ФИЛИПЧЕ

media-librarys0tfckd8539j7aMwMLg

Филипче: Глас за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа  во Крива Паланка, порача дека овие локални избори се избори за одлука,  момент кога секој глас  станува дел од голема приказна за обнова и единство, а гласот за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија.„Во недела одлучуваме дали ќе живееме во држава со ред, правда и чесност, или ќе во држава на хаос, корупција и привилегии за блиските на власта како што е сега. Или нашиот дом ќе продолжат да го рушат цигла по цигла, како во изминатите една и пол година, или сите заедно ќе го спасиме. Во недела одлучуваме дали лажниот патриотизам и поделбите ќе продолжат или љубовта кон татковината и заедништвото ќе надвладее“, рече Филипче.Во ораќањето пред граѓаните тој посочи дека сега не е време за апатија и разочараност, туку време за обединување и масовно гласање. Потенцираше дека СДСМ е секогаш на страната на граѓанинте.„СДСМ е тука за вас, на ваша страна. СДСМ се крена, СДСМ се враќа.СДСМ е партијата што донесе независност по мирен пат, што ја внесе Македонија во НАТО, што ги отвори вратите кон Европа, што секогаш беше со граѓаните и во кризи и кога беше најтешко. Да се бориме за држава што ќе биде место на сигурност, правда и достоинствен живот“, рече Филипче.Концептот на СДСМ, како што кажа Филипче, е концептот за општество во кое секој човек е важен.„А тој концепт, тој граѓански дух, го изгубивме со ВМРО-ДПМНЕ.  Нашата борба е за враќање на граѓанскиот концепт, за општество во кое никој не е над законот, и никој не е под достоинството што му припаѓа. Борбата на СДСМ е борба за подобри денови за Македонија, за домот што го сакаме, што го чуваме и што мора да го спасиме“, рече Филипче.На трибината во Крива Паланка, Филипче ги повика граѓаните да ја покажат својата сила во недела, со масовно излегување на гласачките места, да гласаат за бројот 5 и да пратат силна порака за вистинска промена, затоа што на Македонија ѝ се потребни промени.

Македонија | пред 3 месеци

media-library25bgfc4hlabscAhb487

Филипче: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела!

„Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.Пред граѓаните од преполниот плоштад, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува.„Ова не се обични локални избори. Во недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка“, истакна Филипче.Тој потенцираше дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.„Сакаме достоинствени плати за достоинствен живот, праведна држава и институции што служат на граѓаните. Тоа можеме да го постигнеме само ако во недела излеземе масовно и гласаме – за нашата држава, за нашиот дом, за број 5!“, рече Филипче.Од Крива Паланка, Филипче упати силен повик за единство и активност:„Време е да се исправиме, да ја покажеме нашата сила, да ја вратиме надежта и да ја вратиме државата во рацете на народот. Во недела, секој глас е важен. Се враќа силата на народот – се враќа СДСМ!“ рече Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysaljsfqvvnqo3DgQtkg

Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

„На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните,“  порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од трибината во Бутел.Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага,  кандидати и кандидатки со интегритет и кредибилитет.„Јас знам дека Оливера за Бутел и Каја за Скопје се вистинскиот избор, силни жени, борци, докажани во својата професија, жени кои искрено и чесно ќе застанат зад граѓаните и нивните потреби“, рече Филипче.Тој потсети дека општините се најблиската власт до граѓаните и дека токму затоа таму е најважно да се изберат чесни и одговорни претставници.„Општините се првиот контакт на секој човек со било која власт и тука не смее да има поделби. Тука не смее да се изберат послушници на Мицкоски кои работат само по директиви на партијата“, нагласи лидерот на СДСМ.„А, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нуди токму такви кадри, бирани по теркот и меракот на претседателот, а не на граѓаните“, додаде Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi486jq43nbds51wS7pp

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани„Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска пред граѓаните, да ги соочиме со тоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше во пресрет на минатогодишните избори, а што од сето тоа што тогаш се зборуваше, имаат исполнето. Понатаму, што советуваа од страна на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ пред 4 години и што од тоа е исполнето. Тоа е наша обврска. И како што сами гледате во сите тие промотивни спотови, ние ништо не зборуваме, тие зборуваат. Тоа се нивни ветувања во коишто близу 100% не се исполнети. Извинете, но тоа е наша обврска да ги информираме за тоа граѓаните. Тоа воопшто не е црна кампања“, рече Филипче.Претседателот Филипче исто така рече дека СДСМ немало скриени намери во кампањата туку напротив имале должност да ја кажат вистината пред граѓаните.„Разбирливо е дека кога владата нема со што да се пофали, нема ниту еден сериозен проект, нема ниту една категорија на граѓани коишто се задоволни и коишто видоа бенефит од ова работење на владата изминативе година ипол  ниту пензионерите, ниту работниците, ниту докторите, ниту наставниците, ниту земјоделците се што има останува е да се занимаваат со опозицијата“, рече Филипче на Сител телевизија.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysrjojd55krs36JnMEe5

Филипче: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

Додека премиерот Мицкоски зборува за некакви економски успеси, дупката во Буџетот се продлабочува, јавниот долг расте, граѓаните стануваат се посиромашни, предупреди Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Гостивар.„Реалноста е дека буџетот е во дупка од 1,4 милијарди евра, приходите заостануваат, а капиталните инвестиции се помалку од половина реализирани. Се задолжуваат без покритие, јавниот долг достигнува над 62 отсто од бруто домашниот производ, највисоко ниво во регионот, а странските инвестиции скоро и да ги нема. Ова е резултатот на лоши политики, на неспособност, незнаење и на небрежност. Немаат ниту план, ниту стратегија како да ја водат државата“, истакна Филипче.Тој додаде дека додека власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат, мерките за поддршка на граѓаните ги нема.„Минималната плата и натаму е една од најниските во регионот, пензионерите добија помалку од ветеното – само 1.000 денари, студентите не го добија бараното зголемување од 130 денари за студентски оброк, ваучерите од 250 евра ги нема, а над 1.000 студенти останаа без студентски оброк. Земјоделците во Полог останаа без поддршка – субвенциите се намалени, откупните цени паднати, а трудот обезвреден“, рече Филипче.На трибината, Филипче посочи дека СДСМ секогаш била на страната на граѓаните со мерки за поддршка и во најголемите кризи со кои се соочувала државата.„СДСМ отсекогаш знаел да се бори и кога биле тешки времиња не сме се откажувале. Во најголемите светски кризи, енергетска, економска, здравствена – ние стоевме со народот. Се изборивме за секое работно место, за секој бизнис, за секој човек што остана без приходи. И во такви тешки времиња платите растеа, субвенциите се покачуваа. Донесовме 9 пакет мерки за ранливите семејства, за студентите, за пензионерите. За сите, никој не оставивме сам да се справува со последиците. Тоа е државничко и одговорно водење држава“, рече Филипче.Затоа, како што кажа Филипче, овие избори се од исклучителна важност за иднината на секој граѓанин, за напредокот на државата.„Ова е моментот кога секој глас прави разлика. Затоа велам дека нема помалку важен глас. Ова не е време за молк, ова е време за исправување. Апстиненцијата не е казна за СДСМ — тоа е награда за ВМРО. Секој изгубен глас е добивка за режимот што повторно го чувствуваме. Овие денови да ги искористиме и да поразговараме со соседи, роднини, да го посетиме секое маало, да се мобилизираме и да повикаме на обединување. Сега не е време за откажување од борбата за нашиот дом. Ова е момент на враќање, на единство,на нов почеток“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq9tdplq78qf43SCGW6e

Филипче: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

„Овој град знае дека силата е во заедништвото, не во поделбите,“ порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанска трибина во Гостивар. Во своето обраќање, тој остро ги критикуваше политиките на власта, обвинувајќи ја дека намерно го разединува народот за да ја сокрие сопствената неспособност.„Тие што денес владеат се обидуваат да не разделат – со лаги, со поделби, со национализам што треба да ја прикрие нивната неспособност“, рече Филипче.Според него, ВМРО-ДПМНЕ ја заборавила најважната лекција од историјата – дека заедништвото е силата на оваа земја. „Нивната политика е политика на поделби, на дестабилизација, на навреди. Политика која секогаш завршува со тензии во општеството“, потенцираше тој.Филипче го истакна Гостивар како симбол на соживот, достоинство и почит меѓу луѓето и најави дека токму од тука ќе започне обновата на вредностите кои, како што рече, биле системски разорени.„А Гостивар е симбол на спротивното: на соживот, на почит, на достоинство. И токму затоа, одовде, од градот на гостопримството, ќе почнеме да ја враќаме топлината во државата, правдата во институциите и вербата во иднината“, истакна Филипче на крајот од своето обраќање.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhb8grqo5ojtpfs60elC

Мицкоски: СДСМ кампањата ја темели на учителот на Венко, Зоран Заев кој само знае да си ги брани инвестициите во СДСМ, меѓу кои и онаа во Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од  вечерашниот митинг одржан во општина Берово, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври, истакнувајќи дека програмата е прецизна со јасни рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, а воедно се осврна и на опозицијата која нема конкретни проекти и чија кампања се темели на нивниот учител и гуру, Зоран Заев.„Ние на овие избори излеговме со прецизна програма, со рокови, за прецизни работи неопходни за граѓаните, а од нив не слушнавме буквално ниту еден проект. Но слушнавме затоа за нови подароци кон нашиот источен сосед   слушнавме  за непринципиелни коалиции, слушнавме за соработка и ишарети со ДУИ, слушнавме дека судиите и обвинителите, оние истите со 2% рејтинг биле професионалци, но не само што слушавме туку и гледаме како кампањата им се потпира исклучиво на политичкиот гуру на нивниот претседател  Венко  Филипче, а тоа е Зоран Заев. Тој велеше дека ќе одел во политичка пензија, а гледаме како буквално грчевито се бори да си ја одбрани инвестицијата во СДСМ, исто како што ги брани инвестициите во Дубаи. За овие луѓе политиката е бизнис, а за нас  е начин како да им помогнеме на граѓаните. И она што е толку очигледно е нивното разбирање за домот. Нивниот дом никогаш не бил нашиот дом, а тоа се маалата, улиците, игралиштата, парковите, срдечноста во погледот, во ракувањето и поздравот со секој еден од вас, во искрениот напор да направиме повеќе за Берово, повеќе заедничко за нашата татковина и преубава Македонија“, вели Мицкоски.Мицкоски изјави дека СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните, како и дека се гледа нивниот политички крај и соочување со правдата.„Нивниот дом за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин. И знаат дека со секој глас повеќе, со секоја поддршка повеќе за нас, тие се готови, а така го гледаат во очи нивниот  политички крај. А политичкиот крај значи и соочување со она од што најмногу се плашат, а тоа е правдата. Сето ова за што ви зборувам, драги мои, можевте да го видите на филмска лента во изминативе две и пол недели од оваа  кампања за првиот круг на овие локални избори. Сосема извесно е дека со еден избор одите напред, а со друг се враќаме назад. Сетете се само на оние 7 години кога влада беа СДСМ и ДУИ. Со еден избор се борите за твоето маало, за твојата општина и заедничката иднина, а со другиот се борите за нивните лични интереси. Затоа на овие избори е пресудно и клучно најпрвин да излезете да гласате“, рече Мицкоски.Мицкоски упати порака за излезеност на 19 октомври и поддршка за градоначалникот, Петар Ружински, за големи проекти и развој на општина Берово.„Затоа ве замолувам излезете на изборите на 19 октомври за неколку дена од денес, остварете го своето право, затоа направете го вистинскиот избор, а вистинскиот избор, убеден сум длабоко во себе овде во Берово е Петар Ружински. Петар е искрен и домаќин човек кој му треба на Берово – да се направат промени и големи проекти кои ќе ги решат дел од проблемите на овој преубав град на истокот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8qr98pt794ukb0d8rar

Филипче: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално ги измами и излажа граѓаните, ниту се горди, ниту имаат повеќе пари, ниту подобро живеат, оваа влада за година и пол  донесе хаос и сиромаштија“, нагласи Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Виница.Филипче посочи дека најголемата измама им се случи на граѓаните на парламентарните избори лани.„ВМРО-ДПМНЕ ветуваше гордост и достоинство, донесоа сиромаштија, хаос и неизвесност. ВМРО-ДПМНЕ се фали со „стабилност“, а народот не може да го помине месецот. Државата е во стагнација, нема економски раст, инфлацијата го слабее стандардот, а платите не се зголемуваат. Се доцни со исплата на ДДВ, субвенциите за земјоделците каснат, инвестициите на рекордно ниско ниво“, рече Филипче.Говорејќи за животниот стандард, Филипче укажа дека со сегашните ниски плати, високи стапки на инфлација, младите не гледаат перспектива во својата татковина.„Нема достоен живот кога Македонија е претпоследна во Европа според висина на минимална плата со многу ниска куповна моќ. Младите заминуваат – не затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што таа не им нуди перспектива. Со оваа ненародна власт животот е сè потежок за сите“, рече Филипче.Сите ние како што кажа Филипче ја чувствуваме раката на погрешна државна политика, каде кадрите на ВМРО-ДПМНЕ низ локалните и централните нивоа создаваат синџир на неспособност и безредие.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygtg6bbt5t7fidrO0Shd

Филипче: Со Горанчо Крстев, Чешиново Облешево повторно ќе биде посакувано место за живеење

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чешиново Облешево испрати јасна порака до граѓаните дека на 19 октомври следува важна одлука за иднината на секоја општина, за секое маало и за цела Македонија.„Ова не се обични избори. Сега е моментот да се собереме, да ја обединиме силата на сите разочарани, на сите што замолкнале, на сите што сè уште веруваат дека оваа држава може да се гради поинаку“, рече Филипче.Тој нагласи дека СДСМ се бори за поголеми плати, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити на власта.„Се бориме за минимална плата од 500 евра, за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. Народот не живее од статистички бројки – тој знае колку чини лебот, млекото, колку тешко се живее“, порача Филипче.Во своето обраќање, Филипче, посебен акцент стави и на состојбата во земјоделството, каде што, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги укина најдобрите мерки и го обезвредни трудот на земјоделците.„Овде во Чешиново-Облешево да продолжиме  да градиме, да носиме решенија и да обезбедуваме напредок за секој човек. Со Горанчо Крстев, општината ќе се развива, вие тоа го видовте. Тој знае дека политиката не е театар, туку служба. Знае дека местото на градоначалник не е позиција за моќ, туку обврска за резултати“, истакна Филипче.Тој нагласи дека општина Чешиново Облешево, со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горанчо Крстев и советничката листа на СДСМ и Коалицијата повторно ќе биде посакувано место за живеење.„Чешиново Облешево со Горанчо Крстев – Грга ќе биде општина на задоволни граѓани, без корупција, уредена и чиста, со целосно подобра инфраструктурата, социјална сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот и грижа за секое населено место“, рече Филипче.Од програмата на Крстев, која предвидува реални проекти, Филипче издвои изградба на крак од канализација со пречистителна станица во Соколарци, систем за техничка вода во Чешиново, Облешево, Чифлик и Уларци, повеќенаменско игралиште во Спанчево, реконструкција на улици и изградба на паркови и пешачки зони.„ВМРО-ДПМНЕ во последните четири години не реализира ниту еден капитален проект во општината, не покажа ниту волја, ниту капацитет за одговорно управување. Се што Горанчо Крстев им остави, го запреа. Сè што требаше да продолжи – го уназадија. Нема ништо од ветувањата за патот Соколарци–Чешиново, ниту од најавената бања во Баер, спортски сали и пречистителни станици. Локалната власт не покажа ниту волја, ниту капацитет за работа“, рече Филипче и ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за бројот 5, за СДСМ и Коалицијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqfnb85496dmhallweKC

Филипче: Со Вачно Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот!

„Да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, да се избориме за иднината на нашите деца и да го вратиме Зрновци на патот на развојот“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Зрновци.Филипче нагласи дека Зрновци заслужува повеќе и подобро, СДСМ и кандидатот за градоначалник, Ванчо Митев, нудат план за реален развој на општината, со подобар квалитет на водата за пиење, изградба на мини брана на реката Зрновка, стационар за кучиња, уредување на кејот и пешачки зони, мерки за младите и инвестиции во образованието.„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Зрновци, предводена од Борчо Коцев, четири години ветуваше многу, а не реализира ниту еден значаен проект. Нема подобрување на социјалната инфраструктура, нема развој на туризмот, водоводната мрежа е дотраена, го нема ветениот комплекс за млади, ниту пречистителна станица“, рече Филипче, додавајќи дека Ванчо влезе во борбата за Зрновци, затоа што знае дека заедно со советниците од СДСМ, може да ја промени оваа тажна слика.Филипче нагласи дека СДСМ е подготвен е да го прекине уништувањето на општините и државата, да го зачува сработеното и да продолжи со создавање услови за достоинствен живот за сите.„Ние се бориме за локална власт што ќе биде сервис, а не трофеј. За глас што штити, а не што се злоупотребува. На претстојните избори на 19 октомври, граѓаните имаат можност да ја испратат пораката доста е! – државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир во Зрновци.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5m66ccdmpqsj0eInipt

Филипче од Струмица: СДСМ се враќа и СДСМ ќе победи!

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од големиот митинг во Струмица „Се бориме за нашиот дом“, ја испрати најсилната порака, дека партијата се враќа и ќе победи.„Од тука тргнаа политичари кои ја менуваа државата. Од тука тргнаа политики кои носеа развој, правда и слобода. Од тука секогаш се раѓала надежта. Затоа од овде, од овој плоштад, ќе ја испратиме најсилната порака: СДСМ се враќа! И СДСМ ќе победи!“, порача Филипче.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, исто така рече дека струмичани секогаш биле тука кога било потребно да се донесат клучните одлуки за државата.„Струмичани секогаш стоеле исправено и обединето кога било потребно. Кога Македонија имала потреба од силен и  одлучен чекор за борба против ненародната власт на ВМРО-ДПМНЕ. И сега повторно Струмица е на нивото на задачата. Струмица е симбол на отпор. Симбол на напредок и симбол на победи. Вечерва гледам очи полни одлучност. Гледам народ што знае кому да му верува. Затоа што во Струмица не поминуваат лагите и манипулациите на власта. Струмица препознава работа и визија. Препознава чесен труд затоа што е град на трудољубиви луѓе“, рече Филипче пред струмичани.

Македонија | пред 3 месеци

filipce34

За мене патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, вели Филипче

Јас верувам дека патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел,  да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротиставиш на моќните, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од митигнот во Струмица.Во обраќањето пред струмичани, Филипче посочи дека институциите мора да им служат на граѓаните и дека верува оти само со правилни политики Македонија може да напредува.„Јас верувам во институции што служат на народот и затоа верувам во реформи, а не политикантство. Јас верувам во Македонија што оди напред, а не се враќа назад во реваншизам и конфликти“, рече Филипче.Тој додаде дека во неговите ставови не е сам, туку зад него стои целиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.„Партијата што ја донесе независноста. Партија што го обезбеди мирот и државноста. Партија што ја внесе Македонија во НАТО. Партија што ги отвори вратите кон Европа. Партија што, со сите маани, никогаш не се откажа од патот кон слобода, еднаквост и напредок“, истакна Филипче.Од друга страна, како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ е партија што кога е на власт, државата стагнира.„Секогаш истото сценарио, прво празни обивнувања кон противникот, па поделби, па хистерија, па хаос. Со ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема нови хоризонти и можности за граѓаните. Нема надеж, во воздухот има само гнев, апатија и немоќ. Партија која е единствено водена од патолошката потреба да се остане на власт, по секоја цена“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека затоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат никогаш исти, а оваа битка не е само политичка, туку е морална и историска.

Македонија | пред 3 месеци

media-library372pv9grr17hfW2OPp2

Политички кукавици се оние кои наместо да ги решаваат проблемите тие манипулираат, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Радовиш на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ на радовишани им порача дека после година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ јасна е разликата за граѓаните помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ носи функционални институции и развој, а ДПМНЕ стагнација и притисоци.„Денес после година и пол е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата на луѓето. Се докажа и дека не сме исти. Дека во суштина нашите политики се разликуваат. Кога СДСМ е на власт, има институции, дијалог, сигурност. Кога ВМРО-ДПМНЕ владее, закани, партиски списоци и притисоци. Кога граѓаните зборуваат и бараат помош, ние реагираме. Преговараме, бараме решенија, а тие ги игнорираат и ги заплашуваат. Едноставно тоа се политички кукавици и политиканти кои не ги решаваат проблемите туку манипулираат. И затоа не сме и не можеме да бидеме исти“, им порача Филипче на радовишани.Претседателот Филипче рече дека денес државата е повторно ставена пред закана закана од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја туркаат во изолација, назадување, узурпација и режим за што е потребен силен СДСМ, да се спротивстави на овие закани.„Затоа, сега е време за борба, борба за нашиот дом, за нашата куќа и заедно да ја исправиме државата. Да се бориме за секое едно маало, за секој сосед и неговите проблеми, за секое дете кое живее во сиромаштија, да се бориме и за секоја улица, се бориме за чист воздух, за секој работник и работничка која чесно живеат од својата плата“, порача Филипче.Притоа тој ги повика граѓаните во Радовиш на 19 октомври да го заокружат бројот 5 кој гарантира успех и напредок. Со СДСМ, рече претседателот Филипче, Радовиш ќе ги реализира ветените проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ги задржи младите во градот и државата.

Македонија | пред 3 месеци

mucunski-germ-3

Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?, праша Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање по написи во британските медиуми го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцински да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија.„Го прочитав текстот, го видов во медиумите. тука многу сериозно владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички часописи. Треба министерот Тимчо Муцински да каже дали разговараат за тоа да мигранти се носат во нашата земја“, изјави Филипче.Дополнително, Филипче праша дали изградбата на споменатите мигрантски кампови во медиумите имаат некаква врска со заемот од 7 милијарди евра кои ги зема владата пред неколку месеци.„Министерт Муцунски исто така треба да каже, има ли тоа врска некаква со тој пакет со заемот 7 милијарди евра? Има ли некаква врска? Условена ли е владата за тие пари да го направи тоа? Очекувам министерот да во текот на денешниот ден, утре најкасно, да информира јавноста за тоа дали се зборува со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја“, рече Филипче.Претседателот Филипче пред новинарите исто така рече дека СДСМ подолго време наназад  ги следи публикациите кои излегуваат во британските часописи каде веќе се укажува на тенденциите, британската влада тука во Македонија но и во регионот на Балканот и околните земји да лоцираат места за изградба на мигрански кампови но тое сега е на ниво на шпекулации и за тоа мора да им одговор од владата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8a1kslr7rf4140neCVb

Филипче: Власта сака да поставува свои судии и обвинители, затоа ниту еден реформски закон не е поднесен

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи реформскиот процес во судството, и тоа со јасна цел – политички да влијае врз поставувањето на судии и обвинители.Како што кажа Филипче, наместо суштинска реформа на судството, граѓаните се сведоци на континуирани обиди за манипулации од страна на власта. Тој потсети дека реформите во правосудниот систем се јасно дефинирани во реформската агенда, подготвена од  Владата на СДСМ, а потпишана од сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.„Во таа реформска агенда има 12 закони кои што се однесуваат на многу аспекти на судството. Тие закони, реформски закони, и значат суштинско зајакнување на нашиот правосуден систем. Во тие закони се наоѓа Закон за јавно обвинителство, Судски совет, за плати на судии, за движење на судски предмети и така натаму. И таа реформска агенда е поврзана со буџетот. Оваа година, до месец јуни, требаше да се донесат седум од тие закони, дополнително до крајот на 2025 година уште пет. До сега во Собранието на тие 12 закони не е поднесен ниту еден. Тоа не го прави оваа власт“, потенцира Филипче.Тој ги отфрли обвинувањата што доаѓаат од власта како „спинови“ со цел да се одврати вниманието од вистинскиот проблем, избегнување на реформи во судството.„Сите спинови, сите обвинувања за некаква блискост со судии итн се само изговор да не се направи вистинска реформа во судството. Ако не се направат тие реформи во судството, кои што како стратегија се донесени со Европската унија, тоа остава простор, а видовме дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го практикува, да се интервенира во судството, да се поставуваат свои судии, свои обвинители“, предупреди Филипче.Во одговорот Филипче потсети на  конкретни примери на непотизам и партизација во правосудството  од страна на власта.„Видовме во изминатите години, се постави сопруга на еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, роднина на еден нивен коалициски партнер. Јасно е што треба да се направи за да се реформира судскиот систем“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања