Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Странските инвестиции паднати од 800 на само 200 милиони евра, капиталот бега од неспособната влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Поради лошите политики на власта инвестицискиот циклус е запрен, странските инвеститори немаат доверба во владата, ги затвораат компаниите и си заминуваат, предупреди претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој посочи дека според последните податоци од Народната банка има драстичен пад на странските директни инвестиции.

— реклама —

„За девет месец инвестицискиот циклус е запрен. Кога се споредува со последната година од владеењето на СДСМ, кога директните странски инвестиции биле над 800 милиони евра, сега се едвај 200 милиони евра. Не се само што нема раст во третиот квартал годинава, има одлив од 21 милион евра, компаниите затвораат, капиталот наместо да доаѓа, си оди“, рече Филипче.

Тој додаде дека фактот што некои од страските компании најавија затворење на погоните е доволно јасен сигнал за промашените економски политики на власта.

— реклама —

„Странските инвеститори немаат  доверба очигледно во државава, немаат доверба во луѓето коишто ја водат државата и тоа е еден од најјасните сигнали за недоверба во економските политики на оваа влада. „Аптив“ компанијата затвора, компанијата „Дура“ исто така, а имаме информации дека уште неколку големи странски компании се спремаат за затворање. Каква беше реакцијата на премиерот слушнавме -„не било крај на светот“. Можеби не е крај за него, ама за многу семејства, многу луѓе, многу деца тоа е крај“, рече Филипче.

— реклама —

Не само странските компании, како што кажа Филипче, најави за затворање има и од страна на домашните компании.

— реклама —

„Домашни компании се затвораат поради тоа што еден од главните приливи коишто претходно го имале на средства, а тоа е редовниот поврат на ДДВ, сега го немаат. Се касни со месеци и се губат едноставно работни места. И се гледа негрижата едноставно за ниту еден сегмент во државата. Оправдувањата се аматерски, недозволиви. Бизнисот не познава изборни циклуси. Тој бара предвидливост, бара стабилност, бара партнерски однос. сето тоа што не го гледаат од оваа влада“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања