ФИЛИПЧЕ

media-libraryldu1vkc171t6dyp2yHM

Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека во периодот од 2019 до 2021 година, во време на глобална криза, власта предводена од СДСМ не ги надополнувала стоковите резерви, туку, како што тврди, ги „празнела и препродавала“.Андоновска изјави дека околу 2.000 тони јачмен и пченица, во државна вредност од околу 800.000 евра, биле отпишани од залихите „по насока на Заев, Филипче и Николовски“, додека јавноста била уверувана дека ситуацијата е под контрола.Според неа, за да не се забележи кусокот, биле склучени два тендери со соседна држава за набавка на дополнителни 20.000 тони жито, со цел „пополнување на дупките во резервите“.„Со овие тендери очекувале да ги покријат недостатоците и јавноста да заборави што се случило“, изјави Андоновска, додавајќи дека 800.000 евра „завршиле во приватни џебови“, а отпишаните количини биле препродадени „на црн пазар во друга држава“.Таа оцени дека, наместо да се огради од одговорните, СДСМ „и понатаму ги штити своите функционери“, што, според неа, ќе доведе до „понатамошен пад на довербата и поддршката“ за партијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1p26djid1o1pfPvIwIo

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување уверува: Исплатата на пензиите е стабилна и редовна

Исплатата на пензијата за ноември веќе започна и ќе заврши во понеделник, реагира Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој рече дека е неизвесно дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период и дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци.Фондот уверува дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира.„Не треба да има никаков сомнеж или страв дека ќе нема пензии. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на пензиите ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година”, се вели во соопштението.Според Фондот, шпекулациите, како што велат, кои се пласираат од страна на СДСМ се неосновани и служат единствено за вознемирување на пензионерите и на граѓаните.„Неодговорно е да се тврди дека исплатата на пензиите е доведена во прашање, кога веќе се знае дека буџетот на Фондот на ПИОМ за наредната 2026 година е речиси 151 милијарда денари за исплата на пензии (2 и пол милијарди евра), за здравственото осигурување на пензионерите, како и за транзициските трошоци кон трите пензиски друштва од вториот столб“, соопшти Фондот.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: За доброто на сите Филипче да собере сила и да замине од СДСМ

„Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави и вели загрижен бил за стандардот на граѓаните, како и за пензионерите конкретно. Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше. Вака ли се грижеа тие за пензионерите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ, стои во соопштението е партија во која поединци се грижат за личниот џеб.„Нешто што Филипче може да направи за доброто на сите е да собере сила и да замине од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за секој еден граѓанин подеднакво. Впрочем на ВМРО-ДПМНЕ му верува народот што се докажа и покажа неодамна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Странските инвестиции паднати од 800 на само 200 милиони евра, капиталот бега од неспособната влада

Поради лошите политики на власта инвестицискиот циклус е запрен, странските инвеститори немаат доверба во владата, ги затвораат компаниите и си заминуваат, предупреди претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој посочи дека според последните податоци од Народната банка има драстичен пад на странските директни инвестиции.„За девет месец инвестицискиот циклус е запрен. Кога се споредува со последната година од владеењето на СДСМ, кога директните странски инвестиции биле над 800 милиони евра, сега се едвај 200 милиони евра. Не се само што нема раст во третиот квартал годинава, има одлив од 21 милион евра, компаниите затвораат, капиталот наместо да доаѓа, си оди“, рече Филипче.Тој додаде дека фактот што некои од страските компании најавија затворење на погоните е доволно јасен сигнал за промашените економски политики на власта.„Странските инвеститори немаат  доверба очигледно во државава, немаат доверба во луѓето коишто ја водат државата и тоа е еден од најјасните сигнали за недоверба во економските политики на оваа влада. „Аптив“ компанијата затвора, компанијата „Дура“ исто така, а имаме информации дека уште неколку големи странски компании се спремаат за затворање. Каква беше реакцијата на премиерот слушнавме -„не било крај на светот“. Можеби не е крај за него, ама за многу семејства, многу луѓе, многу деца тоа е крај“, рече Филипче.Не само странските компании, како што кажа Филипче, најави за затворање има и од страна на домашните компании.„Домашни компании се затвораат поради тоа што еден од главните приливи коишто претходно го имале на средства, а тоа е редовниот поврат на ДДВ, сега го немаат. Се касни со месеци и се губат едноставно работни места. И се гледа негрижата едноставно за ниту еден сегмент во државата. Оправдувањата се аматерски, недозволиви. Бизнисот не познава изборни циклуси. Тој бара предвидливост, бара стабилност, бара партнерски однос. сето тоа што не го гледаат од оваа влада“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryt0kml6225cejfCSlqRZ

Филипче: Оджливоста на ПИОМ е нарушена, сметката празна - власта ги става во ризик и пензиите на идните генерации

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција укажа дека поради продлаболчената буџетска дупка во Фондот за ПИОМ и погрешните политики на владата на премиерот Мицкоски, во неизвесност се ставени не само исплатите на пензиите на сегашните, туку и на идните пензионери.„Повеќе од 50% од сумата вкупна што фондот треба да ја исплати на пензионерите за нивните пензии не доаѓа од Фондот за пиом. Ги субвенционира владата затоа што Фондот тие пари ги нема. Се поставува прашањето што ако владата утре не може да ги субвенционира тие 50%? Каква е сигурноста на работниците кои што секој месец со своите придонеси го полнат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување? Каде се нивните пари? Каква е сигурноста дека идните пензионери ќе имаат редовни пензии? Се доведува во ризик редовната исплата на пензиите, се доведува во ризик дали сегашните работници, а утре пензионери воопшто ќе имаат фонд од којшто ќе можат да зимаат пензии“, рече Филипче.На прес-конфренцијата, Филипче нагласи дека одржливоста на Фондот за ПИОМ  е нарушена и сметката е празна и поради тоа што Фондот за ПИОМ должи пари и на Фондот за здравствено осигурување и приватните друштва.„Одржливоста на фондот е нарушена и сметката е празна поради тоа што се должат пари од страна на Фондот за ПИОМ и дополнителни 10 милијарди денари кон здравствениот фонд и приватните друштва, ама тоа никој не го коментира и затоа се молчи. Се поставува прашањето од каде сега ќе кратите за да можат да се исплатат пензиите во овој хаос којшто го создадовте“, рече Филипче.Тој додаде дека дополнително со решението на власта се дискриминирани 12.000 пензионери кои живеат во странство.„Тие се исклучени од пензиите само поради тоа што не живееле тука. Комисијата за дискриминација веќе донесе одлука, што значи дека следат нови тужби и нови трошоци за државата“, рече Филипче.При тоа, Филипче нагласи дека јасно е зошто власта го зема унгарскиот кредит, не заради капитални инвестиции, поддршка на фирми и општини, туку  како што кажа,очигледно тие пари со сомнително потекло се потрошени за трошоци, за кампањски политики на владата.„Затоа му порачувам и на премиерот Мицкоски и на власта, престанете да напаѓате, се препелкате во сопствена кал. Хаосот се должи само како резултат на вашата неспособност, на немањето капацитет, на немањето капацитет, немање желба вистински како што треба да се води државата, на немањето грижа вистинска за граѓаните, за работниците, за пензионерите, за нивниот стандард“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Спасовски останува координатор на СДСМ, најавуваат од утре објава на „страшни скандали“ на луѓе блиски до Владата

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес комференција објави дека пратеникот Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на партијата и дека се надминати недоразбирањата.Филипче ја потврди информацијата дека Спасовски побарал повеќе да не биде координатор меѓу двата круга од локалните избори.„Причина беше недозразбирање од техничка природа кое што го разрешивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање бидејќи доведе до една непријатна ситуација која не беше намерна ниту тенденциозна. По разговорите и по расчистување на недоразбирањето, Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група”, рече Филипче.Тој најави дека СДСМ од утре ќе започне со објавување на серијал како што рече„страшни скандали“ на повеќе прес-конференции „за да видат граѓаните кои луѓе блиски до Владата што прават и што се случува зад завесата“.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-51

(Видео) Филипче: Фондот е празен, пензионерите се во ризик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека Фондот за ПИОМ се соочува со огромен буџетски дефицит, со што во ризик е доведена одржливоста на пензискиот систем. Дупката во ПИОМ која денес изнесува една милијарда евра, како што кажа Филипче е последица на промашените политики на владата на премиерот Мицкоски.„За само година и пол се врати оној систем на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој што ние го затекнавме во 2017 година, кога исто така дупката во ПИОМ изнесуваше околу 50% проценти или точно 48%“, рече Филипч.Говорејќи за состојбата со Фондот за ПИОМ, Филипче потсети дека во период на владата на СДСМ со правилни и домаќински политики и пензискиот систем беше одржлив и имаше редовно зголемување на пензиите.„Освен што имаа пензионерите редовно и соодветно зголемување на пензиите, се намалуваше и дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Постепено од тие 48% дојде се дојде до 32%, со тенденција и понатаму да се намалува со тие политики коишто ги носевме заедно со Светска банка, коишто тука кај нас со години наназад партиципираат во спроведувањето на структурните реформи“, рече Филипче.Тоа што сега се случува со Фондот за ПИОМ како што кажа Филипче, е уште еден доказ за упад во системот, рушење на системот, немање желба за вистински реформи кои што ќе обезбедат долгорочност на сите мерки, сигурност на сите граѓани од сите категории.„И сега, ако во 2023 година после тоа постепено закрепнување во Фондот за ПИОМ благодарение на нашите политики, со редовно зголемување соодветно на пензиите беа потребни 29 милијарди денари, сега за 2026 година ќе бидат потребни 62 милијарди денари“, посочи Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Без реформи, уставните измени не се доволни за почеток на преговори со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Националната конвенција за Европската Унија порача дека „единствениот пат напред за земјава се европските интеграции“, оценувајќи дека најновиот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата. Тој истакна дека Северна Македонија го добила најлошиот извештај во последните повеќе од десет години.„Жалам што го добивме најлошиот извештај на Европската комисија за нашата земја изминатите повеќе од деценија. Јасно е констатирано дека изминатата година реформи нема. Единствен полош извештај е оној од 2015 година, кога бевме оценети како заробена држава, но власта и сега го прави истото“, изјави Филипче.Тој предупреди дека доколку продолжи политиката на застој и одбивање на реформи, постои реален ризик земјата да биде вратена чекор назад во евроинтегративниот процес. „Ако вака продолжиме, не сум сигурен – можеби Европската унија повторно ќе не врати на ниво на скрининг“, нагласи лидерот на СДСМ.Според Филипче, нема гаранција дека билатералниот спор со Бугарија ќе остане единствен услов за напредок во преговорите. „Можно е тоа да не биде единствениот услов. Зошто? Затоа што не сме подготвени. Нема придвижување во подготовките за отворање на кластерите, особено на првиот – fundamentals“, рече тој.Како еден од најсериозните проблеми ги посочи недонесувањето на трите клучни патокази: за владеењето на правото, за функционирањето на демократските институции и за јавната администрација. Филипче смета дека дури и доколку уставните измени се изгласани, преговорите со ЕУ нема да можат да започнат веднаш.„Да се случат уставните измени утре, ние сепак нема да можеме веднаш да ги почнеме преговорите. Тоа ја доведува во прашање политичката волја на оваа влада да направи вистински чекори во евроинтеграциите“, рече тој.Филипче додаде дека ваквата стагнација се случува во момент кога ЕУ испраќа јасни сигнали дека е подготвена да го забрза процесот на проширување. „На последниот состанок амбасадорката на Данска јасно порача: ние некогаш бевме најголемите скептици за проширувањето, а сега даваме зелено светло и ги охрабруваме сите земји-кандидати да продолжат со реформите, затоа што проширување евидентно ќе има“, истакна лидерот на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

Davkova

Сиљановска Давкова за „24 Анализа“: Груевски сум го видела еднаш, од Филипче сум шокирана

„Не најавувам никаква војна, само го опишувам моментот во регионот туку и во светот. Јас не признавам воени реформи. Никаква војна не најавувам, јас само кажувам дека она што се случува денеска, агресијата кон Украина, војната за Блискиот Исток зборува за човештво кое треба да се замисли каде оди. И затоа треба проект за траен мир. Во тој контекст влегувањето на Западен Балкан во ЕУ е веќе и безбедносно прашање“, изјави за 24 Анализа претседателката Гордана Сиљановска Давкова.Таа тврди дека нејзината изјава дека „сега не е време на реформи туку време на војни“ била погрешно интерпретирана.„Груевски и не го познавам, сум го видела еднаш во животот. Апсолутно мојата изјава не е инспирирана од неговиот статус, кој не знаев ни дека постои“, вели претседателката, од Филипче пак е шокирана.„Да бидам искрена, шокирана сум од овие обвинувања, бидејќи никогаш не сум прозборела јас за ова, но кога разговарам јас со лидерот на СДСМ односот е друг и има врска со домашниот амбиент. Во секој разговор меѓу нас кога ќе се видиме или сретнеме ние зборуваме за нешто друго, единството и дијалогот. Ирелевантно е кој е на власт, кој опозиција и сега сум збунета мора да кажам“ – вели Сиљановска Давкова.Таа размислува дали ќе го свика Советот за безбедност.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-51

СДСМ бара надзорна расправа и Анкетна комисија за независно испитување и одговорност за трагедијата во Пулс

Лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче објави дека пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.„На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија. Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание”, напиша Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Еден од најлошите извештаи на ЕУ е поразителна слика за власта на Мицкоски

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешното обраќање на седницата каде се разгледуваше Извештајот на Европската комисија, порача дека документот претставува силна и јасна опомена но и доказ за катастрофалните политики на владата на Мицкоски.„Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила од Европската Комисија. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава“, предупреди Филипче.Според него, иако од 2015 наваму државата вложуваше силни напори да се врати на правиот пат, сегашната влада нема никаков интерес за евроинтегративниот процес и повторно не води кон назадување.„И сега трендовите не се поразлични, владата се обидува да ги покрие, да врши влијание на сите независни институции кои што се надвор од извршната власт. Најмногу, најсилно, најексплицитно, на судската власт, јавен и јасен притисок што за прв пат предизвика од 1991 година јасна реакција од судската фела. Преседан, би рекол, општествен не само во државата“, истакна Филипче на денешната шеста седница на Националниот совет за евроинтеграции.Филипче исто така посочи дека наведеното во извештајот не се само за политички формулации во документот, туку реалност која граѓаните ја чувствуваат секој ден.„За жал во многу области во кои што порано бележавме успеси, сега има, и тоа се дефинира или како ограничен напредок, или нема напредок, или дури на назадување. Ама тоа не е нешто што само стои на хартија, тоа е нешто што граѓаните, посебно бизнис секторот го чувствуваат, секој ден се повеќе и повеќе“, рече Филипче.Тој исто така предупреди дека Европската унија, која минатата година имаше само еден услов за отворање преговорите, а тоа беше решавањето на спорот со соседите по ваков извештај може да воведе и нови услови.„Ако до минатата година имаше само еден услов за почеток на преговорите, а тоа е решавање на билатералниот спор со еден од соседите, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови да се отпочнат преговорите“, предупреди претседателот на СДСМ.Филипче заклучи дека извештајот е огледало во кое се гледа вистината за власта на Мицкоски кој ја изолира државата, ги блокира реформите и ја оддалечува Македонија од европската перспектива.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4ou47lpqjm16eyx3T6t

ВМРО-ДПМНЕ: Промена во СДСМ е можна само со оставка на Филипче

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска со соопштение ги анализира состојбите во СДСМ„Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски. Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев. За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.Според нив се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите, забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.„И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти заедно со Филипче и Заев.Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев”, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата – време е за негова оставка, вели Андоновска

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека структурните реформи кои Венко Филипче и СДСМ ги најавуваа како „нов почеток“ – никаде не се видливи, и дека со тоа партијата дополнително тоне во политичка криза.„Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија на државно ниво и петта во Скопје, а најавените реформи се само празни зборови,“ изјави Андоновска.Таа нагласи дека во СДСМ владее безидејност и дезориентираност, што уште повеќе ги поткопува „веќе разнишаните темели на партијата“.„Крајно време е СДС да се реформира. Оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака да продолжи да постои на политичката сцена,“ порача Андоновска.Според неа, во СДСМ има „чесни и трудољубиви активисти“ кои, како што вели, не можат да дојдат до израз поради влијанието на Филипче и неговиот ментор Зоран Заев.„Македонскиот политички систем има потреба од опозиција со интегритет и визија. Затоа СДС мора конечно да се ослободи од прангите на Филипче и Заев,“ заврши Андоновска.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Кого ќе поддржи СДСМ во втор круг во Скопје, Кичево, Брвеница? Нема да биде клучно дали се Македонци, Албанци, Бошњаци...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ќе ја донесе конечната одлука до средината на следната недела за тоа кого ќе поддржи во општините Кичево и Брвеница, каде што нема сопствени кандидати за градоначалници, но и за Скопје Карпош и Куманово.Филипче нагласи дека, иако дел од политичките партии повикуваат гласањето да се води според етничката припадност, СДСМ нема да ја базира својата одлука на етнички критериуми.„Мислам дека мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите односи треба да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но тоа нема да биде критериум за нас. Во следните неколку денови ќе донесеме одлука со кого ќе коалицираме. Најдоцна до среда“, изјави Филипче.Тој додаде дека одлуката ќе зависи од повеќе фактори, пред сè од состојбата на општинските организации и расположението на членовите на партијата на локално ниво.„Како ќе коалицираме и кого ќе поддржиме таму каде што немаме кандидати, ќе зависи од тоа каква е нашата организација и ставот на луѓето кои се таму членови. Ако нешто не биде критериум, тоа е етничката припадност“, нагласи тој.Филипче истакна дека одлуката нема да се однесува само на Кичево и Брвеница, туку и на други општини, меѓу кои Скопје, Карпош и Куманово.„Не е само во Кичево и Брвеница. Ќе видиме како ќе се поставиме и во другите општини. Дозволете до среда да го кажеме нашиот став“, рече тој.Во однос на разговорите со други партии, лидерот на СДСМ додаде дека тие се одвиваат во две насоки – каде на СДСМ ѝ е потребна поддршка и каде партијата би можела да даде поддршка.„Разговорите се во тек и ќе бидат завршени утре или најдоцна во вторник“, истакна Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylv1l3sjcuku036Zpu9J

Филипче: Власта го руши нашиот дом цигла по цигла, да ги запреме во недела со глас за СДСМ!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Крива Паланка, предупреди дека актуелната власт го руши „нашиот заеднички дом, цигла по цигла“, и дека во недела граѓаните се тие што можат да го запрат ова уназадување со својот глас.„Со вашиот глас, можете многу! Да кажете доста беше со игнорирањето на проблемите на народот, кој едвај врзува крај со крај. Доста беше со ароганцијата на власта која не го слуша, не го гледа и не се грижи за својот народ, за својата земја. Доста беше поделби и неизвесност, додека младите ни се иселуваат”, порача д-р Филипче.Тој упати силна порака до граѓаните со повик на масовна излезност на изборите во недела и поддршка за вистински промени.„Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места, со вашиот глас да пратите силна порака за вистинска промена”, истакна д-р Филипче.Лидерот на СДСМ нагласи дека граѓаните имаат можност да испратат јасна порака и опомена, но уште поважно да спречат понатамошно уназадување на државата.„Имате шанса да опоменете дека вака веќе не може, но најмногу имате шанса да ги спречите. Да избереме одговорна власт што ќе служи на народот, а не на лични интереси”, нагласи д-р Филипе пред присутните на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која вечерва се одржа во Крива Паланка.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања