Промени тема
Контакт

Кого ќе поддржи СДСМ во втор круг во Скопје, Кичево, Брвеница? Нема да биде клучно дали се Македонци, Албанци, Бошњаци...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ќе ја донесе конечната одлука до средината на следната недела за тоа кого ќе поддржи во општините Кичево и Брвеница, каде што нема сопствени кандидати за градоначалници, но и за Скопје Карпош и Куманово.

Филипче нагласи дека, иако дел од политичките партии повикуваат гласањето да се води според етничката припадност, СДСМ нема да ја базира својата одлука на етнички критериуми.

— реклама —

„Мислам дека мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите односи треба да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но тоа нема да биде критериум за нас. Во следните неколку денови ќе донесеме одлука со кого ќе коалицираме. Најдоцна до среда“, изјави Филипче.

Тој додаде дека одлуката ќе зависи од повеќе фактори, пред сè од состојбата на општинските организации и расположението на членовите на партијата на локално ниво.

— реклама —

„Како ќе коалицираме и кого ќе поддржиме таму каде што немаме кандидати, ќе зависи од тоа каква е нашата организација и ставот на луѓето кои се таму членови. Ако нешто не биде критериум, тоа е етничката припадност“, нагласи тој.

— реклама —

Филипче истакна дека одлуката нема да се однесува само на Кичево и Брвеница, туку и на други општини, меѓу кои Скопје, Карпош и Куманово.

„Не е само во Кичево и Брвеница. Ќе видиме како ќе се поставиме и во другите општини. Дозволете до среда да го кажеме нашиот став“, рече тој.

— реклама —

Во однос на разговорите со други партии, лидерот на СДСМ додаде дека тие се одвиваат во две насоки – каде на СДСМ ѝ е потребна поддршка и каде партијата би можела да даде поддршка.

„Разговорите се во тек и ќе бидат завршени утре или најдоцна во вторник“, истакна Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања