ФИЛИПЧЕ

filipce-ck-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“, проблемот на СДС е криминалот

Очигледно портпаролката Боданка Кузеска кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче. Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДС е партија на многу интриги и проблеми, се велли во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„На Филипче, крив му е народот и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои што правеле криминал заради што секој мисли дека се криминалци.Венко Филипче треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДС е криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и менторот Заев, кои ја доведоа СДС на вака ниски гранки.Жална е епизодата кога лидер на некогаш големата СДС, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма, за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите.Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите кои си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите кои се излеаа врз СДС и народот сето тоа го гледа.Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и национални интереси.Наместо факти, Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“. Тие „октоподи“ седум години му служеа на СДС како портпароли, додека се пљачкаше државата. Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста.Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти, ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев, прашува Петрушевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања поврзани со Клиничката болница „Жан Митрев“, оценувајќи дека за време на владата предводена од СДС постоел обид за преземање на здравствената установа, што, според него, претставува сомнеж за злоупотреба на моќта и директен удар врз владеењето на правото.Петрушевски тврди дека сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во периодот кога бил на власт, наводно ја подготвувал продажбата на Клиничката болница преку значително зголемување на нејзиниот буџет. Според информациите со кои, како што вели, располага ВМРО-ДПМНЕ, токму во тој период болницата имала највисоки финансиски приливи од државниот буџет.Како аргумент, Петрушевски ги посочи официјалните буџетски податоци. Во 2015 година буџетот на Клиничката болница изнесувал 361,6 милиони денари, за во 2017 година да порасне на 406,6 милиони денари, а во 2018 година на 457 милиони денари. Во 2019 година следело значително зголемување на 612 милиони денари, додека во 2020 година буџетот достигнал 682 милиони денари, што, според Петрушевски, е износ од речиси 11 милиони евра.Во следните години, според изнесените податоци, во 2021 и 2022 година буџетот изнесувал по 602 милиони денари, во 2023 година околу 548 милиони денари, во 2024 година приближно 515 милиони денари, а во 2025 година бил намален на 479.883.000 денари.„Бројките се повеќе од јасни и покажуваат дека во периодот кога Филипче бил министер, кон Клиничката болница имало огромен прилив на средства“, истакна Петрушевски, додавајќи дека станува збор за човек кој требало да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем.Според него, наместо фокус на интересите на пациентите и јавниот здравствен систем, Филипче, како што тврди, се занимавал со тоа која приватна болница да ја преземе, па дури и со нудење помош во судски постапки, што, според Петрушевски, укажува на сериозно и недозволиво влијание врз институциите.Тој потсети дека со години во јавноста се зборува за апетитите на поранешниот премиер Зоран Заев и на Венко Филипче кон приватниот здравствен сектор, оценувајќи дека овој случај дополнително ги засилува тие сомнежи.„Јавното обвинителство има обврска да постапи. Несомнено е дека за овој и за слични случаи има многу работа и дека институциите мора да покажат дека законот важи за сите“, порача Петрушевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrsq2gvq5gp92bOvwsja

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов

Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ„Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања:Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ.Второ, како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-library7mhm9aopa0ge4U1sL4C

Шилегов бара оставка од раководството на СДСМ: Резултатите се катастрофални

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, гостувајќи во емисијата „Топ тема“ на Телма, јавно побара оставка од актуелното партиско раководство, оценувајќи дека резултатите од неговото работење се, како што рече, катастрофални и ја довеле партијата во длабока криза.„Да ја сведете поддршката на партијата на околу сто илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје и трета на државно ниво – ако тоа не е катастрофа, што е?“, изјави Шилегов.Тој најави дека незадоволството во партијата не доаѓа само од него, туку и од поширока група членови и функционери, меѓу кои и актуелни пратеници, кои, според него, немаат никаква комуникација со раководството.„Кога дел од пратениците ќе излезат од партијата, можеби и половина од пратеничката група, и кога дел од општинските раководства ќе ви ги затворат вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете“, порача Шилегов.Тој потсети дека бил отстранет од потпретседателската функција за време на т.н. операција „Метла“, а подоцна, како што рече, не бил свикан ниту конгресот што го барале бројни активни членови по локалните избори. Шилегов ја оспори и легитимноста на конгресот што го најави актуелниот лидер Венко Филипче, посочувајќи на апатија, пасивизација на членството и изолација на партијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0pf801r4fk9fdofjZSX

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев – болницата по багателна цена во замена за помош во судскиот процес

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ„Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата.Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.Но, Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на др. Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.Овој однос и начин на функционирање на СДС, за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата Жан Митрев, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.Изјавите на др. Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче, кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: СДСМ го дозакопаа Филипче правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик

Не ја разбираме возбудата на СДС и нивните српски тутори, да шират изјава од Милорад Додик, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ.„Веројатно соопштението го пишувале во придружба на песната Ко то каже, ко то лаже или Над краљевом жива ватра сева..и можеби Грегоријанецот Венко кој е изгубен меѓу неколку календари, а веројатно и три четири држави, наоѓа некаква логика, но навистина не ја гледаме возбудата да одговориме на глупаво соопштение на СДС каде шират изјава на Милорад Додик.Ниту едно соопштение не може да го оправда Венко Филиповиќ, во неговите лудории и гафови“, се вели во реакцијата

Македонија | пред 1 седмица

zaev-filipce-1

ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле. Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење, наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид пандемијата, Филипче и Заев наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница Жан Митрев.Ова го потврди самиот др. Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.Тандемот Филипче-Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДС, се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.Оттука се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДС треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа која треба да зборува.Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето државата и институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно, за остварување на клановските цели.Не треба да има недопирливи, законот треба да важи подеднакво за сите“, се вели во сооштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

„Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Помалку смешно изгледа што СДС секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква, вели ВМРО-ДПМНЕ„ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДС Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, го честиташе со поздравот „Бог се роди“... што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ.Немаше потреба безидејното СДС да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ. И дека цела јавност не видела дека Венко не згрешил и дека тоа е последица на грегоријанскиот календар кој е неколку дена пред јулијанскиот календар.Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и просторот. За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да СДС е српска колонистичка партија и експозитура на српската политика.Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја превземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихачка, Венко Филипче, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја превземат приватната болница Жан Митрев.Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж.Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат?Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена.После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.ЈО да не молчи.ЈО веднаш да го истражи случајот.Одговорност и правда мора да има“, се вели во соопштението

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

СДСМ: ВМРО дури и на голем верски празник се обидува да го исмее претседателот Филипче

ВМРО дури и на голем верски празник ВМРО се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление - Водици. Овој вид евтина политичка манипулација само покажува колку ВМРО е оддалечена од реалните проблеми на граѓаните и колку се подготвени да злоупотребуваат се, дури и верските традиции за политички поени, велат од СДСМ„По црковната традиција, божиќниот поздрав „Бог се роди“ се користи од Божиќ на 7 јануари па сѐ до Богојавление на 19 јануари.Значи, не е погрешно да се користи и на овој ден, заедно со вообичаениот поздрав „Бог се јави“.Дополнително, во некои локални обичаи и традиции, овој поздрав може да се користи и подолго, што го покажува богатството на православната култура.Во текстот на кујните на ВМРО стои, цитираме:„Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божиќ, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот, или на 7 јануари според Јулијанскиот календар.“Прво, не се поздравува по Божиќниот празник, туку од тоа утро, од тој ден на празникот!Второ, не е „7. јануари по Јулијанскиот“, по јулијанскиот календар е 25. декември, но ние денес живееме по грегоријанскиот календар, па го перципираме како 7 јануари.Трето, да поставиме прашање до ВМРО: Кој се поздравува со христијанскиот поздрав „Бог се роди“, пред сѐ застапен во православието, на 25. декември по грегоријанскиот календар?ВМРО толку ништо не знае, вистински „ќаци“. Напредна верзија 2.0, полоша од својата вмро сестринска „copy-paste“ СНС варијанта!ВМРО се обидува да се претстави како бранител на верата, додека всушност, дури и сега ненамерно (бидејќи секојдневно прават намерно) со своето незнаење, повторно шири дезинформации.СДСМ останува посветен на единството, толеранцијата и решавањето на реалните предизвици за сите граѓани на Македонија, без злоупотреба на религијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

filipce-ck-sdsm

СДСМ: ВМРО сака да го бира претседателот на партијата

Каде се случило владејачката партија да бара оставка од претседателот на опозиционата партија? Тоа е апсолутен апсурд, достоен за сценарио од Монти Пајтон,„Но, еве, во нашата реалност, ВМРО ни дава секојдневни совети и сугестии за подобрување на СДСМ, па дури сака да го бира и претседателот на партијата.Ова го нема никаде.Добро, ајде, знаеме дека лажно се грижат за нас како многу загрижени тетки, но да бараат оставка од нашиот претседател?Па, тоа ни Монти Пајтон не би го смислил – би рекле дека е преапсурдно дури и за нивните скечеви!ВМРО, наместо да се фокусира на огромните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, се претвори  во партија која по цел ден се занимава со криминални тендери и со напади врз СДСМ.Секој ден: „Направете вака, направете така“Како да се „консултанти“ а не партија.А сега и бараат оставка од претседателот Венко Филипче?Знаеме дека сакаат контролирала опозиција, но тоа треба на друго место да го бараат, не во СДСМ.Што очекуваат следно? СДСМ да ѝ каже на власта: „Ви благодариме што сте на власт, ве молиме останете уште!“Каде е логиката? Во циркусот на Монти Пајтон, можеби и во ВМРО, никаде на друго место.Не насмеаја, сите граѓани на Македонија, но веќе ништо не е смешно.СДСМ ќе продолжи да го разобличува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, ќе продолжи да се бори против изолацијата на земјата и за сите наши граѓаните.Иднината на граѓаните и на Македонија е нашат водилка!Доста е со губење време, сите ќе одговарате!Туку одговорете, отиде ли Жан во обвинителство?“, стои во соопштението

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl9t81oqf517fabQpDHQ

Манасиевски: Заев и Филипче преку корупција се обиделе да ја преземат болницата на др. Жан Митрев

На телевизија Њузмакс во емисијата „Став на регионот“ гостуваше Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој на самиот почеток дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за тоа како Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев по далеку пониска цена.„Сите оние афери, сомнежи и скандали се поврзуваат со минатата власт којашто беше предводена од СДС и ДУИ, како и оваа афера којашто докторот Жан Митрев ја изнесе во јавноста, каде што вели дека минатата власт, односно еден премиер и министер за здравство, тука знаеме на кого мисли, односно на Зоран Заев и Венко Филипче, дека преку мафијашки однос се обиделе да му ја преземат болницата по далеку пониска цена. Ова е она што ние изминатите 7 години, а еве и континуирано во овие година и половина откако сме на власт, го говориме дека СДС и ДУИ кога владееја со државата тоа го правеа на криминален и коруптивен начин“, истакна Манасиевски и додаде:“Ова однесување на Зоран Заев и Венко Филипче и СДС како политичка партија, навистина не ме чуди до каде одело само за да дојдат до одредено богатство коешто ние граѓаните го трпиме и ден денес.”Манасиевски објасни дека реформите во правосудството се неопходни, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го преземала првиот чекор со разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.„Судството навистина не функционира и оние 2% коишто ги има доверба се потврдува, а ние како политичка партија велиме дека треба да има реформи, затоа што гледаме дека нема никаква судска разрешница. Нема разрешница по голем број на судски предмети, се чуваат предмети по фиоки но, имаме еден чекор којшто го преземавме како Влада, каде што е разрешен државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за којшто имаме сомнежи дека чувал над 40тина предмети во неговите фиоки, за да не постапи за оние сомнежи кон минатата власт на СДС и ДУИ. Така да сметам, потребни се итни реформи во овој дел со цел да имаме правда во нашата држава“, дециден е Манасиевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6oajvc3fr4f10qUzIYt

Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, туку бизниси за мала група блиска до ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека на владата не и се важни реформите за европската иднина на државата и нема искрена намера да ја води земјата кон Европската Унија, туку единствено се грижи за бизнис-интересите на мала група блиска до ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што ништо не исполнија од договореното досега и тоа што еве полека ја разоткриваме нивната власт, е дека само еден голем бизнис за една мала група на луѓе блиска до ВМРО-ДПМНЕ, значи дека немаат намера, исто како и досега, да сработат нешто од реформската агенда“, рече Филипче.Тој додаде дека на граѓаните треба да им е јасно дека со оваа влада нема реформи, туку само лажна пропаганда и спроведување на нивните бизниси.„Се е една лажна пропаганда со цел нивните бизниси во позадина да тераат. Нема збор за сомнителниот капитал од АЛТА банка, нема збор за тендерите 161 тендер милионски тендери за компании вчера регистрирани на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, средби со луѓе на вицепремиерот, со луѓе блиски до Путин. Премиерот кажува реформската агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал разоткриени се“, рече Филипче.Притоа, Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМЕ целосно ја закочи европската иднина на државата.„Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

zaev-filipce-1

Стојаноски: Заев и Филипче му се заканувале на Жан Митрев за да му ја одземат болницата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека докторот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, јавно посведочил оти поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче му се заканувале со цел да му го одземат сопствеништвото над болницата.Според Стојаноски, притисоците се случувале во период кога против Жан Митрев се водел судски случај, а Заев и Филипче, како носители на највисоки државни функции, ја користеле својата позиција на моќ за, како што рече, преку институционални механизми да се обидат да ја преземат клиниката.„Во тој период биле блокирани и личната сметка на Митрев и сметката на болницата, а имало и забрана за продажба. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес да му ја одземат болницата, по само една недела забраната била тргната од страна на Јавното обвинителство. Логично се поставува прашањето како и зошто се случило тоа“, истакна Стојаноски.Тој додаде дека Жан Митрев обелоденил и обид за откуп на болницата по цена значително пониска од реалната и пазарната вредност, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на сериозни злоупотреби на власта.„Згрозени сме до каде биле подготвени да одат Филипче и неговиот ментор Заев за лично збогатување. Во време кога граѓаните секојдневно умираа од ковид, а државата немаше навремено обезбедени вакцини, тие се занимавале со сценарија за одземање приватна болница“, рече Стојаноски.Тој оцени дека наместо да работат во интерес на јавното здравје, поранешните функционери биле поврзувани со низа афери – од недвижности и компании, до тендери, договори и, како што рече, обиди за преземање болници.На крајот, Стојаноски упати јавен повик до Јавно обвинителство итно, темелно и неселективно да го истражи случајот и да постапи согласно закон.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8qusogn8ncusesx96xa

Филипче: Македонија на листата на САД како „трет свет“, изолација, криминал а тие дефокус

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, изјави дека државата е доведена во сериозна меѓународна изолација како директна последица на политиките на актуелната власт, додека јавноста, наместо одговори за клучните прашања, секојдневно е изложена на дефокус, јавен линч и црна кампања.Филипче нагласи дека власта не дава одговори за, како што рече, суштинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните.„Нема одговор на вистинските прашања. За дупката во буџетот од две милијарди евра, за тоа што нема пари за зголемување на платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку Алата банка, за корумпираните тендерски постапки низ целата држава. Нема одговор за проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат“, истакна Филипче.Според него, наместо решавање на овие прашања, власта свесно креира атмосфера на дефокус и политички линч.„Нема ништо за реалните проблеми. Само дефокус, јавен линч и црна кампања“, порача Филипче.Тој оцени дека ваквото владеење резултирало со сериозна меѓународна деградација на државата.„Дојдовме на листи со земји од третиот свет поради политика на изолација, криминал и корупција, како и поради средбите на луѓе од врвот на власта со ноќни волци блиски до Путин. Доста е веќе“, нагласи Филипче.Во заклучокот, претседателот на СДСМ порача дека граѓаните се уморни од манипулации и празни наративи и дека очекуваат суштински промени.„На граѓаните им треба подобар живот, повисок стандард, повисоки плати и пензии, сигурна иднина и јасен пат кон Европа. За тоа треба да зборуваме – тоа е вистинската политика“, истакна Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања