Промени тема
Контакт

Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?, праша Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
mucunski-germ-3

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање по написи во британските медиуми го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцински да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија.

— реклама —
— реклама —

„Го прочитав текстот, го видов во медиумите. тука многу сериозно владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички часописи. Треба министерот Тимчо Муцински да каже дали разговараат за тоа да мигранти се носат во нашата земја“, изјави Филипче.

Дополнително, Филипче праша дали изградбата на споменатите мигрантски кампови во медиумите имаат некаква врска со заемот од 7 милијарди евра кои ги зема владата пред неколку месеци.

— реклама —

„Министерт Муцунски исто така треба да каже, има ли тоа врска некаква со тој пакет со заемот 7 милијарди евра? Има ли некаква врска? Условена ли е владата за тие пари да го направи тоа? Очекувам министерот да во текот на денешниот ден, утре најкасно, да информира јавноста за тоа дали се зборува со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја“, рече Филипче.

— реклама —

Претседателот Филипче пред новинарите исто така рече дека СДСМ подолго време наназад  ги следи публикациите кои излегуваат во британските часописи каде веќе се укажува на тенденциите, британската влада тука во Македонија но и во регионот на Балканот и околните земји да лоцираат места за изградба на мигрански кампови но тое сега е на ниво на шпекулации и за тоа мора да им одговор од владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања