Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Ја промаши професијата - би бил добар уредник на „Информер“ и Колегиум“: Филипче до Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека наместо да се занимава со проблемите на граѓаните, ја дефокусира јавноста и избегнува конкретни одговори на прашањата од опозицијата.

„Ја промаши професијата – би бил добар уредник на „Информер“ или на „Колегиум““, му порача Филипче на Мицкоски, критикувајќи го начинот на кој ја води државата.

— реклама —

Според лидерот на СДСМ, премиерот користи пропагандни механизми, оцрнувања и дискредитации наместо да одговори на суштинските прашања и да покаже резултати од своето управување.

— реклама —

„Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации, создаваш простор за политички острел на твоите политички противници, но и на твои блиски луѓе што не работат така како што ти им диктираш“, изјави Филипче, додавајќи дека Мицкоски повеќе од две години не одговорил конкретно на прашањата што му ги поставува опозицијата.

Филипче оцени и дека премиерот постепено ја губи поддршката од Србија и дека ќе треба да одговара на прашања и пред европските институции. Притоа, тој се повика на изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и ги спомена Европското обвинителство и европската обвинителка Лаура Ковеши.

— реклама —

Лидерот на СДСМ отвори прашања и за финансиските текови поврзани со Унгарија и Србија, Алта банка и можни трансфери на пари од Србија во Македонија, наведувајќи дека неодамна видел документи поврзани со овие сомнежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

(Видео) Филипче до Мицкоски: Вети враќање на името и поништување на Преспанскиот договор – ајде, исполни!

Македонија | пред 23 минути

— реклама —
media-libraryouv2cb98p7a5awoQPvE

(Видео) „Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија“: Филипче до Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

(Видео) Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот

Македонија | пред 2 часа

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

(Видео) „Бараме минимална плата од 36.000 денари“: Филипче за амандманите на СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања