Промени тема
Контакт

Политички кукавици се оние кои наместо да ги решаваат проблемите тие манипулираат, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library372pv9grr17hfW2OPp2

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Радовиш на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ на радовишани им порача дека после година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ јасна е разликата за граѓаните помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ носи функционални институции и развој, а ДПМНЕ стагнација и притисоци.

— реклама —

„Денес после година и пол е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата на луѓето. Се докажа и дека не сме исти. Дека во суштина нашите политики се разликуваат. Кога СДСМ е на власт, има институции, дијалог, сигурност. Кога ВМРО-ДПМНЕ владее, закани, партиски списоци и притисоци. Кога граѓаните зборуваат и бараат помош, ние реагираме. Преговараме, бараме решенија, а тие ги игнорираат и ги заплашуваат. Едноставно тоа се политички кукавици и политиканти кои не ги решаваат проблемите туку манипулираат. И затоа не сме и не можеме да бидеме исти“, им порача Филипче на радовишани.

Претседателот Филипче рече дека денес државата е повторно ставена пред закана закана од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја туркаат во изолација, назадување, узурпација и режим за што е потребен силен СДСМ, да се спротивстави на овие закани.

— реклама —

„Затоа, сега е време за борба, борба за нашиот дом, за нашата куќа и заедно да ја исправиме државата. Да се бориме за секое едно маало, за секој сосед и неговите проблеми, за секое дете кое живее во сиромаштија, да се бориме и за секоја улица, се бориме за чист воздух, за секој работник и работничка која чесно живеат од својата плата“, порача Филипче.

— реклама —

Притоа тој ги повика граѓаните во Радовиш на 19 октомври да го заокружат бројот 5 кој гарантира успех и напредок. Со СДСМ, рече претседателот Филипче, Радовиш ќе ги реализира ветените проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ги задржи младите во градот и државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

(Видео) Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

(Видео) Филипче од Брвеница: ВМРО-ДПМНЕ ќе има еден градоначалник помалку

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче: Не дефокусираат од борбата против ненародната власт затоа што рејтингот на Мицкоски паѓа а на СДСМ расте

Македонија | пред 2 дена

media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

(Видео) Филипче: Тие што за малку ја закопаа партијата, Мицкоски ги прати против СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања