ФИЛИПЧЕ

media-libraryd5nt83lagu0qaD0vXXk

Филипче предупредува на ризик од злоупотреба на податоци преку „Сејф сити“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, изјави дека СДСМ не е против воведувањето на системот „Сејф сити“ од аспект на унапредување на безбедноста во сообраќајот, но оцени дека во актуелното законско решение постојат сериозни и суштински прашања кои мора дополнително да се прецизираат и јавно да се отворат во Собранието.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче нагласи дека секој закон кој придонесува за намалување на сообраќајните несреќи и за зголемување на безбедноста е принципиелно поддржан од СДСМ, но дека тоа не значи безусловна поддршка на решенијата што моментално се предлагаат.Тој посочи дека мора да се земе предвид економската состојба во државата и животниот стандард на граѓаните, особено кога станува збор за висината на казните што ќе произлезат од примената на системот.Покрај економскиот аспект, Филипче како клучно прашање ја истакна и контролата врз податоците што ќе се собираат преку системот „Сејф сити“, оценувајќи дека станува збор за огромна количина чувствителни информации за граѓаните.Во тој контекст, тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ, како носител на актуелната власт, има, како што рече, историја на злоупотреба на безбедносните служби, следење и прислушкување на граѓани, поради што, според него, не може овој сегмент да помине без сериозна парламентарна расправа.Филипче нагласи дека токму поради ваквите сомнежи, СДСМ ќе инсистира на дебата во Собранието, со цел да се обезбедат јасни гаранции дека податоците нема да се користат за тесни, партиски или политички цели и дека системот ќе служи исклучиво за јавна безбедност и заштита на граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Жан Митрев тврди дека Заев и Филипче барале сопствеништво во болницата, Филипче возвраќа: Ќе тужам

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче биле директно заинтересирани да пронајдат начин за стекнување сопственички удел во болницата „Жан Митрев“, во периодот кога против познатиот кардиохирург се водела истрага поврзана со лекувањето на пациенти за време на ковид-кризата. Ова јавно го изнесе самиот Жан Митрев, гостувајќи во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на ТВ Алфа.Богдан Илиевски: Политички големци од претходната гарнитура, на највисоки функции, можеби еден премиер и еден министер за здравство, биле директно заинтересирани за најдат начин до сопствеништво врз вашата болница. Дали сте го слушнале овој муабет?Жан Митрев: Да, да.Богдан Илиевски: Дали сте го почувствувале таквиот обид?Жан Митрев: Да.Богдан Илиевски: Потврдувате ли дека имало заинтересираност од Зоран Заев и од Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво врз вашата болница?Жан Митрев: Да, имаше такви реални контакти. И на писмено, не само вака…Набргу по овие наводи, актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, одржа вонредна прес-конференција на која остро реагираше, оценувајќи дека станува збор за „континуирана црна кампања и јавен линч“ насочени кон него. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека преку изјавите на Жан Митрев му се припишува рекет и обид за преземање на цела болница.Филипче изјави дека ваквите напади ги надминале сите граници и најави покренување судска постапка против, како што рече, сите инволвирани – и нарачателите и извршителите. Воедно, тој јавно го повика Жан Митрев, доколку има какви било сознанија за кривично дело, да поднесе кривична пријава до обвинителството.„Нека постапи институционално ако смее. Ако има нешто, нека се докаже пред обвинител и суд, а не преку медиумски настапи. Затоа што знаат дека ќе одговараат“, рече Филипче, обвинувајќи ја власта дека токму ваквите случаи се причина зошто, според него, не се спроведуваат суштински реформи во правосудството.Со ова, јавноста доби две спротивставени верзии за истиот настан – една од страна на кардиохирургот Жан Митрев, кој говори за директни обиди за преземање на неговата болница, и друга од страна на Венко Филипче, кој тврди дека станува збор за политички мотивирана кампања и најавува правна разврска пред судските институции.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypcj7jiv5m2ph0naaS63

Филипче тврди дека е мета на клевети

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција, жестоко реагираше на континуираната црна кампања и јавниот линч што власта го води против него.„Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница“, рече  Филипче.Како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ ја премина секоја граница и најави дека ќе покрене судска постапка против сите инволвирани.„ВМРО-ДПМНЕ  ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам. Ова не е политика. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе. Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот“, нагласи Филипче.Воедно, Филипче на денешната прес-конференција јавно го повика Жан Митрев да постапи институционално, доколку смее и најави дека ќе ги гони и нарачателите и извршителот.„Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави“, рече,  претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

maricic-2

Маричиќ се враќа во игра како предлог за претседател на ДИК

Венко Филипче, пресече во последен момент и како предлози за ДИК ги нуди Бојан Маричиќ и Борис Кондарко. Маричиќ, повторно го враќаат во игра и тоа како претседател на ДИК, а досегашниот претседател Кондарко ќе биде само член во ДИК.Иако имаше повеќе конкуренти за позициите во ДИК, сепак последниот збор го имал лидерот Филипче.Од игра испаднаа поранешната заменичк за правда и претседател на Изборната комисија на СДСМ која го прогласи Филипче за нов лидер, Викторија Аврамовска Мадиќ. Таа е државен советник во судскиот совет. Шанси и се даваа и на Марија Митановска од Министерството за правда.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc04a59qnuu2adj61Zf9

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека  на граѓаните им е веќе јасно дека сѐ што досега го зборувавме се покажува како вистина.„Сѐ што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата“, истакна Филипче.Тој нагласи дека на лидерската средба наместо да се зборува за клучните проблеми со кои се соочува државата, се покажало дека власта има единствена цел, што побрзо да оди на избори поради недостиг на финансиски средства.„На власта ѝ се брза да направи избори затоа што пари нема. Дупката во буџетот е огромна, а следно што доаѓа, како што предупредивме, е проектот за мигранти за пари“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ Венко Филипче презентираше конкретни бројки за, како што рече, драматичната состојба со јавните финансии.„Дупката во буџетот е огромна, недостасуваат од околу 2 милијарди евра, и тоа конкретно на страна на приходите кусок од 500 милиони евра, дефицит во буџетот680 милиони евра, доспеани и неподмирени обврски кон стопанството од околу 700 милиони евра, неисплатен поврат на ДДВ кон компаниите меѓу 100 и 150 милиони евра“, рече Филипче.Притоа тој истакна дека следуваат нови задолжувања, еврообврзница, нови кредити.„Сето тоа ќе се пополнува на грбот на народот. Во 2026 година нема да има пари за раст на платите“, предупреди Филипче.Претседателот на СДСМ се осврна и на состојбите во земјоделството, потенцирајќи дека скандалот со ИПАРД програмата го потврдува сомнежот за злоупотреба на европски средства.„Се потврди кражба на европски пари. Ние сме ставени на црната листа на Европа“, заклучи претседателот на СДСМ.„Понатаму, како што кажавме и како што разобличивме се случува силна антиевропска кампања. Се провоцираат судири со Грција и со Бугарија, се наметнуваат националистички теми, се измислуваат изговори за земјава да се држи во изолација. Ги спомнавме и активностите против нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави, вицепремиерот на нашата влада Стоилковиќ на средба со ноќните волци блиски до рускиот претседател Путин. “ рече Филипче.Понатаму алармираме за огромниот степен на криминал и корупција којшто се случува изминатите година ипол, додаде тој.„Фирми блиски на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и знам тендер коалицијата. 161 тендер на една фирма, 51 тендер една фирма во бројни општини каде градоначалници се ВМРО-ДПМНЕ. 1,2 милиони евра тендер во пошта и уште безброј многу други корупциски скандали коишто ќе ги објавуваме во следниот период.“ рече Филипче.Ги разоткривме буквално сите планови на оваа власт. Укажавме дека се сузбива демократијата, дека се партизираат институциите, дека се ограничува слободата на говорот. се донесе резолуција во собранието со коешто замислете како во Третиот рајх се ограничува што може, а што не може да каже опозицијата. И да не биде предоцна, ќе повториме уште еднаш за мигрантите дека и за тоа сме биле во право, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

ahmetii

И Ахмети по Апасиев одлучи да оди на лидерска, осамен во бојкотот остана Филипче

Али Ахмети ќе присуствува на утрешната лидерска средба. Ова е одлука на партиското тело. Избор на Влада со Бадентер, одлуките на Уставен за законите со Бадентер, да се носат со двојно мнозинство, членството на Македонија во ЕУ и договорот кој што ДУИ го нуди за спас на државата, ова ќе бидат барањата на ДУИ кој од партијата е овластен да носи одлуки на средбата.Потврда за учество има и од Левица. Тие ќе бараат изборна единица и еднаков медиумски пристап за избори за сите партии.Само СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата.„На Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните.Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните”, вели Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykcl7ldrfq3is5JcTUB5

Филипче: СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.Претседателот Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски до Филипче: Опозицијата е незрела, безидејна и неодговорна

Сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие, можевме и без лидерска средба, вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на одбивањето на лидерот на СДСМ да оди на лидерска средба.„Тема на лидерската средба не беше само Законот за влада. Ако ние се однесуваме неодговорно како што се однесува тој и генерално опозицијата, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие можевме и без лидерска средба”, рече Мицкоски.Тема требало да бидат се и реформските закони, кои исто така треба да се донесат во Парламентот.„Да разговараме за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и за другите реформски закони од правосудството, како Законот за јавнообвинителска и судска служба, за Законот за Советот на јавни обвинители. Сакавме да разговараме и за народниот правобранител. Има многу закони кои ценев дека треба да се донесат во инклузивен процес”, одговори Мицкоски.Изборот на нов народен правобранител е заглавен, бидејќи мнозинството нема Бадентерово мнозинство.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryoia7mogq0o415mVPoej

Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество во кое младите ќе ја гледаат иднината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати божиќна честитка до верниците, повикувајќи на мир, толеранција и заедничко градење праведно и слободно општество, во кое младите ќе ја гледаат својата иднина во државата.„Ви благодарам на сите за присуството. Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка – Мир Божји, Христос се роди“, изјави Филипче.Тој им посака мирни и весели празници на сите верници кои денес го празнуваат Божиќ, нагласувајќи дека празникот е традиционален повод за семејно собирање, за покажување почит и грижа кон најблиските.„Посакувам денот да помине мирно. Мирот, особено во овие турбулентни времиња, ни е повеќе од потребен за да можеме да продолжиме да градиме општество што ќе биде праведно, толерантно и слободно“, порача претседателот на СДСМ.Филипче потсети дека во изминатиот период биле имплементирани политики кои, како што рече, граѓаните реално ги почувствувале преку подобар квалитет на живот, поголема безбедност и економска сигурност.„Имплементиравме политики што доликуваат на развиени општества – општество во кое никој нема да се чувствува помалку вреден, без разлика на етничката, националната, верската, културната припадност, родот, полот или сексуалната ориентација“, истакна Филипче.Тој упати повик за заедничко градење општество без дискриминација и поделби, во кое сите граѓани ќе имаат еднакви можности и достоинствен живот.

Македонија | пред 3 седмици

media-library31fortp4isre65BMIRd

Опозициска реакција: Каде е фотографијата од Дубаи со Филипче?

Опозициската СДСМ реагираше на, како што ги нарекува, континуираните лаги и манипулации што, според партијата, доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со наводното патување во Дубаи и т.н. „златна виза“. Од СДСМ велат дека обвинувањата се целосно неконзистентни и се менуваат од ден во ден, што, според нив, ја разоткрива паниката и изгубеноста на владејачката партија.„Толку многу лажат што веќе и самите се загубија во сопствените лажни вести“, наведуваат од СДСМ, посочувајќи дека дури и износот на наводната виза постојано се менува. Според нив, првично се зборувало за половина милион долари, потоа за половина милион евра, а веќе следниот ден сумата, како што тврдат, прераснала во половина милијарда евра.Во реакцијата се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја одржи приказната, започнала да вклучува и јавни личности кои, според СДСМ, немаат никаква врска со настаните. Како пример го посочуваат името на Харис Џиновиќ, за кого велат дека со едноставно јавно пребарување може да се утврди дека новогодишната ноќ ја поминува во Херцег Нови, а не во Дубаи.Од СДСМ оценуваат дека ваквите обвинувања претставуваат обид за дефокус од, како што наведуваат, сериозните теми поврзани со криминални тендери и договори за мигранти, за кои тврдат дека актуелната власт избегнува да даде одговори. Според партијата, станува збор за систематска политичка манипулација која прераснува во директна навреда на интелигенцијата на граѓаните.Во реакцијата, СДСМ повторно прашува кога ВМРО-ДПМНЕ ќе објави конкретен доказ за своите тврдења, односно фотографија од наводното патување во Дубаи, оценувајќи дека до тогаш сите обвинувања остануваат на ниво на неосновани инсинуации и лажни вести.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygsrak3ns3r60cpq6689

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешните обвинувања од СДС за златната виза на Венко Филипче, истакнувајќи дека партијата се фокусирала само на сумата и дали станува збор за долари или евра, додека суштинските прашања останале без одговор.„Интересно е како СДС веднаш се фатија за јадицата и за сумата колку чини визата Дубаи на Венко Филипче, намесникот на Зоран Заев. Од искуство изгледа знаат колку точно чини, па веднаш тоа ги погоди. Но, не одговорија како со докторска плата успеа да ја купи златната виза и дали истата е врзана со инвестициите во градежништвото и 42-катницата, за која има сведоштво од поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата додава дека СДС не одговориле ниту на прашањето дали, по дубајско време, Заев и Филипче ќе ја слават Новата година, туку се фокусирале само на „парите“.„А кога сме кај Харис Џиновиќ, им порачуваме да не се резилат – постои видео материјал кој покажува како Венко Филипче радосно го снима Зоран Заев како се весели со Харис во Дубаи“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-library46ida5lo4ic47Qxxgmv

Манасиевски: Филипче е фатен во голема лага, должен е да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза?

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска побара јавен и јасен одговор од Венко Филипче за основата врз која ја добил т.н. златна виза за Дубаи, посочувајќи дека јавноста има право да знае дали станува збор за инвестиција, недвижност или бизнис вреден најмалку 500.000 долари.Манасиевски нагласи дека за добивање златна виза во Дубаи е потребна значајна финансиска инвестиција и дека Филипче досега не одговорил дали поседува стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за визата. Според него, наместо молк, потребни се конкретни факти и документи.Тој се повика и на сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој изјавил дека ја видел 42-катницата што ја гради Заев во Дубаи, како и становите на Заев и Филипче. Манасиевски истакна дека и на овие наводи Филипче не дал конкретен одговор.Дополнително, според Манасиевски, Филипче потврдил дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но негирал дека бил негов партнер, што, како што рече, дополнително го отвора прашањето како тогаш дошол до златна виза.Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Филипче јавно да ги објави документите врз основа на кои ја добил визата, без разлика дали станува збор за професионален ангажман, работа во болница или друг вид договор. Манасиевски оцени дека доколку такви документи постојат, нивното презентирање не би било проблем.„Филипче не покажува документи, иако вети, затоа што ги нема“, изјави Манасиевски, додавајќи дека, според ВМРО-ДПМНЕ, тој продолжува по стапките на својот ментор Зоран Заев и на приватен и на партиски план.Манасиевски порача дека за овие прашања мора да има одговорност.

Македонија | пред 1 месец

media-library4fh548ap27eqdHBEqUr

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера јасни одговори од министерот за здравство, Венко Филипче, поради сомневањата околу неговата златна виза во Дубаи.„Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека не бил партнер во градбата. Поставувањето на ова прашање е очигледно: ако Филипче не е дел од проектот, како тогаш дошол до златна виза?“, истакна Манасиевски.Тој го повика Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза, нагласувајќи дека, доколку навистина имал легитимна работа во Дубаи, нема причина да ги криe.Манасиевски посочи и сведоштво на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, кој тврдел дека видел и 42-катницата на Заев и станови на Филипче во Дубаи. „Венко Филипче сè уште не одговори дали има стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златната виза. За потсетување, за златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од минимум 500.000 долари“, рече Манасиевски.Тој истакна дека Филипче треба да одговори како ги има обезбедено овие средства, бидејќи со плата од доктор и пратеник е невозможно да се достигне таква сума. „Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 1 месец

filipce-ck-sdsm

Филипче со честитка за Католички Божиќ: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник,  Христовото раѓање - Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.„На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, им упатувам искрени честитки по повод големиот празник Божиќ.Божиќ е празник на надежта, љубовта и заедништвото. Овој голем празник нè потсетува дека само со солидарност, меѓусебна почит и грижа едни за други можеме да изградиме поправедно и похумано општество, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и сигурна иднина.Во духот на Божиќните пораки, да се свртиме кон вистинските вредности кои нè обединуваат и ни даваат сила да ги надминеме сите предизвици. Да правиме добри дела кои ќе бидат патоказ за подобра иднина на следните генерации.Во овие божиќни денови посакувам добро здравје, мир и радост во секој дом. Нека Божиќ донесе нова надеж, нови почетоци и успеси за сите нас.Христос се роди, Честит Божиќ“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во честитката.

Македонија | пред 1 месец

filipce-sdsm-co-2

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии, вели Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, оцени дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е длабоко заробен во, како што рече, „фрчковизмот“ и во пропагандни модели кои се надминати уште пред повеќе од две децении и денес делуваат не само неефикасно, туку и несериозно.Во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, Василевска истакна дека станува збор за стари пропагандни методи, кои СДСМ, според неа, целосно ги истрошил за време на Шарената револуција, кога партијата „прегорела“ во сопствената пропагандна машинерија. Таа оцени дека тие пристапи одамна не функционираат ниту како политичка артикулација, ниту како начин за освојување доверба и поддршка од граѓаните.Осврнувајќи се на состојбите во опозициската партија, Василевска изјави дека актуелното раководство на СДСМ нема визија за суштинска обнова, туку се обидува да ја одржи партијата во, како што рече, „полумртва состојба“ или клиничка смрт, со надеж дека ќе се појави некаков нов бран сличен на оној од времето на Шарената револуција.Според неа, сериозни и одговорни социјалдемократи не би прифатиле да застанат на чело на партијата во вакви околности, оптоварени со криминал, нерешени прашања и контроверзни политики, ризикувајќи го сопствениот углед и здравје без јасна перспектива за успех. Таа смета дека сегашното лидерство е поставено токму за да ја одржува партијата во ваква состојба, чекајќи надворешни околности наместо вистинска внатрешна трансформација.Василевска се осврна и на говорот на претседателката на државата во Собранието, оценувајќи го како државнички и одговорен, со јасен повик за национален консензус околу евроинтегративниот процес. Таа нагласи дека во говорот имало и директна критика кон актуелната влада, особено во делот на европските интеграции, борбата против корупцијата и потребата од вистински функционално и праведно судство.Според Василевска, токму таквиот балансиран пристап и јасното укажување на слабостите во системот се клучни за напредокот на македонското општество, за разлика од, како што рече, застарените пропагандни шеми кои повеќе не можат да ја убедат јавноста.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања