барања. Напротив, гледаме само сојузништво со Орбан и нејасна перспектива. ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и јасно да каже каде ја води државата, кој е планот, и во која временска рамка планира тоа да го направи“, потенцира Филипче.Филипче уште еднаш ги потсети ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека ветувале подобри услови во преговорите и промена на преговарачката рамка и дека тоа граѓаните го очекуваат од нив.„И СДСМ го чека ова и ќе го поддржи секој напор за подобри услови и гаранции кои ќе ги обезбеди ВМРО-ДПМНЕ. Но, нема да поддржиме блокада на процесот и отворање на нови конфликти“, изјави Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче: Исправената кичма на Мицкоски е само за домашна употреба

Христијан Мицкоски гради лажен патриотизам дома, додека молчи за средбите што ги оствари со бугарските државници, претседателот Румен Радев и премиерот Димитар Главчев во Вашингтон за време на НАТО Самитот.На брифинг со новинарите, претседателот на СДСМ Венко Филипче зборуваше за катастрофалниот начин на кој владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води надворешната политика и за загрозената позиција на земјата во поглед на клучните прашања поврзани со нејзината евроинтеграција.„Мицкоски има исправена кичма само за да гради лажен патриотизам дома. Во странство, во НАТО, пред бугарскиот врв очигледно си молчи. Имаше две средби со Радев и Главчев, и од двете средби ништо не кажа, а тие јасно кажаа дека обврските остануваат. Тој на тие средби не побарал ништо од тоа што го кажува дома“, истакна Филипче.Дополнително, вели Филипче, Мицкоски не само што не работи на сметка на државата, туку напротив ја изложува на потчинетост и економска зависност од Унгарија. Ова, потенцира Филипче, се коси со предизборната реторика на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија е суверена држава која самостојно одлучува.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Филипче: СДСМ се враќа, кризата од изборите е минато

„СДСМ е подигната на нозе и функционална, активна во политичкиот простор и со тоа би рекол првата фаза на стабилизација е целосно завршена“ истакна на денешниот брифинг со медиумите, претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.Тој истакна дека периодов ќе е фокусиран, на средби и разговори со членството, раководствата од партијата, претседателите, извршните одбори. Идните чекори на партијата се да се формираат работни групи, со цел СДСМ да биде функционална, а сите партиски тела оперативни.„Целта е да се формираат работни групи во коишто ќе членуваат не само официјалните во моментот општински раководства туку и овие луѓе коишто на некој начин се тргнати на страна и во рамките на тие групи да почне и формалниот процес на општински конференции во кои ќе започне и изборот на нови делегати на Конгресот имајќи предвид дека мандатот на овие делегати истекува на крајот на септември, а целта е крајот на септември и почетокот на октомври со се ова што го правиме сега да се конституира новиот конгрес со новите делегати којшто ќе го избере централниот одбор којшто понатаму ќе го избере и новото раководство на партијата. До тогаш целиот процес ќе го водат работните групи“ рече Филипче на брифингот.Филипче најави и целосно нова стратегија на СДСМ.„Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија“ Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики коишто ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во којашто беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности“-истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран, тврди Лефков

„Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче, братот на Венко, формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.Никола Филипче брат на Венко Филипче ја купува земјата во Дојран на која сега е изградена фотоволтаичната централа од 23000 м2 во 2021 година, кога министер за здравство е неговиот брат.Додека Венко Филипче е министер за здравство во владата на Зоран Заев, неговиот брат преку министерството за транспорт добива дозвола за пренамена на земјиштето со цел изградба на фотоволтаична централа. За неполн месец градоначалникот на Дојран од редовите СДС го менува ДУП-от и овозможува Филипче да ја гради централата.За ова Венко Филипче е претседател на СДС, да ги штити бизнисите на семејствата Заеви и Филипче.Филипче е претседател на СДС за да може уште некој градоначалник од оваа партија да направи добра основа за бизнис зделка нему блиски луѓе, како неговиот брат и на Вице Заев.Филипче е прочитан. Одговори и одговорност мора да има.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања