Промени тема
Контакт

За мене патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
filipce34

Јас верувам дека патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел,  да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротиставиш на моќните, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од митигнот во Струмица.

Во обраќањето пред струмичани, Филипче посочи дека институциите мора да им служат на граѓаните и дека верува оти само со правилни политики Македонија може да напредува.

— реклама —

„Јас верувам во институции што служат на народот и затоа верувам во реформи, а не политикантство. Јас верувам во Македонија што оди напред, а не се враќа назад во реваншизам и конфликти“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека во неговите ставови не е сам, туку зад него стои целиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.

— реклама —

„Партијата што ја донесе независноста. Партија што го обезбеди мирот и државноста. Партија што ја внесе Македонија во НАТО. Партија што ги отвори вратите кон Европа. Партија што, со сите маани, никогаш не се откажа од патот кон слобода, еднаквост и напредок“, истакна Филипче.

— реклама —

Од друга страна, како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ е партија што кога е на власт, државата стагнира.

„Секогаш истото сценарио, прво празни обивнувања кон противникот, па поделби, па хистерија, па хаос. Со ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема нови хоризонти и можности за граѓаните. Нема надеж, во воздухот има само гнев, апатија и немоќ. Партија која е единствено водена од патолошката потреба да се остане на власт, по секоја цена“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека затоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат никогаш исти, а оваа битка не е само политичка, туку е морална и историска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања