Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија“: Филипче до Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 59 минути -

Македонија
media-libraryouv2cb98p7a5awoQPvE

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека тој постепено ја губи поддршката од Србија и дека ќе мора да одговара на прашања за финансиски трансфери, банкарски зделки и други сомнежи.

— реклама —

На собраниската седница за пратенички прашања, Филипче му порача на Мицкоски дека неговиот систем на поддршка од Србија слабее и дека одговори ќе се бараат и пред европските институции.

„Јас знам дека сега тебе не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам“, рече Филипче.

— реклама —

Тој се повика и на изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оценувајќи дека ќе има прашања на кои ќе треба да се одговори пред европските институции, вклучително и пред Европското обвинителство.

— реклама —

Лидерот на СДСМ отвори прашања и за наводни финансиски текови поврзани со Унгарија и Србија, Алта банка и можни трансфери на пари од Србија во Македонија. Тој најави дека, според него, ќе треба да се дадат одговори и за сомнежите поврзани со трансферот на дрога преку границата.

Филипче оцени дека во такви случаи нема да може да се избегнуваат одговорите со, како што рече, одвлекување на вниманието и давање лажни информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

(Видео) „Ја промаши професијата - би бил добар уредник на „Информер“ и Колегиум“: Филипче до Мицкоски

Македонија | пред 17 минути

— реклама —
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

(Видео) Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот

Македонија | пред 1 час

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

(Видео) „Бараме минимална плата од 36.000 денари“: Филипче за амандманите на СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) „Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања