Промени тема
Контакт

Филипче: Без реформи, уставните измени не се доволни за почеток на преговори со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Националната конвенција за Европската Унија порача дека „единствениот пат напред за земјава се европските интеграции“, оценувајќи дека најновиот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата. Тој истакна дека Северна Македонија го добила најлошиот извештај во последните повеќе од десет години.

„Жалам што го добивме најлошиот извештај на Европската комисија за нашата земја изминатите повеќе од деценија. Јасно е констатирано дека изминатата година реформи нема. Единствен полош извештај е оној од 2015 година, кога бевме оценети како заробена држава, но власта и сега го прави истото“, изјави Филипче.

Тој предупреди дека доколку продолжи политиката на застој и одбивање на реформи, постои реален ризик земјата да биде вратена чекор назад во евроинтегративниот процес. „Ако вака продолжиме, не сум сигурен – можеби Европската унија повторно ќе не врати на ниво на скрининг“, нагласи лидерот на СДСМ.

— реклама —

Според Филипче, нема гаранција дека билатералниот спор со Бугарија ќе остане единствен услов за напредок во преговорите. „Можно е тоа да не биде единствениот услов. Зошто? Затоа што не сме подготвени. Нема придвижување во подготовките за отворање на кластерите, особено на првиот – fundamentals“, рече тој.

— реклама —

Како еден од најсериозните проблеми ги посочи недонесувањето на трите клучни патокази: за владеењето на правото, за функционирањето на демократските институции и за јавната администрација. Филипче смета дека дури и доколку уставните измени се изгласани, преговорите со ЕУ нема да можат да започнат веднаш.

„Да се случат уставните измени утре, ние сепак нема да можеме веднаш да ги почнеме преговорите. Тоа ја доведува во прашање политичката волја на оваа влада да направи вистински чекори во евроинтеграциите“, рече тој.

— реклама —

Филипче додаде дека ваквата стагнација се случува во момент кога ЕУ испраќа јасни сигнали дека е подготвена да го забрза процесот на проширување. „На последниот состанок амбасадорката на Данска јасно порача: ние некогаш бевме најголемите скептици за проширувањето, а сега даваме зелено светло и ги охрабруваме сите земји-кандидати да продолжат со реформите, затоа што проширување евидентно ќе има“, истакна лидерот на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања