Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: Фондот е празен, пензионерите се во ризик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
filipce-51

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека Фондот за ПИОМ се соочува со огромен буџетски дефицит, со што во ризик е доведена одржливоста на пензискиот систем. Дупката во ПИОМ која денес изнесува една милијарда евра, како што кажа Филипче е последица на промашените политики на владата на премиерот Мицкоски.

„За само година и пол се врати оној систем на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој што ние го затекнавме во 2017 година, кога исто така дупката во ПИОМ изнесуваше околу 50% проценти или точно 48%“, рече Филипч.

— реклама —

Говорејќи за состојбата со Фондот за ПИОМ, Филипче потсети дека во период на владата на СДСМ со правилни и домаќински политики и пензискиот систем беше одржлив и имаше редовно зголемување на пензиите.

— реклама —

„Освен што имаа пензионерите редовно и соодветно зголемување на пензиите, се намалуваше и дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Постепено од тие 48% дојде се дојде до 32%, со тенденција и понатаму да се намалува со тие политики коишто ги носевме заедно со Светска банка, коишто тука кај нас со години наназад партиципираат во спроведувањето на структурните реформи“, рече Филипче.

— реклама —

Тоа што сега се случува со Фондот за ПИОМ како што кажа Филипче, е уште еден доказ за упад во системот, рушење на системот, немање желба за вистински реформи кои што ќе обезбедат долгорочност на сите мерки, сигурност на сите граѓани од сите категории.

„И сега, ако во 2023 година после тоа постепено закрепнување во Фондот за ПИОМ благодарение на нашите политики, со редовно зголемување соодветно на пензиите беа потребни 29 милијарди денари, сега за 2026 година ќе бидат потребни 62 милијарди денари“, посочи Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања